Доберман

Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Decki baram dobermance,preporaka nekoja...
Незнам некој да продава, али глеј да земеш некој со педигре. Мене ме зезнаа за педигрето а кучката на 9 месеци достигна просечна висина и тежина.И утре кога ке дојде ред за парење нема да најдам со кого да ја спарам.

Пази што купуваш само, а сега ќе видам по огласиве :)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Зошто мислиш дека претерале?
И јас мислам дека претерале. Секоја чест и верувам дека кутрето толку вреди според сите кинолошки проценки и стандарди на грбот на неговите родители, но во Македонија живееме. Со просечна македонска плата ретко кој може да заштеди 500 евра.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Аха...еве проста математика која тој одгледувач ја има. Купува кутре женка која сигурно кошта 500 евра. Таа женкица додека расте треба да се храни квалитетно, да се вакцинира, да се прочистува од глисти...месечно да кажеме мин.50 евра. Потоа треба да оди на изложби, да ставиме да затвори барем македонски шампионат 2 изложби по 20 евра од изложба е 40 евра+сертификатот за шампионатот и он беше 10 евра мислам. Некаде после година,треба да отиде во Србија најблиску за официјални снимки за колкови тоа без пат кошта некои 60-70 евра. Значи ако кутрето е земено на 3 месеци, сега би имала 12 месеци, тоа се 9 месециХ50 за храна. Прво парење вистински одгледувач би парел некаде 18 месеци, значи имаме уште 6 месециХ50 евра за јадење. Ќе го ставиме парењето со добар мажјак кој е во Македонија,бидејќи такви има. Да речеме дека парењето со него кошта 300 евра. Околу парењето врти сучи ако е природно само прогестероните ќе бидат околу 30евра. Останува кучката скотна, 2 месеци треба да се храни со дупла доза или ако не е дупла пак поквалитетна храна, значи 90 евра сигурно ќе отидат. Се пораѓа кучката, 5 комада, да речеме идеално. Кучкава пак треба да јаде по 50 евра додека цицаат, може и повеќе али ај. Малите на 30на дена треба да се чистат од глисти и почнуват да се прихрануваат,тоа е трошок плус. Треба да се пријави легло и да се платат педигриња, они беа по 1000 мислам,значи 80 евра за сите. 42 ден треба да се вакцинираат. првата вакцина кошта да речеме 7 евраХ5 комада тоа се 35 евра. А планирајте дека ако е упте толку совесен, нема да ви даде кутре на 42 дена али ајде. По мојата калкулација, овој ВИСТИНСКИ ОДГЛЕДУВАЧ потрошил грубо 2000 евра, мање-више. Па и нека е хранета со нешто поевтина храна, што ретко од овие некој дава лошо. Ете зошто кутре кошта 500 евра.

Ако приметивте, тука не набројав нервози, време одвоено, работа, несакани случки како болест, или пак изложби надвор од Македонија. Сакате квалитет- тој кошта. Многу луѓе грешат што мислат дека кутрето е скапо да го купиш. Не е скапо, трошокот доаѓа од после. Има зошто едно куче е 500 а друго 50 евра.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
500 евра и е евтина цена за добс. Добро куче кошта повеќе, а и фино лепо образложи младиќот погоре шо е муабетот. Не за џабе е аристократска раса, али тоа е веќе друг муабет.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
500 евра и е евтина цена за добс. Добро куче кошта повеќе, а и фино лепо образложи младиќот погоре шо е муабетот. Не за џабе е аристократска раса, али тоа е веќе друг муабет.
Ne se ovie trosoci samo za doberman,i za drugi rasi e slicno. E kaj nas sto nemaat luge pari,a mora da zeme rasno kuce zosto cel zivot mu bilo zelba,i posle ke go hrani so leb i voda...i jas sakam ferari,ama i gratis da mi go dadat ke nemam za gorivo. Na zapad 400 eur kosta najmalku, da zemes kuce vozrasno od stacionar. Hladno,al jebi ga,standard :))
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Дечки до кога растат доберманчињава?
Мојава има 9 месеци висока е 62 цм а тешка 32 кг. Според она на интернет што го читам речиси да ги има достигнато пропишаните граници. Ќе расте уште или не?
Пошто ми делува слаба, не е пополнета како Астра на @Lu
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
На здравје бричење доберманџии... новиот стандард за расата кој ќе биде валиден од 01.08.2016 година не дозволува кучиња со купирани уши и опаш.

Кој го интересира нека прочита овде.
 
L

Lu

Гостин
Дечки до кога растат доберманчињава?
Мојава има 9 месеци висока е 62 цм а тешка 32 кг. Според она на интернет што го читам речиси да ги има достигнато пропишаните граници. Ќе расте уште или не?
Пошто ми делува слаба, не е пополнета како Астра на @Lu
Сеуште е млада твојата, има време додека да стане како Астра :) а и голема улога игра генетиката, мојава има добра генетика, башка и квалитетна искрана и дополнителни мултивитамински препарати додека растеше ... и денес е таква каква што е, женка ипол :D
Астра е 67 цм. висока и 40 кг. тешка.

 
Член од
10 јануари 2016
Мислења
6
Поени од реакции
0
Сакам да прашам колку е тешко (колкава одговорност е) да чуваш доберман?
1. Грижа
Колку често треба да се носи на прошетка, колку често да се носи по нужда, дали е лесно да ги научи основните команди, дали е лесно да му се поставиш како алфа, колку се издржливи на ладно/топло (и дали може во зима да се чува надвор), дали се агресивни по природа или баш напротив (знам дека најголем дел е до газдата како ќе ги воспита али сепак...), дали е морално и ако е колку често треба да се мијат заби, да се капе, да се чистат уши?
2. Сега да прашам за хранењето:
Колку пари месечно се трошат за храна (нешто поекономично) и дали може да се дава само домашно приготвена храна (не мислам леб и вода) без дехидрат?
3. Социјализација
Најбитни работи?

Ви благодарам однапред
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Сакам да прашам колку е тешко (колкава одговорност е) да чуваш доберман?
1. Грижа
Колку често треба да се носи на прошетка, колку често да се носи по нужда, дали е лесно да ги научи основните команди, дали е лесно да му се поставиш како алфа, колку се издржливи на ладно/топло (и дали може во зима да се чува надвор), дали се агресивни по природа или баш напротив (знам дека најголем дел е до газдата како ќе ги воспита али сепак...), дали е морално и ако е колку често треба да се мијат заби, да се капе, да се чистат уши?
2. Сега да прашам за хранењето:
Колку пари месечно се трошат за храна (нешто поекономично) и дали може да се дава само домашно приготвена храна (не мислам леб и вода) без дехидрат?
3. Социјализација
Најбитни работи?

Ви благодарам однапред
Најслично како и со секое друго големо куче ако ме свати некој погрешно се извинувам погрешно во смисла зошто не сум чувал Доберман а пишувам за нив. Прошетка најмалку еднаш во денот како за секоја голема раса 1 час е доволно. Команди учи одлично прво и основно е службена раса, второ е меѓу топ 10 најинтелигентни раси. За нега кучето се бања на неколку месеци еднаш, ушите се чистат со крпче, а заби ретко кој мие на куче ама ок, тешко дека ке можеш со четка па затоа со лушпа од јаболко во глобала никои не го трпат тоа. Темпераментот им е одличен многу весел и енергичен и заштитнички настроен. Неконтролирана агресија е стереотип и релативност. Храната кошта колку што ке одлучиш да кошта... Додека е мало докај 1 година треба да јаде трипати во денот по помалку кога ке биде повеке од 1 година 2 пати на ден му е доста. Во однос на возраста и растот на кучето се знае каква храна треба да јаде и колку количински на памет не знам се гугла лесно тоа. Дресура, обука и социјализација како дел од тоа се зависи од тебе ако ги испуштиш конците и да се отепаш од пари давање по дресери џабе ти е од кога ке го внесеш дома мора да знае дека ти си ти, ти си главен и крај се ке ти дозволи да му правиш ке можеш да го учиш сам на команди, но се почнува наметнувањето на контрола и послушност веднаш не од кога ке има 6,7,8 месеци... Да си сигурен дека ке те тестира одвреме навреме кој е главен ти или он ама така е со деца.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom