Дневна доза сеир!

Член од
8 октомври 2009
Мислења
753
Поени од реакции
356
Зошто се вели скапо како кајганата на свети Петар?

Со изразот „скапо како кајганата на свети Петар“ се означува нешто што многу скапо ќе ве чини. Изразот потекнува од Грците, кои имаат поговорка што гласи: „Прескапа е кајганата на свети Ѓорѓи“, па најверојатно во нашите краеви дошло до замена на името, зашто кај нас свети Петар е попознат отколку во Грција.

Според легендата што го објаснува овој израз, некое момченце во Пафлагонија му зготвило кајгана на свети Ѓорѓи и му ја донело во црква. Во исто време наишле четворица трговци да му се помолат на господ и кога ја здогледале кајганата, не можеле да одолеат и ја изеле. Но светецот направил чудо и трговците не можеле да излезат од храмот сѐ додека секој од нив не оставил по еден златник. Кога најпосле излегле надвор, извикале: „Свети Ѓорѓи, многу ти е скапа кајганата, никогаш веќе од тебе нема да купуваме“.

Едно друго толкување вели дека Исус Христос и свети Петар оделе по светот за да ги искушуваат луѓето, а освен тоа самиот Исус го искушувал Петар. Една вечер преноќиле кај една сиромашна вдовица, која имала многу мали дечиња. Таа убаво ги пречекала и им понудила кајгана за вечера. Исус се заблагодарил и не сакал ниту да ја проба кајганата, туку веднаш легнал на сламата да спие, предупредувајќи го Петар ни тој да не јаде, бидејќи најпрво децата треба да се најадат. Но гладниот Петар не го послушал Исус и посегнал по кајганата, сакајќи да ја изеде. Во истиот миг таа се скаменила, па не можел ни залче да вкуси.

Изутрината Исус на Петар му изрекол тешка казна, да проси по целото село и да собира пари за вдовицата и за нејзините дечиња и тоа сѐ додека тој не се врати по него. Кога најпосле се појавил Исус го прашал Петар дали направил онака како што му рекол, за да му прости, а тој уморен му одговорил: „Сѐ е добро, ти благодарам, ама мене кајганата многу скапо ме чинеше“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=eb5cbb0e-de8a-44c9-9fa8-ccc4c69a9d35
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
Dali moram znati njemacki jezik ako bih tamo radila kao prostitutka?
-Ako te budu karali Englezi ne govori "nein, nein" zato sto ce dovesti jos devetoricu
 

Kajgana Shop

На врв Bottom