Дијаспората првпат ќе избира претседател!

Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Зошто побогу треба образ за да гласаме? Ќе гласаме затоа што сме македонски државјани и тоа право ни е гарантирано со уставот, што не е јасно тука?

За тој што мислиме дека е подобра опција за Македонија. Остај ти кој, како и зошто сме овде не гласаме за минатото него за иднината. Затоа што стално така размислуваме неможеме да имаме иднина, си живееме во минатото.

Ми го зедоа на еден начин. Ако порано бев македонец без проблем секаде сега ми пишуваат фиром на некој документи/формулари или инсистираат на славомакедонец.

Не им го зимам, нека излезе и нека гласа секој. Од кај знаеш дека еден ден нема да се вратам назад или мојте деца на пример? Некој одлуки таму и мене ме засегаат дали сега, дали во иднина. На крај крајева ние не одлучуваме за нешто што директно ги засега тие таму. Јас не гласам за која улица ќе се асфалтира во битола или белимбегово, си има локални избори за тоа. Претседателското па и парламентарното гласање не треба да влијае толку многу во држава каде локална самоурава е приоритет. Тоа што не е така, не е наша кривица. Ние реално ништо не одлучуваме, ако сакаат промена нека се изборат тие на кој ние ’им го зимаме правото за да одлучат за својата иднина’.

Македонци се. Цело време плачат дека со 1000 гласа сме добиле пратеници а во МКД треба 15 000. Истовремено неќат да се сложат на ист принцип да ни се дадат пратенички места. Еве дијаспората има кажано прифакаме 15 000 за пратеник само ако излеземе 300 000 тогаш сакаме 20 места. Не прави разлика колку ќе излеземе во суштина овде е чисто кој ќе добие, прашање е само дали со 95 или 99% од гласовите. Како такви наместо да сфатат дека ова се и 3 нивни места за кој може да се борат и да направат обид за комуникација со дијаспората они порадо би тие места да ги нема затоа што е полесно него ли да се мачат со нас. Затоа не ги сакаме.

Не е точно. Овде постои само една опција затоа што другата во секој поглед не негира. И кога беа на власт и ги имаа сите медиуми под контрола беше исто.

Каква врска има патриоризамот со гласањето? Само патриоти ли гласаат? Па сите треба да излезат, тоа е најмалку што треба да го направиме и во Македонија и во странство. Дали моменталната политика е во ред ќе си одлучи секој за себе. Што има ти да кажуваш за дали и кој е способен да донесе таква одлука. Секој гледа различно на нештата, неможеш ти на мене да ми кажеш дека не гледам реално на работите тек така. Од кај па ти знаеш како ние овде гледаме и што ни е нас битно. Цел куп работи кој на нас и те како ни се битни како дијаспора (збора за австралија) ги добивме баш овие 3 години откако имаме пратеник. Значи ние гледаме придобивки од сегашниот систем.

Наши пари се исто така.

Освен што пробуваш да не омаловажуваш што уствари сакаш да кажеш и што има врска ова со изборите или гласањето? Што е толку патриорски во тоа што некој иде да гласа и си ја исполнува обврската кон државата со тоа? Па во еден куп земји во светот законски мора да излезеш на гласање или добиваш казна (таков закон треба и во МКД)
. Само кај нас имаме ситуација кога некој неќат да гласаат а притоа пропагираат и други да не излезат на гласање. Од тоа попедерски нешто здравје...
Друже убав есеј си напишал, не викам не. Прво никаде во уставот не е нагласено дека иселениците може да гласаат. Ајде државјани сме на Р.М. па може тоа мислиш дека ни дава право.
Значи ако си сакал подобра иднина за државата ќе си останел таму, а не да заминеш во странство и да ја градиш својата иднина илјадници километри од Македонија.
Ако ти го земале правото, зашто не си се борел тогаш против тоа, него сега од далеку? Дали не си земал до сега пасош од земјата во која живееш или доколку не си зел, кажи ми дека тоа не ти е цел ?

Незнам дали пробуваш мене да не излажеш или самиот се лажеш, ама ај никогаш не се знае па тогаш кога ќе се вратиш или твои деца се вратат тогаш слободно можеш/ат да гласаат. Тогаш ќе бидат директно засегнати.

На наредниот твој дел си ја кажуваш политичката определба, и само ги потврдуваш моите тврдења. Не ги сакам ни едните нит другите, ама споменици и барокни згради или тоа што ме прават пустец2 нема да биде доволно за да ме натераат да гласам за нив или пак за опозицијата. Штета што нема некоја трета опција.

Купување гласови. А незнам што е негирање на дијаспората, или пак што треба да прават... да не сакате ајвар да извезуваат секој септември.. по 20 тегли за 4 члено семејство. Не едноставно ги заболе за тие што живеат во македонија не па за тие што се одселиле. И овие се исти немој да мислиш дека е нешто поразлично, само многу добри тактичари се и знаат како да исперат мозок.

Кои пари сине. Од сите македонци што се иселено од Македонија дали 2% имаат нешто инвестирано во македонија. За подобро, за да се вработат обични граѓани. Не плави или црвени. Други наши пари незнам како се приливаат во Македонија (освен кога си на одмор во Македонија и трошиш). И на крај краева тоа со парите што го кажав беше само метафора. Само што не се работи во случајов за пари него за животи.

Патриотизмот како што кажав има врска со гласањето? “Најголемите“ патриоти на собиранки на дијаспората веат знамиња од десничарска партија која е секогаш националистички настроена. Ако , се чувствуваат така и убаво е тоа, само многу ми е смешно кога ќе ги видам тие истите, како кажуваат дека барокниот стил кој и те како е застапен сега во Скопје е нешто што требало и што ти ја знам што,а нема ништо заедничко со Македонското минато и Македонската историја, туку само еден кич за да може да ни се смее кој стигне. Исто важи и за споменици кој се во ред да ги има умерено, а не како детенце да си играло па ги редело како сака,а и се во многу погрешно време. Тие пари дадени за тоа можеше да се искористат за доброто на народот. Ама тое друга тема веќе...

Прво не омаловажувам никого, а ако ти се чувствуваш така тоа е твој проблем. Јас го кажав своето мислење и реков :Е мили мој македончиња, да БЕВМЕ толкави патриоти како што некој се правиме немаше да ФАТИМЕ џадето во странство!
Викаш има законски казни во еден куп земји. За жал или за среќа ние не сме во тие земји.
И на крај не пропагирам за да некој гласа или не. Јас го кажав своето мислење и стојам зад тоа дека ние иселениците сме и ќе бидеме Македонци не треба да гласаме и да одлучуваме за граѓаните кои се во Р. Македонија и кој директно се засегнати од тамошната ситуација. Тие кој се во Македонија, слободно нека гласаат за кој сакаат и мислат дека е најдобро или воопшто нека не гласаат.
Поздрав
 
F

FARANG

Гостин
Каде прочита иселеници дека можеле да гласаат?? Реков државјани што и сме. Друга работа иселеници НЕМААТ ПРАВО на глас, него македонски државјани на привремена работа во странство. Со други зборови АКО НЕМАШ ЖИВЕЕНО ВО МКД и да си државјанин НЕМАШ право на глас (значи НИКОЈ од втората генерација).

Сакам подобра иднина за мене пред се. Сум нашол начин како да се изборам за тоа и го правам. Секој има право тоа да го направи. Пак ќе кажам зошто па некој трет што останал таму за екс причини да има право да одлучи за мене? Јас не му забранувам да гласа, што па ти или он има мене да ми трубите дал треба и дали имам или немам право да гласам. Јасен бев, и нас не засегаат тие одлуки.

Не ми го зеле, си гласам и во австралија и сега во македонија. Истото го прават и хрватите, италјанците, австрлијанците и ред други државјани со двојно државјанство што е тоа толку чудно?

До тогаш може и да нема македонија и македонци затоа што некој што не се способни да се прехранат не продале за некој долар повеќе. Мене и сега ме афектираат делови на македонската секојдневна политика. Јас сум директно засегнат со тоа што сеуште не се дефинирани некој основни работи, независно од тоа што моментално живеам во странство.

Ни мене нема спомениците да ме натераат да гласам за нив. Гласам затоа што наместо да патувам 30-35 саати ко порано до МКД сега можам за 24. Ако пред 3 год немавме мак тв или имавме за МТВ сега имам 6 канали па можам да си гледам фудбал и ракомет на раат. Гласам дека прв пат по осамостојувањето ни испратија учител иако овде имавме 5-6 македноски школи дури и едно основно/средно мешана гимназија каде сите предмети се изучуваа на македонски и англиски. Ќе гласам и заради тоа што полека го средуваат пензискиот систем за да можат луге овде што работеле во МКД да си ја подигнат пензијата поради која не им следува или им се намалува австралиската а таа до порано не ја добиваа. Исто и обратно, тие што имаат тукашна пензија сега имаат опција да се вратат во МКД и да живеат од овдешната пензија. Ова се само мал дел од придобивките кој се остварени од тоа што сега имаме пратеници од дијаспората. Се ова можеше и требаше да се направи и пред тоа ама ете никој не беше засегнат таму па не се направи. Затоа ќе гласам.

Се ова погоре можеа да го направат и другите само неќеа. Полесно им беше само да крадат без ништо да градат или прават.

Па би било добро да им текнеше ама ни за тоа не ги бива. Наместо некој од таму да извезува, ние од овде отидовме и наши фирми го увезуваат. Не ни треба безпари, си го купуваме. Обемот/трговијата со ајвар помегу МКД и Австралија ти е над 10 мил евра годишно. Fun fact (y)

Не се. Бар за нас не се. Ти напишав малку погоре зашто, има уште цел куп работи ама ме мрзи.

Па окулу 2 милјарди евра официјално годишно. Неофцијално јас би рекол фураме до кај 3. Тоа ти е пола буџет. Ко што шипците бараат пропорцијално се според нивна логика нас треба 60 а не 3 пратеника да ни следуваат. 3ца се доста да не ме сфатите погрешно иначе.

Каква веза имаме ние со тоа што се гради во Скопје? Дали тоа нашите 5000 гласа одлучија за тоа? Кој си ти да ми ускратуваш право на мислење дали ми се свига или не ми се свига мене барокот? Имај свое мислење остај ме да имам мое. Излези и гласај ако не ти се свигаат овие гласај за другите тоа си е твое право. Се, букавлано се имаме секој право да коментира дали му се допага. Само тие со право на глас можат да сменат нешто. Ти ни пропагираш тоа право да го игнорираме.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Ме мрзеше да ти го читам целиот текст, зашо ко шо ти кажав. Веќе видов дека отворено се изјаснуваш за кој би гласал. Тоа си е твое право, ама кога веќе јавно ја искажуваш и изразуваш подршката за одредена партија, тоа значи дека ти пропагираш и веќе си партиски полтрон. Така да муабетот е завршен за тоа. Гласај и еби ги тие во мк. Велиш привремена работа. Значи таа твоја приврремена работа ти дала државјанство таму. Хммм... 3 месеци , 6 месеци , година, три е привремено. Незнам каков е законот таму, ама во повеќето земји треба да си најмалце 5 до 7 години за да земеш државјанство. Тоа докажува колку си ти на привремена работа таму. Ама уствари у право си, сите сме привремено на овој свет. Ти треба пократко за да стигнеш до мк а пак одиш еднаш во 3-4 години. Барокот е убава работа, ама пак ќе ти кажам, и прашам, најди ми ја поврзаноста низ историјата, на македонија со барокот.

И последно. Јас брат не ти ускратвам никакво право на мислење. Некој друг го сторил тоа. Искрено ми се сере од секакви политички партии а уште повеќе од полтроните... Ајт идам у веце... се надевам не ми го направиле у барок стил...
ПОздрав и машносај се за на гласање.
 
Последно уредено од модератор:
F

FARANG

Гостин
Не пропагирам, него реков дека треба да се гласа. Мене ми е сеедно за кој ќе гласаш и кој ќе победи јас го гледам како наша должност да излеземе и да гласаме. Тоа што ти си плиток и неможеш да сфатиш дека за Македонија е добивка дијаспората да гласа тоа си е твој проблем. Затоа шипците и кој стигне не ебе.

Што има врска барокот со историјата? Забрането е денес да се гради во тој стил? Ако прашаш на улица обични грагани чија градба повеќе им се свиѓа на Рим и Виена или Бразлија и Билбао што мислиш дека ќе ти одговорат? Тоа што некој го исполитизира и тој процес си е друга работа, факт е дека на Скопје и Македонија и требаа простор за да се сместат министерства/фирми итн и факт е дека ни требаше препознатлив центар на државата. Го добивме тоа, сега тоа што се исполитизира цела работа е типично за македонецот. До сега нема нешто а да не е државно - се се дели на вмровско или сдсмовско. Со такви гледишта нема да далеку да стигнеме.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Значи ако си сакал подобра иднина за државата ќе си останел таму, а не да заминеш во странство и да ја градиш својата иднина илјадници километри од Македонија. Ако ти го земале правото, зашто не си се борел тогаш против тоа, него сега од далеку? Дали не си земал до сега пасош од земјата во која живееш или доколку не си зел, кажи ми дека тоа не ти е цел ?
Oстај што си крајно неинформиран и не ти се јасни термините, но од каде на каде пак ти поставуваш критериум како да и се помогне на државата?!

Во мојот случај, сум морал да емигрирам заради семејна трагедија (смрт во семејството). Многу повеќе сум помогнал однадвор отколку што би било можно да останев во Македонија. Покрај примарното македонско државјанство, имам уште едно. Долги годни не ми беше цел да го добијам, но накрајот реков, зошто не. Живеам дел од годината во странство, останатиот дел во Македонија, но со намера целовремено да се вратам и сакам да го искористам правото на глас.

Сите Македонци што ги познавам се совршено информирани за ситуацијата во Македонија и се трудат секој на свој начин да помогне во нејзината афирмација. Ова е мимо праќање пари и слично.

Не е убаво да настапуваш предубедено и да излегува злоба од тебе. Животот не е црно-бел за да подложи на една категорија во чии рамки ти размислуваш, потруди се понекогаш да излезеш од тие рамки и да видиш колку е многуслоен.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Oстај што си крајно неинформиран и не ти се јасни термините, но од каде на каде пак ти поставуваш критериум како да и се помогне на државата?!

Во мојот случај, сум морал да емигрирам заради семејна трагедија (смрт во семејството). Многу повеќе сум помогнал однадвор отколку што би било можно да останев во Македонија. Покрај примарното македонско државјанство, имам уште едно. Долги годни не ми беше цел да го добијам, но накрајот реков, зошто не. Живеам дел од годината во странство, останатиот дел во Македонија, но со намера целовремено да се вратам и сакам да го искористам правото на глас.

Сите Македонци што ги познавам се совршено информирани за ситуацијата во Македонија и се трудат секој на свој начин да помогне во нејзината афирмација. Ова е мимо праќање пари и слично.

Не е убаво да настапуваш предубедено и да излегува злоба од тебе. Животот не е црно-бел за да подложи на една категорија во чии рамки ти размислуваш, потруди се понекогаш да излезеш од тие рамки и да видиш колку е многуслоен.
Друже, немам и не излегува злоба од мене.А и сум повеќе од доволно информиран и јасно ми дека не е животот црно-бел.Семејството ми е во Македонија. Сите ние сме надвор од мк заради некоја причина, за добро или за лошо. Јас кажав и погоре, врати се во мк, гласај. Не е проблем. Проблемот е што сето тоа што се презентира, во моментов, порано, па и во иднина, без разлика кој да е на власт, и безразлика дали моменталната политика е добра или лоша, знаејки ја “слободата“ на медиумите, кој за жал кај нас се секогаш под капата на власта, повеќе или помалку, никогаш неможеш да ја имаш вистинската слика. Се надевам дека во иднина ќе се смени тоа. Поентата ми беше, дека не е фер да одлучувам, јас , ти(ајде твојот случај на некој начин живееш може пола година во мк) или било кој што се засегнати со директната ситуација. Државјаството си го зел , зашто знаеш дека вратите ти се отворени и полесно ќе поминуваш некаде што е факт, како ѓраганин на таа држава него како македонец. А и да си морал да го земеш, нити те окривувам, нити некој огривувам ако зел туѓо државјанство.И јас би зел и ќе земам друго државјанство.А исто така ти си можеби едниот од ретките што дел од годината е во Македонија. Може 6 месеци си надвор ама 6 месеци си во мк. Значи пак престојуваш во МК и сакал или несакал .Али верувај ми а и самиот знаеш дека има луѓе кој не се враќаат долги години во Македонија. Пак ќе кажам си го кажам моето мислење, дека не е фер да се одлучува за тие што се директно засегнати. Неможеме да се собереме и да гласаме на форумов сите, како да си ја уредиш куќата, и дали да си изградиш поголем паркинг ,а кај тебе или никој не бил или некој ти поминал на гости еднаш. Тоа може да ти каже сопругата, родители , деца. Тие што живеат со тебе, можат, но ние не.
На крај краева, и јас го сакам најдоброто за Македонија. Да можам да се вратам и да имам пристоен живот, ама за жал повеќе си ценет во странсво него во својата земја. Како и да е се согласуваме дека не се согласуваме за темава.
Поздрав и чувај се!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
На тешка дилема сум ставена, за кого ли да гласам, за хорхе марионетович или за пендарко вртелетович..
Тешка дилема нема шо.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Пријавувањето е до 7 март, тоа веројатно е за првиот изборен круг: До кога е пријавувањето за вториот круг???
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.200
Поени од реакции
21.912
Било кој кандидат од било која друга партија освен таа што во тој момент е на власт, ако стани претседател ке си имаме мака како држава.
Не дека сегашниот е добар или нечини туку дека така ни е дизајниран системот. Пошто ние сме парламентарна демократија претседателот треба и е пожелно да биде марионета.
Силата нека си ја мерат на парламентарни избори.
 
?

..........

Гостин
Било кој кандидат од било која друга партија освен таа што во тој момент е на власт, ако стани претседател ке си имаме мака како држава.
Не дека сегашниот е добар или нечини туку дека така ни е дизајниран системот. Пошто ние сме парламентарна демократија претседателот треба и е пожелно да биде марионета.
Силата нека си ја мерат на парламентарни избори.
A ako izglasame nekoj nezavisen kandidat namesto drvoto, kako toa bi bilo loso za drzavata?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.200
Поени од реакции
21.912
A ako izglasame nekoj nezavisen kandidat namesto drvoto, kako toa bi bilo loso za drzavata?
Не се работи за моменталниот или било кој конкретно. И нема врска дали е дрво или врвен академик.
Работата е многу проста и едноставна. Ако сакаме да има мир во куќата тогаш претседателот и треба да биди марионета. Така и беше замислен , така е и секаде во стабилните држави( мислам политички).
Неможе да има два генерали на едно бојно поле. Не функционира тоа така, ни тука ни било каде.
Затоа силата се мери како што реков на парламентарни избори.
А што ке добиеме ако е од друга партија или независен. Нестабилност во најмала рака. Раштимован оркестар.
 
F

FARANG

Гостин
На тешка дилема сум ставена, за кого ли да гласам, за хорхе марионетович или за пендарко вртелетович..
Тешка дилема нема шо.

Сеедно. Понатака може ќе даат друго дете :X3:[DOUBLEPOST=1393543774][/DOUBLEPOST]
Нема ли трета опција?:свиркам:

Нели некој собра веќе потписи?[DOUBLEPOST=1393543930][/DOUBLEPOST]
Не се работи за моменталниот или било кој конкретно. И нема врска дали е дрво или врвен академик.
Работата е многу проста и едноставна. Ако сакаме да има мир во куќата тогаш претседателот и треба да биди марионета. Така и беше замислен , така е и секаде во стабилните држави( мислам политички).
Неможе да има два генерали на едно бојно поле. Не функционира тоа така, ни тука ни било каде.
Затоа силата се мери како што реков на парламентарни избори.
А што ке добиеме ако е од друга партија или независен. Нестабилност во најмала рака. Раштимован оркестар.
Раштиман оркестар ќе има ако е од другиот табор и на се иде контра ради реда. Независен ако е тогаш би било подруго. Во Австралија сенатот речиси секогаш е контролиран од помалите партии баш заради тоа. Големите опции во парламентот ама секоја поважна одлука треба да помине и во сенатот а таму народот гласа за зелените, за демократите и некој други ситни партии...
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
Не се работи за моменталниот или било кој конкретно. И нема врска дали е дрво или врвен академик.
Работата е многу проста и едноставна. Ако сакаме да има мир во куќата тогаш претседателот и треба да биди марионета. Така и беше замислен , така е и секаде во стабилните држави( мислам политички).
Неможе да има два генерали на едно бојно поле. Не функционира тоа така, ни тука ни било каде.
Затоа силата се мери како што реков на парламентарни избори.
А што ке добиеме ако е од друга партија или независен. Нестабилност во најмала рака. Раштимован оркестар.
Претседател марионета,пратеници марионети,судии марионети....Сите наштимани,сите да дуваат во ист рог.Додај на тоа марионетски институции и медуими,и добиваш сува лепота.
По таа логика најдобро би било да избереме император,зошто џабе да трошиме пари на марионети?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom