Дијаспората првпат ќе избира претседател!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Македонските иселеници, кои првпат ќе учествуваат во изборот на претседател на државата, на 12 април годинава, ден пред изборите ќе гласаат на 47 избирачки места.

Официјално, според податоците на МВР, 68.704.000 македонски граѓани се надвор од земјава повеќе од една година што би можеле да го искористат правото на глас. Но со оглед на тоа што во неофицијалните анализи се споменува бројка од околу 300.000 граѓани што ја напуштиле земјава, неизвесен е бројот на избирачите од дијаспората што би можеле да го дадат својот глас на претседателските избори.

Како што велат во Државната изборна комисија (ДИК), предвидено е да се гласа на вкупно 3.528 избирачки места, од кои 3.480 се само во Македонија и едно гласачко место во ДИК, каде што е предвидено гласањето за членовите на избирачките одбори. Во избирачките одбори ќе бидат ангажирани по двајца членови по случаен избор од јавната и од државната администрација и другите се по предлог на политичките партии. Изборните математики велат дека само претседателските избори би можеле да чинат и повеќе од четири милиони евра, колку што се предвидени во буџетот.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/dijasporata-prvpat-kje-izbira-pretsedatel-vo-makedonija-kje-se-glasa-na-3528
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.769
Поени од реакции
8.272
Трча дијаспората, нозе сокрши минувајќи илијадници километри низ така "малите држави" за да стигне до македонската амбасада само и само да гласа за некој кој ќе колне до 7 колено или ќе држи олакшавајучи лекции за табула раза.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.760
Поени од реакции
7.587
Официјално, според податоците на МВР, 68.704.000 македонски граѓани се надвор од земјава повеќе од една година што би можеле да го искористат правото на глас.
Кај ги најдоа толку?
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Официјално, според податоците на МВР, 68.704.000 македонски граѓани се надвор од земјава повеќе од една година што би можеле да го искористат правото на глас.

Очигледно дека тие трите нули се фазла, но ваква грешка не може да помине незабележано.
 
S

Sagan

Гостин
68.704.000 македонски граѓани
Ние и Кина - две милијарди.

На дијаспората не треба да ѝ се овозможи да гласа. Кај се отселиле, таму нека си гласаат. Секогаш се прават поголеми патриоти од тие што останале во мочварава, затоа и претстава немаат што се дешава тука.

Инаку гласањето на дијаспората беше финта некој да добие три пратеника плус со по 500-600 гласа, што е дваескратно девалвирање на македонскиот глас. За среќа, на претседателски избори дијаспората ќе има влијание рамно на НУЛА какво што и треба да има.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А баш сакав да прашам што направија парламентарците од дијаспората кои се гласаа?

Ни во лудило не планирам да идам во македонска амбасада, а најмалку да гласам. Наместо парите да ги чуваат они се расфрлаат за чисти глупости. Кој измисли дијаспора да гласа?
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.507
Поени од реакции
22.316
Не сум сигурен колку е ова исправно, колку имаат право(и потреба) да гласаат. Живеат со децении во странство, одлучуваат кој ќе седи во фотеља во Македонија.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не сум сигурен колку е ова исправно, колку имаат право(и потреба) да гласаат. Живеат со децении во странство, одлучуваат кој ќе седи во фотеља во Македонија.
Чиста перална за пари, па многу иде некој да гласа. Али за плус два три пратеника во Собрание и гзот ќе си го продадат. Тоа чини пари. Со 200 гласа пратенички плати, боже пари немаат па уште на буџет да бидат. Срамота, кој се нафаќа да зема уште пари од Македонија, неверојатно.

И апсолутно претседател е безгласна буква кај нас нема никаква потреба од избори. Нека се договорат кој да биде и крај на муабетот. Милиони денари за фарса, глупости.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.769
Поени од реакции
8.272
А баш сакав да прашам што направија парламентарците од дијаспората кои се гласаа?

Ни во лудило не планирам да идам во македонска амбасада, а најмалку да гласам. Наместо парите да ги чуваат они се расфрлаат за чисти глупости. Кој измисли дијаспора да гласа?
А ако ти платат гориво до амбасада? :pos:
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Ова е само една повеќе олеснителна околност за власта да си ги намести изборите,и овие и следните и тие потоа.Без разлика што иселениците(најголемиот дел од нив се трајно иселени,а нивните потомци се родени во тие земји) ретко кој од нив сеуште има македонско државјанство,а немаат никаков подолг престој Македонија.Решение?Единствено решение на овој итекако "голем"проблем е само бојкот од сите нас гласачите кои живееме во Македонија,плаќаме данок,работиме за мизерни плати и манипулирани сме од разноразни лажни ветувања на владеачката гарнитура.БОЈКОТ!Само негласањето може да го победи (гласањето како кон власта така кон опозицијата,бидејќи истото го гледаме веќе дваесет години,без никакви промени).
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.536
Поени од реакции
5.083
Највероватно ова е одговор кон ДУИ, кои се заканија дека ќе ги бојкотираат изборите ако не се прифаќа заеднички кандидат...

А државата празна, кај да најдат гласачи?!
 
А така, таман да го стават прагот на излезеност на 1 гласач и Џон Крокодилов да ни е прецедник.:icon_lol:
--- надополнето: 10 февруари 2014 во 21:55 ---
Највероватно ова е одговор кон ДУИ, кои се заканија дека ќе ги бојкотираат изборите ако не се прифаќа заеднички кандидат...

А државата празна, кај да најдат гласачи?!
Не си придавај преголемо значење.И претходните избори,парламентарните, гласаше дијаспората.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Највероватно ова е одговор кон ДУИ, кои се заканија дека ќе ги бојкотираат изборите ако не се прифаќа заеднички кандидат...

А државата празна, кај да најдат гласачи?!
Ако мене ме цитираше ова нема никаква врска со ДУИ ниту со ДПА.Ова е само незадоволството на граѓаните(вклучувајќи ги и Албанците,ако се сметаат за граѓани) од досегашната власт,така и од претходната.Револуцијата како во Украина,така и во Босна е само еден знак дека народот е разбуден,и доста му е од разноразни ветувања и манипулации.Време е за способни и вистински економски реформатори кои ќе ја придвижат Македонија.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Највероватно ова е одговор кон ДУИ, кои се заканија дека ќе ги бојкотираат изборите ако не се прифаќа заеднички кандидат...

А државата празна, кај да најдат гласачи?!
Па од нив е, скапа е Чартер Демократија. :icon_mrgr: Него, нема народ у земјава затоа и пропадна пописот. И едните и другите знаат, ама се праат ни виделе, ни чуле.
На нив толку сё им е розево, што имам осечај дека сме НАЈ-ГЕЈ земја во Свет. Иако не е така...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom