Дијаспората и СЕАФ со Фонд за економски развој на Македонија

F

FARANG

Гостин
Дијаспората и СЕАФ со Фонд за економски развој на Македонија


Македонија 2025 и СЕАФ ќе формираат нов капитален фонд за инвестиции ориентиран кон раст на македонските претприjатија.
Формирањето на фондот СЕАФ Македонија I, го најави денеска организацијата на глобалниот инвестициски форум што се одржува во нејзина организација во Охрид.
Покрај инвестирањето, членовите на Македонија 2025, кои се група успешни претприемачи и извршни директори на светски бизниси кои имаат македонски корени и живеат во САД, Канада, Европа и Австралија, ќе им нудат и менторства и пристап до пазарите на македонските претприемачи.

- Ова е прв фонд од ваков тип каде дијаспората е катализаторот и водечки инвеститор кој става акцент на татковината и на регионот. Со огромно задоволство ќе соработуваме со СЕАФ со цел да направиме еден успешен фонд и да го трасираме патот за нови фондови. Нашиот одбор на директори е воодушевен од идејата да му помогне на СЕАФ во развојот на бизнис лидери и успешни бизниси во Македонија, како и да им овозможи пристап до нашата глобална мрежа на бизнис врски, истакна Мајк Зафировски, претседател на Одборот на директори на Македонија 2025, кој посочи дека нема никака политичка поврзаност помеѓу Македонија 2025 и политичките партии.

- Нашата цел е да се шириме како мрежа и да и помогнеме на нашата родна земја. Не очекуваме ништо за возврат, само гордост и се надеваме дека Македонија ќе стане попросперитетна земја, рече Зафировски.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, дијаспората досега не беше присутна со инвестиции, но, како што рече, логистички помагаше во напорите на Владата за организација инвестициски форуми, воспоставување контакти со други компании кои сакаат да инвестираат, како на пример инвестицијата на „Кемет електроникс“, што вчера беше пуштена и поддржана од Мајк Зафировски.

- Досега имаше ваков тип на поддршка, но најавениот фонд ќе овозможи средствата да бидат инвестирани во нови компании, компании кои почнуваат со бизнис, истакна Ставрески.
Самитот го оцени како извонредна можност за приближување на ставовите и размислувањата за инвестирање во Македонија. Смета дека тој овозможува да се запознаат сите бизнисмени кои размислуваат за Македонија кои се приоритетите што се нудат за инвестирање. Рече дека е добро што на првиот панел е искажано задоволство од вкупните макроекономски резултати, економските политики на Владата.

- Сите оние кои денеска се тука и кои слушнаа за можностите што ги нуди Македонија, вклучително и ниските даноци, поволностите во слободните економски зони, ќе имаат можност преку директен разговор да се информираат каде можат успешно да ги пласираат своите срдства, да осварат инвестиции, да отворат фабрики и секако да отворат работни места, што е најзначајно за нас, изјави Ставрески.

Премиерот Никола Грувски на отворањето на Самитот, посочувајќи на активностите што ги презема Владата во потрага по странски инвестиции и за инвестициите кои се веќе реализирани и ги даваат ефектите, рече дека Македонија почна да се гледа како привлечна инвестициска дестинација како важна порта кон Европа на мултинационални компании.

- Ќе продолжиме со нашите напори во привлекување странски инвеститори и секоја ваша помош и поддршка и идеја ќе ни биде добредојдена, порача Груевски на Форумот и додаде дека Владата ќе продолжи со одржување здрави економски политики и спроведување натамошни реформи кои подразбираат ниски даноци и придонеси и структурни реформи за подорување на бизнис климата.
СЕАФ го воспоставува фондот како резултат на нивниот прв успешен фонд, СЕАФ Македонија, кој беше прв македонски венчр фонд и кој поддржувал компании како Тинекс, Он.Нет, Круг (Дневник) и Логин. Претседателот и ко-основач на СЕАФ Хубертус ван дер Ваарт изјавува: „СЕАФ верува дека македонските претприемачи се меѓу најдобрите во светот. Ние сме многу воодушевени од идејата да поддржиме нова група на претприемачи заедно со Македонија 2025, како и да го промовираме економскиот раст и развој во една од најубавите земји во светот.“

Покрај ова, од форумот ќе произлезат заклучоци кои ќе содржат препораки и очекувања од врвните бизнис лидери од Македонија и дијаспората, чија цел ќе биде да се поддржат, поттикнат и унапредат напорите за инвестирање во Македонија.

Мотото на Самитот, на кој има над 350 учесници, е „Нови можности: Преку бизнис дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“.
 
R

Randy

Гостин
Нема ништо значајно од ова да биде. Неколку диаспроци ќе вложат некоја пара, ќе ги изгубат парите односно ќе им бидат украдени парите, и после тоа ќе си заминат. И пред да си заминат ќе има статија во весник за нивното искуство, корупцијата и маките кои ги доживеале, за други да не се заебат. Веќе видено повеќе пати.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
А со колкава сума стартува овај фонд? Или тоа не е битно.
 
F

FARANG

Гостин
До каде е работава со овој инвестициски фонд?
Мислам дека се собраа средствата уште првиот месец. Не сум толку упатен овие неколку месеци сум презафатен со мој работи па се немам видено со луѓето кој го водат ова во аус. Моја идеја беше да се направи договор со поголема venture capital / private equity фирма ама на државно ниво. Да се иде 20 мил државата 20 мил они секоја година, да биде еден вид субвенција за стопанството. Ако ова работи ќе буткаме и за тоа. Само така може да се развијат мали и средни фирми во мкд.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Дај боже нешто од ова да успее... Само да не се разграбаат нашиве од тука... Најпаметно е или да се инвестираат парите во некоја фирма или пак со детален план некако да се пуштаат во македонската економија... А тоа да се дадат на владата па после она сама да ги распределува ништо добро нема да постигне...

Добра идеја, само мислам дека нема ништо од ова да испадне... А толку може пресврт да направи за иднината...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom