Дисплазија на колкови и лактови

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Еден од многу честите проблеми кај поголемите раси, сметам дека сопствениците треба да бидат запознаени со него и секако да превземат соодветни мерки за заштитита и превенција...

Dysplasia articulatio coxae-femoralis (Вовед)

Дисплазија на articulatio coxae-femoralis претставува генетска мана застапена кај повеќето домашни и диви животни и човекот. Најчесто се јавува кај кучиња, свињи и крави. Колкот како зглоб се состои од 4 коски и две основни зглобни плочи. Од страна на карлицата се наоѓаат 3 коски кои со своето спојување ја градат “чашката” на колкот во која навлегува caput femoris. За да зглобот би функционирал добро, caput femoris мора со идеален облик да одговара на чашката на колкот. Кај дисплазија на колкот чашката е премногу плитка за да добро ја опфаќа главата на бутната коска. Во зависност од плиткоста на чашката на колкот, бутната коска во нејзе повеќе или помалку “шета” . Оваа појава нормално е болна и нестабилна. Таквите кучиња обично се “климави” на задните екстремитети, а во тешките облици на дисплазија на колкот можни се и исчашувања на зглобот. Поради таквото “шетање” на бутната коска и лошото налегнување на `рскавиците на зглобните површини доаѓа до оштетување на `рскавиците и нивно последично окостување. На место каде што ја снемува `рскавичната површина на зглобот , а остане или ја замени коскено ткиво доаѓа до понатамошни оштетувања, бидејќи коската не е така глатка како `рскавицата за да би можел зглобот да се премачкува со зглобната течност. Тоа придонесува за уште поголема болка кај животното и послаба подвижност. Со текот на времето доаѓа до типично хронично продуктивно воспаление на зглобот на колкот, каде окоскувањето опфаќа голема површина на зглобните површини па кучето се потешко и потешко се движи се додека на крајот тоа постане невозможно.

Причини за Dysplasia articulatio coxae-femoralis

Причини за ова заболување не се сеуште потполно разјаснети, но неколку предиспонирачки фактори имаат големо значење :
- Наследни и генетски карактеристики (двата родитела имаат подеднаква улога во пренесување на оваа болест)
- Ран брз раст на единките и нагло зголемување на телесната маса за кратко време
- Прекумерна и неизбалансирана исхрана(премногу калории,витамини,минерали и протеини)
Симптоми и надворешни знаци
Симптомите на оваа болест варираат во зависност од староста на единката. Кај кучиња помлади од 3 месеци можен е потполн изостанок на клинички знаци, но исто така таквото кученце може да ги покаже првите знаци на несигурно и нестабилно движење како последица на нестабилноста на колковите.
Во старосна граница помеѓу 3 и 18 месеци кучињата покажуваат различен степен на послабо потпирање на ногата, укочен и/или тетерав од, како и “шепање” (кривење) во прилики на редовни вежбања. Исто така кај кучињата од оваа старосна категорија може да биде потполно без јасно изразени клинички знаци.
Кучиња во среден животен век или во постарите години од животот можат повторно да почнат да покажуваат симптоми (отежнато станување и движење, различен степен на болност и сл.) на кои тогаш им е потребна адекватна медицинска и хирушка помош.
Позабележителни надворешни знаци на дисплазија :
 Кривење (шепање) после посилен напор
 За време на трчање кучето потскокнува како зајак
 Проблеми или болка при ослонување само на задните екстремитети
 Тешко станување од лежечка или седечка положба
 Звук како “клик” во колковите за време на движење
 Тешко качување по скали
 Лесно заморување
 Болна реакција при екстензија на задните екстремитети
 Кога животното ќе се сврти на грб некои кучиња се подместуваат така да задните екстремитети им се постават во така наречена “жабја поза”
 Избегнување на скокање
 Притисок на страничниот дел може да предизвика спуштање на карлицата и болна реакција.

Дијагноза и Проценка

Многу е важно да се разбере дека некои единки се поотпорни од други и да сите не покажуваат исти симптоми. Со самата адспекција од страна не може да се даде соодветна адекватна оценка дали некое куче боледува од оваа болест или не. Со клинички преглед може само да се постави сомневање на оваа болест, но повторно не кај сите единки. Единствен начин дисплазијата на овој зглоб потполно да се исклучи или да се потврди од сомневањето и да се одреди до кој степен е достигната е да се пристапи кон рентгенолошки преглед со употреба на рентген апарат. Со рентгенското снимање се добива фотографски запис на анатомските структури кои го сочинуваат овој зглоб и нивниот меѓусебен однос , како и присуството и степенот на евентуалните секундарни промени.
Повеќето светски и европски развиени земји имаат стандарди кои јасно ги пропишуваат техниките на рентгенското снимање како и критериуми за проценка и одредување на степенот на болеста или неговото отсуство. Постојат извесни разлики во овие стандарди помеѓу поедини земји иако во суштина се работи за многу слични техники. Поради тоа покрај вредноста на НD стои и ознаката на државата во која снимката е проценета.
Рентгенското снимање се обавува во ветеринарна установа( амбуланта, клиника , ветеринарна болница и сл.) под надзор на доктор по ветеринарна медицина. Не постојат посебни барања во поглед на специјалноста на докторот и опремата која се користи за да кучето би можело да биде рентгенски снимано, но постојат посебни потреби во поглед на квалитетот на рентгенската снимка која се праќа на проценка. Клиничката пракса покажала дека кучето кое се изложува на оваков преглед мора да биде длабоко седирано или воведено во општа анестезија поради подобро позиционирање и полесно манипулирање како и поради поголема сигурност за самото куче, сопственикот и лицето кое го обавува снимањето. Адекватна позиција на колковите е поготово невозможно да се постигне без специјална опрема ( позиционери и помошни средства) и стручност во тој поглед. Сопственикот или одгледувачот на кучето е должен да донесе педигре (потекло) и да овозможи идентификување на кучето (тетовир број или микрочип). Исто така сопственикот е должен да потпише формулар со кој го потврдува идентитетот на кучето и дека овозможува јавно објавување на HD резултатите.
Рентгенската снимка мора да биде јасно обележана ,со дата и на него мора да биде “одпринтано” (не отпосле напишан или втиснат) тетовир број, број на микрочипот или друг број под кој кучето е заведено и идентификувано. Докторот по ветеринарна медицина таквата снимка со сета потребна документација ке ја прати на званична проценка и резултатот ќе биде внесен во педигрето на кучето. Минималната старост на кучето е 12 месеци и само единки кои се постари од 12 месеци можат да бидат званично проценети за HD.
Проценката на рентгенската снимка е базирана на вреднување на 9 поединечни критериуми (анатомски структури кои го сочинуваат зглобот). За секоја анатомска структура постои систем на бодувања од 0 до 6 така да максимум за еден колк може да биде 53, односно 106 за двата. Пожелен е што помал (0-10) поединечен збир на вредностите и што пониска (0-20) збирна вредност за двата колка. Поголем вкупен збир говори дека е во прашање тежок облик на ова заболување. За секоја раса е посебно дадена просечна вредност со која се споредуваат поединечните вредности добиени со прегледите на рентгенските снимки на кучето од истата раса.

На добиените сертификати, по снимањето резултатите се читаат на следниов начин:
A (без знаци на дисплазија)
B (скоро нормални зглобови на колковите)
C (блага дисплазија)
D (средна дисплазија)
E (тешка дисплазија)

за жал кај нас нема сертифицирани ветеринари за читање на овие рентгенски слики, најблиску е во Србија и соседна Бугарија, мегутоа може да се направат прелиминарни снимки, барем да бидете ослободени од стравот.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Моето куче имаше дисплазија.Не покажуваше некои симптоми,само едно време почна побрзо да се уморува и порано да влече накај дома после шетање.Мислевме дека е тоа затоа што старее,но наеднаш почна да се вкочанува во задните нозе.Сирото со денови,недели се мачеше,за да јаде едвај стануваше,на шетање го симнував на раце и само колку да се измоча движење имаше.Кај колковите скроз беше вкочанет.На раце го имав носено вучјак огромен до ветеринар и назад пешки,мамата ми се има ебано од колку го имам секаде носено.Дома пошто ни е се со плочки черги испостававме за да може ако сака да мрда да не се клизне.
Скроз беше вкочанет,ветеринарот ми даде некои апчиња против болки и други као нешто за подмачкување на зглобовите помгале,нешто така беше не памтам.....како и да е после 2-3 недели кучето се оправи.Одеше сам без преоблеми,се движеше,но нешто повеќе не.Не трчаше,скокаше поретко и помалку,се гледаше дека е помалку подвижен,но баше 10 пати подобар од тие 2-3 недели.
Како и да е си умре 2 години потоа,нешто со цревата имаше поблем.........:(
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
текстот е превземен од сајтот на БЛРК:

Нашиот Верди направи 7 месеци на 05.12.2009
За да си го земеме кога беше кутре, направивме една убава прошетка до Бургас. Пред да го земеме, ни почина претходното куче и токму во тој период имавме семејна финанскиска криза. Наидовме на оглас, каде се продаваа лабрадорчиња по цена од 150 евра. До пред 5 дена, јас не ја одобрував продажбата на кученца.. Но, откако се случија овие нешта во овие 5 дена, сега многу нешта ми се јасни....

По едночасовната прошетка низ паркот со Верди, сите си дојдовме дома изморени. Само Верди не можеше да заспие, бидејќи секое движење му беше проследено со болка. На моменти и не можеше да се исправи, а и да успееше, грбот му беше свиткан, и болно кривеше на задните нозе.
Отидовме веднаш во "Син Крст" каде што ни посочија снимање за дисплазија. Кога се вративме, Верди сеуште цвилеше од болки. Повторно отидовме во Синиот Крст, да ни дадат лекови за смирување на болки. Докторот кој беше ноќна смена, исто така потврди дека мисли дека е дисплазија. Срцето ми застана.
Ни дадоа лекови против болки.

Денес му направија снимки. Резулатот беше – дисплазија на колкови со степен Е (најтешкиот степен)
Д-р Георгиев препорача да се направи тројна остеотомија, но реално не би имало шанси да големо подобрување.
Во меѓувреме, Верди, под дејство на лековите против болки се однесува како ништо да не му е – скока, игра, лудува.
Побаравме второ мислење во клиниката "Анимо" кај Д-р Василев. Тој ги погледна снимките, ги измери и ја потврди дијагнозата. Препорача дартопластика...

Ги предупредив сопствениците на родителите на Верди од каде што го купивме. Ги замолив да не им создаваат агонија на други кучиња и да си ги кастрираат своите.
Мислам дека нема да ме послушаат... Дури и да им направат снимки за дисплазија, мислам дека тоа нема да ги спречи повторно да ги пуштаат во приплод.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom