Дискус-хернија(искуства и совети)

Член од
2 февруари 2019
Мислења
162
Поени од реакции
319
Поздрав до сите, ќе ве молам за мислење.
Имам 29 год немам проблем со тежина, спортист.
Имам болки во половината точно од левата и десната страна незнам дали се тоа бубрезите или е дискусхернија.
Болките се големи особено на нагли потези и исто кога се исправам нагло. Така е веќе 4-5 месеци. А особено наутро кога ќе станм од спиење. Значи кога ќе поминам со раката на страничните делови кај бубрезите осеќам како да крцка нешто и ме боли.
Сакам да отидам во Систина, што можат да помогнат таму? Некоја снимка или слично?
Дали би го препорчале Џанер од Скопје, мислам дека е син на еден од тие Таир или Туран?
Фала ви за секое мислење !
 
Член од
31 јули 2021
Мислења
15
Поени од реакции
15
@Aleksandar92, не ни помислувај да одиш по местачи. За пари ќе ти каже дека одма ќе те среди, а може да пропатиш. Оди на доктор, ќе те упати правилно, остај муабети од луѓе. Може ќе треба да се снимаш и точно ќе се знае од каде доаѓа болката, па ќе се преземат соодветни третмани. Поздрав и брзо опоравување!
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Никој нема да ми напише искуство од компјутерска декомпресија?! Знам дека е индивидуално, ама сепак. Вчера ја имав петтата декомпресија, вечерта пак јаки болки, да видам во понеделник што ќе каже докторката. Ах овој дискус...
Како помина со декомпресијата?

Јас додека го пишувам ова лежам на втората сесија. Ме интересира искуства бидејќи се нафатив на ова без да читам нешто многу искуства.

Инаку:
Екструзија на л5 с1.

Од март наваму:
- физикална, ми направи тешко воспалување и оток на нервот.
- ПРТ, (блокатори) двапати ме шибнаа во пршлен директно - ништо.
- сопругата ме запна и хомеопатија - жива глупост врска нема тоа.
- акупунктура 10 терапии, го смири воспалението, ама болките на нервот и долж десната нога продолжија.
- квантна терапија, терам...не знам што да кажам.
Паралелно со квантната одам на декомпресија.

После првата терапија немав посериозни болки и спиев релативно нормално - на грб.

Од лекарства, сè што постои. Ама буквално cè. Ништо не ја смирува болката. Веќе месец дена ништо не пијам, освен селен, цинк, омега 3, витамин Д3 капки и витамин Ц.
 
Член од
12 јануари 2009
Мислења
11
Поени од реакции
1
Jas so protuzija t.e nababren disk maka macam od januar levata noga trni i bolki a ne pak ti so exturzija.Extenzijata ako ti odgovara t.e ako ja prifati teloto na prav pat si jas imam prijatel koj trebase da se operisuva bese legnat vo postela epten krajna faza i so extenzii se vrati vo normala eve go funkcionira normalno inaku odi vo Nis neznam tocno kolku terapii napravi mislam 5-6 pati po 12 sesii .....Spomna kvantna medicina sto tocno rabotat i jas sakav da odam ama mi kazaa deka treba povele sesii da se odi a ne sum od Skopje pa se otkazav....

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk
 
Екстензија правам во Превентива 99 во Скопје. Ја гледав во Ниш клиниката, ја имаат истата опрема и апаратура. Се одлучив за Скопје.

Квантната ја спаси жена ми ос спондилоза и доста ефективна е за шилци... решив и таму да одам паралелно со декомпресијата затоа што иако мислам дека не го решава целосно проблемот, помага.
 
Член од
24 октомври 2021
Мислења
19
Поени од реакции
57
За жал, кај мене мораше да дојде до операција инаку пробав се живо: Физикална,масажи, инекции, клиника во Ниш итн. А да не зборам проблемот со дијагнозата. Првиот доктор стручњак ми дава дијагноза "Дисторзија во задња ложа" (бидејќи болките кај мене одеа низ цела нога а не кичма), вториот експерт од Систина после 50е платен преглед само ми кажа "Не е задња ложа" и ајде нов пациент на преглед. Тек третиот откри дека е проблем со диск но за жал веќе беше доцна иако пробав секој вид на терапија да избегнам операција, но на крај бев приморен да ја направам(Дојде до степен каде што ненормални болки немав само кога спиев).

Операцијата беше успешна но последици си има. Некои работи кои дефинитивно ми помогнаа да си функционирам нормално: Редовна физичка активност(Пливање, вежбање со свое тело,некои вежби во теретана со мала тежина), еднаш-двапати годишно физикална терапија но не само струја туку и одредени вежби во и надвор од вода,намалување на телесна тежина (Еден батка напраи операција, му беше топ но потоа качи 15-20 кила и сеа си има ненормални болки), редовно шетање или велосипед (Ако немам потреба од авто секогаш си одам пешки или со точак кога треба да вршам некоја работа) и инвестирање во добра столица ако си во office 8 часа на ден(јас работам од дома така да си правам ротација со седење, стоење и лежење на компјутер).
 
Член од
31 јули 2021
Мислења
15
Поени од реакции
15
Како помина со декомпресијата?

Јас додека го пишувам ова лежам на втората сесија. Ме интересира искуства бидејќи се нафатив на ова без да читам нешто многу искуства.

Инаку:
Екструзија на л5 с1.

Од март наваму:
- физикална, ми направи тешко воспалување и оток на нервот.
- ПРТ, (блокатори) двапати ме шибнаа во пршлен директно - ништо.
- сопругата ме запна и хомеопатија - жива глупост врска нема тоа.
- акупунктура 10 терапии, го смири воспалението, ама болките на нервот и долж десната нога продолжија.
- квантна терапија, терам...не знам што да кажам.
Паралелно со квантната одам на декомпресија.

После првата терапија немав посериозни болки и спиев релативно нормално - на грб.

Од лекарства, сè што постои. Ама буквално cè. Ништо не ја смирува болката. Веќе месец дена ништо не пијам, освен селен, цинк, омега 3, витамин Д3 капки и витамин Ц.

Кај мене не ги намали болките, напротив, додека терав декомпресија имав дома ненормални болки. Значи влегов во тој мал процент на кој овој вид терапија не помага. И уште еден магнет направив 3 недели по декомпресииве, беше идентичен како и пред терапиите, и пред огромните болки и нема одговор докторот зошто е така. Сега фала му на Бога веќе немам болки, некои минимални, ама се вратив во живот. Значи од август до март бев со болки, од кои неподносливи од ноември до февруари.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
349
Поени од реакции
436
Имам 27 години. Пред 2 години при лошо искривување на скијање се здобив со огромни болки на половината, така што морав дури следните 3 месеци ептен да внимавам при наведнувањето. Потоа едно 4-5 месеци одев рекреативно на пливање, па потоа 2 месеци во теретана. И при едно неправилно наведнување минатата есен почувствував иста таква болка како што ја имав при повреда на скијање. Помина за пар дена благодарение на апчиња кои ми ги препиша докторот, а истовремено бев рентген и ми беше дијагностицирана следнава состојба:

241855438_273175071099686_8488353681191642855_n.jpg

Сега периодов повторно чувствувам мали болки додека подолго седам во текот на работно време, посебно пред една недела на едно патување при дигање на тежок куфер кога болките беа значително поголеми.

Сакам да се вратам повторно во теретана, но со оглед на состојбата мислам дека е малку ризично.

Така да сакам да прашам дали некој би можел да ми препорача некој добар ортопед, неврорадиолог, без разлика дали е во приватна ординација / болница или државна кој би ме упатил на некаква физикална или друга терапија?
 
Прегледај го приврзокот 335326

Пред сè прво направи магнетна резонанца на половината. Со РТГ ништо не се гледа, односно само коските. Магнетната точно ќе ти покаже што е проблемот и кое е решението.

Теретана никако додека не ја утврдиш точната локација на повредата. Ни физикални ни ништо друго. Магнетна прво, па сè останато.

Погоре напишав какви све не терапии поминав и на крај отидов на операција во неврохирургија.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.040
Поени од реакции
10.249
Имам 27 години. Пред 2 години при лошо искривување на скијање се здобив со огромни болки на половината, така што морав дури следните 3 месеци ептен да внимавам при наведнувањето. Потоа едно 4-5 месеци одев рекреативно на пливање, па потоа 2 месеци во теретана. И при едно неправилно наведнување минатата есен почувствував иста таква болка како што ја имав при повреда на скијање. Помина за пар дена благодарение на апчиња кои ми ги препиша докторот, а истовремено бев рентген и ми беше дијагностицирана следнава состојба:

Прегледај го приврзокот 335326

Сега периодов повторно чувствувам мали болки додека подолго седам во текот на работно време, посебно пред една недела на едно патување при дигање на тежок куфер кога болките беа значително поголеми.

Сакам да се вратам повторно во теретана, но со оглед на состојбата мислам дека е малку ризично.

Така да сакам да прашам дали некој би можел да ми препорача некој добар ортопед, неврорадиолог, без разлика дали е во приватна ординација / болница или државна кој би ме упатил на некаква физикална или друга терапија?
Да се консултираш со невролог.
 
Член од
22 септември 2018
Мислења
189
Поени од реакции
121
Некој со дискус хернија кој има пробано третмани во Nuga Best да сподели искуства? Гледав и како опција Превентива, за декомпресија на рбетот. Што мислите што би помогнало повеќе?
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
412
Поени од реакции
82
Кај мене не ги намали болките, напротив, додека терав декомпресија имав дома ненормални болки. Значи влегов во тој мал процент на кој овој вид терапија не помага. И уште еден магнет направив 3 недели по декомпресииве, беше идентичен како и пред терапиите, и пред огромните болки и нема одговор докторот зошто е така. Сега фала му на Бога веќе немам болки, некои минимални, ама се вратив во живот. Значи од август до март бев со болки, од кои неподносливи од ноември до февруари.
Каде праеше декомпресија, ќе може контакт?
пиши на ПП
 
Член од
22 септември 2018
Мислења
189
Поени од реакции
121
Јас за декомпресија го имам слушнато само Превентива (кај Станица 26, позади Рамстор улицата)
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
412
Поени од реакции
82
Некој со дискус хернија кој има пробано третмани во Nuga Best да сподели искуства? Гледав и како опција Превентива, за декомпресија на рбетот. Што мислите што би помогнало повеќе?
Јас со сличен кревет имам пробано масажа кај студенскиот Карпош, а потоа со масажа со коцки мраз, ама потоа три дена ме болеше цело тело
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
Некој со дискус хернија кој има пробано третмани во Nuga Best да сподели искуства? Гледав и како опција Превентива, за декомпресија на рбетот. Што мислите што би помогнало повеќе?
Јас бев на третмани во Nuga Best, не осетив никаква промена.
Во Превентива сум бил на консултативен преглед, докторката ме одби со нејзината настојчивост (добив впечаток дека само сака парите да ми ги земе).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom