Нов на форумов, дискус хернија L4L5S1, имам 38 години, на 29 години се соочив со оваа подла болест односно тогаш и го видов правото лице, инаку бев во перфектна физичка кондиција, ги поминав сите пртходно споменати лица Туран, Таир, и останатите ширум Македонија, вреди да се спомене и г-дин Благоја-шизикот од Прилеп, Хрвати кои еднаш годишно доаѓаат во МКД и ти земаат 200 евра за терапија од 7 дена и т.н. веке 20 години работам и цело време сум изложен на голем физички напор... одкога ги поминав сите претходно споменати надри лекари, билкари и што уште не успеав да ја изгубам односно доживеав атрофирање на грбните мускули и силна болка во левата нога по што и станав неподвижен (морници ми одат во мементов), немаше чаре отидов во клиника и лежев два месеци, ме исбоцкаа инјекции за цел живот, излегов нормално во напишаното од нивна страна со подобрена состојба но според мене со многу влошена неможев два чекори да направам, ми требаа два сати до колата на чичкото од женами да стигнам, најжално беше кога ги видов сите ооколу мене кои дојдоа да ме земат од болница плачеа од тоа што ме гледаа како се мачам. Отидовме дома и вкревет, така обесхрабрен по неколку дена наидов на еден доктор кој по кажување на колега бил доста добар и него лично му имал помогнато. Решив и таму да појдам но овојпат не појдов туку ме однесоа, му ги покажав снимките и ми направи преглед кој чинеше 50 денари бидејки истиот работеше со зелени картони, по прегледот се почуди како се уште не ја завлекувам ногата бидејки листот од левата нога ми беше атрофирал и беше помал за 3,5см од листот на десната нога, ми рече дека имам среќа затоа што сум бил физички јак но јас не се чувствував ни најмалку така. Ми предложи терапија кај него ЕКСТЕНЗИЈА, се нафатив бидејки немав повеке сили. Господ здравје да му даде на Д-Р Свето, затоа што бев тежок случај ми направи 4 екстензии на две недели по една, проодував повторно но бев упорен и успеав, не ви препорачувам никаква операција и никакви надри лекари. Појдете кај докторов и консултирајте се барем нема да ве чини скапо, ова ви го препорачувам од се срце за да не го поминувате она што јас го поминав и бидете упорни и никако не се откажувајте и не подлегнувајте на операција...по терапиите кај истиов доктор продолжив со физикална терапија и конечно се издишав без болка, викав од среќа. Ми препорача додека сум жив дневно да пешачам минимум 30 минути. До ден денес си пешачам и си вежбам...
ЛОКАЦИЈА:
На раскрсницата пред водњанска вртиш лево во правец на МВР, 50 м испред втората раскрсницата која лево води према Рамстор а десно према Клиника од десна страна се наога клиниката (не се сеќавам како се вика) во куќа е а докторот се вика Свето (на презимето не се сеќавам). Се надевам дека нема да ви биде тешко да ја најдете и ви посакувам брзо оздравување. Поздрав!