Здраво, барајќи спас од оваа одвратна состојба стигнав до форумов.
Еве на кратко мојата историја :
По 6 месеци интензивни болки и неможност за движење се оперирав 2008 година Л4-Л5. Краток период бев ок, потоа почна болка од десната страна. Ја контролирав некако со физикални и апчиња. Пред од прилика 3 години ми се јави трнење, мравијање во двете нозе, поизразено од колена надолу. Не можам да поднесам допир на нозете, нема шанса да облечам фармерки, тренерки, панталони но некако се научив и со тоа да живеам.
Еве веќе втора недела ми се јави жарење, печење исто така поизразено од колена надолу.
Во меѓувреме нема што не сум пробала : биоенергии, хрватите за 200 евра, Таир, Туран, физикални, местење на Атлас, бугарот што доаѓа дома за 20 евра, апчиња, масти, Церажем. Мислам не испуштив ништо.
Направив МР и ЕМГ, хернија имам на Л4 Л5 С1 и тоа баш на средина и ги зафаќа двете нозе.
Деновиве се мислев што следно да правам, прочитав за Благоја од Прилеп му се јавив рече не сум била за кај него. Се јавив и кај Тане од Струмица-човекот куќа градел и не работел во моментов.
И сега се мислам каде е Вардар најдлабок
Се мислам да пробам со екстензија следно, зошто квалитетот на животов ми е еднаков на нула
а сум сопруга, мајка, вработена со обврски и дома и на работа.
Ако некој има било каков предлог, слободно предложете.