Дискус херниа - совети,вежбање...

Член од
8 февруари 2016
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво на сите

Нов сум на форумов и гледам дека е доста активен и има доста луге кои се разбираат во проблематика наречена боди билдинг и се околу неа.
Би сакал да ја претставам мојата приказна и да побарам совети околу тоа како да го третирам мојот проблем.Ке почнам вака :

Во мај годинава или нешто порано,сеедно ми се случи најголемиот проблем што грбот може да го има и за мене најфрустрирачкиот проблем за млади луге ко мене (имам 27год) а тоа е дискус херниа.Во тој период работев 2 работи кои што ми го земаа сето време во денот а подразбираа многу седење пред ПЦ (7-8саати во денот),возење кола (долги дистанци по други градови),и не многу но сепак кревање на не толку тешки но гломазни работи.Немав време за никаква физичка активност и се хранев нездраво нормално.Херниата не дојде одеднаш напротив се собирала подолго време.Во минатото се бавев со кошарка играв рекреативно зошто професионалната кариера во Македонија знаеме како се гради но исто така бев тренер по кошарка во млади категории.Настрана тоа среката си ја побарав и во една егзотична земја доста популарна кај нас младите и таму работев келнерај,шанкерај но и таму држев тренинзи по кошарка.Во една прилика на утрински тренинг покажував вежба која што бараше да се рипа по баскет одбиен од табла и осетив мала болка која што траеше цел ден се додека вечерта додека на работа ценетиот колега не ми свитка едно мало магично цигарче.Респект за тие средства кои само потврдија дека ако ги користиш медицински се тхе бест факин пеин килер.Настрана од тоа не користам и не узживам во тоа.Кога дојде дискус херниата на ред 3 дена неможев да станам од кревет бев под инекции итн итн.Се мачев долго време се до септември кога прекина болката на кичмата но гес ват од кичмата се префрли болката на ногата или потчно лумбо ишијалгија народски ишијас.Тоа подразбира кривење неправилно одење и осекање како струја да ти поминува низ задниот дел на ногата.Се мачев по болници,идев на физио кај еден од најдобрите терапевти доктор кој работи или работел со сите спортисти и клубови ко Вардар,Работнички,МЗТ и повеке репрезентации на МК во млади и сениорски категории.Идев и по алтернативни медицини чуда и врагови масажи итн итн се додека не ме упатија кај еден човек во Струмица (господ да ми го поживее).Сега осекам минимална болка на ногата кога сум улежан ама можам да спортувам за разлика од претходно кога болката не ми дозволуваше.Немозев да напраам стомачен немозев да трчам итн...За тоа сето време доста се угоив односно алармантно се угоив и дојдов до бројка од 98.Со оглед што сум висок 181 изгледам доста свински и решив да дигнам ручна.Набавив орбитрек и хемија.Карнитин и Термо спид хардкор+амино (тоа ми препорачаа) и внимавам на исхрана многу односно се хранам класично ко и секој што е под режим (житарици,многу зеленчук,овошје,риба,стек,јајца) а исфрлив целосно (леб,газирано,било каков шекер,алкохол и се останато што не треба да се конзумира.Резлтатите се задоволувачки 3 кила за една недела симнав но би сакал да побарам совети од вас за неколку работи:

1.Дали Карнитин и Термо Спид пред вежбање и Анаболик Амино после вежбање е добро и дали да продолжам да конзумирам.
2.Дали некој имал ваков проблем и како постапил
3.Размислувам да почнам во теретана со персонален тренер но многу ми е страв да не и направам нешто на кичмата.Дали имате дискус херниа а идете во теретана и ако идете кои вежби ги правите а кои не?

Благодарам
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Бато - жал ми е шо те фатило дискус хернија ама не те фатило тастатурис расипнија.
Форматирањево крш - очи ми истекоа да прочитам, ни спејс после запирка ни после точка, све у еден пасус.
Језда не полагаш матура на форум ама пак мора да е уредно напишано иначе никој нема да има сила ни желба да го прочита твојов проблем до крај.

Ај вака мои 2 центи - нема да се праам лекар а паметно ти е и ти да не читаш многу “лекари“ од форумов туку да најдеш добар спортски лекар да те советува за дискус хернијата - не е заебанција нејкеш да пцуеш некој форумџија како те заебал со лоша информација ако се искривиш.

- Џабе ти е карнитин, џабе ти е термо спид хардкор, џабе ти е амино. Уште помалце треба да ги викаш хемија. Џабе велам пошто тебе ти треба да научиш за калориски внес, за нутриционизам, да го научиш своето тело и активно да пазиш што и КОЛКУ внесуваш во телото. Лесно е да елиминираш одредени типови на храна и да ослабеш некое килце чисто ради тоа што телото се префрлило на подобра храна особено ако си на потешката страна, а друго е да ПРОДОЛЖИШ да слабееш. Пошто вака ако не пазиш колку калории внесуваш многу брзо ќе стигнеш до плато - и ќе прекинеш да слабееш. Или тоа или ке гладуваш и ќе продолжиш да слабееш и ке го ебеш и тој мускул што го имаш па после цацко ќе ти го држи рбетниот столб со слаби мускули. Тоа е општи совет - научи нутриционизам, пази што јадеш, пишувај food log.

Е сеа:

1. Ок е - нема потреба за твоево стање - дури и оверкил е и карнитин и термо спид и амино, особено аминото е оверкил пошто имаш амино а не пиеш веј. Не иде “хиерархијата“ така баш, најефикасно е креатин (за парите) па после веј па после се останато. И пази малце чим пиеш такви ствари ко Термо Спид хардкор - реално, неам поим што е составот - али најчесто имаат лошо влијание вакви топачи на срцето. Не си играј кај со кичма па и со срце да си напраиш проблем пази се не се форсирај - особено ко што не си бил активен сеа активност + зголемени откуцаи од топач = проблем.

2. Јас не сум имал - нека каже некој паталец

3. Ако најдеш вистински персонален тренер - не некој шо прочитал ко мене од интернет, сигурно нема да штети. Проблемот е што не знам дали сум сигурен дека има вистински персонален тренер у македонија - под тоа не мислам само нутриционизам и вежби да знае туку и лекар да е и анатомија да разбира, зошто твојов проблем е специфичен, и особено мора да се работи под лекарско надзорство да се пази да не се сјебе нешто уште поише.

БОНУС 4. Се што ќе прочиташ ко одговори на темава, вклучувајки го и моево, не ги земај како “апсолутна вистина“. Прочитај ги советиве и аплицирај твоја логика на истите и пробај да извлечеш сумација.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
https://www.youtube.com/watch?v=2NKhhy9-GTo Мој топол совет за проблемот твој. Убаво запази ги упатствата. Ова е систем на вежби на Махариши Свами Дев Мурти еден од најголемите јогини на планетава има разно разни презентации од него по цел нет а ова е исечок од неговото госување во емис. На рубу знаности емисијата е крстена со негово име нема зијан ако ја изгледаш цела.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Квалитетен тренер барај по поскапите теретани.

Од Скопјево:
-Синерџи ти е скапичка, незнам каков калибар на тренери има таму, ама е добро место да се почне.
-Проџект Фит исто така е скапа, со секоја сесија тренер, курци палци имаат, пак незнам колку е на место.
-Од блиски и доверливи извори Адам од Атлета знам дека има странски сертификати кои може ќе помогнат во твојата ситуација, ама пак, ништо нема да ти штети да поминеш да видиш на лице место да се договориш што и како.
-Има уште некои што не ми текнуваат.
-Зборувај со физиотерапевтот на клубовиве што го спомна, види што ќе ти каже тој.
-Вложи време сам, посебно за ваква работа неможеш да чекаш да ти сервира некој информации на тацна.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Прва работа после таква повреда, се одмара најмалку месец.
На физио не се оди, зошто најдобра физио терапија си самиот ти. После тој месец дена...
Базен обавезно, секој ден пропратено со Меккензиеви вежби.
Плус анти инфламатори диета, дисциплина во исхрана и правилно седење. После месец и пол до два, почнуваш со склекови и само истегнување на вратило, тек после трет месец почнуваш да се дигаш.
Првите 6 месеци се многу битни, зошто ако не се пазиш дискот пак ќе си шета по кичма и пак од ново проблеми.
При секс, само она врз тебе, никакви нагли потези. И многу рибино масло и ајкулина рскавица.
И желатин во вода, секое сабајле пред миење заби, за да подмачка доле све.
А за теретана, кој сакаш биди ќе ја ебеш кичмата, рано ти е не се летај.
Кога ќе бидеш спремен, почни само со кетл бел, па после пребаци на стандард теретана, иако на крај краева побитна ти е кондиција и фитнес, него тие глупости. Позз од паталец.
 
Sch

Член од
6 мај 2017
Мислења
26
Поени од реакции
4
Здраво луѓе. Имам силни болки кои водат од задникот на задниот дел на ногата до стапалото. Бев на ортопед ми го виде р'бетот докторот на ехо и ми кажа дископатија л4-л5 со лумбоишијалгија. 4 дена сум на инекции, малку сум подобра, но еве стапалото го чувствувам студено и малку губам сила во таа нога. Ми кажа докторот дека ќе ме прати и на физикална. Ве молам за сличи искуства и совети. Преплашена сум
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557

Се бавиш со некаков спорт, имаш дигано тежини?
 
Sch

Член од
6 мај 2017
Мислења
26
Поени од реакции
4
Се бавиш со некаков спорт, имаш дигано тежини?
Не, работам како шминкер и најголем дел од времето го поминувам стоејќи. Женско сум инаку. Последниве години сум мноцу слаба со физичка активност. И килажата ми е зголемена секако. Веднаш дигам паника да не ме пратат на операции :(
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Не, работам како шминкер и најголем дел од времето го поминувам стоејќи. Женско сум инаку. Последниве години сум мноцу слаба со физичка активност. И килажата ми е зголемена секако. Веднаш дигам паника да не ме пратат на операции :(
Треба да направиш повеќе анализи за да знаеш што и како се случува со твојот р'бет, јас имам слична дијагноза т.е лумбопатија со лумбоишијалгија на л4-л5-с1 и сколиоза од мали нозе која е во блага форма. Мене ми блокира ногата од колкот према стапалото при подолго одење или трчање, а имам проблеми и при промена на временски услови и денови после поголема физичка активност, тоа ми е предизвикано поради дигање големи тежини во теретана, т.е со големи тежини при мртво дигање и чучањ.
Направив само рентгенски снимки и од тоа ми беше дадена дијагнозата, според ортопедот треба да пливам, ми е забрането дигање на тежини, да носам појас со метални шипки. Е сега за пливање немам услови во моментов, далеку ми е базенот, а и треба да платам часови бидејќи не сум некој добар пливач, појас поради што затопли времето не зедов, носам само платнен додека седам на стол и прекинав да изведувам вежби што ја оптеретуваат половината и форсирам повеќе тренинг на стомакот.
 
Мене ми дадоа корсет да носам. Еве втор ден го носам сега.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
П.С не праќаат така брзо на операција, направи магнетна резонанца и ќе видиш што понатаму.[DOUBLEPOST=1494091539][/DOUBLEPOST]
Мене ми дадоа корсет да носам. Еве втор ден го носам сега.
Каков е корсетот, од каде го зеде?
 
Sch

Член од
6 мај 2017
Мислења
26
Поени од реакции
4
П.С не праќаат така брзо на операција, направи магнетна резонанца и ќе видиш што понатаму.[DOUBLEPOST=1494091539][/DOUBLEPOST]
Каков е корсетот, од каде го зеде?
Од продавница за ортопедски помагала (Славеј). Таков е со фишбани стега на карлицата и струкот. 1400 денари
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Здраво луѓе. Имам силни болки кои водат од задникот на задниот дел на ногата до стапалото. Бев на ортопед ми го виде р'бетот докторот на ехо и ми кажа дископатија л4-л5 со лумбоишијалгија. 4 дена сум на инекции, малку сум подобра, но еве стапалото го чувствувам студено и малку губам сила во таа нога. Ми кажа докторот дека ќе ме прати и на физикална. Ве молам за сличи искуства и совети. Преплашена сум
Ништо страшно, јас сум пресен физиотерапевт и од мое скромно искуство на секој 10-ти човек му се има случено, следи ја терапијата редовно биди упорна во вежбите и прави ги и дома а мој совет прашај си за акупунктура па и киропрактика и ако можеш да си дозволиш само напред.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Каде има киропрактика во Скопје?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Каде има киропрактика во Скопје?
Прецизно не сум запознат само слушнав дека кога беше актуелна темава за атлас (прв прешлен) испаднале во емисија и кажале дека локацијата им е некаде кај државна болница ова пред некој месец, ако добро слушнал тој што ми кажа најверојатно сеуште се таму.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom