Дискусија околу Полицијата

Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
За после 23ч и за возач почетник по 200еур. Па тоа ти викам сакаа да ме пишат ама немаа образ самите да дојдат туку мораше тој другиот.
Си управувал возило над 77кв и после 23ч. Што е спорно со казната?

Не знам во која смисла заштитени, директно да се заштитени НЕ, индиректно од недоволно предвидени закони ДА.

Законска казна затвор за нерегистрирано возило нема, а тоа што казните не делуваат над нив бидејќи немаат приливи е друга работа. Ити не плаќаj ама утре ќе ти извршат од сметката пари, нив што ќе му извршат?

Брат, пријави. Досадвај му на 192, мора да реагираат по пријава. Јави се кажи, урлаат нерегистрирани коли таму и таму. Ќе му ги одземат возилата гарантирам.

Дечки граѓанска должност е да се пријавуваат прекршоци, слободно пријавувајте. За тоа е полицијата и за тоа е платена. Ќе реагираат по повик 100%, а доколку по телефон ви се однесуваат непристојно земете им податоци и пријавете.

Друго што да ви кажам, ниту планирам да изигравам адвокат а нити па сакам. Мојата работа не е сообраќај ниту па кавги со роми. Ама дека некогаш се плука без потреба по полицијата е факт.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.917
Си управувал возило над 77кв и после 23ч. Што е спорно со казната?

Не знам во која смисла заштитени, директно да се заштитени НЕ, индиректно од недоволно предвидени закони ДА.

Законска казна затвор за нерегистрирано возило нема, а тоа што казните не делуваат над нив бидејќи немаат приливи е друга работа. Ити не плаќаj ама утре ќе ти извршат од сметката пари, нив што ќе му извршат?

Брат, пријави. Досадвај му на 192, мора да реагираат по пријава. Јави се кажи, урлаат нерегистрирани коли таму и таму. Ќе му ги одземат возилата гарантирам.

Дечки граѓанска должност е да се пријавуваат прекршоци, слободно пријавувајте. За тоа е полицијата и за тоа е платена. Ќе реагираат по повик 100%, а доколку по телефон ви се однесуваат непристојно земете им податоци и пријавете.
Финтата е што џабе е да му одземеш возило.
Возилото што ти ќе му го одземеш кошта 200 евра, тој со дрва на црно тие пари ги вади во 2-3 денови.
Како што стојат контроли на автопат и ме запираат чисто процедурално иако не возам брзо ниту пак прекршувам некаков закон, нека дремат и на сите делници од каде што се враќаат, ама не правиме муабет за дремење на 1-2 саати туку таму да има преку цело време смена. Барем ќе спречите да прават масакр над шумите.

Во државава излегува дека си привилегиран ако тераш сива економија и го кршиш законот, не можел да му направи ништо извршителот :facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
Фактот дека на темава само џандари ја бранат полицијата јасно кажува се.
Ни еден од нас обичниве смртници не кажа добар збор за МВР.

Сум се дружел порано со секакви луѓе,голем дел од нив вмешани во криминал.Ако почнам тука да пишувам шокантни работи од прва рака и од мои другари и познаници,темава крај ќе нема.

Ромите се заштитени.Нема збор тука.Затоа и се повеќе замав земаат.
Богаташите исто.
Луѓе со врски исто.

Ни останува само на нас обичните угнетени граѓани да се сликаме и ништо друго.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Има огромен гнев спрема а и страв од полиција а тоа влече длабоки корени уште од комунизмот, т.е. од него сме дојдени до ова тереџе. И тогаш имаше заштитени луѓе (синови на кодоши, удбаши и скоевци) ама за обичните беше тешко.

Класичен пример како работеше тогашната милиција...се краде нешто во некое маало и сл...првин одат кај локалниот истакнат комунист и удбашки кодош и го прашуваат кој би можел да биде арамијата, му набројува рајко, петко, овој, оној...ги викаат овие на “информативен разговор“ во станица ги серат од пендреци кој не може да истрпи и признае, тој е арамијата...случајот завршен.

Е од тоа си патиме и денес, и полицајците и тие на кој треба тие да им бидат сервис...

Никогаш кај нас немало поделба на власт во реалност, секогаш тој што владеел се мешал и во полиција и во судство.
 
Истата тактика околу криминалот се употребува и сега.Знаат дека се неспособни да го решат случајот со докази,ќе го прекршат обвинетиот од ќотек,ќе си признае зорле и чао пријатно.

А уствари и кој докази,да не имаме случајно квалитетна форензичка лабораторија ?
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.837
Поени од реакции
7.589
@Филип85
Во Прилеп, џандарите се најголеми клиенти на Ромите кога станува збор за доставата на дрва. Бесплатно.
До местото од каде што ги крадат дрвата има само еден пат. Мислиш дека е потребно пријавување од совесни граѓани за да ги начекаат и да му ги одземат колите?
Не, секој ден се случува тоа. Проблемот намерно не се решава.

Командирот на полициската станица е главен логистичар за транспорт на дрога.

Треба да се разбери дека денес на полицијата се гледа како на бизнис.
Заеби грижа за граѓани и грижа за јавен ред и мир.
Гледај максимално да ја искористиш позицијата и да го наполниш ќесето додека имаш шанса.
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.279
Поени од реакции
1.728
Си управувал возило над 77кв и после 23ч. Што е спорно со казната?
Па поглуп закон од овај нема. Возам Опел Антара 2000 кубици 150 кс, другарче има Поло 1.9 105кс и сега тој нема да добие казна оти нели не е повеќе од 105 кс, а Полото е и постартно и побрзо од Опелот. После 23ч зошто да неуправуваш возило? Јас ако сакам да пијам и во 12 на пладне ќе се испијанам и ќе возам(бтв ова е главна причина демек заради што се донесол овој закон затоа потенцирав).

Ако имаше малце мозок во тоа МВР и во Владата ќе се донесеше закон да се усогласени и кубици не само коњските сили.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
Била и ќе биде присутна онаа психологија,полицијата наместо да работи во служба на граѓаните,станува најголем душман на граѓаните.
Јас многу пати кога сум шетал во град навечер,видам ли џандари усвет бегам што е можно подалеку.
Полицијата како служба отсекогаш била идеална за вработување на садисти.
Не можеш човечки да се разбереш кога разговараш со џандари,баш напротив,уште од самиот старт гледаат да се стават над тебе,да те доминираат,да те уништат без никаква причина.
Нив не ги интересира правдата туку тоа како да пишат казни за да ја задоволат нормата или како да пуштат пријава до судот за некое кривично дело за да добијат поени и оправдување дека нешто сработиле.
Во целиот тој хаос,многу невини луѓе ќе го изедат на крајот,додека баш оние вистинските криминалци (политичарите) ќе останат недопирливи до крајот на животот.

Ај некој од џандариве нека се оправда на овоа што го пишав,да видиме какви патетични аргументи ќе користи.
Или се се знае,само ќе се правиме мутави,ќе си го браниме лебот на форумов по секоја цена,така ?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.518
Поени од реакции
62.366
Ај некој од џандариве нека се оправда на овоа што го пишав,да видиме какви патетични аргументи ќе користи.
Или се се знае,само ќе се правиме мутави,ќе си го браниме лебот на форумов по секоја цена,така ?
Сижето е дека:
  • Тие не ги одредувале висините на казните, ограничувањето, ниту каде ке стојат знаците. Само ја користат ситуацијата да си пишуваат казни
  • Тие само стоеле таму каде што ке им кажат, и правеле акции кога ке им кажат
  • Пријавете на 192, полицијата 100% работи за вас
  • Кој ви е крив на вас кога не сте безгрешни во сообраќајот како нив. Пола полиција вози коли со затемнети стакла, и последна регистрација во 2005-та.
Како го пишувам ова, се повеќе ми иде паралелата меѓу џандари и политичари. Не е можно дека се до тој степен детачирани од реалноста, и се во тој нивен свет дека ова што го прават е нормално.

Фали уште да потврдат дека никогаш не направиле сообраќаен прекршок, за да биде филмот комплетен.
 
Обично човек кога ќе допре до позиција на моќ почнува да губи контакт со реалноста.Тој веќе не е обичен човек во неговата глава,туку станува жртва на неговите грандиозни мегаломански пориви на семоќност.
Оттука оправдувањето дека цело време они се во право.

Овоа особено се дешава во средини каде што има низок степен на свест и совест.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.068
Поени од реакции
11.045
Гледам дека сум заборавил да пишам во постот дека џупакот што ме удри паркиран, избега од лице место и не знаев кој е.
Ама го најдов еве, пошто не живејме во Берлин туку во град од 50 000.
Не бил обичен џупак, туку современ со брат во Германија. Имаше осигурување, ама избегал без разлика на тоа. Џупска работа. Ајде се погодивме да ми ја направи неговото осигурување. Мед и млеко низ уста.
Одам вчера во осигурителната и ми ги дава неговите документи со изговор: ''Татко ми е Скопје критичен, среди документи ќе потпишам покасно''.
И сигурно погодувате, 2 дена не успеа да потпише пошто нема време а прееска бил во осигурителнава да си
ги земи документите, пошто ептен во фрки бил, ќе потпишел в Понеделник.
Мислам дека е време да му раситнам две по 5 брзински. Со арно во оваа држава тешко.
 
Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Меѓу нас вака не знам зошто си си рекол дека треба да му веруваш на ромјанин.Летаргија од народ, не се џабе кучиња ги лаат на 500 метри.И најако од се е што утре твојот и неговиот глас исто вредат, е тоа е трагедијата на оваа демократија што ја пропагира светов модерен.Треба да се донесе закон кој не заврши средно образование и не положи матура да не може да има глас за ништо освен за зборење.Се разбира со вистинско образование и надзор.Небитно не знам зашо сам со себе се расправам,одамна кренав раце и се молам само да не ми се случи проблем ни со овие за кои е темата ни со другиве што си ги спомнал.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Абе се ми е јасно, меѓутоа ако сте запознаени полициските службеници излегуваат на терен со службена наредба од командир. Во наредбата е нагласено на кое место и од колку до колку часот се врши контрола на сообраќајот и која мерка се контролира.

И да знаат сообраќајците на тоа место дека навистина е побезбедно да се изврши претекнување со поголема брзина, не смеат да отстапат од наредбата . Што значи проблемот е на повисоко ниво, исто како што е на повисоко ниво и проблемот со непрофесионалноста, селективноста, непознавањето на законите кои што се спроведуваат итн итн.

А ако правиме споредба со странство, пошто најмногу за тоа се фаќаат. Да, нема толку чести контроли оти имаат современи системи и многу ама многу КАМЕРИ. А за сообраќајната култура да не правиме муабет.

На членовите погоре што се обраќаат со погрдни зборови, нема ни да се потрудам да му реплицирам.
Извини, покасно враќам, тек сега се логирам од ПЦ.

Ова и ние му го збориме погоре на неписмениот цајкан, тој упорно е влезен во Супермен мод дека работат за доброто на државата. Не може да работиш за доброто на државата ако испаѓаш на се едни исти делници а од друга страна игнорираш ноќни трки навечер. Јас тебе сосема те разбирам дека ова се глупости дојдени од самиот врв. Плус и нив им одговара сообраќајци да се секакви гмизавци кои до пред некоја година не можеа да станат од спиење пред 3 попладне.

Примерот за претекнувањето е уште еден аргумент дека нивното присуство на патиштава е во инкасаторска функција, нема ништо од безбедносен аспект или не знам што :) Црно на бело, си покачил брзина, одиш да платиш :toe:
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.837
Поени од реакции
7.589
Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило
Секоја криминална приказна започнува со зборовите „мора да имаш некој од внатре“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom