Во една играчница за сони во Скопје, еднаш имаше џандари "на должност", кои мораа да извршат неколку акции играјќи ФИФА. На едниот од нив му заѕвони телефонот, и најверојатно го прашаа што прави, и он им рече еве "работно". На крај си отидоа без да платат. Најверојатно има некаков попуст за лица со IQ колку собна температура, и башка дека најверојатно навечер не се плаќаат земските задоволства, па им искочи 0 денари. Исто така и кафето додека се на работа, во маалските кафичи им е 0 денари. Не знам за сендвичите, ама и таму претпоставувам дека им склопуваат некоја фер цена, во склад со нивната плата. Ретко кој со 12000 може да јаде и пие у сендвичари и кафани.