Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
на религиите треба да им се стави крајот.. на сите до една!

Само штета прават.

Од крсташиве до клањачите,религијата стана место на натпревар во негативна смисла.

Чим ти влагаат во цркви и во џамии и синагоги секакви кримоси,силувачи,насилници,луѓе со тешки пороци,предавници на својте луѓе.

Звуците од Камбани и минариња треба да се забранат!

Му ометаат на животот на поединецот,а го провоцираат верникот од спротивната вера.

а на тој што не е припадник на ниедна заедница..му ствараат мачнина да гледа попови пред врата на стриптиз клуб а курва пред врата на религиски храм.
...да ги забраниме верувањата викаш,па ако е така треба и твоето чукање по тастатурата да го забраниме
...и твојот став е едно верување,нели? :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595

Религија и верување не е исто. :)
И се сложувам, денес е ново време, нема забрана за ништо ниту ќе има забрани (ако ги има знајте дека тоа доаѓа од стариот еон, не од новиот и отфрлете ја таа омраза кон другоста и не одете во таа лудост) - секој има слобода да биде што сака и како сака и треба да се замолкнат старите религии со нивните проповеди дека секој е грешен, најмногу ако не е со нив... и тоа често го прават суптилно и индиректно... постојано нешто се сатанизира и се претставува како лошо, а мирјани од старите религии ја користат фразата „секој има слобода да греши“, во смисла богот ќе се погрижи за таквите што не се од мојата религија :)
 
Член од
28 јули 2021
Мислења
24
Поени од реакции
96
Светото го изгануваат се повеќе и повеќе шутраци затоа што со реченици "секој има право на тоа и тоа" само се допушта такво понашање.
Јас тоа што го кажав во првиот пост не е верување,туку пишав да видам и други мислења околу ситуацијата што ја наведов а не објаснување дека не треба да се мрази и слични одговори.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050

Имаш мисла која е во склоп со второто христово доаѓање.
Рушењето го кажа, а новото што би било?
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.357
Поени од реакции
19.178
Имаш мисла која е во склоп со второто христово доаѓање.
Рушењето го кажа, а новото што би било?
Чекај ти озбиљно мислиш дека Исус па ке дојде? Озбиљно мислиш дека уопште воскреснаја?
Озбиљно, нели си вреѓате интелигенцију сс тој што веруете у тешки глупости,приказне за мали деца.

Искрено, осдговори ми сс да или не.
Да беше роден еве например у Катар,сечен,брадест, сфе под конац...
Дали тк ке веруеше дека Исус ке се врати и дека воскреснаја.

Искрено, мноо е лсно да се лажира смрт,да се избега у Марсеј сс жену и 2 деца.Или па да се украде мртфо тело од гробницу.
Искено, зшто не размислите малце поразумно, без да дегустирате тој што ви сервирале.

???
 
  • Хаха
Reactions: alf

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.077

Парва ја ќе ти одговорам место Алф пошто претпоставувам дека е зафатен со прелистување на стариот завет...
Озбиљно не ми се вреѓа интелигенција пошто ми е на тој ниво кое не ву дозвољава да се вреѓа сама по себе...
И не можу да ти одговору сс ДА или Не да не испадну како судију онога француза Шешељ кд га прашуеше-Дали тфои знаеф дека си педер?
И га тераше исто да одговори сс ДА или НЕ...толко од мене на кратко,препуштам те на Афл-а да каже и он по некоју...:coffee:
 
Последно уредено:
  • Вау
Reactions: alf

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Чекај ти озбиљно мислиш дека Исус па ке дојде? Озбиљно мислиш дека уопште воскреснаја?
Озбиљно, нели си вреѓате интелигенцију сс тој што веруете у тешки глупости,приказне за мали деца.

Искрено, осдговори ми сс да или не.
Да беше роден еве например у Катар,сечен,брадест, сфе под конац...
Дали тк ке веруеше дека Исус ке се врати и дека воскреснаја.

Искрено, мноо е лсно да се лажира смрт,да се избега у Марсеј сс жену и 2 деца.Или па да се украде мртфо тело од гробницу.
Искено, зшто не размислите малце поразумно, без да дегустирате тој што ви сервирале.

???
Кумановец, не е Исус тоа ти што мислиш...а ниту и христијаните знаат.
Духовен симбол преставен во еден човечки лик кој христијаните го материлизираа во посебна личност која мислат дека не е дел од било кој човек.Така и ти си го прифатил и во тој контекст реплицираш.
Не брзај.Ќе дојде, но не така како што ти и другите мислат. :)
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.077
Кумановец, не е Исус тоа ти што мислиш...а ниту и христијаните знаат.
Духовен симбол преставен во еден човечки лик кој христијаните го материлизираа во посебна личност која мислат дека не е дел од било кој човек.Така и ти си го прифатил и во тој контекст реплицираш.
Не брзај.Ќе дојде, но не така како што ти и другите мислат. :)
За доаѓањето на Исус не знам кога ќе дојде пошто не се впуштам во некои секташки предвидувања кои кажуваат датуми-месеци и години а за Светиот Дух знам дека е присутен меѓу нас како невидливо ОКО кое ги прати работиве подобро и попрецизно од овие голтари што сакаат да му парираат во вид на матриксот кој ни е наметнат и алгоритмите кои не пратат на интернет...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
За доаѓањето на Исус не знам кога ќе дојде пошто не се впуштам во некои секташки предвидувања кои кажуваат датуми-месеци и години а за Светиот Дух знам дека е присутен меѓу нас како невидливо ОКО кое ги прати работиве подобро и попрецизно од овие голтари што сакаат да му парираат во вид на матриксот кој ни е наметнат и алгоритмите кои не пратат на интернет...
И ти си кумановец штом се почуствува повикан да одговараш?
Парва го цитирав.:D
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.077
И ти си кумановец штом се почуствува повикан да одговараш?
Парва го цитирав.:D
Ме понесе атмосФерата од постот кој го пиша Парва,па се надоврзаф со некои мои гледишта...:coffee:
п.с.Исус не е од Куманово :icon_mrgr:
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Просто кажано, не може поединец, кој не е дел од Цркава а уште помалку е достоен или вброен меѓу Светиите, да го толкува Писмото на правилен начин.
Ни Исус не беше дел од фаресејските и човековите обичаи, па ете за свој бог го сметаш.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Што означува изразот „небеса„ ако е во множина и што е воопшто битен хебрејскиот закон (кој ли е тој закон...) за она кое сам Бог му го објави на Мојсеја?...

Не постои поточно толкување на Писмото од толкувањето на истото од страна на Светиите.
Навистина ова го напиша и не знаеш за еврејската Тора и дека христијанството се темели на ЕВРЕЈСКИОТ ЗАКОН ДАДЕН НА МОЈСЕЈ? :coffee:

Дали ти не знаеш од каде ти доаѓа христијанската религија или се обидуваш да играш на картата „невиност, не разбирам јас, богот е со мене“?

Дали ти си заглавен само во православното христијанство и ништо друго не те интересира и немаш ниакква потреба да знаеш за историјата на човештвото во однос на самото себе и во однос на божественото?

После ова што го прочитав (со bold означен текст) не сакам да разговарам со тебе за религиите и историјата на разните учења на Земјата. Христијанството е ќерка на еврејскиот закон! Ако не си знаел, да седнеш да си запишеш и да проучиш чии пророштва „новозаветниот закон“ и ликот во тој „завет“ треба да ги „исполни“ и дали ги исполнил - според еврејските традиции.

Со злобно преименување на истиот тој еврејски закон како „стар завет“, бидејќи нели имате вие „нов завет“... евреите кои го сковаа и ја имаат целата идеја за месија на еврејскиот народ, не го разбраа спасителот и месијата (според вас, кои станавте христијани откако државата ви се замеша во учењата), туку странци кои немаат врска со еврејските традиции и тајни учења, „разбраа“, и со узурпирање создадоа секташко толкување на Тората и свои „светии“ кои знаат подобро од еврејските рабини од кои дојде пишаниот закон, Тора?
Дали тоа ми кажуваш?

Небеса токму тоа значи, множина. Не е небеса како едно небо. Научи за еврејската космологија и како го делат небото и човекот!

Тоа што ти го знаеш како Битие е Берашит на еврејски, првата книга на Мојсеј, првата книга од Тора, еврејскиот закон!
Берашит значи "На почетокот:..“, така започнува и првата книга - со тој збор!

П.С. Не постои начин христијанин да го толкува правилно еврејскиот закон даден во петте книги на Мојсеј. Си има рабини за тоа, самите автори на таканаречениот според христијаните „стар завет“ е напишан од рабини.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.512
Поени од реакции
3.639

Хммм, ако продолжиш да си првиш муабет со самиот себе, и јас ќе добијам причина за неразговарање со тебе...

А тоа што непрекидно мешаш „баби и жаби„ па на старозаетните стихови им припишуваш непотребни и погрешни толкувања, ни случјано не значи дека токму ти си познавач на религиите. Ако на претходно напишаново го додадам и твоето повикување на кабализмот и астрологијата како начин на толкување на старозаветните записи, тогаш покорисно е да да не си го арчам денов со тебе...
 
Никаде не мешам ништо од ова што ти го кажуваш. Тоа што не знаеш дека петте книги на Мојсеј се еврејскиот закон по кој се водат евреите и денес и се нарекува Тора - е твој проблем. Научи си ја историјата на твојата религија.
Тоа што врвот на знаење ти се некакви „свети отци“ кои неповикани се дрзнале да коментираат туѓ закон, еврејскиот - пак е твој проблем.
За Мојсеј и неговиот закон ќе ги консултираш рабините, еврејските рабини - другото е секташко толкување. Толку е едноставно.

Замисли некој денес да се дрзне од христијанството да прави своја религија, да ја толкува како сака за да создаде ново учење и твојата религија да ја нарече со друго име, твојата света книга нема да е нов завет туку нешто навредливо за тебе - како би било тоа?
Ќе го сметаш за погрешно, секташко, во заблуда?

За „новиот завет“ - може да се држиш до разните христијански коментатори, но и тие се повикуваат пак на еврејскиот закон бидејќи таму се пророштвата и симболите преку кои ќе се познае еврејскиот месија, кој што според евреите суште не е дојден и не се исполнети пророштвата!
За еврејскиот закон се слушаат евреите, не христијаните. Тоа е малку егоистички да се дрзнеш да се поставиш како авторитет на туѓото... узурпирање, што не води кон ништо добро.

Не се нарекува кабализам туку кабала (ако зборуваш за тоа), тоа е еврејска езотериска школа. Астрологијата е сосема друга ствар и нема врска со Тората и првите стихови што ги постирав на друга тема. Тоа што ти така сакаш да си разбереш за да имаш причина да зборуваш негативно и како „се е погрешно“ освен „светите отци“ од III - IV век што толкуваат - е твој проблем.

Тоа што Тората ја нарекуваш „стар завет“ само укажува колку не знаеш ништо за еврејскиот закон.
 
Последно уредено:

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.077
Хепта дојди си во православието да осетиш што значи живата вера...оваа твојава филозофија е многу замрсена полна со некои лавиринти симболи и сигнали,подобро ти е да "тепаш" судоку или некој крстозбор на кои решенијата им се на претпоследната страна и мирна глава... :coffee:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom