Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.099
Поени од реакции
3.469
Воопшто не е едноставно прашање, бидејќи не знам како да ти одговорам најдобро што може, те прашав за да се објасниш да знам како и што да ти одговорам. Не може да ми одговориш што став ти имаш за душата? Метафизика ти е духот на човекот?

А ако поставуваш прашања колку да се поставуваат, без ти да имаш некој став или познавање на нештата, ништо не правиме. Ќе ти одговори некој четири па ти барај смисла.

А и наназад зборував за ова, за енергијата и природата... и се зависи од човекот што подразбира под душа, дали постои, дали не, од искуството и знаењето што го поседува... многумина веруваат дека има. Но од кога верувањето е валиден метод за било што?
Можеби ќе се нафати некој да му ја покажат душата за да се увери дека е реалност... секакви има

Ќе повторам пак за да опфатиме општо: енергијата не се уништува. Не постои ништо надприродно во универзумот. Некалибрираните инструменти само покажуваат погрешни вредности.
Моето прашање беше јасно. Точно прашав што ме интересира, ама ти ептен филозофираш.
Терај ајде, батали.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Моето прашање беше јасно. Точно прашав што ме интересира, ама ти ептен филозофираш.
Терај ајде, батали.
Одговори ми тоа што те прашав, за да те разберам подобро и да можам да ти одговорам, ако умеам да одговорам задоволително.
Ако ти е тешко да одговориш и дадеш свој став за ова што праша, своја перспектива кон ова што прашуваш, батали - не мора да се заморуваш ниту ти ниту мене да ме заморуваш со сето ова...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
Ти треба, еве братски ќе ти помогнам со илустрација:Прегледај го приврзокот 310362

Прегледај го приврзокот 310363

Зaшто Бог не ги казнува своите "представници", мислам на сите оние свештени лица кои ја извалкаа црквата со своите инцести, перверзии, педофилија, сил
ување.....Па не ми е јасно, како може народ да оди на миса, литургија, да им бакнува рака на папите, поповите, кога тие потоа ќе отидат, ке кренат тоа мантиите и ке силуваат некое дете.
Црквите станаа куќи на злосторници, неверници, манипуланти, педофили......страшно.
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.289
Поени од реакции
4.639
Зишто Бог не ги казнува своите "представници", мислам на сите оние свештени лица кои ја извалкаа црквата со своите инцести, перверзии, педофилија, сил
ување.....Па не ми е јасно, како може народ да оди на миса, литургија, да им бакнува рака на папите, поповите, кога тие потоа ќе отидат, ке кренат тоа мантиите и ке силуваат некое дете.
Црквите станаа куќи на злосторници, неверници, манипуланти, педофили......страшно.
...како ќе го стори тоа,кога со самиот акт на обвинување и казнување импликациите одат директно на нив самите :)
...тоа се Божји службеници,како ќе ги објаснат тие појави?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
...како ќе го стори тоа,кога со самиот акт на обвинување и казнување импликациите одат директно на нив самите :)
...тоа се Божји службеници,како ќе ги објаснат тие појави?
Целибатот треба да биде избор, грешката во католицизмот тоа да го бара оди спротивно со природата, секое косење со законите на природата резултира со вакви дисфункции. Мислам дека веќе се свесни самите за ова но промените таму одат преспоро.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
...
...тоа се Божји службеници,како ќе ги објаснат тие појави?
Божјите службеници треба да се препознаат по нивните дела, така вели библијата,нели.....а со вакви недела, со вакви појави по некои цркви, од некои свештени лица, ќе изведам заклучок дека таму ѓаволот работи.
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.421
Поени од реакции
3.126
Гледаш каков бил стариот еон... „наши противници“. А ние денес ги нарекуваме Браќа!

Науката веруваат дека ги избркала боговите и негативно се насочени кон истата, како да се боговите надвор од природата, надвор од вечното. Па попот добро ги менува размислите во духот на новото време, иако ги витка премногу... :)

Науката навистина ги исчисти многуте привиденија и отвори врати за нови методи и разбирање на внатрешниот свет на човекот, една од многуте порти низ кои мора да помине секој... но Едниот никогаш не може да биде разрешен или определен бидејќи нема име, нема временско ограничување, неопфатен е со денешната наука иако сме доближени многу со новите методи и без страв може секој што може да го погледне во „лице“!
И тоа е така бидејќи се води кон Хаос кој што обичниот ум на просечниот човек кој што трча од утро до вечер брзајќи да постигне било што, било како тука и сега - не може да ја процесира таа Бесконечност!
Затоа и реков „многу наука“ е погрешно. Подобро е „многу мисли“ е проблемот и незаузданиот ум кој што не знае да застане.

Но дали е тоа Христос, недефинираниот пророк, месија, бог три во едно...?

Постојано е така со ова христијаните... тукрање на се во креветот на Прокруст и виткање и касапење за да задоволи догма. Тоа не е наука.
Затоа и гревови постојат, дека правиш нешто погрешно иако само постоиш на Земјата, една станица низ вечноста.

Ако науката е ваша своина отстапи подалеку од догмата и престани да проповедаш за почеток дека „блажен е било кој што не видел, а верува“. Тоа не е наука.

Целата беседа на попов е оправдување за верата како тие не се во мрак бидејќи веруваат во Бог(со голема буква) и како науката и „нивните противници“ им велат дека нема бесконечен живот и смрт како движењето на змијата... сешто изнакажано во негативна смисла за науката заради едно верување.

Науката никогаш не вели дека нема ова или она... но тврди дека до сега не открила и нема метод! Што не е исто.
Бидејќи за науката и треба доказ и метод за тоа... што ќе важи за сите, инаку е бесцелен методот. Дали ќе биде знаен методот и достапен за било кој, тоа зависи дали на човекот може да му се верува дека правилно ќе го користи методот! Бидејќи луѓе сме, чеканот е за ковење шајки, но не малку случаи кога се користи против нечија волја за живот, нели?

Кога го напишал ова попов? Дали знаеш? Која година?

И ако може твои размисли за нештата, не мислам со мртви попови да дебатирам за религиите :) Може цитати, но коментирај ги или да бидат надополнување на твојот став за нештата.
Со мртви - немам волја да дебатирам. Тврдоглави се и никогаш нема да научат ништо ново!
:)
Колку што успеав да "ископам" пишувано е 1912 година...а тоа само значи дека историјата се повторува...
Мои размисли не можам да дадам моментално пошто затворени ми се "чакрите/каналите/патиштата" кои водат до изворот кај што се раѓа мислата затоа ти "понудив" одговор од проверен "поп" (по твој критериум) и светец по мој критериум...:)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Зaшто Бог не ги казнува своите "представници", мислам на сите оние свештени лица кои ја извалкаа црквата со своите инцести, перверзии, педофилија, сил
ување.....Па не ми е јасно, како може народ да оди на миса, литургија, да им бакнува рака на папите, поповите, кога тие потоа ќе отидат, ке кренат тоа мантиите и ке силуваат некое дете.
Црквите станаа куќи на злосторници, неверници, манипуланти, педофили......страшно.
Низ Библиската историја може сосема јасно како Бог се однесува кон човекот, и кога е праведен и кога греши.

Ете и на иконата на Тајната Вечера, може да видиме дека и Јуда е присутен рамноправно со другите Апостоли, иако Исус во Своето Сезнаење, Знаел дека ќе го предаде, видовме како заврши Јуда облеан во Божјата Љубов, пропорционално на свето недело немаше решение(според својата помрачена совест), освен да го сотре своето постоење, го изгуби умот и се обеси од безнадежност, тага и горчина.

Потоа и апостол Петар се откажа од Исус, но целиот живот го помина во покајание за тоа, и е еклатантен пример за Божјата Љубов, дека нема грев што може да не одвои од Бог.
„Господ праведните ги сака, а грешните ги милува..., не ја сака смртта на грешникот, туку да се сврти кон Бога и да биде жив“.

Конечно, Господ ја предава власта на човекот и самиот разумно да ја превземе одговорноста и во Црквата и Општеството и да си го уредува животот по Божјиот Закон на Љубовта.
Тоа јасно означува заштита на слабите, немоќните, болните, старите..., во примеров децата, оттаму постоењето на Црковните и Државните судови(кои ја Претставуваат Божјата Правда во светот).

Како и претходно што ти објаснив, за динамиката на Божјата заповед за одговорноста на човекот(„Дајте го Божјото на Бога, царевото на царот...), тоа токму се однесува на вакви девијации во Црквата и општесвтото, еноставно, немаме оправдание да ја префрлиме вината на Бог дека не превзел одредени мерки, казни..., за сето она што ние сме го дозволиле свесно, несвесно, одговорно, неодговорно, во знење и незнаење итн.
Тоа значи човекот како Божјо создание е способно да ја извршува, реализира власта што му е дадена од Бог, да управува со сето создание вклучително со себе во целокупното живеење.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
Низ Библиската историја може сосема јасно како Бог се однесува кон човекот, и кога е праведен и кога греши.

Ете и на иконата на Тајната Вечера, може да видиме дека и Јуда е присутен рамноправно со другите Апостоли, иако Исус во Своето Сезнаење, Знаел дека ќе го предаде, видовме како заврши Јуда облеан во Божјата Љубов, пропорционално на свето недело немаше решение(според својата помрачена совест), освен да го сотре своето постоење, го изгуби умот и се обеси од безнадежност, тага и горчина.

Потоа и апостол Петар се откажа од Исус, но целиот живот го помина во покајание за тоа, и е еклатантен пример за Божјата Љубов, дека нема грев што може да не одвои од Бог.
„Господ праведните ги сака, а грешните ги милува..., не ја сака смртта на грешникот, туку да се сврти кон Бога и да биде жив“.

Конечно, Господ ја предава власта на човекот и самиот разумно да ја превземе одговорноста и во Црквата и Општеството и да си го уредува животот по Божјиот Закон на Љубовта.
Тоа јасно означува заштита на слабите, немоќните, болните, старите..., во примеров децата, оттаму постоењето на Црковните и Државните судови(кои го Претставуваат Божјата Правда во светот).

Како и претходно што ти објаснив, за динамиката на Божјата заповед за одговорноста на човекот(„Дајте го Божјото на Бога, царевото на царот...), тоа токму се однесува на вакви девијации во Црквата и општесвтото, еноставно, немаме оправдание да ја префрлиме вината на Бог дека не превзел одредени мерки, казни..., за сето она што ние сме го дозволиле свесно, несвесно, одговорно, неодговорно, во знење и незнаење итн.
Тоа значи човекот како Божјо создание е способно да ја извршува, реализира власта што му е дадена од Бог, да управува со сето создание вклучително со себе во целокупното живеење.
Благодарам многу, убав одговор...верувај дека се почувствував засрамена што воопшто поставив вакво прашање.
(y)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Божјите службеници треба да се препознаат по нивните дела, така вели библијата,нели.....а со вакви недела, со вакви појави по некои цркви, од некои свештени лица, ќе изведам заклучок дека таму ѓаволот работи.
Благодарам многу, убав одговор...верувај дека се почувствував засрамена што воопшто поставив вакво прашање.
(y)
Слава на Бога за све, ти верувам, и јас го имам истиот срам(пред све жал и сочуство) и пред Бога и пред луѓето што дозволуваме вакви работи да ни се случуваат, посебно за деца кога се работи, верувај дури ни Ѓаволот неможам за ова да го обвинам иако реално си го остварува своето учество, но и него го чека Вечната Љубов во Вечноста, иако е попаметен од сите нас луѓето заедно, за ова прашање излегува прилично глуп. Уште еден доказ дека воопшто не е све во интелектуалноста и знаењето. :)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
...премногу лично си ја превзеле улогата на Божји службеници :)
Во случајов за жал обратно е, воопшто неможе да се наречат Божји, освен што го злоупотребуваат Бога. :(
Автоматски споено мислење:

Целибатот треба да биде избор, грешката во католицизмот тоа да го бара оди спротивно со природата, секое косење со законите на природата резултира со вакви дисфункции. Мислам дека веќе се свесни самите за ова но промените таму одат преспоро.
(y)
Со сите слабости и маани, сепак јас верувам во Божјата промисла за Римокатоличката Црква како најбројни и нивната улога во светот. Работите не се просто црно бели како што сме навикнати да се критикуваме меѓусебно, потребната почит кон другиот е неопходна во сите меѓурелигиски односи...

Целибатот е сериозно искушение во психосоматска смисла на човекот, кој е експониран да живее меѓу луѓето од овој свет, дури и монаштвото страда од вакви девијации, иако природно е одвоено од светските искушенија. Навистина треба да направат нешто сериозно за решавање на овие гадости и нечовечки противприродни злодела. Господ да помогне.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
:)
Колку што успеав да "ископам" пишувано е 1912 година...а тоа само значи дека историјата се повторува...
Мои размисли не можам да дадам моментално пошто затворени ми се "чакрите/каналите/патиштата" кои водат до изворот кај што се раѓа мислата затоа ти "понудив" одговор од проверен "поп" (по твој критериум) и светец по мој критериум...:)
1909 e првпат јавно објавено: Method of Science, Aim of Religion. Малку понаназад на крајот на XIX век помудар човек зборува за овие работи поврзувајќи исток и запад :)

Што како кај тебе, ниту прашав ниту ме интересира. Секој со своите проблеми.

Почнете да имате ставови за нештата, потоа слушајте било кој, било каде... реков со мртовци не сакам да дебатирам не дека не кажале нешто паметно, туку не можам да расправам за нештата со нив. А следбениците нивни, ете како тебе, гледаш, затворени им се чакри, изворите им се далеку, не знаат што да мислат за нештата и само цитати споделуваат како да разбираат се што зборува некој. Само со цитати не правиме ништо полезно.

За мене е поп и нема ништо лошо во тоа... не знам зошто во наводници.
Ти постојано само од него цитати вадиш (неумесно преведувани на англиски за да изгледаат wow) или да не дознае човек од кај ти се христијанските мудрости, сфатив дека „тој ти е доволен за во животот до изворот“ и „отварање чакри“. (y)
 
-Ако си на патот на живата вера мртовци се само телесно но не и со духот...

околу вториот болд-
"Богоносци...Мудраци земаљски обилазним путем траже мудрост и враћају се вашој мудрости, јер друго не налазе."(y)
п.с.Ако мислиш дека сум лимитиран како човек со моите мисли го прифаќам тоа...и не те мразам(y)
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Што означува жива вера?
Како човек воопшто не си лимитиран. Но во дискусија треба да зборуваш што ти мислиш и да поткрепуваш понекогаш со некој цитат, од некој „светец“ што го сметаш за помудар од тебе кој ќе даде поткрепа на твоите мисли тука на форумов.

Тоа што мислам јас го пишувам на форумов, нема скриено значење. Ти како си ме разбрал, тоа си е твое. Колку повеќе зборуваш за нештата, толку повеќе соговорникот знае со кој и за што да дискутира со тебе... реков со мртовци не сакам да дискутирам.
Со духот не може да се дискутира, духовите се многу инаетливи нешта... бараат секогаш некој со поголем авторитет над нив за да бидат послушни!
Барем така е опишано во овие, средновековните гримоари и разни книги кои се бават со опишување на разните авторитети во името на Исус Христос. Има и некои исламски книги со таква тематика, но во моментот - не ми текнува на ниту еден автор или книга... китаб :)

Не ме мразиш... Ме љубиш? Или си индиферентен? Што е подобро? Соговорникот да помине низ тебе како низ воздух?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
(y)
Со сите слабости и маани, сепак јас верувам во Божјата промисла за Римокатоличката Црква како најбројни и нивната улога во светот. Работите не се просто црно бели како што сме навикнати да се критикуваме меѓусебно, потребната почит кон другиот е неопходна во сите меѓурелигиски односи...

Целибатот е сериозно искушение во психосоматска смисла на човекот, кој е експониран да живее меѓу луѓето од овој свет, дури и монаштвото страда од вакви девијации, иако природно е одвоено од светските искушенија. Навистина треба да направат нешто сериозно за решавање на овие гадости и нечовечки противприродни злодела. Господ да помогне.
Искрено се надевам дека ќе попуштат и ги охрабрат да се женат, да им влезе тоа во нормална култура, слично како во православието инаку крај нема да има на сето ова, сепак имаат репродуктивни органи кои не е баш така лесно да се игнорираат. Друго решение нема освен да можеби и религијата се разбере како жива материја, еволуира нашето разбирање а и практично не функционира, но тоа е знам многу тешко.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom