Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Нема ова никаква врска со емоции и нивна контрола. Туку со тоа што некој се обидува да влага во нечиј личен простор и да продава "кокоси" за бубрези. Зборувам општо, нема што некој да ми кажува рецепти за како јас или друг да го живее животот па уште и за да добие некоја си награда.
А со што има ако не со емоции?
ЈАС е директно зависен од емоциите,тој не би ни постоел ако нема емоции.
Личен простор, од каде тоа сега, овде во овој виртуелен свет ,личен простор е она лична порака.
Таму ти пишуваат?
Глупаво е да се вадиш со личен простор, кокоси за бубрези е недоволно,може да се лутиш колку сакаш.
Но, ако имаш издржлив контра аргумент ,повели да го слушнеме.
На крај -краева не читај,никој нема да ти влезе во личен простор и да те шиканира.

Ревен верник? Тогаш што е ова ?

1 Тимотеј, 2:
10. Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.
11. Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.
12. Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,
13. зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,
14. а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.
15. Сепак, жените, ако останат верни, ако ја зачуваат љубовта, ако бидат свети и скромни, ќе бидат спасени преку раѓање деца.

Стихови во кои јасно се вели кои "добри" дела да ги прават жените. До верникот ли е сега ?
Не те разбрав добро.
Каква врска имаат цитатите.
Појасни.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503

Ova e napisano vo vreme koga zenite umirale na poragaj.
Saka da kaze avtorot, preku nivnata verba, ke preziveat poragaj.

Ako procitas na slednata strana, ke vidis deka i za mazite ima slicni naredbi.

2 Спрема постарите жени однесувај се како да ти се мајки, а спрема помладите, твојот однос треба да биде чист, како спрема сестри.

3 Грижи се за оние вдовици за кои навистина нема кој друг да се грижи. 4 Ако вдовицата има деца или внуци, тие нека се учат да се грижат за оние што им се семејство, исто како што родителите се грижеле за нив.
 
Последно уредено:
D

dARK_ElementaL

Гостин
А со што има ако не со емоции?
ЈАС е директно зависен од емоциите,тој не би ни постоел ако нема емоции.
Личен простор, од каде тоа сега, овде во овој виртуелен свет ,личен простор е она лична порака.
Таму ти пишуваат?
Глупаво е да се вадиш со личен простор, кокоси за бубрези е недоволно,може да се лутиш колку сакаш.
Но, ако имаш издржлив контра аргумент ,повели да го слушнеме.
На крај -краева не читај,никој нема да ти влезе во личен простор и да те шиканира.
Ти кажав со што има врска во претходното мислење, нема потреба да се повторувам.

ЈАС не сум баш зависен од емоциите па еве постојам

Личниот простор се мисли на мојот личен живот. Кажав и претходно, зборам општо.
Не мора да се однесува на религија. Ако некој сака да ми кажува, на пр., каква музика да слушам само затоа што него му се допаѓа таква музика и да ме прогласува за ненормален ако не ја слушам од мене може да добие само среден прст (метафорично кажано). Па ако сака во три пекола нека ме фрли

Не се ,,вадам" со личен простор, туку тоа е токму одговорот што ти го давам и е сосема доволен.
Не те разбрав добро.
Каква врска имаат цитатите.
Појасни.
Велеше за @GoranGoks дека бил ревен верник и дете. Ти постирав стихови од Библијата кој велат што и како жената треба да прави па и дека не смее да заповедува на мажот. До толкувањето на верниците е сега или нешто друго ?

Ova e napisano vo vreme koga zenite umirale na poragaj.
Saka da kaze avtorot, preku nivnata verba, ke preziveat poragaj.

Ako procitas na slednata strana, ke vidis deka i za mazite ima slicni naredbi.
Стихот убаво си вели ,,ќе бидат спасени преку раѓање деца". А не ,,ќе преживеат пораѓај преку нивната верба". Не ги извртувај работите.
Жени денес не умираат на пораѓај?

Што е со другите стихови? Јасно велат дека жената не смее да го поучува мажот, ниту да му заповедува.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.931
Пред 3 недели беше смртно забрането да се влезе во Црква...Лажичето за причест беше ноќна мора и живото загрозувачко орудие...Денес 3 недели подоцна свечено се отвораат коцкарниците...Светите храмови на хазардерите...Билтенот е нивното коцкарско лажиче...Наеднаш веќе нема никаква опасност по живот...Пред 3 недели беше опасно да се проба лажиче во свет храм, а од денес ќе се срка со лажици по кафани и ќе се пробуваат кондури со лажици по огромните молови...Најплашливите шетаа со маски ко да слават Хелоувин, а не Свети Ѓорѓија во храмот...Се надевам ќе се извинат за вековната кардинална грешка со свеќите на тараса кога ѓаволот ни даде гол со пета...
Веруваш дека Ѓавол постои?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
А најинтересно од се е шо ја мрзел демократијата,тврдел дека таа е за слабаци!Уште еден размазен и арогантен член на англиската аристократија,ништо повеќе!
Инаку гледам новиот завет само пофални зборови за демократијата има:

Ефесјаните 6:
5.Робови, слушајте ги вашите господари по тело со страв и трепет, во простота на своето срце, како Христа!
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689

Види види,си ја префрлил дискусијата шо ја имавме на друга тема.Интересно,ама провидно!
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Колку и да ми се допаѓа романтизмот за кој се држите и само тој го глаголате заради надежта која ви ја дава... не можам а да не ве скарам дека не си го знаете писмото што го глаголате и за кое „ќе умрете како доказ за вашата вера“!

За ова што го збориш :
„А кој те излажал дека ќе бидеш мачен? Тоа е уште една догма на црквите со цел да се заплаши народот притоа несвесно (или свесно?) оцрнувајќи го Бог. “

Отвори таму Петар, посланија што глагола за богот како казнува... новиот завет на христијаните (не ти давам директен линк за да се помачиш, бидејќи не бидува вака).
Дека е догма, е догма... дали е црквата денес крива или онаа од времето кога се крева христијанството во спрега со земските царства, треба да се подразмисли, дали е оцрнување на богот или пак само сржта на старите религии: потребата за грев и казнување?

Не може за се да ја окривуваме црквата како тело составено од свештеници со земски ум ;)
Казнување и мачење не е исто.
Самите последици од грев се казна само по себе, кога одиш по криви патишта и не го согледуваш злото и страдањето кое го оставаш зад тебе и кога тогаш тоа ќе ти се врати, повеќекратно.
И реков не го оправдувам тоа што се исполитизира црквата, која всушност не е тело од „свештеници со земски ум“, туку тело од верници или секое тело во кое живее Духот.

Ако се потекнува од Бог, од кого потекнува злото? Дали Бог е совршен и сезнаен? Ако не е, тогаш зошто го сметате за Господ?
Одговори на овие прашања, па ќе дискутираме.
Од човекот.
Имаше ли зло во овој универзум пред да настапи хомо сапиенсот на сцената? Напротив, се си се одвиваше како подмачкано и Бог виде дека е добро...
Автоматски споено мислење:

Инаку гледам новиот завет само пофални зборови за демократијата има:

Ефесјаните 6:
5.Робови, слушајте ги вашите господари по тело со страв и трепет, во простота на своето срце, како Христа!
Малку од контекст изваден стихот нели, исто како што прават оние фундаменталистите :)
Прочитај 4 стиха понатаму, ќе видиш дека и на господарите им се вели истото.
А за демократијата во Римската Империја, измисли си една временска машина и врати се во тоа време и барај демократија таму и начкртај некаде кој од овие методи е бил искористен за справување со твоите просветлени гледишта.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
1 Тимотеј, 2:
10. Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.
11. Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.
12. Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,
13. зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,
14. а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.
15. Сепак, жените, ако останат верни, ако ја зачуваат љубовта, ако бидат свети и скромни, ќе бидат спасени преку раѓање деца.

Стихови во кои јасно се вели кои "добри" дела да ги прават жените. До верникот ли е сега ?

Стихот убаво си вели ,,ќе бидат спасени преку раѓање деца". А не ,,ќе преживеат пораѓај преку нивната верба". Не ги извртувај работите.
Жени денес не умираат на пораѓај?

Што е со другите стихови? Јасно велат дека жената не смее да го поучува мажот, ниту да му заповедува.
Чекај бе не е пишана Библијата на македонски, туку на грчки. :)
„Преку“ на грчки е διὰ и е во смисла на преминување преку нешто а не како користење некаков метод за да се стигне некаде.
Истиот прилог е искористен во 1 Коринќаните, 3:
15. Ќе се спаси, но како некој што поминал преку оган!

Оставив линк ако некој сака да си го прочита целото поглавје, море целото послание нека си го прочита, многу добар вовед e во тоа што всушност е „Христијанството„ или поточно што тоа треба да биде.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Види види,си ја префрлил дискусијата шо ја имавме на друга тема.Интересно,ама провидно!
Префлена е бидејќи таму ова е офтопик, овде не е. Што е провидно?
Автоматски споено мислење:

Од човекот.
Имаше ли зло во овој универзум пред да настапи хомо сапиенсот на сцената? Напротив, се си се одвиваше како подмачкано и Бог виде дека е добро...
Како ем видел дека се е добро, ем дел од тоа добро не било добро? Човекот не е создаден од Бог? Како може совршено битие кое е сезнајно и семоќно, да создаде битие кое ќе биде причина за зло, страдање и слично?
Малку од контекст изваден стихот нели, исто како што прават оние фундаменталистите :)
Прочитај 4 стиха понатаму, ќе видиш дека и на господарите им се вели истото.
А за демократијата во Римската Империја, измисли си една временска машина и врати се во тоа време и барај демократија таму и начкртај некаде кој од овие методи е бил искористен за справување со твоите просветлени гледишта.
Ти вадиш од контекст во случајов. Каква врска има римската империја во мојот дијалог со stratUs? Му го постирав бидејќи обвинуваше како некој мразел демократија а тој некој нема врска со римска империја.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Префлена е бидејќи таму ова е офтопик, овде не е. Што е провидно?
Автоматски споено мислење:

Како ем видел дека се е добро, ем дел од тоа добро не било добро? Човекот не е создаден од Бог? Како може совршено битие кое е сезнајно и семоќно, да создаде битие кое ќе биде причина за зло, страдање и слично?

Ти вадиш од контекст во случајов. Каква врска има римската империја во мојот дијалог со stratUs? Му го постирав бидејќи обвинуваше како некој мразел демократија а тој некој нема врска со римска империја.
Како офтопик,пошто тебе не ти одговара?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.581
Поени од реакции
11.595
Казнување и мачење не е исто.
Самите последици од грев се казна само по себе, кога одиш по криви патишта и не го согледуваш злото и страдањето кое го оставаш зад тебе и кога тогаш тоа ќе ти се врати, повеќекратно.
И реков не го оправдувам тоа што се исполитизира црквата, која всушност не е тело од „свештеници со земски ум“, туку тело од верници или секое тело во кое живее Духот.
Не е исто казнување и мачење?
Ок, ајде нека ти биде нема да расправам и за ова... :)

Тоа со последици, оваа идеја „тоа што оставаш зад себе“ го има многу пред твоето христијанство, само треба да се запознаеш со ведите и источните учења - поточо карма јога... малку да прошириш видици... иако христијанските апологети од петни жили ги сатанизираат источните учења!

Тоа што ти не оправдуваш, а си само обичен мирјанин во хиерархијата на црквата, не допринесува ништо... да живееше „духот“ во твојата црква изградена од „верници“, ќе ја оправдуваше црквата - но бидејќи земските ствари им се побитни од другите ствари, „духот“ им избегал по се изгледа, и глаголаат злобно и осудуваат се што не под нивна капа - ти не ја оправдуваш.. никој не ја оправдува, освен мала група на фанатици кои имаат омраза кон другоста на база на догма!

Секој пат е крив и зло за христијанинот ако не е христијанство! Затоа и постојано злобно глаголање за другите... извртување на туѓите учења за да нивното биде „во светло“.
Тоа е... неразбирање на човештвото.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Чекај бе не е пишана Библијата на македонски, туку на грчки. :)
„Преку“ на грчки е διὰ и е во смисла на преминување преку нешто а не како користење некаков метод за да се стигне некаде.
Истиот прилог е искористен во 1 Коринќаните, 3:
15. Ќе се спаси, но како некој што поминал преку оган!

Оставив линк ако некој сака да си го прочита целото поглавје, море целото послание нека си го прочита, многу добар вовед e во тоа што всушност е „Христијанството„ или поточно што тоа треба да биде.
Тоа со Грците ќе си видиш.

Што е со другите стихови? Убаво се вели дека жените не смеат да им заповедаат на мажите и да ги поучуваат.

Види и овде што убаво пишува кој какви маки ќе има дур раѓа и кој над кого да владее.

Битие 3:
16. А на жената и рече: „Ќе ти ги умножам многу маките на твојата бременост, во маки ќе ги раѓаш децата. Твојот копнеж ќе биде кон мажот твој, а тој ќе владее над тебе.”
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Префлена е бидејќи таму ова е офтопик, овде не е. Што е провидно?
Автоматски споено мислење:

Како ем видел дека се е добро, ем дел од тоа добро не било добро? Човекот не е создаден од Бог? Како може совршено битие кое е сезнајно и семоќно, да создаде битие кое ќе биде причина за зло, страдање и слично?

Ти вадиш од контекст во случајов. Каква врска има римската империја во мојот дијалог со stratUs? Му го постирав бидејќи обвинуваше како некој мразел демократија а тој некој нема врска со римска империја.
Ги испревртуваш работите, внимавај малку.
Човекот поседува спознание за добро и зло, не дека е причина за истото. Без спознание за добро и зло не можеш да правиш зло. Се после тоа е избор.
Ти постираш стихови за робство, па еве ти дадов перспектива малку поинаква од онаа претходновековната на твојот драг Кроули.
Автоматски споено мислење:

Не е исто казнување и мачење?
Ок, ајде нека ти биде нема да расправам и за ова... :)

Тоа со последици, оваа идеја „тоа што оставаш зад себе“ го има многу пред твоето христијанство, само треба да се запознаеш со ведите и источните учења - поточо карма јога... малку да прошириш видици... иако христијанските апологети од петни жили ги сатанизираат источните учења!

Тоа што ти не оправдуваш, а си само обичен мирјанин во хиерархијата на црквата, не допринесува ништо... да живееше „духот“ во твојата црква изградена од „верници“, ќе ја оправдуваше црквата - но бидејќи земските ствари им се побитни од другите ствари, „духот“ им избегал по се изгледа, и глаголаат злобно и осудуваат се што не под нивна капа - ти не ја оправдуваш.. никој не ја оправдува, освен мала група на фанатици кои имаат омраза кон другоста на база на догма!

Секој пат е крив и зло за христијанинот ако не е христијанство! Затоа и постојано злобно глаголање за другите... извртување на туѓите учења за да нивното биде „во светло“.
Тоа е... неразбирање на човештвото.
Ок нека ми биде :)
Свесен сум дека тоа не е само кај „христијанството“ но кога ќе го видам и кај другите повеќе согледувам дека тоа е човечки универзал и ми ја зајакнува верата...
Јас не сум „мирјанин“ што и да по ѓаволите значи тоа, јас сум Црквата и секој друг кој ја врши Божјата волја исто така и тој е Црквата, а на оние што прскат вода со исушено растение и претпочитат black & yellow, Господ нека им суди.
А ги гледаме и плодовите на Христијанството (сосе догма) како најдоминантна религија во светот во сегашниов еон или 2020 ANNO DOMINI.
Исто така видовме доволно каде води секое сериозно отстапување од истото... Ама ете некои навистина не го разбираат човештвото.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom