Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
истото што и за смихајлно, со едно мало подпрашање. дали мислиш дека треба да се укинат верските календари?
Не....
Зошто да се укинат? Кому пречат?
На верниците тие им значат.
Православните верници не сакаат да го користат грегоријанскиот календар бидејќи според него, во некои години, немаат доволно денови за постот пред Велигден.
Исламскиот и Кинескиот календар се лунарни календари. И таму новата година почнува некогаш во лето а некогаш во зима.
Што тоа на нас ни пречи?
Денес основна единица за мерење на времето е секунда и таа се дефинира како: Траење на 9.192.631.770 дел времето на периодот на преоѓање на два основни нивоа на атомот на цезијумот на нула степени келвини. Ова дефиниција нема врска ниту со еден календар. И што нас ни пречат како верниците го мерат времето?
http://mk.wikipedia.org/wiki/Секунда
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Прво да си го кажам религиозното убедување. Јас сум агностик или да појаснам верувам дека има виша сила но не го живеам животот за да откријам која е таа сила или да следам било каква мејнстрим религија.
Ќе реплицирам на твојот пост пошто тој ми фати око.
Агностик сум и јас, а технички гледано што можат да бидат сите луѓе... освен агностици? Кој може да докаже дека има или дека нема бог, богови или некаква (свесна) виша сила?

Се согласувам и со другото кажано. Колку и да јас лично сакам или се надевам на постоење на виша сила, повеќе од јасно е дека СИТЕ денешни религии се организации, компании всушност, за правење пари и искористување на простата раја и остварување на личните потреби за моќ на поединци или групации.

Секој што во денешно време се фаќа за некаков пишан канон, за кој ни сега нема никаков доказ или сведоштво (вистинито и докажливо), е наивен по карактер или пак лицемер пошто нема храброст и интегритет да престане да го следи стадото (кое редовно оди на шишање, кај овчарот, односно „претставникот„ на религијата).

Во иста смисла, денешните празнични календари се резултат на „наследување„ на датумите на паганските празници. Поточно црквата и христијанството, сите најзначајни христијански празници ги насадила на датумите кога се најголемите пагански празници (кои патем се слични кај повеќето индо-европски народи). Не случајно тоа се деновите како рамноденица, долгоденица, краткоденица, итн. Таквите денови станале празници како Великден, Божиќ, итн. но дури и денес кај многу народи сеуште паралелно се практикуваат и паганските обичаи за тие пагански празници... иако религиозниот (пагански) карактер е изгубен и останува само нешто во облик на суеверие или како сакате наречете го...
Еве пар линкови за тие што можеби ги интересираат паганските словенски обичаи, меѓу нив и Коледе и Бадник кои се празнуваа пред пар денови.
http://en.wikipedia.org/wiki/Koliada
http://en.wikipedia.org/wiki/Slavic_mythology

Официјалниот црковен став секогаш се противи на запазувањето на паганските обичаи (се разбира). Оставштина од поранешната борба меѓу религиите (не е дека денес паганизмот е закана)... ;)
http://mk.wikipedia.org/wiki‎/Бадник напиша:
МПЦ гозбите и пиењето околу коледарските огнови ги смета за пагански обичаи кои се во целосна несогласност со црковното предание и со божикниот пост.[4].
http://mk.wikipedia.org/wiki‎/Бадник

За крај, ниеден календар не е точен, технички гледано сите имаат одредени годишни отстапувања и грешки. Идеален календар би бил некој што нема да има такви грешки. Да илустрирам:
http://www.timeanddate.com/date/perfect-calendar.html

kalendar.png
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
@kooperativa

Епа тука е проблемот не е толку во поткрепата туку самата природа на Бог. Доколку постои некое такво совршено, семоќно суштество не постои ум на планетава кој би можел да го сфати или разбере баш во тоа е и генијалноста на религиите.

Додека ти му бараш некакви докази он мисли дека го напаѓаш и од тој момент дискусијата или ја снемува или преминува во препуцавање. Друго нешто што е многу важно идејата за Бог се заснова на верба , а не на докази и од тука произлегува најголемиот контраст кога некој пробува да меша факти и верба.

Инаку поентата ми беше со сила убавина не бидува. Еве и јас како мал да речам на моменти се однесував така иако знаев дека не сум во право терав инает и тогаш се случи нешто многу важно ... пораснав.

Не сакам да генерализирам не е фер да кажам сите верници ама еве делот што ти го опиша се всушност како мали недораснати деца и тука џабе е сила единствено времето може да си го направи своето т.е во иднина се надевам на подобра едукација и можност за поголемо патување вон границите на сопствената држава ова се две работи клучни за проширување на видиците кај поединецот.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
во моментов ни едукација не помага. земи го само за пример постерот на дедо мраз и муџахединот. во 21 век, а они ти викаат “ќе ве тепеме пошто сте неверници, треба муслимански да се слави“.
ноторна глупост. и како сега тоа “да пораснат“ кога и самите на себе не даваат да се едуцираат? кога се’ што во науката не се совпаѓа со книжулето е ѓаволска работа
ете пример каква штета нанесува таквиот календар (ова повеќе се однесува за смрт...)
во минатото пак христијаните правеле зулум, сега овие, што е следно?
атеист барем нема да крене рака ако е е побиен со факти, додека овие и бомба ќе ти стави на прагот.
 
Во ред за тоа, но не е се така еднострано како што го опишуваш. Не знам дали го погледна видеото за емпатија што ти го посочив во другата тема.

Таму баш убаво објаснува нашата и нивната перспектива на целиот конфликт и навистина ги проширува видиците. Јас пак си стојам позади тоа дека е потребно време да помине, но сигурно ќе се случи. Тој процес е започнат и дури и да сакаат неможат да го сопрат.

Јас во иднината гледам полесен и поефтин начин за патување од едно до друго место на планетава и со тоа мешање на култури и сузбивање на предрасуди.

Моментално на истокот во муслиманските земји се користат основните принципи на теоријата за масновно контролирање на народот т.е чувај ги во затворен простор и не им дозволувај едукација(тука пред се мислам критички настроена, а не беспотребно меморирање на факти).

Велиш едукацијата не помагала, а како може да им помогне кога голем процент во дотичните земји не знаат да читаат ниту да пишуваат, а не пак нешто повеќе.

Еве сега ќе се повторам процесот е започнат и нема назад.

П.С За малку поилустративно да опишам што сакам да кажам замисли го технолошкиот напредок на човекот. Ни требале 1900 години напредок за во последниве 100 години да направиме повеќе одколку сите заедно пред нив, но сепак новите пронајдоци се тука бидејќи некој предтоа ги поставил темелите.

Друго нешто еве ќе го спомнам и „мрачното време“ во тој период процесот значително загубил на моментум, но не згаснал дури не само што не згаснал туку и земал замав :D

П.С2 Уште ова го заборавив „Теле се учи, вол не се учи“ така да можно е да треба една цела генерација да се смени за да се види вистински напредок.

П.С3 И јас како тебе сакам уште утре си „глупави“ проблеми да се решат ама за жал луѓето не се многу склони кон промени.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
smihajlo, се’ што кажа држи вода, само една работа ти избега. а тоа е дека јас дадов пример тука, во македонија, каде што живееме во 21век, а ти ми зборуваш за КСА. кога овде не може да се едуцираат, што останува за таму
е ДА, ќе требаат 982 години за да се они едуцираат они, а до тогаш и јас и ти и нашите наследници ќе треба да тргаме маки со испрани мозоци.
а она околу сузбивањето предрасуди, и мешање култури, ......... хмммм, дискутаболно е тоа. јас би рекол дека сите останати религии немаат никаков проблем да коегзистираат помеѓу себе, да комуницираат и почитуваат, освен со исламот, кој во најблага форма ќе се искажам е: арогантен
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.948
во моментов ни едукација не помага. земи го само за пример постерот на дедо мраз и муџахединот. во 21 век, а они ти викаат “ќе ве тепеме пошто сте неверници, треба муслимански да се слави“.
ноторна глупост. и како сега тоа “да пораснат“ кога и самите на себе не даваат да се едуцираат? кога се’ што во науката не се совпаѓа со книжулето е ѓаволска работа
ете пример каква штета нанесува таквиот календар (ова повеќе се однесува за смрт...)
во минатото пак христијаните правеле зулум, сега овие, што е следно?
атеист барем нема да крене рака ако е е побиен со факти, додека овие и бомба ќе ти стави на прагот.

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
препорачувам да го изгледате внимателно.....

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
@kooperativa

Тука се согласувам, но не е само религијата проблем. Јас некое да речам брзо или експресно решение не гледам. Да им ја забраниш религијата е невозможно едниствено контра ефект ќе постигнеш.

Во врска со исламот ќе се согласам, има премногу елементи на кои здраворазумен човек би бегал на друга планета пред да ги поверува. Е сега тука водата ја поминува критичната точка и се прелива во комбинација со ред други фактори.

Еве на прво место да го земеме исламот, следува слаба или непостоечка едукација, окупатори на нивна земја, власт во рацете на мала група луѓе, сиромаштија, глад.

Само во комбинација овие фактори прават бомбаши самоубијци инаку зошто на запад муслиманите немаат таква моќ?

Перењето мозок е една работа, но да потиснеш она најосновното т.е инстинктот за живот и сам да посегнеш по својот живот треба повеќе од религија за да се направи тоа.

На гладен стомак тешко се носат рационални одлуки иако тоа не е оправдување за посегање по својот и животите на рандом личности околу тебе.

Во глобала и христијанството не е толку различно од исламот само што тоа со време еволуирало и се приспособило за разлика од исламот кој е веројатно најназадна религија.

Решенија веќе кажав ќе надополнам само државите од исламски во секуларни да ги претворат и тоа е доста битно јас барем не гледам зошто свештениците би требало да ја водат државата, а и воопшто сум против било какво концентрирање на власт кај мала група луѓе.

П.С Претпоставувам дека си за целосно укинување на исламот, но јас не гледам решение како брзо да се направат промени без да ги убиеш сите муслимани/неистомисленици со што би станал како нив или полош.

Еве еден од моите омилени цитати :

Knowledge is power. Information is liberating. Education is the premise of progress, in every society, in every family.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
во моментов ни едукација не помага. земи го само за пример постерот на дедо мраз и муџахединот. во 21 век, а они ти викаат “ќе ве тепеме пошто сте неверници, треба муслимански да се слави“.
ноторна глупост. и како сега тоа “да пораснат“ кога и самите на себе не даваат да се едуцираат? кога се’ што во науката не се совпаѓа со книжулето е ѓаволска работа
ете пример каква штета нанесува таквиот календар (ова повеќе се однесува за смрт...)
во минатото пак христијаните правеле зулум, сега овие, што е следно?
атеист барем нема да крене рака ако е е побиен со факти, додека овие и бомба ќе ти стави на прагот.
Не...не
Ниеден муслиман нема нешто вакво да каже - “ќе ве тепеме пошто сте неверници, треба муслимански да се слави“.
Муслиманите себе се сметаат за правоверни, а христијаните не ги сметаат за неверници
Односот на муслиманите и христијаните е многу интересен. Успехот на Исламот во 7, 8 и 9 век, кога се проширил на огромна територија е последица и на масовно прифаќење од страна на христијаните.
Ако сакате можеме и во склоп на оваа тема да одпочнеме дискусија, кои се причините за успехот на Исламот во тој период.
Една е историска, 627 година византискиот император Иракли ги поразил Персијанците во битката кај Нинива
http://en.wikipedia.org/wiki/Battle_of_Nineveh_(627)
Практично за повеќе децеии Персија престанала да постои, така не постоела сила која ќе се спротивстави на Арапите
А имало и верски причини, кај Христијаните во тоа време е силно монофизитското движење и тоа токму во источните провинции на Византиската империја
http://en.wikipedia.org/wiki/Monophysitism
А подоцна се јавил и Иконоклазмот ( христијани кои се против употреба на икони )
http://en.wikipedia.org/wiki/Iconoclasm
И во самата Персија имало верски несогласувања
Се на се ова се многу сериозни научни прашања и можеме да се обидеме да дискутираме. А ако сака некој кој ја познава историјата да помогне, на пример @Aleksandar the_Great и други историчари, ќе биде интересно.
 
се извинувам што каснам, али не можам секој ден на форумов да бидам.
болдот, можда нема баш со тие зборови, али ако ја посетиш темата за исламот ќе увидиш дека е многу блуску до тоа. се употребуваат сите можни културни навреди за да се дискредитира демократијата, научната мисла, интегритетот. се со цел да нема индивидуи, да нема критички насторени луѓе. за сите тие во таа некаква си нивна шеријатска држава одма по кратка постапка би било досудено смрт. ДА, смрт друже. така да извини што ќе ти се обратам на овој начин, али многу наивно и романтичарски гледаш/доживуваш исламот. тој е фашизоидна религја, која има за цел да го пороби цел свет. иако сум атеист, и ако/кога некогаш би “морал“ да бирам некоја религија, би ги избрал сите останати религии, али ислам ни у најлуди соништа. не сум човек кој сака да тероризира, убива, наметнува свои стандарди и морални норми, а уште помалку да се однесувам кон жените ко према стока. а они самите се третираат така, поточно, они се робови.
освести се дека тоа е хитлер (и полошо) во 21 век.
понатаму, околу дискусијата што сакаш да ја поттикнеш, .... супер, затоа е и отворена темава, да се дискутира за нашите убедувања.
е сега, дали тој успех кој го имал исламот, со освојувањето на територии било мирно или со освојување? дали исламот понудил нешто ново во тоа време или само си ги присвоил сите дотогашни откритија и успеси на сите народи во тоа време? тоа што муслиманите имаат “интересен“ однос со христијаните е само лицемерие. со тоа само сакат да пробаат да се доближат до христијанинот, па ако им успее и да го конвертираат. ко божем, еве ние не го негираме исус, али он не е бог/син на бог, него е обичен човек и е обичен пратеник. а сепак, пошто не се сигурни во ова свое тврдење, и па за не испадне дека се контрираат со христијаните, го спомнуваат како единствен кој ќе се врати на земјата и ќе го спаси човечкиот род, ма немој молим те, ............... ако е веќе мухамед (кој патем мора да се спомне дека бил педофил) последниот пратеник, зошто тој не се врати и спаси човештвото? .....
ај нека заврши овој дел со муслиманите, па ќе се нафатиме малку и со христијаните ;)
 
Исламот и Христијанството, ,, Протестантите, Православните и Католиците... Сунитите и Шиитите...., дискусиите дали е Исус човек или е Бог, Каква е разлика помеѓу, Господ, Синот и Светиот дух и многу други работи.. се дискусии од пред 15 - 20 века и тие припаѓаат на историјата.
Фашизмот е од 20. век и тој нема врска со ниту една религија. Впрочем нациите никаде не постоеле се до крајот на 18 век.
Во денешно време се други дискусии. Сиромашни - богати, развиени - не развиени, екологија, одржив развој, човекови права, зашеди на енергија и тн

Што може денес да се дискутира за она што е минато?

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Времето е бесконечно,како и просторот,па и како да го сметаме никогаш нема да го пресметаме(бесконечен број на бројки нели)....Па сеедно по кој календар...единствено да се има некој ред,некаква евиденција,да не гледаме само кај што ни се разденува и стемнува оти нели сакаме да се праиме нешто повеќе од животните и си го комплицираме животот со некаков ред, регулативи и принципи..Не можиме едноставно да работиме колку за да си обезбедиме кров над глава и храна, зошто кога можи некој друг за нас да работи, и зошто да има некој нешто кога јас можам да имам се,сето то е политика , исто како и религијата и ако го земиме комунизмо како појава, тогаш јас Исус и Мојсеј ги гледам ко комунисти...односно чиста политика, што не значи дека не чини да ги поштуваш ама да веруваш во бајки од библијата и куранот или да сакаш некому да му го периш мозоко со тоа слово мислам :mad:...
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
баш тука лежи проблемот, верниците без никаква поткрепа, научна поткрепа прокламираат и шират лаги!!!
на научниците им е “најголем“, но кога верниците ќе ги притиснеш до ѕид, тогаш или избегнуваат да дискутираат повеќе, или ќе почнат со лични навреди. од таму се гледа нивната немоќ, колку се слаби и психички и духовно (ова духовно во контекст на религиите;)).
еве, доказ за сега е дека дискутираме само разумни луѓе (или верници по традиција или атеисти). се плашат верниците, и во иднина ќе се плашат и нема да дојдат, иако ракавицата им е фрлена влице.
П.С. иако спирос се вклучи, он ти е некаква мешавина ко саи баба. пробува да ги извлече само добрите делово од сите вери, али појма нема каде завршува едната, а каде почнува другата. али битно ќе ни ја разубави темата со тие црвени букви;)
Проблемот изникна од вас Богомразците. На секоја дискусија после 1-2 реплики почнуваше ’’абе легендо’’ ’’имаш ли основно’’ ’’вашиот Бог(и редица богохулија кои не би ги дури не напишал)’’, после такви богохулења верникот обично согледува со каков човек има работа и се повлекува, несакајќи да чита постови испонети со омраза и хулење.
Потоа мене лично ми се случило едни исти прашања од ист член да ми се поставуваат(другите религии зарем тие не се....)иако на истиот член веќе сум му го искажал мислењето по тоа прашање, но заради инерцијата на поставување на тие циркулаторни прашања не се осеќате и пак истото, кое што води исто до низок квалитет на дискусија.
Понатаму проблем изникана што некои од членовите со модераторски статус крајно го злоупотребија тоа без никаква соодветна реакција дури од Администраторите а едно ’’жалам но ништо неможе да направиме тој е модератор’’ демек однесување- јас ага, јас паша, нешто како нашиве политичари.
И за на крај целта(богохулија, провокации, хранење на егото и омразата) на вашите теми дискусии веќе повеќето членови - верници, ја препознаа, и не фаќаат на вашите провокации а вие кутрите си го храните егото мислејќе ’’ги притиснавме до ѕид’’.
За решавање на овој проблем треба вие малку да подзапрете со навредите и особено богохулијата, а модераторите и администраторите да ја земат малку раотата во раце, во спротивно квалитетот на дискусија или воопшто дискусијата драстично ќе се намали.Толку од мене. Се надевам ти стана појасно.
.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom