Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

D

dARK_ElementaL

Гостин

Значи според мене:
Ти рече ништо не ти е свето... за тебе твојот живот не е света работа, твојата љубов не е света работа, твојот идеал ако го имаш не е света работа... тотално ништо не ти е свето и бесценето на Земјата, ти така рече :)
Така? Или сега согледуваш друг агол на гледање на поимот „свето“ па може и ќе се предомислиш и ќе добие друга смисла тоа „свето“? Ти се ограничи на „свети книги“, религии...
Во книга можеш да најдеш смисла за твојот живот, за твојата љубов, твојот идеал, смислата на целото ова постоење тука - и таа книга ако те подобрува - не е ништо страшно да ја нарекуваш света книга! Нема ништо религиозно во тоа...

Целава расправа бидејќи само на еден начин ги согледувате работите...
Ќе расправаме уште за свети работи...?
Јас кажав ако нешто ми е значајно тогаш го нарекувам омилено, а ако е личност-брат(или ако е женско сестра). Ако нешто ми е бесценето тогаш тоа ми е нешто што го поштувам. Животот е ствар што ја поштувам. За љубов уопште не праам муабет, не сум од емоционалните.
Немам никаква потреба да ги нарекувам тие работи свети доволно ми е да си ги наречам омилени или поштувани.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Добро е што расчистивме за поимот „свето“. :)
А брат се викаат оние од Јеховини сведоци, а и иницијаторските Редови, масонеријата итн се нарекуваат меѓу себе брате!

Ќе збуниш некој ;)

А делот со емоции итн итн - само си премногу млад човек, затоа такви размисли околу љубовта...
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920

Се мислев дали да ви се вмешам во дијалогот со @Хептаграм XI, но морав. Гледам убаво ти објаснува, ама ти ко пијан за плот. Колку си само во грешка.

Веројатно дел од недоразбирањето е што под свето подразбираш Holy (Holy bible, holy spirit...). Тоа што повеќе зборови од англискиот кај нас се исти, „Свет“.

Исто и saint (Saint Peter на пр.) Свети Петар и тн. Исто се вели свет, свети, свето....

Но исто така и sacred се преведува свето. Е за ова значење Хепта ти кажува. Е ова може да е се' и сешто. И никако не е црковен или верски термин. На пр.
Светата борба за слобода, света должност, свето дело итн.

Eве размисли дали следното е религиозно:
“Understand that the right to choose your own path is a sacred privilege. Use it. Dwell in possibility.”
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Но исто така и sacred се преведува свето. Е за ова значење Хепта ти кажува. Е ова може да е се' и сешто. И никако не е црковен или верски термин. На пр.
Светата борба за слобода, света должност, свето дело итн.
Навистина не ми дојде на ум sacred за да подобро објаснам, a постојано отварам на http://sacred-texts.com :)
Благодарам @Атеист за дополнувањето.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин

Добро е што расчистивме за поимот „свето“. :)
А брат се викаат оние од Јеховини сведоци, а и иницијаторските Редови, масонеријата итн се нарекуваат меѓу себе брате!

Ќе збуниш некој ;)

А делот со емоции итн итн - само си премногу млад човек, затоа такви размисли околу љубовта...
Нема да збунам никого ако си го наречам најдобриот другар брат. Тоа си е нормално меѓу најдобри другари. Па и со братучед ми се нарекуваме брат цело време. Зашто да збунам некој.

Моите размисли за љубовта нема врска со младоста. Не сум емоционален. Никогаш не сум бил. Ми одат на нерви емоции. Општо било каква емоција.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Ок ок, тоа беше само сарказам од моја страна бидејќи се замуабетивме за бесцелна тематика... уживај, не се до толку заморувам со тоа кој како ги користи зборовите и симболите :)
Само давам до знаење дека некои навидум едноставни симболи имаат тотално спротивно и појасно значење од она што го знае мноштвото... не мора да се прифаќа новото :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920

Навистина не ми дојде на ум sacred за да подобро објаснам, a постојано отварам на http://sacred-texts.com :)
Благодарам @Атеист за дополнувањето.
Нема на што, повели и другпат “брате“
А брат се викаат оние од Јеховини сведоци, а и иницијаторските Редови, масонеријата итн се нарекуваат меѓу себе брате!

Ќе збуниш некој ;)
А не така, ќе се караме. :) Сите луѓе се браќа. Не само “тајните“ редови. Ама само оние што се Луѓе, не се однесува за нелуѓе.
Моите размисли за љубовта нема врска со младоста. Не сум емоционален. Никогаш не сум бил. Ми одат на нерви емоции. Општо било каква емоција.
И тоа како имаат врска со твојата младост. Премногу “тесно“ ги сфаќаш зборовите. Љубовта не е само емоција. Зарем немаш љубов ни према себе си?
А не е дека немаш емоции. Не си она што сакаш да бидеш, туку она што си.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Да, сите луѓе се браќа тоа е јасно, та нели стариот еон дојде и направија брат против брат да крене рака, дури и син на татко да крене рака... остави ги тие нелуѓе, го поделија човештвото залудно.

„Како браќа борете се“
- Liber AL

Тоа е новиот закон денес. Мора да има борба, но фер борба за докажување и надминување во играта наречена живот...

Но сакав да кажам дека не сите луѓе се нарекуваат помеѓу себе браќа, на тоа мислев... :)
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Нема на што, повели и другпат “брате“

А не така, ќе се караме. :) Сите луѓе се браќа. Не само “тајните“ редови. Ама само оние што се Луѓе, не се однесува за нелуѓе.
И тоа како имаат врска со твојата младост. Премногу “тесно“ ги сфаќаш зборовите. Љубовта не е само емоција. А не е дека немаш емоции. Не си она што сакаш да бидеш, туку она што си.
Знам дека не е само емоција љубовта.
Ама јас мислев на емоција. Општо било какви емоции ме нервираат. Тотално сум ладнокрвен. И тагата исто. Да умре некој мој близок, други ќе се утепаат од плачење, некој че се треснат и од земја, а јас ни солза. Пред речиси една година почина мој другар. Моја генерација заедно учевме. Еден друг другар се потресе, јас уопште не. Исто како да немам срце у мене сосема смирен сосема опуштен.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Nie moze da sme najgolemi neprijateli ili moze da sme bliski,pa da se narekuvame "brat i sestra" i taka da se cuvstvuvame iako ne sme site krvno povrzani.Lugje sme,imame slicnosti,no i razliki.Treba da najdeme nacin kako da vospostavime balans pomegju tie neshta.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Христијанството и исламот како преставници на стариот еон воопшто не се начинот за воспоставување баланс помеѓу „тие нешта“, разликите...
Зошто?
Во сржта и на двете религии кои зборуваат за „љубов, мир, љуби го ближниот итн итн“ го имаат ова:

Муслиманите велат дека Иса (Исус) е само еден од пророците не е бог ниту дел од било каков бог како што проповеда христијанството, додека христијаните велат дека секој нареден пророк е лажен што го руши целиот систем на исламскиот поредок и закон даден од Аллах, кој што е лажен бог според христијаните!

И што правиме сега со ваква практична злонамерна реторика на овие завојувани дијагонално спротивни религии кои го поделија човештвото на неверници и верници, на грешни и спасени, итн итн...?
Мора да опстојат до крајот нели, како што им е и дадено преку визиите на нивните претходници од кои наследија многу малку, а добија премногу fairy tails...
... :)

Ако може романтизмот кој што го имате изградено околу овие религии да го тргнете настрана за да подобро ги согледувате стварите од практичната страна, не да раскажувате сказни...
 
Всушност Аллах се мисли на тој што христијаните го викаат Отецот.

Во куранот исто се негира и дека Исус(Иса) е Божји Син. Ама сепак бил меѓу најзначајните пророци.

Исто така муслиманите не веруваат и во распнувањето. Туку дека тоа било некоја илузија за да се спаси Исус.
Христијаните дури веруваат дека Отецот и Синот и Светиот Дух биле три во едно. Тука испаѓа дека една личност сама на себе си е татко и син.

И како човек да не биде збунет сега. Библијата збори едно, Куранот друго.

Што е најтрагично од се, невини луѓе гинеа и уште гинат и страдаат поради ова. Наместо да седнат како луѓе на маса па да се надмудруваат и да изнесуваат докази. Но не, и на едните и на другите подобро им е да се убиваат и зборат за некаква апокалипса наместо да сфатат дека они си ја причинуваат истата.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Најди каде Иса во Коранот се споменува како син на божество.
Муслиманите имаат само пророци! Тие не ја признаваат самата срж на христијанството, а исто и христијаните.
Аллах е еден, без синови, без ништо!!! Многу блиску до еврејскиот концепт...

Како ќе го премостиме сето тоа за кое и двете религии се чуствуваат најнавредени ако им се каже на верниците тоа?
 
Точно. Муслиманите се поблиску до еврејскиот концепт дека Бог нема синови ниту придружничка. И затоа за нив Исус си е пратеник како и другите пред него.

Не можеш да им премостиш. Одма ќе се навредат. Многу ретки се тие со разум како моите другари, шо не им гајле дали Исус бил Божји Син или не туку си гледаат да си уживаат у животот.

Некои не разбираат дека некогаш треба да си стават прст на глава. Да се запрашаат зошто наместо да се убиваме, тепаме, пцуеме, вреѓаме не земеме со мудрост да им докажеме на другите.
Ама тие и тука ќе се испотепаат и на маса да седнат дискусија да прават со столовите ќе се тепаат. Со филџаните за кафе ќе фатат да се гаѓаат. Крајот не можеш да им го најдеш

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom