Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

D

dARK_ElementaL

Гостин
Која света книга,ти нели беше атеист.Ја читаш Библијата,а не си изградил став.Нема потреба да истапуваш со вера,истражувај ги коментарите,книгите кои ја толкуваат од аспект на Кабала,Гемантрија.
Баш дека сум атеист нема да ми биде света. Било која книга зборам, особено ако е религиска книга. За мене како атеист не постои нешто свето. Може да ми биде интересно, омилено, убаво ама свето не.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
D

dARK_ElementaL

Гостин

За мене на пример, освен „Книгата на Законот“ како и неколкуте книги од Класа А во издание на A.'.A.'. , можам да додадам на пример и „Репетиториј Више Математике“ од Борис Аспен како свети книги :)
[DOUBLEPOST=1507625301][/DOUBLEPOST]
Јас не реков слични работи или да ти се допаѓа книгата ...
Мислиш дека на мене се ми се допаѓа од „Книгата на Законот“ или пак книгата од Класа А: Liber LXV - Срце Обвиткано со Змија?
Ти рече книга во која некој пронашол смисла. Без разлика дали сум пронашол смисла или не не можам да ја наречам света. За мене како атеист не постојат свети работи.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.596
Јас мислам дека премногу религиозен контекст додаваш на придавката„свет / свето / света“ како атеист :)
Но ти си знаеш, твое е ограничувањето во можењето или не...
Не знам што значи за тебе „пронаоѓање смисла“ во една книга за својот живот... секој различно има разбирање на тие ствари...

П.С. Како тоа за тебе како атеист не постојат свети работи? Атеистите немаат на овој свет ништо што им значи премногу, што го сметаат за света ствар во нивните животи?
@Атеист, ти што велиш на оваа изјава? :)
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Може не е Атеист,некој се свесни во постоењето на Божество,со нивното неверување тие се антитеисти.
 
Ако си свесен за нечие постоење автоматски се исклучува и верувањето и неверувањето! :)
Се заменуваат со знаење за нештото, разбирање на истото кое би требало да донесе мудрост која ќе врати повратна врска кон знењето и ќе го подобри истото...

Анти-теист е чудна кованица што повеќе ме потсетува на човек што е против теисти, а нема врска ниту со богови ниту со верувања итн итн :)
 
Антитеист е кованица смислена од протестантите,не сум чул да ја користат православните.Тие сметаат дека чим Бог сигурно постои,тогаш тие што не веруваат во Него се антитеисти,а не атеисти.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин

Јас мислам дека премногу религиозен контекст додаваш на придавката„свет / свето / света“ како атеист :)
Но ти си знаеш, твое е ограничувањето во можењето или не...
Не знам што значи за тебе „пронаоѓање смисла“ во една книга за својот живот... секој различно има разбирање на тие ствари...

П.С. Како тоа за тебе како атеист не постојат свети работи? Атеистите немаат на овој свет ништо што им значи премногу, што го сметаат за света ствар во нивните животи?
@Атеист, ти што велиш на оваа изјава? :)
Да, изразот свет/а/о го гледам како религиозен поим.

Јас си кажувам за мене. Немам свети работи. Ако ми значи нешто го нарекувам омилено. Ако е личност во прашање на пример другар тогаш го нарекувам брат и тоа е тоа.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.596
Ок, сега врати се наназад и таму каде што напишав света книга, нека ти биде омилена за цел живот и која ќе те подучува со нејзината философија за цел живот. Си сретнал таква книга до сега?
И не додавај премногу религиозен контекст кон работите, сепак си атеист. Религиозните ти всадиле идеја дека некои работи се со религиозна конотација само за да те ограничат. Не биди ограничен. :)
 
Не сеуште не сум сретнал книга што ќе ме учи на нејзината филозофија за цел живот.

И никој религиозен не всадил никаква конотација во мене. А особено не за да ме ограничи. Едноставно поимот свето го разбирам како религиозен. Ако ти имаш некое подруго објаснување кажи го.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.596
Зошто го разбираш поимот „свето“ како религиозен?
Бидејќи религиозните преку своите религии го користат... од таму ти е вметнато тоа... сам ништо не си разбрал, може да се лажеме и тука да зборуваме сешто, но штом не си излегол од тој вртлог на религиите - бесцелно, може да си и бог - бесцелно е.
Само „свето“ ти е симбол за религиозна ствар, а не дека ја разбираш сета таа „светост“ на нештата, затоа и ништо не ти е свето тебе (не знам како себе си се разбираш и толкуваш). Има разлики од разбирање и симболиката која ти ја наметнале други а ти ја прифаќаш здраво за готово и не ти означува ништо друго освен тоа - религија.
И реков претходно:
Мислам дека било кој атеист може да избере било која книга преку која пронашол смисла на се околу него и да ја нарече „моја света книга“ или било кое име кое ќе го избере :D
Тоа е најмалиот проблем за атеист, па дури и за агностик :)
И додадов:
За мене на пример, освен „Книгата на Законот“ како и неколкуте книги од Класа А во издание на A.'.A.'. , можам да додадам на пример и „Репетиториј Више Математике“ од Борис Аспен како свети книги :)
И тотално ми нема придавката „свето“ религиозна конотација - туку го разбирам како нешто битно, неосквернавено од простата раја, без примеси, без недоделкани коментари и толкувања од страна на секој преку која добивам нови сознанија и разбирања за мојот внатрешен пат...

Јас ако ти кажам мое толкување до краен опис во иднина ќе го присвоиш и тоа како твое разбирање :) Подобро сам си откриј дека „свето“ може да се разбере и надвор од религиите и нивните толкувања за било што во врска со човекот и Земјата :)
 
D

dARK_ElementaL

Гостин

Зошто го разбираш поимот „свето“ како религиозен?
Бидејќи религиозните преку своите религии го користат... од таму ти е вметнато тоа... сам ништо не си разбрал, може да се лажеме и тука да зборуваме сешто, но штом не си излегол од тој вртлог на религиите - бесцелно, може да си и бог - бесцелно е.
Само „свето“ ти е симбол за религиозна ствар, а не дека ја разбираш сета таа „светост“ на нештата, затоа и ништо не ти е свето тебе (не знам како себе си се разбираш и толкуваш). Има разлики од разбирање и симболиката која ти ја наметнале други а ти ја прифаќаш здраво за готово и не ти означува ништо друго освен тоа - религија.
И реков претходно:

И додадов:

И тотално ми нема придавката „свето“ религиозна конотација - туку го разбирам како нешто битно, неосквернавено од простата раја, без примеси, без недоделкани коментари и толкувања од страна на секој преку која добивам нови сознанија и разбирања за мојот внатрешен пат...

Јас ако ти кажам мое толкување до краен опис во иднина ќе го присвоиш и тоа како твое разбирање :) Подобро сам си откриј дека „свето“ може да се разбере и надвор од религиите и нивните толкувања за било што во врска со човекот и Земјата :)
Значи, според тебе поимот свето има некое општо значење.Се однесува на било што, широк поим. Се што на некого му е битно или значајно без разлика дали опфаќа религија или не, му е свето на него?

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.596
Значи според мене:
Ти рече ништо не ти е свето... за тебе твојот живот не е света работа, твојата љубов не е света работа, твојот идеал ако го имаш не е света работа... тотално ништо не ти е свето и бесценето на Земјата, ти така рече :)
Така? Или сега согледуваш друг агол на гледање на поимот „свето“ па може и ќе се предомислиш и ќе добие друга смисла тоа „свето“? Ти се ограничи на „свети книги“, религии...
Во книга можеш да најдеш смисла за твојот живот, за твојата љубов, твојот идеал, смислата на целото ова постоење тука - и таа книга ако те подобрува - не е ништо страшно да ја нарекуваш света книга! Нема ништо религиозно во тоа...

Целава расправа бидејќи само на еден начин ги согледувате работите...
Ќе расправаме уште за свети работи...?
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Poimot sveto ne e povrzan samo so poimot religija.Za sveti moze da se smetaat i drugi neshta koi se dobri,prijatni,vazni i mnogu znacajni- postoenjeto na zivotot,ljubovta,bliskite,sakanite,prijatelite i tn,seto toa shto ni e podareno,shto ne ispolnuva i mu dava smisla na nasheto postoenje.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom