Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
P.S..

@Ipsissimus ,

гледам дека твојот мецена ми го избришал дописот со принт-скринот. Како не се сетил да го избрише и твојот, живо ме занима. Што е проблемот? Не ти се бендисуваше содржината од истиот?

Имам уште такви „скринови„ на лагер и ќе ги постирам во соодветниот моменат.
Па единствена причина што ти се на ,,лагер" е бидејќи правилата на форумот не дозволуваат да бидат јавно!:tapp: Да зборував едно јавно а на ПП да ти пишував друго ај да разберам да докажеше некоја поента, вака што? Или виде дека се работи за принт скрин и тоа е доволно да постираш принт скрин од било што? Да имаше на ,,лагер" принт скрин како вршам физиолошка потреба и тоа ќе го постираше? Трагикомично е што не ни сваќаш колку бедно е тоа! Јас постирав нешто во врска со темава - Наводен православен црковен став за староста на вселената! Ти што си постирал?
 
Член од
18 јули 2017
Мислења
43
Поени од реакции
8
@MIKI1 А ти откаде увиде дека се во библијата е вистина? Адам и Ева(Од инцест деца?), Арката на Ное, Создавањето на планетава Земја(пред 6000 години??) , Исус постоел??? ,сите други штознам ти што срања што е трупана и е полна со научни грешки.

Јас никогаш не кажав дека сум сигурен во Биг Бенг.Ти да не треба да добиеш малигна меланома за да докажеш дека ултравиолетова светлина постои?Да нетреба да појдеш на месечината да докажеш дека земјата не е рамна?Да не треба да набљудуваш сталагнит 10.000 години за да докажеш дека се зголемува/расте?Ако неверуваш на научници кои се мачат и се обидуваат да го објаснат светот и да го олеснат(автомобили,авиони,компјутери,телефони)кој е затруен со лаги толку години (посебно медицината е најклучната за продолжениот и олеснет живот на човекот), јас незнам во што треба да веруваш.Дедо боже ќе ти даде Вифи.
 
Последно уредено:
P

psychostasia

Гостин
Мики ти знаеш ли дека постои госпот или само веруваш дека постои од нешто што некогаш некој го напишал и рекол „Е мене господа ми кажа ова да го пишам, ова се неговите зборови пренесени преку мојата рака.“?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

.
- Библијата е вистина, затоа што е запишана од очевидци на забележаните настани. „Биг бенг„, на пример, нема очевидец.
- Адам и Ева не чинеле инцест, затоа што нивните тела биле речиси совршени, а не биле роднини.
- Арката на Ное има свои остатоци, барем така велат.
- Земјава е создадена, исто како што и создаден и ти лично. Не постои „самосоздавање„ и истото нема очевидец.
- Да, Исус постоел, постои и ќе постои.
- Научните грешки во однос на Писмото се само пуст човеков обид за валоризирање на нешта кои не се во научниот опсег и интерес.

Од сите наведени глупости, не наведе ниту еден историски познат пример (затоа што таков не постои...), каде толпа луѓе барала да биде смислен било кој уред и истиот да и‘ биде понуден на толпата, за да може толпата да си го олесни животот.

Животот не само што не е олеснет, туку е бесмислено восложнет и оптеретен со непотребни нешта, претворајќи го човекот во безумен „зоон конзумент„.

Медицината не го продолжи животот ради нејзиниот домет, туку ради човековиот потенцијал за долго живеење.

Верувам за да знам, верувам за да разберам. Да Господ постои и Неговото постоење не несомнено за верните. „Другите„, кои го тераат животот по свое наоѓање, имаат поинаков став.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
- Библијата е вистина, затоа што е запишана од очевидци на забележаните настани. „Биг бенг„, на пример, нема очевидец.
- Адам и Ева не чинеле инцест, затоа што нивните тела биле речиси совршени, а не биле роднини.
- Да, Исус постоел, постои и ќе постои.
Библијата е каспаница направена од неуки препишувачи, тотално незапознаени со тајните учења од кои преземале сешто и во својата неспособност изградија кастриран систем кој што беше против сите (и сеуште е против сите со своите учења, нормално ширејќи нели љубов).
Барем христијанската библија, собрана дел од евреите, а новиот дел е дискутабилен колку е точно препишуван... бидејќи штом има апокрифни дела, сомнителни стануваат и овие „правилните“ официјални од кои е изградена!

Адам и Ева не чинеле инцест бидејќи не биле роднини, Ева е направена од реброто на мажот кое му недостасува и ден денес - што има тука спорно, мислам ... :)
Во Берашит не пишува всушност дали му фали ребро на Адам... така да штом не пишува, нема што да се коментира нели, не се знае и се е шпекулации за да се поткопа таа толку добра религија собрана од евреите (кои се прогласени за криви бидејќи не го познаа СВОЈОТ спасител, па мораа христијаните да скокнат со мечови и крвишта да им објаснат на сите како еврејксиот спасител дошол, умрел, не завршил работа како што зборуваат рабините и сега мораме да веруваме дека имаме спасител вечен инаку... тешко нас)!

Исус постоел постои(?) и ќе постои(?)... е ова е вера изградена врз база на религија!

Тоа е многу постоење за еден евреин... не бидува така ако целта е да се задоволи едно верување на кое се изградило една старо-еонска религија која не го разбира човекот (или не сака) и која заради тоа му наметна идеја за грев и калапи во кои „мора да влеташ“ инаку... тешко тебе, и тоа откако ќе умреш „Исус кој што постои вечно“ ќе те суди ...

И потоа многу атеисти... па формулата е a=2^v-1 каде што V e број на верници, а е атеисти :)

P.S. Темата е Прашања за Атеисти... пак се губите со омраза и чудната потреба религијата да се оправда пред другите...
Не ви ја сакаат религијата, помирете се со тоа и терајте си животот.
Ping @Атеист :)

Последно уредено:

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
-
Биг бенг„, на пример, нема очевидец.
Земјава е создадена,............... и истото нема очевидец.

Библијата е вистина, затоа што е запишана од очевидци на забележаните настани.
Onoa koa miki objasnue!
 
P

psychostasia

Гостин
Верувам за да знам, верувам за да разберам. Да Господ постои и Неговото постоење не несомнено за верните. „Другите„, кои го тераат животот по свое наоѓање, имаат поинаков став.
Значи ако некој пишал научна теза за тебе тоа не е доказ, ама затоа библијата е доказ пошто ја пишале очевидци на настаните.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Значи ако некој пишал научна теза за тебе тоа не е доказ, ама затоа библијата е доказ пошто ја пишале очевидци на настаните.
Според тебе, „теза„ и „доказ„ се исти рабоќе?...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Не се за мене исти туку поентата ми беше да ти ја споредам библијата како теза која ти ја сметаш за доказ.
Па јас не ја сметам Библијата за теза, туку за објавена вистина, што е појќе од очигледна разлика. Библијата уште се нарекува и „интегрален доказ“, затоа што го опфаќа минатото, преку сегашноста, кон иднината.

Наведи ми една наука која изнесува несоборлив доказ за текот од иднината и за крајот од Светов.
 
P

psychostasia

Гостин
Боже сачувај, све е тоа докази не знам како може некој да се сомнева во светите зборови.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Боже сачувај, све е тоа докази не знам како може некој да се сомнева во светите зборови.
...на ист начин како што било кој може да се посомнева во приказните за самонастаната Вселена и случајно настанат живот.
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2010
Мислења
105
Поени од реакции
261
- Библијата е вистина, затоа што е запишана од очевидци на забележаните настани. „Биг бенг„, на пример, нема очевидец.
- Адам и Ева не чинеле инцест, затоа што нивните тела биле речиси совршени, а не биле роднини.
- Арката на Ное има свои остатоци, барем така велат.
- Земјава е создадена, исто како што и создаден и ти лично. Не постои „самосоздавање„ и истото нема очевидец.
- Да, Исус постоел, постои и ќе постои.
- Научните грешки во однос на Писмото се само пуст човеков обид за валоризирање на нешта кои не се во научниот опсег и интерес.

Од сите наведени глупости, не наведе ниту еден историски познат пример (затоа што таков не постои...), каде толпа луѓе барала да биде смислен било кој уред и истиот да и‘ биде понуден на толпата, за да може толпата да си го олесни животот.

Животот не само што не е олеснет, туку е бесмислено восложнет и оптеретен со непотребни нешта, претворајќи го човекот во безумен „зоон конзумент„.

Медицината не го продолжи животот ради нејзиниот домет, туку ради човековиот потенцијал за долго живеење.

Верувам за да знам, верувам за да разберам. Да Господ постои и Неговото постоење не несомнено за верните. „Другите„, кои го тераат животот по свое наоѓање, имаат поинаков став.
- Адам и Ева на чинеле инцест зашто не биле роднини, ги створил Господ, точно. Но, нивните деца морале да чинат инцест ако сакале да се множат. А што е со приказната со ќерките на Лот во библијата, тоа нели е инцест?
- И јас можам да ти кажам дека сум видел НЛО или некој змеј, ти веднаш би ми верувал и не би ме направил шизофреничен?
- Каде се тие остатоци? И во Лох Нес има чудовиште, барем така велат. Потопот на Ное се спомнува и во епот за Гилгамеш. Според некои научни и геолошки откритија, приказаните за големиот потоп доаѓаат од Црното Море;имено се смета дека на времето Црното море било езеро, кое преку топењето на мразот од крајот на леденото доба се споило со медитеранот.
- Се согласувам дека Земјата е создадена, ама “кој“ или “што“ ја создал?
- Исус постоел, историски да, но од каде тоа дека “ќе продолжи да постои“? Кој го крепи тоа тврдење? Што ако и тој може да “умре“, дури и како божество, ама намерно не ни кажал за да не испопаѓаме у депресии?
- Значи толкувањето на науката претставува еден вид псевдонаука? Настрана тоа фините со одење по вода и претворање вода у вино, најфамозното прашање е како тоа го створил Сонцето на четвртиот ден?

И ова со медицината не го сфаќам, како тоа медицината го продолжила животот поради човековиот потенцијал за долго живеење? Демек тој потенцијал е од Господ даден?
 
- Адамовите и Евините деца не чинеле инцест, оти роднинската блискост во оставањето потомство бил единствен начин на продолжување на родот човечки. Поимот „инцест„ е од понов датум и се однесува на денешните луѓе, а не на првите генерации луѓе, кои битисувале пост Едемски, чии тела биле посовршени (генетски помалку извитоперени) од во однос на телата од денешните луѓе.
- Има и такви кои го виделе и Елвис Присли, не само НЛО. Патем кажано, НЛО навистина постојат. Змејови навистина постоеле.
- Остатоците се наоѓаат на планината Арарат.
- Целата Вселена и се‘ видливо и невидливо, створени се од благиот Бог.
- Исус постоел, постои и ќе постои, Така сведочи Црквата, согласно своите духовни искуства.
- Толкувањето на науката не е псевдо-наука. Познато е што е „псевдо-наука„. Соцнето не е створено во 4-от ден, туку во првиот. Во четвртиот, Сонцето стекнува способност да дава светлина и топлина.

Медицината не продолжилна ништо па ниту животот човечки. Човекот, напросто, е створен за вечен живот па оттаму и можноста за продолжување на човековиот живот, но не безгранично, оти смртта се‘ уште не е укината. Тоа што човековиот живот е продолжен не е благодарение на медицината, туку на подобрените хигиенско-материјали услови за живот. Но, познато е и тоа дека продолжениот човекот живот, со себе повлекува и појава на „нови„ болести, кои не биле познати кај нашите не така дамнешни предци.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
првите генерации луѓе, кои битисувале пост Едемски, чии тела биле посовршени (генетски помалку извитоперени) од во однос на телата од денешните луѓе.
То нешто као еволуција му доаѓа
 
Kajgana Shop

На врв Bottom