Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Дискусија во форумот 'Религија' започната од kooperativa, 8 јануари 2014.

  1. alf

    alf

    Член од:
    28 јануари 2010
    Мислења:
    611
    Допаѓања:
    211
    Можам да ти кажам дека на овој начин како што си тргнал да ја преминеш бездната ќе доживееш тешко фиаско на разочарување, единствено што ти останува е да се грижиш за твојот блог, да млатиш празна слама по форуми и да "камшикуваш" верници од други религии и верувања како би се чуствувал надмоќно над нив одржувајќи го во "живот" законот на телема и "мрежата" во која си впливал!Ти во светлината и животот,а тие робови во темнината.

    п.с.Форумот забранува изнесување приватни работи за членовите,очекувам да ти проработи свеста (ако ја имаш) и го избришеш последниот дел.
    Гледам Ипси добро те информира.
     
  2. Ipsissimus

    Ipsissimus III°M∴

    Член од:
    23 јули 2010
    Мислења:
    14.175
    Допаѓања:
    11.671
    Сега веќе ова твоево се сведува на дијалог од типот глуп и поглуп. Не се пенавам јас, ти се пенавиш! Имаш конкретни аргументи а за возврат нудиш инает. Јас ти укажувам дека тие ,,јасни цитати" никаде не навлегуваат во тоа што треба да биде за секој посебно светлина, живот, слобода....ти велиш дека биле на исто рамниште со догмите на староеонските религии. Зошто ти барав конкретен пример од секојдневието? Ајде, дај ми пример каде Телемата наложува одреден морал, принцип, начин на облекување..... можеш ли?

    Две објаснувања има за тебе, или толку ти е битна суетата па со сила се правиш дека не разбираш за да не испадне дека не си во право. Или си трол од типот на МИКИ1.
     
    На Хептаграм XI му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Хептаграм XI

    Хептаграм XI

    Член од:
    13 февруари 2010
    Мислења:
    6.447
    Допаѓања:
    4.246
    Ти си последниот човек што треба да зборува за дргиот како ќе го помине својот живот и пат.
    Мислам дека треба ти подобро да се грижиш за својот пат, отколку за патиштата на виртуелните ликови што ги следиш со години по форуми...
    Не е нормално ова твоево...

    Како што кажа @Ipsissimus (а јас се сложувам со него) :

    П.С.
    Не те разбрав за ова, приватниве ствари изнесување на форум. Кој последен дел? П.С. што стои на крај?
    Ти рече дека 8 години се влечеш по @Ipsissimus - со наум „да го поправаш“ по неговиот пат. За 8 години наместо бркање по форуми, можеше да се запознаете и дома да го поканиш дури и кум да ти стане, не вака...
    Мислам дека не ме разбираш ти воопшто што јас ти зборам, кој знае кој филм си влетал ти :)

    Знам што забранува, а што дозволува форумов. А и ја почитувам приватноста на луѓето, ако тие избрале да биде така. НЕ заборавај, со Хептаграм зборуваш. :)
    --- Споено дупло мислење, 19 април 2017 ---
    @alf не може 3 стиха да ти напише од нашите книги без да удри негово негативно толкување за Законот, нормално, собрано од нет, не пак да ти разглобува за Телема, за која што читнал за нејзе или од мојот блог или тука, на форумов.

    Самиот кажа дека не прочитал ниту една книга поврзана со Законот на Телема и Новиот Еон!

    Може некое видео да изгледал на youtube во стилот Кроули е сатанист итн итн...

    Човеков е опседнат со тебе, а се мислам дека ќе се зафати сега и мене да ме заморува со години :)
    Кај си немав работа и јас... :)
     
    Последно уредено: 19 април 2017
  4. alf

    alf

    Член од:
    28 јануари 2010
    Мислења:
    611
    Допаѓања:
    211
    Не ја разбираш поентата на двојните принципи и како тие функционираат :( не барај надворешен резултат од нив, барај внатрешен и може ќе ја согледаш како дуалноста со своите крајности создава "базен" во кои се движи човековата душа.
    Направи тест и постојано одбирај едно...мораш едно
    1. дружељубив - арогантен
    2. инаетчија - добронамерен
    3. попустлив - тврдоглав
    4. арогантен - инаетчија
    5. избувлив - тврдоглав
    6. дружењубив - добронамерен
    7. кавгаџија - воздржлив
    8. тврдоглав - нестрплив
    9. провокатор - злобен
    10. егоист - избувлив

    Мора да заокружиш едно ,без разлика дали си или не си таков,еден процент ако на твојата вага тежи едното , заокружи го .
    Набљудувај како "зајакот" - душата бега од "волкот" она со кое несакаш да се идентификуваш....можеш и сам да додадеш точки на спротивности и мешај ги дуалностите,на поблиску и подалеку.

    На тој начин познавајќи ја душата можеш да создадеш "мрежа" иста како што се 10 божји заповеди или вашата "мрежа" .
    Значи зборувам за уште подлабоко нивно (дуалностите) спознавање и како и на кој начин делуваат кај читателот.
    Еве во вашиот постои термин секој што ќе го отфрли законот се прогласува за роб и ќе биде во синџири окован, додека законот е светлина.Секој "паметен" во изборот ќе го одбере законот-светлина, од каде знаеш што е светлина ако прво не биде човек во темнина, тоа играта на дуалноста.Без разлика што викаш ти дека телема не нуди одреден морал и принцип, тие се веќе надворешено доживување од поединецот и секој на свој начин ќе ја изнесе својата темнина или светлина.
    Ги ставив во исто рамниште со христијанството бидејќи дуалноста е начин преку кој може индиректно да се влијае во формата "лик" на душата...во христијанството тоа го нарекуваат да се добие посинување.
    Во телема , воинственост,непонизност, горделивост и како продукт "камшикување" на верниците бидејќи повеќето го одбрале законот ,а соодветно на изборот другите се спротивноста во случајот робови.

    Хепта, знаев дека немаш совест....:(
     
  5. Хептаграм XI

    Хептаграм XI

    Член од:
    13 февруари 2010
    Мислења:
    6.447
    Допаѓања:
    4.246
    Ама јас знаев дека целта беше ова да го напишеш, прво во загради, па уште еден пост и ете ти заклучок.
    Бедно... кога нема што, бедното излегува...
    Добро е што ти се најде со целата совест што ја имаш да зборуваш за сите други... да беше точно ова твоево што го бладаш за Хепта, друга песна ќе пееше...
    Ама знаеш дека не е вистина нели. Паметен си ти човек... ;)

    10-те божји заповеди за тебе се мрежа? Успеа да споредиш нешто што не знаеш со друго нешто што не многу го разбираш по тоа како си мантраш романтизам по форумов...

    А целта ги оправдува кај тебе средствата: мора да се покаже како Телемата не е ок, ниту пак луѓето кои зборуваат за неа. Зошто инаку би следел некој 8 години виртуелно?
    За да дознаеш повеќе, за да навредиш повеќе, за да војуваш бесцелно повеќе - која е целта на тоа? Лудост можеби?
    Не знаеш нели? Така доаѓа од внатре?

    „Ги ставив во исто рамниште со христијанството бидејќи дуалноста е начин преку кој може индиректно да се влијае во формата "лик" на душата...во христијанството тоа го нарекуваат да се добие посинување.
    Во телема , воинственост,непонизност, горделивост и како продукт "камшикување" на верниците бидејќи повеќето го одбрале законот ,а соодветно на изборот другите се спротивноста во случајот робови.“

    Дуалноста е начин... what? Како? :)
    Ако може биди ни помистичен за да изгледаш помудар, бидејќи „ликот“ на душата тешко индиректно во формата... :cautious:

    Нели рече дека ти Телема не познаваш? Не си читал, не си истражувал... како сега зборуваш што е Телема и што содржи?
    Убаво ти е да си се убедуваш вака? Со измислици?

    ТИ можеш и Ѓаволот да го ставиш до Богот, но некои работи во реалноста не одат баш така.

    П.С. Визија и Глас момак, Визија и Глас, не овие „зајци“ и „волци“.

    @Ipsissimus , имаш нова играчка-муабети со човеков сега. За цела седмица муабети - ако прифатиш :)
     
    Последно уредено: 19 април 2017
  6. Ipsissimus

    Ipsissimus III°M∴

    Член од:
    23 јули 2010
    Мислења:
    14.175
    Допаѓања:
    11.671
    Двојните принципи што си ги навел и одбирање на еден што е најблиску до твојот карактер се користат во психолошки тестови, погоре е класичен психолошки тест. Незнам зошто ги користиш во муабетов, кога на ниеден начин немаат врска со досегашниов дијалог.
    Никој не ја негира дуалноста, ниту ја прогласува за грешка. Таа си има своја функција и причина зошто постои, кога човек ќе го согледа тоа, може да ја контемплира и евентуално да ја надмине. Ти зборуваш за бегање на зајакот, а не гледаш дека ти самиот се ставаш во улога на зајак, што упорно бега од разбирањето на она што постојано го критикува а сепак си признаваш дека не ни имаш намера да прочиташ дури ни една книга од тоа што упорно го судиш и критикуваш.
    Со години и робуваш на својата суета, сакаш да дознаеш нешто повеќе, а премногу ти е понижувачки да прашаш, па се обидуваш преку овој начин да извлечеш нешто повеќе.
    Телемата не ,,фрла мрежи" Телемата те учи како сам да ,,направиш мрежа", тоа е разликата. Неможеш да ја поистоветуваш Телемата со христијанство, во првиот случај, дуалноста е препознаена и употребена како алатка за надминување, во вториот случај, дуалноста е двигателот, принципот што ги диктира ,,законите" на кои се темелат догмите.
    Телемата користи симболи како што писателот користи букви, а писателот може да пишува и со кирилица и со латиница, и на македонски и на англиски. За него битна е пораката - суштината, тој е свесен дека романот не ја губи својата приказна ако е напишан на друг јазик(симбол) се додека симболите (буквите) се употребени на правилен начин и се додека читателот знае да ја види пораката во нив.

    Ти сакаш да прикажеш слика за Телемата каде ,,азбуката" сама по себе, без да биде преточена во зборови има порака..... Нешто кое го прават верниците. Се пенавиш да критикуваш нешто кое не го разбираш, или неможеш да го разбереш.
    --- Споено дупло мислење, 19 април 2017 ---
    alf е човек што сака да дознае....но не сака да се ,,понижи" за да праша, па полесно е вака, преку предизвикување да извлече нешто.
    Погоре во неговиот пост има психолошки тест што го користат поголеми корпорации и компании за да ги тестираат психолошките профили на кандидатите. За разлика од Мики, овде не се работи за глупост.
    Сличен приод имаше и @thorse ако ти текнува, преку провокации да се извлече податок и да се види психолошкиот профил на соговорникот.
     
    Последно уредено: 19 април 2017
    На Хептаграм XI му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Хептаграм XI

    Хептаграм XI

    Член од:
    13 февруари 2010
    Мислења:
    6.447
    Допаѓања:
    4.246
    Знам за вакви и слични тестови, имам пријатели во HR оддели на корпорации :)
    Подобро е натална карта да прават преку датумот на раѓање и часот отколку со овие тестови :cool:

    Не разбираш што ќе се дознае вака... ако беше едноставно со препелкање и предизвикување како метод за да кажуваме битни ствари на неиницирани, за кај ќе бевме :)
    Имаше многу вакви ликови кои заминаа во неповрат, и нивните начини, и нивните досадни муабети полни со злоба...

    „Only one fish-hook can draw me out; it is a woman kneeling by the bank of the stream.
    It is she that pours the bright dew over herself, and into the sand so that the river gushes forth.“
    - Liber VII
     
    На Ipsissimus му/ѝ се допаѓа ова.
  8. alf

    alf

    Член од:
    28 јануари 2010
    Мислења:
    611
    Допаѓања:
    211
    Ипси, најдобар начин да видиш каква е една филозофска група е преку нивните членови, преку нив може многу лесно да се согледа што "креира" во нив верувањето или филозофијата.Знам дека тоа е на индивиуално ниво но сепак контурите од сенката на сите им се исти.
    Роб, верник , христијанство, догма ,во телема се зборови кој се во најнискиот ниво,зборови од кои бегате.Никогаш нема да може да се идентификувате со нив,но затоа верно ќе се борите да не постојат ,ма колку и да траело тоа.
    Тоа се гледа и овде на форумот, тоа што сакате телема да ја преставите како некоја загадочна постпака на себеосознавање е друга работа тоа е еден дел , тоа го ословувате како слобода која секој поединечно може без заплашување од некаков бог да може да ја истражува својата душа спознавајќи ја суштината на неговото постоење односно тоа е морковчето кое се поставува пред членот и тој го отпочнува својот пат,но попатно треба да ги камшикува сите други кој според телема се робови..тоа е вашата сенка која се гледа тука на форумот.Едно исто со години го млатите,а нигде не видов напредок, уште крутиот став.Тук-таму ќе уловите некое младо дете да му перете мозок.
    Која е тогаш разликата како човек,небитно дали следи или не следи,која е таа суштинска разлика која духовноста може да ја направи во човека?

    Хепта,очекувано е,да не речам веќе си предвидлив каде ќе удриш, штета што не сум член на некоја догма ,па да ми вратиш соодветно.Вака ти останува да го користиш она што ти пренел Ипси за мене.
    Немам проблем да ме идентификуваа со било што, роб, трчам , женет-неженет, не ми е битно.
    А ти како телемит можеш да се идентифукуваш со било што, нели слобода ви дава законот?
     
    На katinakatalina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ipsissimus

    Ipsissimus III°M∴

    Член од:
    23 јули 2010
    Мислења:
    14.175
    Допаѓања:
    11.671
    Но овде не станува збор за филозофска група! Телема не е филозофија, таа е систем кој вклучува подеднакво пракса како и теорија.
    Друга работа, тотално погрешен заклучок е дека може да создадеш слика за Телемата врз основа на еден или неколку телемити! Мене или Хептаграм не ни е наложено да пишуваме тука! Има стотина Телемити во Македонија, и речиси сите не се замараат ни со форуми нити со социјални мрежи! Лага и глупост е тврдењето дека ова го правиме за да ,,ловиме" било кого! Да ја познаваше барем минимално Телемата, ќе знаеше дека е глупост.
    Како ќе переш мозок со Телема?! Ти луд ли си? Ќе испереш мозок некому за да биде тоа што е? За да размислува со своја глава? За да сам открие што му е волја?
    Никој не се бори против постоењето на робовите, тие си постоеле и ќе си постојат, тоа го има и во Liber Oz - ,,робовите ќе служат".
    Ние не сме овде за да прикажуваме некаква си загадочна слика за Телемата, туку напротив, да ги разоткриеме сите глупости и невистини за неа! Да бидеме гласот на вистината кога некој се обидува со лаги да прикаже загадочна, опасна и извитоперена слика за нас! Тоа е она што го ,,камшикуваме"! И кога велам ние, мислам на мене и Хептаграм, бидејќи останатите како што можеш да видиш не се замараат воопшто!

    И за крај да ти одговорам на прашањето (гледаш, можело да се дознае нешто и на тој начин, без суети), разликата е во искуството!
    Општо прифатено верување е дека духовноста подразбира само карактеристики што ние луѓето ги доживуваме како позитивни, но духовноста не е ништо друго туку соочување со сопствената душа! А во тој процес има подеднакво ,,црно" колку што има и ,,бело". Духовноста не значи воздржување од негативност, значи соочување, надминување со сите аспекти на себе си што не ги сметаме за соодветни, позитивни, добри. Тоа искуство што се добива од тој процес е вистинската цел на духовноста и до таа цел нема скратени патишта, нема спасители, нема водачи! Секој е сам на тој пат, а доказ за достигнувањето на целта не е ништо друго освен успехот! Е сега, некој ќе праша што е успех? А тоа, исто како и Животот, Слободата, Светлината....се различни нешта, за различни луѓе.
     
    На Хептаграм XI му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bonux

    Bonux

    Член од:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    357
    Допаѓања:
    362
    Телемата промовира лажен морал и егоизам на кило.Ви го препознавам потписот насекаде на фејсбук.Што би рекол еден познат владика и светец-Јас со таква филозофија не гледам причина да станам наутро од кревет.
     
    На Хептаграм XI му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Хептаграм XI

    Хептаграм XI

    Член од:
    13 февруари 2010
    Мислења:
    6.447
    Допаѓања:
    4.246
    Но ти не си ништо од ова што наброја погоре - никогаш не набројуваш она што си, нели, знаеме...

    Законот (Law) ми дава: Liberty, Light, Life и Love. Погледни ја „Liber Lege Libellum“.
    Јас како Телемит кој што го прифатил Законот на Телема, според Книгата на Законот сум Човек, со сета комплексност наследена од целото Човештво.

    Нема потреба од враќање на удар, кога ниту ти не си удрил - не знам што си се наплашил и си напнал со тоа :)

    И ти како и многу други сакате да оставите впечаток дека сте „нови мудреци“ кои се ослободиле од стегите на стариот еон, од се - дека пронашле пат како Ошо или Гурџиев на слобода, или зборуваат за свои искасапени философии за „слобода“ собирајќи сешто од стари философи - а упорно ви кажуваме дека има слобода и тоа е Телема, слобода и живот кое има ИМЕ, единственото нешто кое зборува јасно и гласно за минливоста на Еоните и дека сега е ново време.

    Но задоени со глупости од нет, тешко се прифаќа новиот Закон. Исплашени сте да не бидете идентификувани како Телемит? Од каде тој страв, таа философија дека е опасно да се идентификуваш со нешто многу поголемо од тебе кое ќе те надмине и надживее со векови?
    Каде ги учите овие ствари? Фрустрации од средно и факултет, па мора да се биде посебен, да си крал дури и во пеколот? :)
    Од искуството од старо-еонските религии кое не ви дава нови искуства?


    По тоа што си против новиот еон, ти си дел од стариот.
    Ова по писанијата со години низ форумов што ги читам. Секој пост ти е поврзан со @Ipsissimus и против „неговата“ Телема :)

    8 години следиш човек за да му кажуваш каде „греши“ и како не треба да ја живее неговата филосоија, која упорно не сакаш да ја истражуваш.
    Тоа е болест на стариот еон!

    И ти се чудиш на цитатот што го извади претходно од „Еквинокс на Боговите“, дека сте робови, мрачни, дека сте препрека со своите дрдорења и незнаење и страв? Погледни се и види што правиш на форумов... :)
    Како демони се собирате и си одите во браноти и зборувате негативни ствари за работи кои не ги знаете... едноставно не ги знаете ниту разбирате. И криви ви се оние кои седнале и научиле и знаат подобро од вас.

    Не сакаш Телема и новиот еон бидејќи... од кој оган ти доаѓа тоа? Знаеш?

    П.С:
    Јас не те идентификувам со ништо од тоа што ти мислиш (а и што е проблемот некој да те идентификува со сешто, па тоа вие цело време го правите со другите?), освен со текстовите тука, кои може и некој ти ги пишува или ги диктира... нереалност не можам да поврзам со фантазија.

    --- Споено дупло мислење, 20 април 2017 ---
    Не постои лажен морал. Постои морал кој што не и одговара на старо-еонските религии, бидејќи тоа е подот на кој газат со векови.

    Тој баш со таква философија се раѓа, со лажна етика и морал: не ме гледај што правам, слушај што ти зборувам. ;)

    Еден таков дрдорко од владика дојде на саем и ни зборува: она што се предава, проповеда, и се живее - демек сите ние сме лоши, бидејќи нели Кроули „најлошото“ нешто.
    И му рековме: и вие проповедате скромност, мирољубивост, смиреност - а ете те дојде во скапа кола, најаден како да нема утре, да зборуваш зло за работи кои не ги знаеш!
    Се намурти и си замина!
    Такви владици ниту крст не ги држи да ги заковаш!
    --- Споено дупло мислење, 20 април 2017 ---
    Ете, тоа со децата е дело на старо-еонските философии и религии! Кога велам дека несвесно си премногу задоен со стариот еон, ти велиш не ме идентификувај со било што! Боли, знам - па ајде ќе бегаме во ништо.
    Ако мислиш дека учење кое ти дава методи и начини да живееш по своја волја, до максиум исполнетст е „перење мозок“ - нека ти биде таков животот, живеј како други ќе ти скројат, во страв да не изгубиш статус, пари, живот...
    Тоа сакаш? Кукавици околу тебе? Од такви не бидува воини, луѓе кои ќе можат да ти помогнат ако ти паднеш... ;)

    Ние не можеме да регулираме кој седнал и стигнал до Законот на Телема и на колку години. Никому не му е забрането да истражува, затоа и јавно зборуваме. Секој ќе сфати и прифати според своето разбирање и искуство!

    Но ако побара некој иницијација во иницијаторски Ред кој што го прифатил Законот на Телема, секако не дозволуваме дете да пристапи и да помине. На официјалната страница на сите О.Т.О. Тела (не само во Македонија) има информација што треба човек да исполнува основно за да може да се разгледува пристап!
    Дури и возрасен човек, не секој добива лозинка за да пристапи! Секакви бараат пристап! Од секакви причини... но тоа не е за муабето со вас.
    За тоа е зборувано малку на времето, нема да те учам повторно и повторно.

    Тоа е уште една глупост твоја од незнаење. Иако како што велиш, зборуваме со години тука. Крути сме за оние кои не сакаат да вложат труд и да научат сами нешто повеќе.
    СЕДНИ УЧИ! Не зборувај! Времето ти минува! ;)
     
    Последно уредено: 20 април 2017
  12. alf

    alf

    Член од:
    28 јануари 2010
    Мислења:
    611
    Допаѓања:
    211
    Што стана со индивидуалноста , за мене е филозофија имаш некој проблем со тоа?

    Ипси колку што се сеќавам во новиот еон нема место за робови, како тогаш ќе постои нешто кое однапред го карактеризирате како непотребно.
    Вака од што и вие немате став еднаш вака еднаш така, како и да ви врати човек вие секогаш ќе си го напишете тоа што во моментот ви одговара.
    Одлучите, има или нема место за робови во новиот еон?
    Можеш на многу места да си прочиташ твој и на твојот брат текст како новиот еон е "резервиран " само за духовно напредни луѓе,а сите други робови на стареонските богови ќе си седат во стариот еон.(може не со овие зборови,но во тој контекст)
    Како си тргнал уште некоја страна ќе испаден дека сте страдалници! :( (или тоа беа староеонски богови)
    Ипси, не заборавај на периодите во развојот на луѓето, не се сите возрасни ниту сите се деца, така е и во духовноста! Никој не ви го оспорува правотона себеосознавање, ма што и да мислите во врска со тоа , но ако не можете да раликувате духовни растови не правете го тоа што во жаргон кажано (да им зборуваш за секс на деца)! Како што им ми гласеше прашањето.....
    Која е таа суштинска разлика која духовноста може да ја направи во човека?
    Духот е тој што прави исто како што според телото можеш да уочиш во кој периот од раст е човек.
    Дали воопшто вие кој толку многу зборувате дека ја познавате духовноста можете да ги правите тие разлики и да ги уочите во луѓето?
    Не.,не можете ...знаеш зошто?
    Во телема постојат само две крајности на луѓе, робови и оние кој одбрале да го следат законот., и толку.
    Затоа викам дека "мрежата" не е добра, застапена е еднолична големина, духовноста не е само на себе да работиш туку и во другите да согледаш , оној никулец кој е во секој човек е истиот што и во тебе.Па така кога човек духoвнo се осонае човек себеси,лесно ќе воочува и во другите и на соодветен начин и речник ќе ги "расте".
    А не тие се робови,оние се староеонски богови ,вие не знаете ништо ,седни момче читај и ред други не дозреано работи, не иде тоа така бе Ипси.:(
     
  13. Ipsissimus

    Ipsissimus III°M∴

    Член од:
    23 јули 2010
    Мислења:
    14.175
    Допаѓања:
    11.671
    Абе и за Мики змејовите, џиновите и демоните се реалност, ама реалноста сепак нема врска со тоа, исто како што и индивидуалноста нема врска со тоа дали нешто ќе стане филозофија или не, затоа што ти си решил така. Телемата може да биде основа за одредена филозофија, но дека таа е само филозофија и ништо друго е глупост која може да ја каже само тотален лаик.
    Никогаш не сум кажал дека немало место во новиот еон за робовите! Почна да измислуваш!
    Ако некому е волја да биде роб, никој нема да го спречи, но ако се обидува и мене да ме повлече во неговото робство, тогаш ќе си има проблем со мене. Тоа е целата поента! Што ќе бидеш ти, воопшто не ме интересира! Се додека не застанеш на мојот пат, се додека не се обидеш да ме спречиш да живеам како што ми е волја!
    Никогаш не сум кажал дека новиот еон бил резервиран за некого! Тоа е лага!
    Зошто тогаш не се осознаеш себе си, наместо да трчаш по мене и да тресеш глупости и невистини? Од кај знаеш ти дали знаеме или не знаеме да разликуваме духовен раст?!
    Почнуваш да звучиш како Мики, си носиш заклучок што не се темели на никаков аргумент и си го користиш како факт.... Поставуваш прашање и сам си го одговараш...
    За каква едноличност зборуваш, кога се остава на индивидуата да најде систем или метод што ќе му одговара најмногу?! Каква едноличност кога постојат степени што го отсликуваат духовниот развој?!
    Што сакаш да постигнеш со ова бре човек?! Со години се бориш против ветерници! Не си ли свесен за тоа? Залудно ти е сето ова! Неможеш да создадеш слика за Телемата што се обидуваш овде да ја протнеш! Залудно ти е!
     
    На Хептаграм XI му/ѝ се допаѓа ова.
  14. alf

    alf

    Член од:
    28 јануари 2010
    Мислења:
    611
    Допаѓања:
    211
    Чудно, еден твој брат (може го познаваш ;) ) на еден друг форум во уводниот дел напишал..
    цитирам ...Телема е филозофска школа и религиска матрица за прв пат објавена на светот со чист јазик во 1904 година со пишување на Книгата на законот...завршен цитат.Еве ти линк разбери се со брат ти..сигурно е тотален лаик!

    Абе ајде што ми кажа, павлака устата ви фати на сите теми, со тој нов еон, законот е за сите, како тие (верниците) не ги разбирале цитати, лошо ги толкувале..дури до таму идете ако некој е слободоумен да го вметнете во тоа како законот на телема го ослободил (а тој е несвесен за истото)...што е тоа ако не е наметнување?

    Не може да се осознаеш нешто што не постои,празно,безлично...ќе создадеш нешто ќе го осознаеш, па ќе го "убиеш" постојан круг на создавање и распаѓање.Ништо не е костантно и постојано,за да можеш да поставиш јасна слика за "себе".Па ако сите промени содржани во еден човечки живот (од раѓање до смрт) ти се познати тогаш многу лено може да се одреди оној кој е спроти тебе во кој духоен раст е.

    Ипси, ти не си телема ниту твојот брат не е телема кога ќе ги разграничите тие работи, ако некој звучи како верниците тоа сте вие, бидејќи секој напад на телема го доживувате како лична навреда, па и да не е во право оној кој упатил критика не може да се воздржите ,а тоа е несвојствено за некои на кои себеосознавањето им е главна тема во групата која одбрале да ја следат. Не е телема таа која треба да биде озоснае, човекот е ,а духот нема име телема што одма скокате како попарени ако некој ви ја исплука.
    Не си ли свесен за тоа?

    Чудна работа сте значи, прифативте нешто кое требало да го користите како алатка за себеосознавањето , но наместо тоа вие станавте "негова" алатка, сме разговареле и другпат за тоа , кое е поголемо и што на кого треба да му користи?
    Типично верско однесување!
     
    На katinakatalina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Хептаграм XI

    Хептаграм XI

    Член од:
    13 февруари 2010
    Мислења:
    6.447
    Допаѓања:
    4.246
    Пак истото... :)
    Прифативме нешто... тоа нешто ти не го знаеш, ниту сакаш да го знаеш. А постојано го критикуваш, поточно критикуваш двајца виртуелни ликови со кои на времето си се закачил и не можеш да се откачиш бидејќи така ти доаѓа од внатре.

    Научи за Телема нешто, не да ми кажуваш што може да се осознае, што не. Не ми смета критика, но сакам здраворазумска критика, која ќе се базира на истражувања. И така се учи. Постојано.
    Никој не ти наметнува ништо, само по се изгледа никогаш нема да разбереш што ти се зборува, само за да не прифатиш дека не знаеш и дека треба да учиш, постојано...

    Секое бладање за Телема од страна на злонамерни го сметаме за добра причина да зборуваме за Телема, а да не биде дека зборуваме сами со себе. Меѓу калта која ја фрлате, ќе наиде и бисер, затоа ова... тука :)
    Мислиш дека ова го пишувам за тебе?
    НЕ!
    Го пишувам за идни генерации, кои дури денес седнале да читаат за Телема, 8 години откако е напишано ова - за да знаат дека може да најдат тоа што бараат!

    Затоа си потребен ти и такви ко тебе колку што можете во животот да помагате во таа цел. Бидејќи „Законот е да се даде“ па луѓето сами ќе одлучат дали ќе им оди со тој Закон ил не... Нешто те турка од внатре да го правиш ова, дури и да изгубиш драгоцено време од животот наместо да бидеш со своите, ти си со нашите :)
    Think about it...

    Со текот на времето Законот стануваш ти, апсолутен, слободен, без триење низ животот. Но не можам да ти го доловам тоа, далеку си од сите тие ствари, кој знае како ќе ги разбереш. :) Ти имаш негативни размисли за тие ствари, далеку е тоа од тебе.

    Знам дека си ти безлично, ништо, нешто што си го собрал од њу ејџерите но никако да признаеш. Ти реков ти си исплашен да бидеш НЕШТО бидејќи ќе дојде помоќен и ќе те соголи до гола кожа. Не се плаши. Можеш да оставаш добра слика пред млади девојки, не кај нас. Глупо е, реков, се знаеме веќе по четивата тука... но нели, не си ти темата инаку, ќе имаше што да се збори. И темата не е Хепта и Ипси и што како прифатиле, ако мислиш дека грешно сме разбрале Телема, Магика, Јога, Астрал, О.Т.О., A.'.A.'., Иницијација - бујрум, поправи што е Телема, Магика, О.Т.О. :)
    Нормално, ако може преку официјални документи, како поткрепа на кажаното, а не старо-еонски бладања на верници!
    Тие и не ги разбираат цитатите од нашите книги, не ги читаат нашите книги, не го знаат симболизмот и целата машинерија зад Законот на Телема. И тука нема ништо за лутење: самите се криви што се ограничуваат. Нивно право. ;)

    П.С.
    @Ipsissimus кој е овој Abraxas.... @alf гледам и него го следи на друг форум. Сторго против Телема запнал човеков. Интересно :) Уште малку ќе мора да бидеме како него, ништо, безличност... ќе се „убиваме“ како што вели тој, во наводници. Вакви ќе ја купуваат Магика, Книга 4 од Кроули и ќе заморуваат уште поеќе.. ах :)

    Сега мисли му ја што е Телема? Како ќе одговориш?
    Философија или не? Религија или не? Магиска школа или не? Иницијаторен систем или не? Наука или Уметност? :)

    Ти велам јас дека седум дена ќе има муабети, ти не :)
     

Сподели преку: