Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Почнуваш во стил на глуп и поглуп.
Хепа обвини одредана религија каде дуалноста со нејзините крајности се користи како метод на награда и заплашување, јас посочив цитат дека исто такво има во телема, дури побарав од него со својата дарба на видовитост да види што тоа ќе го снајде некого ако го одбие закобот на телема.
Што тука тебе не ти е јасно, вие треба да образложите зошто се декларирате како нешто многу поразлично од другите, а всушност имате исти аршини на дуалноста во контекст на казна и награда.

Еве на неговото добродојде кое ми го упати, му го одбив, па водејќи се по вашите цитати сега треба да бидам некаков роб.. така?
Ако треба некој да даде пример, тоа сте вие.
Тебе не ти е јасно нешто, не на нас. Ти побарав конкретен пример од секојдневието за да видиш кај е поентата, ама очигледно неможеш да го сториш тоа.
На пример ако побараш од православен конкретен пример од секојдневието за тоа што значи ,,огревовеност" ќе добиеш одговор од типот - хомосексуалност, секс пред брак, абортус и слично! Значи конкретни нешта! Ти од друга страна наведуваш цитат кај што се посочуваат општи поими, како Слобода, Живот и слично. Зошто е ова битно? Па затоа што Телемата нема догми! Нема стандардизирани правила за живеење што треба да важат подеднакво за сите! Што е за тебе Живот? Дали е иста работа што и за мене? Според христијанството, исламот и останатите староеонски религии одговорот е да! Тоа е иста работа подеднакво за сите! Сите мора да живеат под исти принципи! Но според Телемата никој нема право да ти наложува како да живееш! Тоа што е за мене живот, за тебе може да биде споро умирање! Затоа ти барав конкретен пример! Дај ми нешто конкретно од секојдневието за да видиме дали е иста работа! Не цитати, цитатите во Телемата не се догми! Неможе друг да ти дефинира и да ти толкува што треба или што мора да значи ,,Живот"! И да, ако го одбиеш правото да живееш на овој начин, самиот си се прогласуваш за роб и како роб ќе бидеш ,,окован" и ,,тепан" од нечии други принципи, правила и догми што ќе ти кажуваат како мора да живееш за после смртта некој лош чичко да не те вари у казан.
Ова е само обична констатација, не е никакво заплашување, заклучок што не се темели на надприродни страшила што треба да те мачат, туку на последици од сопствените одлуки во животот.

Што е проблемот во немање доверба во сопственото мислење?

Science progresses through trial and error, mostly error. Every new theory or law must be skeptically and rigorously tested before acceptance. Most fail, and are swept under the rug, even before publication...

https://www.lhup.edu/~dsimanek/philosop/method.htm
Па токму ова е аргумент во полза на сопственото мислење а не против. Ако немаш свое мислење, ако слепо прифаќаш мислења од страна, како ќе воочиш грешка? Како ќе бидеш скептичен? За да постои скептичност, мора да постои независна мисла! Токму скептичноста е спротивност на вербата! Или имаш непоколеблива вера во некој друг или си скептичен!
 
Последно уредено од модератор:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Тој што верува во Бог верува и во себе, верата го учи да верува во себе, а тие што не веруваат во Бог не веруваат ни во самите себе.
Ова така ти текна посабјле кафе непиен, или некој поп те излажа? Кај пишува такво нешто?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
И да, ако го одбиеш правото да живееш на овој начин, самиот си се прогласуваш за роб и како роб ќе бидеш ,,окован" и ,,тепан" од нечии други принципи, правила и догми што ќе ти кажуваат како мора да живееш за после смртта некој лош чичко да не те вари у казан.
Па тоа го барам да го кажете, што е пеколот кај вас, кое е тоа страдање што го чека оној кој го одбие законот.
Во цитатот нема во наводници зборови.. си земаш за право да во менуваш текстот, а? :)

Ок, дали тоа значи дека во новиот еон ќе преминат и некој догми, филозофии и верувања од стариот еон за да стојат како плашила за секој оној кој ќе го одбие законот на телема?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Па тоа го барам да го кажете, што е пеколот кај вас, кое е тоа страдање што го чека оној кој го одбие законот.
Во цитатот нема во наводници зборови.. си земаш за право да во менуваш текстот, а? :)

Ок, дали тоа значи дека во новиот еон ќе преминат и некој догми, филозофии и верувања од стариот еон за да стојат како плашила за секој оној кој ќе го одбие законот на телема?
Ништо не менувам, многу пати е нагласувано дека Телемата не се темели на догми, дека се работи за симболика и дека не треба да се толкуваат на други светите текстови.
За да кажеш што ќе биде пекол за некој друг, треба да ја познаваш неговата душа, а тоа е невозможно, исто како што никој друг неможе да ѕирне во твојата. Не е залудно кажано дека во ,,туѓа кожа" не се влегува.

Дали и какви догми ќе ,,поминат" во новиот еон зависи од тоа дали истите ќе бидат закана за слободата на поединецот. Зошто исламска држава не поминува во цивилизираниот свет? Затоа што ги крши основните принципи на новиот еон. Се залага за систем каде сите без исклучок мора да веруваат, да живеат и да се однесуваат според строго утврдени правила! Систем што сурово ги казнува сите што не се вклопуваат во тој систем.
 
Абре Ипси, ако за секого е различен пеколот и рајот, тогаш ќе биде различен и законот кој не може да се сведе на една философија како што е телема.

Но, како и да го вртиш и објаснуваш сепак не можеш да го занемариш фактот дека и во телема постои почетен текст преку кој се обележуваат границите на некакво блаженство и некаков пекол, без разлика што тоа го објаснувате како индивидуалност.
Го одбив законот, сега да станам јеховин сведок за да се исполни вашиот закон на казна... :facepalm:
 
Па логикава не ти е баш на место. Законот вели дека секој има своја чиста волја, но не навлегува во тоа што треба да биде или како треба да изгледа таа. Чиста волја е термин што ние го користиме за динамичкиот аспект на битието, за предодреденоста што му дава смила на животот, за суштината што ја дефинира душата. Законот не ти кажува како да живееш, законот ти кажува само дека твојот живот е токму тоа - твој и дека е уникатен. Не зависи од очекувањата и потребите на другите. Секој е подеднакво центар на универзумот вели Законот! Тој не е филозофија, тој е реалност.

Тој почетен текст никаде не се ,,расфрла" со дефиниции за пеколи и рајови во генерална смисла! Баш напротив, јасно порачува дека секој што ќе се обиде да наметнува свои толкувања и од нив да создава догми, да се третира како ,,центар на чума".

Незнам што сакаш да постигнеш со оваа твоја истрајност во тврдоглавоста..... Но твое право.
 
Последно уредено:

Ако имаме различни рајови и пеколи дефакто имаме различна логика, таа терминологија на различности ти ја кажа, па сега неможе од истата да се отповикаш и да кажува што е точно, а што грешно водејќи се по твојата логика.

Ако некој води инат тоа сте вие, ја изврте и направи чвор од кој не можеш да се отплеткаш, наместо да потврдиш дека имате исти аршини на пекол и рај како и во христијанството, само таму се заеднички-исти за сите, а кај вас индивидуални.. ајде доста "јадеш" сол секој што чита му е веќе јасно.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
Оди читај за Телема и новиот Еон, делата на Кроули, делата на други автори - а не да бараш од нас да ти дадеме одговор каков што сакаш да прочиташ.
Не постои ист аршин со стариот еон и новиот - и тоа што од себе ќе направип преку работа - тоа ќе добиеш, во моментот, како казна или награда, не после смртта во некаков си рај или пекол. Види ја „Книгата на Законот“, таму е дадена Телема во целост.

И да, секој чита, но ако само чита што тука се зборува, на форумов - нема да стигне далеку во однос на Телема и магиката на новиот еон.

Ти од еден философски цитат од „Еквинокс на Боговите“, дел од „Магика, Книга 4“ дојде до ваков заклучок за Телема како Закон на новиот еон и едни религии од стариот еон?
Со еден цитат се тегнеш 2-3 страници на форумов зборувајќи глупости со цел да ти потврди некој дека ставот ти е ок?
Дека стариот еон и неговите религии е исто со новиот еон и Законот што владее во истиот?

Јас не бесцелно ви велам да читате цели книги - не да ми доаѓате со цитати да ми бистрите философија и „што сакал да каже авоторот“ со цитат што сте го собрале кој знае од каде, ниту не знаете што цитат сте прочитале :)

Не се градат така правилни ставови за работите. Оди учи. Млад си имаш сеуште време.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ако имаме различни рајови и пеколи дефакто имаме различна логика, таа терминологија на различности ти ја кажа, па сега неможе од истата да се отповикаш и да кажува што е точно, а што грешно водејќи се по твојата логика.

Ако некој води инат тоа сте вие, ја изврте и направи чвор од кој не можеш да се отплеткаш, наместо да потврдиш дека имате исти аршини на пекол и рај како и во христијанството, само таму се заеднички-исти за сите, а кај вас индивидуални.. ајде доста "јадеш" сол секој што чита му е веќе јасно.
Море човек...! Знам дека не си до толку глуп! Зошто со сила се правиш дека си? Како може после сето ова да тврдиш и понатаму дека немало разлика за концептите на рај и пекол кај христијанството и Телемата?! Ти луд ли си?! Што ви е бре на вас луѓе?! Во живо правите еден муабет, овде на форум друг! Ако ти е да тролаш и да провоцираш, поштеди ме! Има доволно конкуренција на форумов за тоа!
Бреее што чудни луѓе сте бре.....!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
Велиш дека @alf во живо е попаметен и сосема друг човек со други размисли? :)
Интересно... ова ми се допаѓа...
Може е вистина дека зад тастатура сите се менуваме и не сме исти...

И јас мислам дека само провоцира, да беше навистина заинтересиран за Телема со цел правилно да ја критикува или ајде нека стои напаѓа од негова „внатрешна причина“ - ќе прочиташе за овие 6 години, колку што оди по тебе, барем 3 книги...
 
B

Bonux

Гостин
Така е...кога некој не ви е по ќеиф или е глуп или треба да учи уште е млад.Како и да е не верувам во учења и религии со адреси на запад.Секоја "чест" на објективноста на модераторот на темата.Луцифер ќе дојде во име на љубовта а не во име на омразата тоа е изгледа вашиот нов лажен еон... но мене не можете да ме преварите,затоа и толку ја пропагирате. Христос воскресе...гуд бај.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
Секој треба постојано да учи.
Без разлика на години, секогаш е млад кога се работи за учење :)
Новиот еон не познава симболи од стариот еон, како Луцифер и останати ствари со кои добивате „екстаза“ вие од стариот оен.
Постојано нешто е „лажно“ за вас само да не избега догмата. Бегај.
Гуд бај ...

П.С. Никој нема да дојде да те спаси „од надвор“ од твојата мрза глумејќи „бедност по дух“. Ни Луцифер, ниту крст, ниту Исус, никој... сам си на патеката од постоењето.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Ај образложи ја еквиваленцијата од првата реченица и импликацијата од втората, како стигна до тој доказ?
За да ти објаснам и ме сфатиш треба да ја читаш Библијата, џабе ќе ти објаснувам.[DOUBLEPOST=1492461830][/DOUBLEPOST]
Ова така ти текна посабјле кафе непиен, или некој поп те излажа? Кај пишува такво нешто?
Во Библијата такво нешто пишува. ;)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
За да ти објаснам и ме сфатиш треба да ја читаш Библијата, џабе ќе ти објаснувам.[DOUBLEPOST=1492461830][/DOUBLEPOST]
Во Библијата такво нешто пишува. ;)
Ц.... Не пишува.
Ти да ја имаше прочитано, немаше да тресеш зелени. А што и да пишуваше, ти ведите си ги читал?
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Ц.... Не пишува.
Ти да ја имаше прочитано, немаше да тресеш зелени. А што и да пишуваше, ти ведите си ги читал?
Пишува.
Да си ја читал Библијата ќе знаеше дека пишува и немаше да се бламираш по форуми.
Инаку Библијата не се прочитува, се чита.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom