Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
Потребно е секој поединец да си го сработи делот ако сакаме каранфили или лотуси, како и чист воздух... сето ова зависи од обединување на човештвото, поголема свесност и разбирање на поединецот дека не е сам на Земјата, дека ако неговото верување го уништува патот на другиот треба да размисли кај тргнал и со која цел, а не целото човештво да е поделено на база на религии и верувања и кој најубаво верува во неговиот свет... сопствениот свет на Земјата е ништо во однос на бесконечноста.
Вакво апсурдно мислење не очекував од тебе. невозможна работа, научна фантастика...или мислеше за животот во рајот?
:)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Вакво апсурдно мислење не очекував од тебе. невозможна работа, научна фантастика...или мислеше за животот во рајот?
:)
Ако некој верува во рај како што е даден во еврејските учења, христијански или муслимански - не. :)
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.513
Поени од реакции
3.639
Настапен е новиот еон, но луѓето по инерција сеуште бираат на власт луѓе кои се држат до старите религии и догми. Затоа е и вака...
Знам дека луѓето очекуваат да трепнеме со окото или да се разбудиме во нов прекрасен свет туку така...
Наброј 3 „благодати„ откако настапи новиот еон. Благодарам.

П.С.:

Дека настапило „нешто ново„, велеа и комунистите.
Автоматски споено мислење:

Потребно е секој поединец да си го сработи делот ако сакаме каранфили или лотуси, како и чист воздух... сето ова зависи од обединување на човештвото, поголема свесност и разбирање на поединецот дека не е сам на Земјата, дека ако неговото верување го уништува патот на другиот треба да размисли кај тргнал и со која цел, а не целото човештво да е поделено на база на религии и верувања и кој најубаво верува во неговиот свет... сопствениот свет на Земјата е ништо во однос на бесконечноста.
Очигледно е дека Синот Божни не Е „доволен„ за обединување на човештвото. Но, Он веќе ни најави дека после Него ќе дојде „друг„ кој ќе глуми „обединувач„.

Наградно прашање до тебе-кој ќе е тој лик?...
Автоматски споено мислење:

Ако некој верува во рај како што е даден во еврејските учења, христијански или муслимански - не. :)
А како треба да „изгледа„ рајот, според твоиве псевдо-религиозно-философски убедувања?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Очигледно е дека Синот Божни не Е „доволен„ за обединување на човештвото. Но, Он веќе ни најави дека после Него ќе дојде „друг„ кој ќе глуми „обединувач„.
Ами јас што зборам? Исус дојде да донесе поделба и меч... исламот исто... ти сега ми ги повторуваш муабетите, ок е - го знам јас тоа!

Глумењето обединување не помага никому... глумењето доаѓа од верувањето дека нештата се онакви какви што сакаме да ги прикажеме пред некој... лажење во фина форма!

Нема глумење, нема верување - само практична примена меѓу луѓето. И порано зборував дека на почеток се започнува со верување, но ако остане само на тоа бидејќи ни е лесно да мастурбираме и да се задоволуваме дека нештата се баш како што ние мислиме дека се, без да сакаме и имаме искуство и знаења, разбирање за другите - што фалус со тоа? Простачко анимално самозадоволување полно со страв што има надвор од верувањето, во човештвото... помеѓу живите!
Да се знае кој кај му е местото... тогаш е најдобро.

Едни ѕвезди привлекуваат повеќе од другите, разни ѕвезди се соединуваат со други и градат прекрасни соѕвездија... но во догматските учења е забрането групирање во соѕвездија ако тоа се коси со догмата, колку и да се добри соѕвездијата, дури и кога ѕвездите го имаат совршениот пат по кој се движат - догматиците креваат прст и креваат врева и сатанизираат...
Што е пракса со векови... не знам колку ќе има влијание тоа денес, таквото злокобно глаголање...
Автоматски споено мислење:

А како треба да „изгледа„ рајот, според твоиве псевдо-религиозно-философски убедувања?
Според мене, ништо слично како старците и јагнецот и пеење во бесконечноста песници и надворешно обожување! НИту пак девици и слични земски глупости што ги имаме собрано од искуството меѓу луѓето. Премногу човечки ствари има во сето тоа - не оди така со боговите мислам... нели? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom