Дизајнерски "раси" на кучиња

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Првата "дизајнерска раса" на куче е наменета како куче терапевт кое е хипоалергено. Односно, целта на создателот на оваа раса била да создаде хипоалергено куче водич, па спарил Лабрадор и Стандардна пудла. Но, немало интерес зашто не било расно, па го нарекол Лабрадудл, "раса" која наводно била хипоалергена и сега е продавана за 500 евра, како дизајнерска раса. Луѓето почнале да вкрстуваат секакви раси, и да им даваат имиња. Попознати се кокапу (кокер×пудла), малтипу (малтезер×пудла), голдендудл (златен ретривер×пудла), кавапу (кавалер кинг чарлс шпаниел×пудла), пагл (паг (мопс)×бигл), кавашон (кадрав бишон×ккч шпаниел), чивини (чивава×јазовичар)...


Што мислите вие за овие "раси"?
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Мислам дека е начин за некои луѓе да се збогатат. Истиот тој што ја ,,дизајнираше,, лабрадоодле расата изјави дека направил грешка.
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Така се упропастија скоро сите раси, и се упропастуваат. Одгојот треба да се остави на оној што знае што прави,а не кој стигне да спари од ете така или оти сака брзи пари. Поготово па кај нас каде секое второ куче на улица е расно. Ај да не зборам...сол на рана ми е темава.....
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
чекај сеа сите овие добија дозвола да бидат регистрирани како раси ??

fuck this shit
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
чекај сеа сите овие добија дозвола да бидат регистрирани како раси ??

fuck this shit
Од фци, акц, укц и сличните не. Има како клуб за вакви мешанци (ddkc-designer dog kennel club).
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Screenshot_2017-01-19-21-57-13.png
Вo Србијa пoчнa епидемијaвa. Амa aкo рoдителите биле рaсни, мaлите немa дa бидaт мешaнци, пoшo зaеби лoгикa. И дa, ценaтa им е 500 еврa.
 
Ф

Флеш

Гостин
Прегледај го приврзокот 163797
Вo Србијa пoчнa епидемијaвa. Амa aкo рoдителите биле рaсни, мaлите немa дa бидaт мешaнци, пoшo зaеби лoгикa. И дa, ценaтa им е 500 еврa.
Ау,греота бе ова,вака да прават.Во живо ми се пружи прилика риџбек да видам,убави,јако издржливи кучиња.Да мешаш јеботе со пекинезери се спушти ја ниво.Абе риџбеков . Лошо лошо.
 
K

Kacar

Гостин
Примеров е чиста пракса на ,,Осиромашено парење".
Се знае дека раса со раса треба да се пари!
 
K

Kacar

Гостин
Може таквото парење да резултира со големи генетски нарушувања- преку телесни аномалии или психички компулсивни однесувања и слично( а и немора да значи, придобивките се секогаш поретки сепак). Доколку од две-три различни раси сакаат да добијат некој микс кој мислат дека ќе опстане како посебна раса тоа се прави под надзори на генетолози и испитувања.
Џукели мешанци знаеме дека се едни од најиздржливите кучиња и приспособливи и без толку многу здравствени мани ( генерално земено) ама нивното настанување е назад во историјата со мешање на неколку раси.
У примеров, се ствара токму тоа џукела, одгледувач не може туку така да створи нова раса на куче и да ја продава како чистокрвно. Ако се сака да се напраи кросбриид се праи селекција на гени од повеќе типови на кучиња , тука гените се остаени сами да си се селектираат, ќе има борба чии гени да бидат видливи а чии у позадина.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Џукели мешанци знаеме дека се едни од најиздржливите кучиња и приспособливи и без толку многу здравствени мани ( генерално земено) ама нивното настанување е назад во историјата со мешање на неколку раси.
Па...дискутабилно ти е ова...кај расите се колку толку познати генетските заболувања, а кај мешано куче тешко дека можеш да знаеш што те очекува. Тоа ти е ко мачка у вреќа. Издржливи ги направил суровиот живот на улица, но мислам дека да се чуваат како што се чуваат расните кучиња, во такви домашни услови, може да се смени експресијата на гените.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom