Можда го романтизираме минатото премногу, поради тоа што сме биле копиљаци тогаш кога сме ги гледале играчиве, ама побогу види го тимов на Франција, Кандела, Зидан, Турам, Десаи, Виера, Пирес, Дешамп, Бланк, Лизаразу... победен си уште кога ги влечеле групите.
Од друга страна Бразил со Роналдо, Роберто Карлос, Ромарио, Дунга и Кафу, а да не зборам 5 години покасно од утакмицава, на Светското 2002 плус со Ривалдо и младичите Кака и Роналдињо. Огин.
За Марадона секогаш сум имал почит иако никогаш не сум го гледал како игра, општо имам почит кон тие постари генерации на фудбалери, и според мене не е праведно да се споредуваат со било кој денешен играч, затоа што прво они направиле нешто од себе за цел свет да ги памти такви какви што се, додека овие вториве тек сега треба да се докажуваат, (ги исклучувам од ова Роналдо и Меси) и второ условите и начинот на играта не се исти тогаш и сега, затоа Марадона ќе си остане Tier 1 играч на сите времиња.
Последен поздрав до кадравиот гаучо.