Дигитална форензика

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Како е регулирана дигитална форензика во нашето законодавство, поконкретно за случаи кога се инволвирани телекомуникациските оператори?

Пример, во случај на закани пратени по СМС, каква е процедурата за нивна употреба кога се пријавува во полиција и подоцна како судски доказ? Што судот признава како доказ и која е процедура за обезбедување на истиот? Телекомуникациските оператори колку време треба да ги чуваат своите логови (повици, СМС, ММС, доделени IP адреси, посетени веб страни,...)?
 

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
592
Поени од реакции
392
Кај нас потешко та работа оди. Ама имам влезено во центарот на МВР/ДБК за такви работи да ти се снеарни колку многу информации имат само што не ги користат тие. Само телефоните му се како приоритет. За телефонските повици и СМС е 12 месеци (нај долго во Европа). За IP не знам ама ќе се распрашам ќе ти кажам. BTW зошто ти е ова ако не е тајна ?
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Како е регулирана дигитална форензика во нашето законодавство, поконкретно за случаи кога се инволвирани телекомуникациските оператори?

Пример, во случај на закани пратени по СМС, каква е процедурата за нивна употреба кога се пријавува во полиција и подоцна како судски доказ? Што судот признава како доказ и која е процедура за обезбедување на истиот? Телекомуникациските оператори колку време треба да ги чуваат своите логови (повици, СМС, ММС, доделени IP адреси, посетени веб страни,...)?
Имам читано дека во Македонија веќе имаше и пресуди за лица кои упатуваа закани преку СМС и инернет
 

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
592
Поени од реакции
392
Имам читано дека во Македонија веќе имаше и пресуди за лица кои упатуваа закани преку СМС и инернет
Да имаше неколку но многу тешко. Јас пријавив во полиција и ништо не напраја на крајот сам ја решив работата. Ги најдов кој се сам.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
За телефонските повици и СМС е 12 месеци (нај долго во Европа). За IP не знам ама ќе се распрашам ќе ти кажам. BTW зошто ти е ова ако не е тајна ?
Дали ја знаеш референцата за тие 12 месеци т.е. кој текст го регулира тој период? И не е тајна, едноставно ме заинтересира темава. Барав по објавените пресуди со оваа проблематика, и досега најдов три формулации каде СМС пораките ги референцираат како:
- изводот од статусот на историја за испратени СМС пораки
- фотодокументација од телефонски пораки примени на мобилен телефон
- листинг од мобилен оператор

Ме заинтересира по што се води нашето судство т.е. што е прифатливо, а што не како доказ. Исто така, законите што ги имаме за оваа проблематика (http://www.pravdiko.mk/ulogata-na-mobilnite-operatori-pri-sledene-na-komunikatsiite/) се напишани како еден вид оквир, проблематика која треба да се регулира со правилници, одлуки, упатства, итн.... Е токму тие детали ми се непознаница!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom