LordDragonII
Dr.Strangelove
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 10.995
- Поени од реакции
- 5.725
Како што знаеме документарниот филм (или разг. документарец) е научно - образовен филм сниман за образовни цели, најчесто со научен карактер и теми од биологијата, спортот, науката, географијата, историјата итн. - филмови кои не се фикција (не спаѓаат во sci-fi жанрот) а истите имаат намера да документираат некои аспекти на реалноста, пред се за наставните/образовните потреби или одржувањето на евиденцијата.
Пред да продолжам понатаму еве линкови во врска со историјата на документарниот филм;
CHRONOLOGY OF DOCUMENTARY HISTORY
A Brief History of Documentary Forms
Темава ја отварам не со цел за дискусија околу историјата на документарниот филм туку како место кадешто ќе споделуваме документарни филмови од областа на историјата, археологијата и етнологијата, секако со одредени правила поради прегледноста на темата и самата функција на оваа тема.
- мора да се напише насловот на документарецот (случај видеото да биде тргнато - ќе можеме да го најдеме/постираме/гледаме повторно)
- темата која ја обработува документарецот
- да се запази квалитетот на документарецот (да не биде псевдонаука)
- документарецот не смее да има навредлива содржина кон одредени етнички или социјални групи
- пропагандните документарни филмови тука се забранети
- да се постираат вистински документарни филмови а не кратки видеа или слајдшоуа од youtube
*по можност кратко објаснување околу содржината на документарниот филм
*дозволени се филмови на англиски јазик, останатите (од друго јазично подрачје) мора да имаат македонски или англиски превод
*дозволено е да се постираат стари снимки (без наратор како во класичните документари филмови) но мора да се потврди нивната автентичност и да се каже збор два околу снимката.
Па како што оди редот, да почнам прв;
A day with Macedonian Archaeology
Овој документарец ни прикажува како изгледа еден работен ден на археолог во Македонија, на терен или во музеј. Овој филм е сниман по повод празникот ''Меѓународен ден на Археологијата'' - 29 Јуни.
Македонска Хералдика
Документарец кој ја опфаќа темата за Македонската хералдика и историјатот на Македонската хералдика. Учествуваат проф. д - р Снежана Филипова, хералдот Јован Јоноски.
Cold War - Comrades
Ова е првата од 24 епизоди посветени на Студената војна, останатите епизоди се на истата плејлиста.
Stonehenge Decoded
http://www.veoh.com/watch/v14183275nWN84BFN
Документарец на NG. Стоунхеџ е еден од најмистеризните праисториски локалитети кои се досега познати и е извор на секакви шпекулации поради една мистерија - неговата намена. Британскиот археолог проф. Мајк Паркер Пирсон ни открива нови докази кои се во полза на новата радикална теза за Стоунхеџ.
Time Team - The Guerrilla Base of the King (Athelney, Somerset)
Time Team е добро познат серијал од областа на археологијата т.е. секоја епизода е тридневна кампања (ископување/истражување) на археолошки локалитети кои во оваа емисија хронолошки варираат од Палеолит до Втората Светска Војна. Ова е првата епизода - останатите епизоди се во истата плејлиста.

Последно уредено: