Дигитален архив : Документарни филмови

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
5.717
Како што знаеме документарниот филм (или разг. документарец) е научно - образовен филм сниман за образовни цели, најчесто со научен карактер и теми од биологијата, спортот, науката, географијата, историјата итн. - филмови кои не се фикција (не спаѓаат во sci-fi жанрот) а истите имаат намера да документираат некои аспекти на реалноста, пред се за наставните/образовните потреби или одржувањето на евиденцијата.

Пред да продолжам понатаму еве линкови во врска со историјата на документарниот филм;

CHRONOLOGY OF DOCUMENTARY HISTORY
A Brief History of Documentary Forms

Темава ја отварам не со цел за дискусија околу историјата на документарниот филм туку како место кадешто ќе споделуваме документарни филмови од областа на историјата, археологијата и етнологијата, секако со одредени правила поради прегледноста на темата и самата функција на оваа тема.

- мора да се напише насловот на документарецот (случај видеото да биде тргнато - ќе можеме да го најдеме/постираме/гледаме повторно)

- темата која ја обработува документарецот

- да се запази квалитетот на документарецот (да не биде псевдонаука)

- документарецот не смее да има навредлива содржина кон одредени етнички или социјални групи

- пропагандните документарни филмови тука се забранети

- да се постираат вистински документарни филмови а не кратки видеа или слајдшоуа од youtube

*по можност кратко објаснување околу содржината на документарниот филм
*дозволени се филмови на англиски јазик, останатите (од друго јазично подрачје) мора да имаат македонски или англиски превод
*дозволено е да се постираат стари снимки (без наратор како во класичните документари филмови) но мора да се потврди нивната автентичност и да се каже збор два околу снимката.

Па како што оди редот, да почнам прв;

A day with Macedonian Archaeology


Овој документарец ни прикажува како изгледа еден работен ден на археолог во Македонија, на терен или во музеј. Овој филм е сниман по повод празникот ''Меѓународен ден на Археологијата'' - 29 Јуни.

Македонска Хералдика


Документарец кој ја опфаќа темата за Македонската хералдика и историјатот на Македонската хералдика. Учествуваат проф. д - р Снежана Филипова, хералдот Јован Јоноски.

Cold War - Comrades



Ова е првата од 24 епизоди посветени на Студената војна, останатите епизоди се на истата плејлиста.

Stonehenge Decoded


http://www.veoh.com/watch/v14183275nWN84BFN

Документарец на NG. Стоунхеџ е еден од најмистеризните праисториски локалитети кои се досега познати и е извор на секакви шпекулации поради една мистерија - неговата намена. Британскиот археолог проф. Мајк Паркер Пирсон ни открива нови докази кои се во полза на новата радикална теза за Стоунхеџ.

Time Team - The Guerrilla Base of the King (Athelney, Somerset)



Time Team е добро познат серијал од областа на археологијата т.е. секоја епизода е тридневна кампања (ископување/истражување) на археолошки локалитети кои во оваа емисија хронолошки варираат од Палеолит до Втората Светска Војна. Ова е првата епизода - останатите епизоди се во истата плејлиста.
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.005
Благодарам за темата,одлична идеја.

Мора да имаат превод документарците на наш јазик?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
5.717
Благодарам за темата,одлична идеја.

Мора да имаат превод документарците на наш јазик?
Немора ако се на англиски јазик а ако се на друг јазик тогаш македонски или англиски превод.

П.С. фала што ме потсети, направив поправка (дополнување).
 
Последно уредено:

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Зошто темава е во Историја а не во Филм и ТВ?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
5.717
Зошто темава е во Историја а не во Филм и ТВ?
За да се споделуваат документарци од областа на историјата, археологијата и етнологија овде, во овој подфорум.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.118
Поени од реакции
1.129
Па еве, да сторам сефте :)

Galicka svadba - Makedonski dokumentaren film / Галичка свадба



Галичка свадба - Македонски документарен филм
Производство - Вардар филм 1955 година.

Документарен филм за Ристо Шишков


Ристо Шишков е роден во 1940 година, во селото Мрсна, Демир-Хисарско, во ситуирано трговско семејство. Татко му Васил и најстариот вујко лежеле 4 години затвор на Крит. Во 1942 година Ристо ја доживува трагичката судбина на децата бегалци. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува.

Завршува Академија за театар во Белград. Во 1962 година дипломира на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума. По двегодишната работа во Југословенско драмско позориште во Белград Шишков доаѓа во Скопје и од 1 октомври 1964 година станува член на Драмата на Македонскиот народен театар. Играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води", неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, повеќе радиодрами. Добитник на една театарска награда на МТФ „Војдан Чернодрински" во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво".

Во 1979 е обвинет во навреда на српски и хрватски артисти, исто како и на Тито, и на 15 јануари 1980 заминува во затвор. По боледување умира на 17 јули 1986 година во Скопје.

Во негова чест, од 1992 година во Струмица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков". Син на Шишков е познатиот македонски глумец Васил Шишков.
 
Последно уредено од модератор:

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
824
Многу добра тема ! Има многу квалитетни документарни филмови кои презентираат историјата по прифатлив и за големата публика начин не само за луѓето кои се занимаваат професионално со историја и археологија

Овде би спомнал серијата Варварите на Viasat History. Приказната на варварските инвазии и големата преселба на народите што менува засекогаш историјата на Европа.

Инвазијата на Хуните.
Barbarians - The Huns

Готите.
Barbarians - The Goths
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
5.717
Ритам и звук - Македонски документарен филм (1955)

Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Година: 1955
Содржина: Народни игри од Македонија во изведба на КУД „Танец" од Скопје.
Награди: 1964 ФФ, Ниш, Почесна диплома

Автори:
Режија: Попов Трајче
Сценарио: Попов Трајче
Монтажа: Панков Драгомир
Снимател: Петковски Љубе
Музика: Фирфов Живко
Сценографија: Шумка Диме
Тон: Петковски Војне
Светло: Маленков Димче
Асистент на сценографија: Лазаревски Никола
Монтажа на тон: Панков Драгомир
Организатор на снимање: Султански Живко
Асистент тон снимател: Паковски Глигор

Други соработници:
асистент снимател -- Васе Василевски
светло -- Димче Маленко
текст -- Јован Бошковски
текстот го чита -- Иван Антонов
изведувач на игри и песни -- Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец"
кореограф -- Емануел Чучков
музиката ја изведува -- Симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија - Народен оркестар
диригент -- Живко Фирфов
вокален солист -- Благоја Петров - Караѓуле

Ancient Aliens Debunked - (full movie) HD

Ancient Aliens Debunked е тричасовен документарен филм кој ја разоткрива теоријата приложена од страна на серијалот кој е емитуван History Channel - Ancient Aliens (Древни/Антички Вонземјани). Точка по точка и суштински е критика на гореспоменатата теорија којашто ја застапуваат авторите како Ерик вон Дајнекен, Захараја Ситчин како и многу други псевдно научници.

Филмот опфаќа теми како што се:
Древните локалитети како: Пума Пунку, Пирамидите (Египет), Баалбек, Инките, и Велигденскиот Остров. Античките артефакти: "ракетите" од Пакал, Наска линиите, "борбените авиони" од Толима, египетската "сијалица", НЛО во античката уметност, и кристалните черепи. Проблемите во античките текстови како: Језекијевиото тркало, античка нуклеарна војна, Виманите, Анунаките, и Нефилим.


Сите аргументи/тврдења и изворите може да ги најдете на http://ancientaliensdebunked.com

Убиството на 5-те Струмички студенти - документарец

Поимот Петте струмички студенти или Струмичката петорка се однесува на Мирко Пецев, Стево Топчев, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Ѓорги Јарамов, на возраст од 20 до 23 години, членови на ВМРО, кои на 13 август 1951 година биле погубени кај селото Дорломбос на планината Беласица, од страна на комунистичките власти во тогашната СРМ во Струмица. Студенти биле во Загреб, а биле убиени под образложение дека сакале илегално да пребегаат во Грција. Струмичани со децении го отфрлаат ова толкување и тврдат дека студентите биле киднапирани и убиени од локалните безбедносни сили затоа што биле политички неистомисленици и блиски до идеите на ВМРО.

Возот (Ќирчо) на пареа „Охрид експрес“

Снимен е 1965 година Во оргинал ова е: Ohrid Express (1965) 12 min | Documentary, Short | 1965 (France) Directors: Jean Dasque, Robert Legrand Writer: Jean Dasque http://www.imdb.com/title/tt0402410/?ref_=ttspec_spec_tt англиска верзија од 1972 година
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
5.717
KOD KADE SE ARTEFAKTITE 22.11.2015

КОД истражува кој ги украде и зошто артефактите од музејот? Зошто до денеска полицијата не трагаше по културното богатсво?

Археолошка авантура - Еригонски пат епизода 1


„Археолошка авантура – Еригонски пат“ е документарна серија во 5 епизоди за патот на Александар низ Македонија кој телевизија Алфа го сними во соработка со Управата за заштита на културно наследство. Еригон = Црна река, учествуваат; проф. д - р Виктор Лилчиќ.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
13.971
Поени од реакции
29.586
Некни го гледав. Добар е. Прикажан е животот на Климент и Наум (со малку поглем акцент на Климент). Значењето на школата, продолжување на делото на Светите браќа Кирил и Методиј, влијанието на соседните држави и нивната потреба да поентираат во тој временски период, јавното признание од тогашни видни интелектуалци за капацитетот на Климент кој на успешен начин се занимава со теологија, филозофија, уметност и останати науки. Интересно е што во документарниот филм збор земаат различни профили од историчари до теолози. 40 минутен приказ за животот на овие два значајни лика за Македонија и македонскот народ.

 
Последно уредено:

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
824
Почетокот на првиот век. Римската армија обидува да смири непокорните германски племиња меѓу реката Рејн и Елба. Римскиот сојузник Arminius тајно подготвува бунт против римската власт кој ќе доведе до еден од најзначајните порази на римската војска - битката каj Тевтобургската гора.

 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
5.717
History Of Swords and Blades Documentary - The Perfect Killing Weapon

A sword is a blade device utilized largely for cutting or propelling. The accurate interpretation of the term differs with the historical date or the geographical area under consideration. A sword in the most narrow feeling contains a straight blade by adding two sides and a hilt. However, in nearly every situation, the term may additionally be used to refer to tools with a single side (backsword).

Words sword originates from the Old English sweord, cognate to swert, Old Norse sverð, from a Proto-Indo-European origin * swer- "to wound, to reduce". Non-European weapons called "sword" consist of single-edged tools such as the Middle Eastern saif, the Chinese dao as well as the relevant Japanese katana. The Chinese jian is an instance of a non-European double-edged sword, like the European models stemmed from the double-edged Iron Age sword.

Historically, the sword developed in the Bronze Age, developing from the dagger; the earliest samplings date to ca. 1600 BC. The Iron Age sword stayed rather short as well as without a crossguard. The spatha as it established in the Late Roman army how to became the predecessor of the European sword of the Center Ages, initially taken on as the Movement duration sword, as well as just in the High Center Ages turned into the classic arming sword by adding crossguard.

The use of a sword is called swordsmanship or (in an early modern or contemporary context) as fencing. In the Early Modern period, the sword became the rapier and ultimately the smallsword, making it through into the 18th century just in the duty of duelling tool. By the 19th century, swords were minimized to the status of either ceremonial weapon or sporting activity tools in modern fencing.

The Secrets of the Aegean Apocalypse


Around 1,200 BC, an ancient Armageddon destroyed nearly every known civilization. What could have caused it?

The theories are many, but most now include one mysterious and massively destructive factor - a force only the Egyptians survived to name: The Sea People.

Who were these warriors and how could they take down the world's greatest powers in a span of just 50 years?

Scale the dizzying heights of Crete's mountain fortress with archaeologist Krzysztof Nowicki as he searches for clues.
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
5.717
The Hittites
Ова е сторијата за Хетитите - најмоќните луѓе во древниот среден/блиски исток. Наратирана од страна на оскаровецот Џереми Ајронс овој документарец ја оживува оваа фасцинантна сторија за моќното царство заедно со интерјува на експерти, неверојатна кинематографија и визуелни ефекти вклучувајќи неверојатна рекреација/реконструкција на битката кај Кадеш (1296 г.п.н.е.) помеѓу Хетитите и фараонот Рамзес II.

Ice Age Hunters
Сведоштво за трајното наследство на генерацииските археолошки истражувања, Ice Age Hunters (Ловци од леденото доба) утврдува длабоки врски помеѓу монументалните откритија од недалечното минато и истражувачките напори кои траат ден денес.

CARTHAGE: The Roman Holocaust
Картагина е центарот на древната Картагинска империја.
Градот постоел речиси 3000 години развивајќи се од Феникијска колонија во првиот милиениум п.н.е. прераснувајќи во главен град на Картагинската империја

Science at War: Laboratory of War: Chemical Warfare
Вознемирувачна но привлечна документарка за историјата на хемиското оружје, од првата негова евидентирана употреба во Првата Светска Војна до неговата употреба од страна на диктатори и терористи во 20век. Ги открива врските помеѓу науката и војската, врски кои го сменија и ќе продолжат да го менуваат начинот на војна и вооружувањето векови во минатото и во иднината.

Ancient Warriors: The Janissaries: An Army of Slaves
Во 15ти век Јаничарите биле прочуени во Отоманската империја поради нивните воени способности и вештини и лојалноста кон Султанот. Тие биле почитувани од страна на муслиманите, ужасени од страна на христијаните а надминати од никој. Армија робови, лична сопственот на Султанот предодредени да шират терор каде и да одат.
 
Последно уредено:
На врв Bottom