Деца на самохрани родители

  • Креатор на темата joli1
  • Време на започнување

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Не може да генерализирате врз база на неколку познаници. А тие што се од семејства со два родители, демек ок се? Не баш нели? Пошто никој не е ок. :) Имате сретнато особа без никави потиснати чувства, фрустрации, безвезни особини и слично? Епа да, не постои таква.

Во врска со тоа какви партнери ќе бараат, без разлика од каков тип на семејство поттекнуваат, ќе бараат партнер/ка што ќе ги третира слично како што биле третирани од родителите. Без разлика од колку родители и какво третирање било тоа.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.109
Поени од реакции
10.410
У право си у секој случај дека мнозинството деца бираат животни партнери според нивните родители, но доколку нивните родители се причина за душевна болка, тогаш нема логика нив да ги тражат во своите евентуални животни партнери.
Тогаш бараат целосна спротивност од тоа што го имале дома.
 
J

joli1

Гостин

Не е генерализирање врз база на неколку познаници, туку се работа за СТАТИСТИКИ, и тоа страшни, директ аус држави кои што водат статистика за овие работи.

Точно, може дете да има два родители и пак да испадне никаков, но сепак статистиката е на страната на тие што имаат и растат со два родители. Дури и у цитатот во кој што се ставени статистиките има и за деца со два родители.

Сега велиш ние генерализираме, а од друга страна генерализираш за последниот болд. Пак ќе кажам, се е до индивидуата, но ептен сулудо е некој да тражи у животен партнер тоа што го има повредено и од тоа што има бегано.

Тогаш бараат целосна спротивност од тоа што го имале дома.
Точно. Тоа и ми беше моабетот.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
694
Поени од реакции
716
Нажалост, од година на година можно е да се зголемува бројот на деца со еден родител. Додека слушав една репортажа на телевизија, кажуваа дека бројот на вклучени бракови се намалил, а на разводи се зголемил. Најогромната грешка што си ја прават луѓето е тоа што се земаат некако пребрзо, без да размислат многу. Најголем непријател на денешницава е депресијата, која се добива заради разни проблеми. Секогаш децата кои се растени со еден родител, кога ќе се оженат/омажат, секогаш од другата страна нешто ќе бидат напаѓани заради некои си комплекси кои не може да му се излечат. Детето со еден родител, ќе гледа секогаш на своите децата да им е се погодено, т.е. да бидат најадени, облечени, среќни, да им купи по нешто од време на време, ќе работи за да има. Ова го кажувам од лично искуство, јас имам мајка - жена борец, која израстила со еден родител, разделени родител, еднаш кај еден родител, после кај другиот. Тешко детство, но тоа е. Сепак добра е!
Сообраќајките си го прават своето, а со тоа загинуваат многу лица кои имаат деца, а децата остануваат со еден родител. Жената од која беше извадено срце и тоа срце беше трансплантирано на друго лице, таа за жал не е повеќе меѓу луѓето и таа на овој свет го остави своето мало женско бебе и тоа остана само со таткото. ШТО ДЕКА Е ТАА ЖЕНА Е ХЕРОЈ, КОГА НЕЈЗИНОТО БЕБЕ ЌЕ РАСТЕ СО ОГРОМНА ТАГА ВО ДУША, СО НАСОЛЗЕНИ ОЧИ КОГА ЌЕ ГО СПОМНАТ ТОА ИМЕ - МАЈКА. Психички ќе биде доста болно и тоа дете тешко ќе и падне секоја радост, заради што ќе и фали нејзината мајка.
Бидете среќни што понекогаш имате и еден родител, што господ и него ви го подарил, но секогаш сепак ќе ви фали еден дел од срцето.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.109
Поени од реакции
10.410
Јас па некако највеќе ги кривам долгогодишните врски како причина за разводи и сè поголем број на самохрани родители. Огромен е бројот на луѓе со сериозни проблеми во врската, кои во име на долгогодишниот стаж ги тапкаат проблемите на страна и глумат некаква си ноншалантност. Дали е навика во прашање или страв од осаменост не знам. Стапуваат во брак, прават деца и тек тогаш тоа што се тупкало на страна испливува на површина.
 
J

joli1

Гостин
Нажалост, од година на година можно е да се зголемува бројот на деца со еден родител. Додека слушав една репортажа на телевизија, кажуваа дека бројот на вклучени бракови се намалил, а на разводи се зголемил. Најогромната грешка што си ја прават луѓето е тоа што се земаат некако пребрзо, без да размислат многу.
Мхм, нажалост во Македонија, но и секаде низ светот имаме тренд на разведени бракови.

На што се должи тоа не знам, но сметам дека губитокот на одредени вредности во општеството само го потикнува разводот.

Денешните парови се разведуваат одма при први посериозни проблеми, ја нема таа трпеливост, истрајност и меѓусебно разбирање кое (можеби) некогаш го имало во поголеми размери.

Нормално, со внесување на социјалните мрежи во секојдневниот живот се зголемува и можноста за швалерај, нереални стандарди помеѓу партнерите и слично кои само можат да го закомплицираат брачниот живот и евентуално истиот да го уништат.

Јас па некако највеќе ги кривам долгогодишните врски како причина за разводи и сè поголем број на самохрани родители. Огромен е бројот на луѓе со сериозни проблеми во врската, кои во име на долгогодишниот стаж ги тапкаат проблемите на страна и глумат некаква си ноншалантност. Дали е навика во прашање или страв од осаменост не знам. Стапуваат во брак, прават деца и тек тогаш тоа што се тупкало на страна испливува на површина.
Имаш право.

Постојат многу такви долги врски каде што едниот партнер психички или физички или пак на двата начини го малтретира другиот партнер. Дури и лично знам одредени типки кои што се омажија одма после средно, а доаѓаа помодрени во школо со изговори дека се имаат удрено во квака.

Проблемот е у таа комфорт зона у врската, каде што веќе се научени еден на друг, запознаени се меѓусебно со родителите, нивните родители меѓусебно се запознаени, сите ги знаат дека се во врска, е баш тогаш е тешко да се излезе од таква врска, барем според тоа што го имам видено.

Се со цел да ги одбегнат прашањата од типот зашто раскинале, зашто вака, зашто така, најчесто остануваат во такви abusive врски, а на крај се земаат и завршуваат со развод и истрауматизирани деца.
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
Јас растев со мајка а подоцна некое време и со очув па пак останав со мајка ми. Животот ми беше и уште ми е катастрофа. Мајка ми постојано ме тепаше и навредуваше, потоа со очувот гледав кавги и тепање. И сега после толку години јас не можев да проценам човек со кој влегов во брак и станав повторно жртва на психичко насилство. Биолошкиот татко не го знам понекогаш се прашувам каков би ми бил животот ако тој беше присутен во него. Можеби подобар, а можеби полош.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Претпоставувам дека се бавиш со таа струка, би можел да пишувам многу на таа тема, но не сакам да одиме во оф-топик тука.

У право си у секој случај дека мнозинството деца бираат животни партнери според нивните родители, но доколку нивните родители се причина за душевна болка, тогаш нема логика нив да ги тражат во своите евентуални животни партнери.
Не ги бараат намерно, тоа е инстинкт.
Не се бавам со таа струка, ме интересирало само. Повеќе - толку за јавност. :)
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Најогромната грешка што си ја прават луѓето е тоа што се земаат некако пребрзо, без да размислат многу.
Брзината на влегувањето во врска или брак, не е никакво мерило за опстанок на врската или бракот.
Најогромна грешка што ја прават луѓето во врска или брак е немањето компромис. Толеранција нула. Луѓето се премногу себични и секогаш гледаат само од едната страна. Веќе започнатата заедница треба да се темели на заедништо, а не на единка. Тука е грешката. Заедништвото претставува еден вид сојуз каде што индивидуите треба да се грижат еден за друг, и кога цветаат рози и кога се појавуваат проблеми. Откажувањето е премногу лесно, тежината е во борбата да се опстои и да се зачува тоа што се градело.
Може да си во врска/брак 10 години, си мислел, си размислувал, и на крај не си смислил ништо. Така да времетраењето е сосема небитно, доколку проблемите не се решаат паралелно. Туку се ставаат под тепих.

Е тука најмногу страдаат децата. Кога се растргнати помеѓу двата родители. Доколку детето е растено од помали нозе со еден родител, родителот се труди да ја надополни таа празнина, отсуството на другиот. Велат дека е цело кога се има се. Но секогаш постојат исклучоци.
Подобро да се живее во семејство со еден родител отколку да живее во дискфункционално семејство, каде што често би биле на мета на токсичноста на таквото семејство, намалена самодоверба, страв, повлеченост, психичко и физичко малтретирање.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Денешните парови се разведуваат одма при први посериозни проблеми, ја нема таа трпеливост, истрајност и меѓусебно разбирање кое (можеби) некогаш го имало во поголеми размери.
Сета таа трпеливост, истрајност и разбирање порано им била оставана на жените. Баба ми е еден пример, цел живот исто рмбала ко дедо ми, кој ја терал цела грипосана да прави ручек кога од кревет не можела да стане, тој во животот едно јадење нема зготвено на скоро 85 години, а камоли пак нешто друго да помогне кога не била во состојба. Да зборуваме за меѓусебно разбирање и чија глава морала нонстоп да седи наведната. Кога ќе те натераат браќата да потпишеш дека никад нема да им бараш ништо од имотот, па ваљда ќе мораш да имаш разбирање и трпеливост кон маж ти, кој го заболе како се осеќаш ти денес, твоите женски работи ќе си ги завршиш.
Е тоа денес го нема веќе, бар се надевам. Ако баба ми уште мора да биде слугинка пошто се родила во прошли век, сега горе долу сите сме освестени дека таа трпеливост и разбирање не е еднонасочна улица. Денес има повеќе разводи само од причина што сега им се може.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.899
Поени од реакции
17.539

Тоа било лошо но и ова денес е лошо. Златната средина е некаде кај генерациите од 70 и 80, коа ќе направам еве споредба на трите генерации, бракот на бабите и дедовците бил баш таков, едниот дедо боем и не ме прашувај каде сум бил,, другиот дедо мирен човек по тоа прашање но со турски ставови, добар човек но тежок карактер, јадење праеше сам чисто оти така сакаше, баба ми не знаела. Но во глобала во споредба со денешните млади нивните бракови се сто пати подобри, колку и да звучи нефер, не сум застапник на оноа маж е за по надвор, маж е за да гледа жени, но денешните бракови се милион пати полоши од оние од после ВСВ. Е за тоа баш 70, 80 по мене се некаде најголем пример за како треба да изгледа бракот. На моите, на моите тетки, и на останатите бракот се состои од еднаквост и од взаемна почит, тоа е нешто што тие генерации не успеа да го внесат кај нас помладите, зошто е тоа така тоа е друга тема.

А општо за генерациски да не ни зборуваме, тоа што го можел дедо ми да го направи јас не можам ни да го сонам, по мене секоја нова генерација го губи она машкото во себе(на друго целам не на геј) а и кај жените е исто така. Не велам дека сме скроз отидено но за степен два се намалува она што го имале нашите предци.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.518
Страшни работи се имаат дешавано во браковите на постарите генерации порано.Производот на сето тоа се искомплексирани деца кои кога ќе пораснат стануваат тешки инаетчии.Немоќта набиена во детството се компензира со константна инаетливост во подоцнежните години.
Затоа ние имаме премногу искомплексирана нација полна со страв и параноја.

Од друга страна,модерните бракови произведуваат нарцисоидни дечишта задоволени со премногу материјални задоволства и допуштање.
Никако една златна средина.

А инаку околу децата со самохрани родители,да не се сфатиме буквалистички и погрешно,во претходниот пост само наведов за можната екстрема која постои како опасност од детство без татко.Самата историја на психијатрија го кажува тоа.Во секој случај,далеку од тоа дека секое такво дете ќе биде тежок случај.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.422
Поени од реакции
9.107
Ве читам на темава и можам да дојдам до заклучок дека повеќе е отстапување од правилото отколку негово потврдување да секој кој потекнува од нефункционален брак или пак растел со самохран родител бил еден вид хендикепиран.

Донекаде можеби да, но во принцип во многу зависи од останатиот родител кој си земал за обврска да го израсне детето. Тука паѓаат во вода сите статистики и доаѓа во вид индивидуалноста на родителот кој го усмерува детето во животот.

Лично познавам, а и од темава се гледа, неколку примери кои израснале во прекрасни личности и индивидуи и имаат одлични односи со своите партнери иако потекнуваат од семејство со еден родител. Едноставно биле научени на соживот, трпение, повеќе биле измачени и знаат дека не може се' да добијат на тацна - сега и веднаш.

Од друга страна, голем дел од деца кои се воспитани со маскимата „тате носи, мама меси“ т.е. дека секогаш ќе има некој за нив кој ќе им биде на располагање 24/7 и во кого ќе најдат закрила имаат подоцна во животот проблеми кога самите ќе се соочат со ситуации (особено во брак) кога треба самостојно да одлучуваат и да донесат возрасни и издржани одлуки за себе и семејството. Тука паѓаат многу, па така и голем дел од браковите во денешно време доаѓаат под знак прашање.

Напротив, мислам дека децата од ваквите семејства порано пораснале, порано се соочиле со суровоста во животот и иако можеби на еден начин се оштетени (во одредена мера) заради недостатокот на родител - сепак израснуваат во поизградени и посериозни личности соодвествено на годините кои ги имаат.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.405
Поени од реакции
9.277

Точно.
Дете од 16 год што живее тешко без еден или двата родители, пошто има случаеви и со баби пораснале е светлоносни години понапред со размислувањата од врсниците што си живеат во нормални семејства. А и не можеш да знаеш колку е едно семејство нормално само затоа што е семејство.

Такво дете, знае дека парите треба да се ценат, зошто тешко се излегува на крај со една плата или со некаква помош, така да во иднина тешко дека ќе посегне по луксузи како казина, дроги или други пороци, за разлика од оној што парата ја стекнал лесно без пот и не му значи ништо. Знае дека со 100 денари што би ги лупнал на машина за една минута, се хранеле 3 дена дома кога бил дете.

Знае што значи мака и немаштија, пошто колку и да се имаат пари, реално тешко е еден родител да гледа деца, има тука и штедење и скратување на некои работи. И вакво дете може да биде и важен фактор на некое место, зошто за разлика од оние кои имале и сакаат уште и уште, зошто сит на гладен не верува, со ваков човек поголеми се шансите за помошта да заврши онаму каде што е потребна, него во џеб.

За партнер, многу филмови гледате. Кажав, изборот ќе биде поопрезен и поистанчен, сигурно поучен од сопствената ситуација нема да си дозволи да биде со насилник или лик без иднина, без разлика дали фалела татковска или мајчина фигура, постои поука тука.

За брак, самостоен живот не е ништо ново, не треба време за адаптација каде нормалните деца не знаат што ги снашло кога ќе остават чинија со недојадено месо и по три дена мравки на неа, а мама не ја собрала, тука нема проблем, баш и обратно, подобро е многу да имаш ваков партнер, отколку некој што очекува да му бидеш мајка. Тој човек сам си ги перел чорапите пример...

За деца, тие деца сигурно нема да израснат разгалени и безобразни, големи се шансите да бидат приземни луѓе, како што би ги воспитал родител кој не поминал добро во детството.

Значи секако дека не се работи за сите, секаде има исклучоци, ама верувам дека голем процент ова се случува и треба да се очекува и многу е грдо, нечовечно и глупо да се деградираат овие луѓе и да се гледаат како чудаци кои не знаат што е нормално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom