Деца на самохрани родители

  • Креатор на темата joli1
  • Време на започнување
J

joli1

Гостин
Како дете на самохран родител, а воедно и член на форумов сметам дека е правилно да се покрене ваква тема.

Верувам дека тука има повеќе форумаши кои што се од домови од еден родител, но и такви без ниту еден родител.

Нажалост нашата држава не води статистика за децата на самохрани родители, колку е детриментален губитокот на татковска/мајкина фигура у животот на детето, како и тоа колку предиспозиции носи детето со тоа што има растено со само еден родител.

Ќе поставам некои статистики, нажалост немаме вакви статистики во Македонија па ќе се послужам од други држави.

63% of youth suicides are from fatherless homes (U.S. Dept. Of Health/Census) – 5 times the average.
90% of all homeless and runaway children are from fatherless homes – 32 times the average.
85% of all children who show behavior disorders come from fatherless homes – 20 times the average. (Center for Disease Control)
80% of rapists with anger problems come from fatherless homes –14 times the average. (Justice & Behavior, Vol. 14, p. 403-26)
71% of all high school dropouts come from fatherless homes – 9 times the average. (National Principals Association Report)
Father Factor in Education – Fatherless children are twice as likely to drop out of school.
Children with Fathers who are involved are 40% less likely to repeat a grade in school.
Children with Fathers who are involved are 70% less likely to drop out of school.
Children with Fathers who are involved are more likely to get A’s in school.
Children with Fathers who are involved are more likely to enjoy school and engage in extracurricular activities.
75% of all adolescent patients in chemical abuse centers come from fatherless homes – 10 times the average.

Researchers at Columbia University found that children living in a two-parent household with a poor relationship with their father are 68% more likely to smoke, drink, or use drugs compared to all teens in two-parent households. Teens in single mother households are at a 30% higher risk than those in two-parent households.
70% of youths in state-operated institutions come from fatherless homes – 9 times the average. (U.S. Dept. of Justice, Sept. 1988)
85% of all youths in prison come from fatherless homes – 20 times the average. (Fulton Co. Georgia, Texas Dept. of Correction)

A study of 109 juvenile offenders indicated that family structure significantly predicts delinquency. Adolescents, particularly boys, in single-parent families were at higher risk of status, property and person delinquencies. Moreover, students attending schools with a high proportion of children of single parents are also at risk. A study of 13,986 women in prison showed that more than half grew up without their father. 42% grew up in a single-mother household and 16% lived with neither parent.

43% of U.S. children live without their father [U.S. Department of Census]
90% of homeless and runaway children are from fatherless homes. [U.S. D.H.H.S., Bureau of the Census]
80% of rapists motivated with displaced anger come from fatherless homes. [Criminal Justice & Behavior, Vol. 14, pp. 403-26, 1978]
71% of pregnant teenagers lack a father. [U.S. Department of Health and Human Services press release, Friday, March 26, 1999]
63% of youth suicides are from fatherless homes. [U.S. D.H.H.S., Bureau of the Census]
85% of children who exhibit behavioral disorders come from fatherless homes. [Center for Disease Control]
90% of adolescent repeat arsonists live with only their mother. [Wray Herbert, “Dousing the Kindlers,” Psychology Today, January, 1985, p. 28]
71% of high school dropouts come from fatherless homes. [National Principals Association Report on the State of High Schools]
75% of adolescent patients in chemical abuse centers come from fatherless homes. [Rainbows for all God’s Children]
70% of juveniles in state operated institutions have no father. [U.S. Department of Justice, Special Report, Sept. 1988]
85% of youths in prisons grew up in a fatherless home. [Fulton County Georgia jail populations, Texas Department of Corrections, 1992]
Fatherless boys and girls are: twice as likely to drop out of high school; twice as likely to end up in jail; four times more likely to need help for emotional or behavioral problems. [U.S. D.H.H.S. news release, March 26, 1999]
Пред да почнеме со дискусија, plz без тие моабети ,,ама ја го знам овој-оној растеше без татко и 4 прсти на раката па ене го сега вози беемве хехеех", статистиката е иста процентуално, ако не и полоша тука. Се разбира дека многу работи зависат од индивидуата, но постојат и фактори кои што влијаат на индивидуата у негативен контекст.

Сакам да чујам ваши искуства со ова, дали за познаници, другари, дали за себе, какво влијание сметате дека има татковата/мајкината фигура и недостигот на истата врз животот на детето/адолесцентот? Сметате ли дека разводот е подобар за детето отколку живеење во нефункционално семејство?
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
748
Поени од реакции
1.609
Познавам лично повеќе луѓе што растеле со еден родител,ниту еден од нив не израсна во нормална личност.Особено оние кои растеле без татко.
Опасноста од детство без татко е преголема.Таквите луѓе многу често стануваат криминални социопати,без никаква цел во животот,живеејќи живот од ден за ден.
Дури и да не станат такви,ќе бидат невоспитани,безобразни,подли...
Причината е недостатокот на машки авторитет во куќата.
Многу лошо е и тоа што ваквите фамилии мајка-дете се многу често газени од околината,што ја прави траумата кај детето уште поголема.
Голем дел од сериските убијци се растени во детството без присуство на татко.
Една од најглавните причини за анти-социјално растројство и психопатија се исто детство без татко.
Еден куп други психолошки болести,гнев,недостаток на идентитет...
Има и исклучоци,ама сепак шансите се сепак помали детето да прерасне во здрава,нормална личност.

За детство без мајка скоро и да не сум упатен,би било добро ако има некој кој има познавања од психологија да пише нешто околу овоа.


Многу лоша работа е човек да расте во земја како нашава со еден родител,особено ако е мајка.
Околината,системот,гнасотилукот на народот буквално можат да изедат со се партали таква фамилија.

Мислам за типични просечни фамилии од се напишаново погоре,за богаташите малку поинаку е.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.340
Поени од реакции
57.878
Јас мислам дека одреден лик има поголеми шанси да стане пропалица ако расте само со татко отколку само со мајка. Неам примери ама некако мислам дека мајките повеќе се замараат детето да искочи на прав пат.
 
J

joli1

Гостин
Познавам лично повеќе луѓе што растеле со еден родител,ниту еден од нив не израсна во нормална личност.Особено оние кои растеле без татко.
Опасноста од детство без татко е преголема.Таквите луѓе многу често стануваат криминални социопати,без никаква цел во животот,живеејќи живот од ден за ден.
Дури и да не станат такви,ќе бидат невоспитани,безобразни,подли...
Причината е недостатокот на машки авторитет во куќата.
Многу лошо е и тоа што ваквите фамилии мајка-дете се многу често газени од околината,што ја прави траумата кај детето уште поголема.
Голем дел од сериските убијци се растени во детството без присуство на татко.
Една од најглавните причини за анти-социјално растројство и психопатија се исто детство без татко.
Еден куп други психолошки болести,гнев,недостаток на идентитет...
Има и исклучоци,ама сепак шансите се сепак помали детето да прерасне во здрава,нормална личност.

За детство без мајка скоро и да не сум упатен,би било добро ако има некој кој има познавања од психологија да пише нешто околу овоа.


Многу лоша работа е човек да расте во земја како нашава со еден родител,особено ако е мајка.
Околината,системот,гнасотилукот на народот буквално можат да изедат со се партали таква фамилија.

Мислам за типични просечни фамилии од се напишаново погоре,за богаташите малку поинаку е.
Искрено очекував и од тебе пост тука, те имам читано по други теми и поприлично сум сигурен дека се имаш дружено со малку поспецифични типови на луѓе, нешто како и јас.

Ќе се сложам со тебе, мнозинството мои другари, како и тие со кои што некогаш сум висел се истотака деца без (најчесто) татко. Се работи за типци кои што се екстремно порочни, а недостигот на финансии поради живеење со еден родител го надокнадуваат најчесто преку илегала. Добар дел од нив чуствуваат и одговорност да го носат лебот дома, т.е да учествуваат и да допринесуваат во семејните финансии.

Јас како машко дете сметам дека мајка не може да биде вистински авторитет на син, како и тоа дека недостиг на машка фигура кај машко е подетриментална отколку кај женско (и кај нив е детриментална btw).

Нажалост недостиг на машка фигура во животот резултира во тоа да машкото дете ја тражи таа фигура кај други машки роднини, а доколку и таму не може, тогаш го тражи на улица, од кај и почнуваат проблемите.

Јас мислам дека одреден лик има поголеми шанси да стане пропалица ако расте само со татко отколку само со мајка. Неам примери ама некако мислам дека мајките повеќе се замараат детето да искочи на прав пат.
Зависи и до тоа каква е мајката. Проблемот настанува кога детето, поготово машкото дете станува адолесцент, тогаш мајката е многу тешко да е авторитет на синот и да го одведе на правилен пат. Ќе се сложам дека самохраните мајки се трудат многу да ги изведат своите деца на прав пат.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.300
Моето лично искуство со луѓе кои лично ги познавам кои растеле со еден родител е прилично позитивно! Дури и еден случај на дете без родители(чувано од баба)!
Прекрасни особи! Всушност многу подобри личности од многу "деца" од "нормални" семејства!
Не знам што друго очекувате да се пише на темава... ама бар оние што јас ги знам беа воспитани, мирни и се бореа со крената глава!
Додуша јас и мојава генерација сме веќе возрасни, па бевме растени во "малку" поинаков свет.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Јас не би се сложила на толкава генерализација, сепак зависи од личноста на мајката, од причината зошто детето е без татко, и секако од љубовта што ја добива од другите роднини. Ова исто важи и обратно, за дете со татко.
 
J

joli1

Гостин
Јас не би се сложила на толкава генерализација, сепак зависи од личноста на мајката, од причината зошто детето е без татко, и секако од љубовта што ја добива од другите роднини. Ова исто важи и обратно, за дете со татко.
Не би се сложил, Виолетова.

Не се работи за генерализација туку се работи за статистика, и тоа страшна статистика.

Јас само имав пишано мое лично искуство, како некој со самохран родител, и како некој кој што најчесто се дружел со лица кои живеат со самохран родител. Моето искуство кажува дека недостиг на родител, растурени бракови и слично се екстремно детриментални за психата на детето во развој.

Моето лично искуство со луѓе кои лично ги познавам кои растеле со еден родител е прилично позитивно! Дури и еден случај на дете без родители(чувано од баба)!
Прекрасни особи! Всушност многу подобри личности од многу "деца" од "нормални" семејства!
Не знам што друго очекувате да се пише на темава... ама бар оние што јас ги знам беа воспитани, мирни и се бореа со крената глава!
Додуша јас и мојава генерација сме веќе возрасни, па бевме растени во "малку" поинаков свет.
Мило ми е што е така. Јас лично не знам многу позитивни случаеви на луѓе кои што се растени со само еден родител, но не значи дека ги нема.

Целта на темава не се жалопојки у ниту еден случај, но верувај ми дека има разлика од растење без родители у Југославија и сега, па дури и пред 30 години и сега.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
781
Поени од реакции
1.013
Живеев во токсична средина исполнета со расправии за финансии префрлање на вина кој колку бил виновен, едната страна вака ми зборува, другата така. За да потоа го напушти татко ми, оставајќи ме мене и брат ми (нестабилен психички, помал брат). Завршив факултет ама сета љубов и почит кон родителиве ја изгубив.

Од мали нозе ме уништија во поглед на самодоверба, никогаш не ми помогнаа да се запишам во средно каде сакам па ниту на факултет. Се запишав на факултет каде тие ми го избраа.

Ептен токсична средина и додека беа во брак, па и надвор од него. Буквално ни емотивно, социјално па ниту финансиски ми помогнале некогаш како што треба. Се прашувам зошто создавале деца?



Имав проблем со самодоверба, бев повлечен ептен. Порано бев восмисла кога нема пари за на факултет кој што сакам да одам, ќе се убедувам самиот себе си дека можеби не ме бидува на тој факултет и да се запишам тоа што викаат.

Ми беше срам ко ќе кажеа на луѓе па ние немаме пари да го запишиме авто школа итн, а јас потсвесно се убедувам од нивнитемуабет дека можеби не се интересирам за коли итн па затоа не се запишувам, а не дека немале пари.


Така некои работи си ги рационализирав на мој начин се додека не ми пукна филмот и не си презедов се во свои раце. А тоа се случу моментот кога таа избега и ме остави мене и брат ми, посебно брат ми. Затоа што како родители не му пружаа соодветна нега (пред се медицинска него), а потоа мене. Вака ќе речите лесно е да обвинуваш друг, наместо да преземиш вина, ама никогаш сум немал избор. Го бирав само помалото зло, да речиме...

Некогаш си мислам дека со оглед на околностите кои сум пораснал, сум емпатичен и се што ми смета го кажувам во лице, па кој како го прифатил.




Сега сум океј човек во границите на просечен човек да речиме, завршив факултет, работам на црно, но вадам океј пари, имам амбиции за понатаму, но стварно тежок живот имав кога ќе погледнам позади себе и некои работи едноставно не можам да ги простам. Само не сакам себеси да се изгубам и станам некој ладнокрвен, себичен и пасивно агресивен човек.

Отсекогаш сум имал емпатија, директен, искрен и чесен. Посакувам да имам семејство какво што никогаш сум го немал, се надевам ќе успеам. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.993
Не би се сложил, зависи од карактерот и посветеноста на родителот.

Пораснав со татко ми, иако тоа не може да се окарактеризира како класично растење со родител. Мораше да работи на две работни места, па така некогаш минуваа и денови да не се видиме воопшто. Зборувам за моите училишни денови.

Асполутно ништо не ми фалеше во ниту еден момент. Ама јака му душа, само он знаеше како се избори и децата да ги изведе на прав пат, да држи исчекор со теренската работа, да стави храна на масата и да најде време за себе.

Не знам за статистикиве поврзани за пороците. Воошто ниту пијам, ниту пушам. Никогаш. Ама тоа на некоја друга тема за некои други времиња.

Дури и не нѐ остави и без образование. Не беше ни опционо. Па дури и претходно моето образование беше проследено со курсеви по странски јазици. Ни тоа не беше опционо. :D

Добар животен ментор, фантастичен. Решително си ја зема сета одговорност на свој терет, се избори со сите предизвици и успеа во своите намери.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.268
Поени од реакции
10.962
Јас како машко дете сметам дека мајка не може да биде вистински авторитет на син, како и тоа дека недостиг на машка фигура кај машко е подетриментална отколку кај женско (и кај нив е детриментална btw).
Мајката може да биде вистински авторитет, ако уште во сам старт се постави авторитативно кон детето. Генерално мајките се тие кои се поемотивно врзани со своите деца и сакаат да ги разгалуваат, иако постојат исклучоци од тоа правило, па добиваме впечаток дека за сметка на емоциите и сентименталноста нема простор за да се изгради авторитет на родителска фигура. Посебно пак во 21 ви век е познат пријателскиот однос меѓу родителот и детето. Да, се поголем е бројот на родители кои мислат дека доброто родителствување бара од родителот да биде другар/пријател со своето дете. Не, суштинската разлика помеѓу односот на двајца пријатели и односот на родителот со детето е во тоа што пријателскиот однос подразбира едднаквост, додека родителскиот однос подразбира авторитет над детето. Со цел да се создаде квалитетна родителска врска помеѓу родителот и детето, важно е да се негува емоционално топол пристап кон детето со одреден степен на контрола. Важно е да се постават граници и важно е да се кажува НЕ. Тоа е авторитет.
Автоматски споено мислење:

Асполутно ништо не ми фалеше во ниту еден момент. Ама јака му душа, само он знаеше како се избори и децата да ги изведе на прав пат, да држи исчекор со теренската работа, да стави храна
Одгледувањето деца е вистински предизвик во нормални услови (со двајца родители), а камоли пак кога е во прашање самохран родител. Тогаш предизвикот е пута 4! Родителот треба да постигне баланс од финансиски аспект, образование, морал, личен живот, околина... итн.

Сакајте си ги родителите кои и покрај сите пречки останале до вас и до последно се бореле за да ве изнесат на вистински пат!
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.993
Одгледувањето деца е вистински предизвик во нормални услови (со двајца родители), а камоли пак кога е во прашање самохран родител. Тогаш предизвикот е пута 4! Родителот треба да постигне баланс од финансиски аспект, образование, морал, личен живот, околина... итн.

Сакајте си ги родителите кои и покрај сите пречки останале до вас и до последно се бореле за да ве изнесат на вистински пат!
Да, му се поклопија коцките и на него, што ми е доста мило.

Немаат импакт само родителите, туку и останатиот дел од семејство, општеството, околината, другарите, па и наставниците до одредена мера. Имав и фантастичен ментор во средно кој остануваше и работеше само со мене. Од самиот старт виде дека имам интерес за книгата, па ми даваше проекти (од сегашен аспект тоа е бесплатна работна сила затоа што куцав драми), ми даваше препораки за читање и како критички да размислувам. Ми ги читаше и есеите по другите предмети. :unsure:

Во другите аспекти, поврзани со семејството, нема да бидам личен. Имаа импакт и други членови, секако, ама главните црти ги пренесо. Па ни за односот со мајка ми нема да зборувам.

Клучното е дека сѐ зависи од волјата, желбата, карактерот и посветеноста на родителот. Може да има и двајца родители, па сепак да има крајно дисфункционално семејство. А може да има и еден и семејството да биде функционално. Секако, со еден, е значително многу многу потешко. :)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.268
Поени од реакции
10.962
Клучното е дека сѐ зависи од волјата, желбата, карактерот и посветеноста на родителот. Може да има и двајца родители, па сепак да има крајно дисфункционално семејство. А може да има и еден и семејството да биде функционално
Апсолутно. Има деца чии што родители вртат огромни бизниси, деца од докторски фамилии, политичари итн итн, со сè задоволени, на најскапи универзитети...ама ете клучното домашно воспитување немале прилика да го научат. И таквите многу често знаат да завршат во наркоманските води. Значи не е до бројот на родители туку до начинот на кој што родителот го обликува детето.
 
J

joli1

Гостин
Мајката може да биде вистински авторитет, ако уште во сам старт се постави авторитативно кон детето.
Се сложуваме тука, но има и еден проблем. Што доколку поголемиот дел од животот, или еве евентуално детството таткото бил (пошто најчесто и е) авторитетот на децата, при негово исчезнување од животот на децата сметам дека е ептен тешко да се транзитира таа авторитетна позиција на мајката, нели? Ме интересира твое мислење за ова.

Посебно пак во 21 ви век е познат пријателскиот однос меѓу родителот и детето. Да, се поголем е бројот на родители кои мислат дека доброто родителствување бара од родителот да биде другар/пријател со своето дете. Не, суштинската разлика помеѓу односот на двајца пријатели и односот на родителот со детето е во тоа што пријателскиот однос подразбира едднаквост, додека родителскиот однос подразбира авторитет над детето. Со цел да се создаде квалитетна родителска врска помеѓу родителот и детето, важно е да се негува емоционално топол пристап кон детето со одреден степен на контрола. Важно е да се постават граници и важно е да се кажува НЕ. Тоа е авторитет.
Јас сметам дека другарскиот однос родител-дете, поготово кога се работи за самохрани родители е клучен. Со обзир на тоа дека децата од самохрани родители созреваат побрзо, како и тоа дека многу брзо може да ги повлече улицата и проблемите поради тоа што и тој еден родител што го имаат е најчесто отсутен поголем дел од денот како би обезбедил храна и потреби на децата, сметам дека е битно детето да има потполна доверба во родителот и да се чуствува слободен за било каков моабет, поготово кога се работи мајка-син, татко-ќерка.

Сакајте си ги родителите кои и покрај сите пречки останале до вас и до последно се бореле за да ве изнесат на вистински пат!
(y)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Моето искуство кажува дека недостиг на родител, растурени бракови и слично се екстремно детриментални за психата на детето во развој.
Да, исто како и искарани родители, кои се тепаат и се навредуваат пред децата, на пример. Џабе се во таков случај двајца родители, кога и двајцата се токсични за децата.
Статистика е чудна наука: богатите јадат месо, сиромашните јадат зелка, статистиката вели дека сите јадат сарми ...
 
J

joli1

Гостин
Да, исто како и искарани родители, кои се тепаат и се навредуваат пред децата, на пример. Џабе се во таков случај двајца родители, кога и двајцата се токсични за децата.
Статистика е чудна наука: богатите јадат месо, сиромашните јадат зелка, статистиката вели дека сите јадат сарми ...
Точно, затоа и е битно пажљиво да се бира животен партнер и иден родител на твоите деца.

Мое мислење е дека децата од самохрани родители имаат најдобри шанси да станат одлични родители поради тоа што имале недостиг од истото целиот свој живот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom