Деца и хорор филмови

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Сакаат ли вашите деца хорор филмови? Им пуштате ли, и од која возраст? Секако дека има хорор и "хорор" филмови прифатливи за деца во зависност од возраста, гуглав и најдов некоја листа на филмови кои децата би можеле да ги гледаат веќе од 6 - 7 годишна возраст?



Дали е тоа прерано и дали остава траги на нивната психа, негативни? Јас памтам дека од 7 години веќе сакав хорори и што начекав на ТВ, гледав. Не се сеќавам дека нешто моите се потресувале и ми забранувале, ма да тоа време се што даваа на тв беше во некоја форма благ и од денешна перспектива, смешен хорор. Памтам дека и Хелрејзер сум ги гледал и обожавал, тоа се веќе посериозни хорори кои мислам дека едно дете не би требало да гледа.

Ќерка ми на неполни седум години, чинам дека е воодушевена од хорор жанрот последно време. Последните неколку зимања, бидејќи не живееме заедно, бара од мене да гледаме хорор филм. Поточно, бара да ги гледаме заедно филмовите со Чаки куклата, и претходно еден, не ми текнува на името. Првиот пат кога ми спомна, ми го раскажа цел филм, кажуваше реплики од филмот од типот " Hello, my name is Chucky, do you want to play with me", и слично, и сфатив дека го гледала. Изгледавме два дела, и цела беше воодушевена и внимателно гледаше, но не ми се допаѓаше изборот на филмот, на моменти има сцени кои не се за нејзина возраст.

Инаку, свесна е дека е фикција, дека е филм, дека тоа не е нешто вистинско, нема кошмари и слични работи, ама од друга страна мислам дека е уште мала, а веројатно многу и се свиѓа Чаки, па дури и кукла Чаки ми бараше да и купам.

Што мислите вие, треба ли воопшто децата да гледаат кид френдли хорори, која е минималната возраст за тоа, дозволувате ли доколку ви побараат итн.?
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.501
Поени од реакции
80.598
Немам деца, ама стариот мој секогаш кога имаше Хорор ми дозволуваше да гледам, дури и тој ги гледаше со мене иако сакаше повеќе Вестерни. Кога ќе дојдеа страшните сцени покривав очи, и така ги гледав :icon_mrgr: .
За делување на психа, да делуваат си знам од лично искуство, ама поминуваат со тек на време како растеш. Така се челичиш :vrtioci:

Јас неможам да ги сфатам денешниве родители кои стриктно им го одредуваат животот на децата, вклучително и тоа што ќе гледаат на телевизија. "Не му пуштај Хорор на малиот, се плаши не се тие филмови за деца". ОК знам дека не се за деца, ама не се за деца и турскине серии па му ги пушташ да ги гледа. Пушти го детето нека ѕирне, ако е прдлија нема да му текне другпат да гледа, ако му се свиѓа остај го...сепак на крајот од денот филм е, можеш да му објасниш дека не е вистина што го гледа.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.523
Поени од реакции
9.412
Која е поентата да се гледаат хорор филмови !?
Никако да не се дозволува на малолетни деца да гледаат филмови со језиви сцени, крвопролевање, убивање идр...после по бајачки ке трчаат да бараат помош од уплав.
Ми текна, кога го гледав прв пат филмот ајкула..хаххахххаа....и во Охридско езеро, страв ми беше да пливам во подлабокото....а за Петок 13, да не кажувам....:sramezliv::vozbud:
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.095
Поени од реакции
3.464
Како мал гледав се што даваа на нашиве канали, хорори, сф, еротика не прибирав многу.

Некогаш знаеле да ме плашат некогаш не. Тие што се мешани со комедија ми биле интересни.

Мајка ми беше особено досадна кога ќе запнеше како сум можел да ги гледам тие глупости. Всушност кога ќе размислам подобро за неа и карате кид би бил глупост бидејќи има тепање/насилство у него.:cautious:
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Првиот хорор филм некаде на 12г го гледав беше тоа Анаконда и знам дека 3 дена едвај после тоа спиев. Јас не сум љубител на хорор филмови иако имам изгледано неколку но никогаш сама :D само со друштво. Дете немам за да кажам како би постапувала но не верувам дека до 15г би му дала хорори да гледа:unsure:

Од гледна точка како тетка внука ми е мала ама дури и детски видеа со зомбиња гледам да и сменам бидејќи ја чуствувам кога се вознемирува и знам дека може со недели тоа што ќе го види да го сонува и да добие одбивност спрема други работи, така да компликејтед е малце ама чекам да видам родителиве што ќе пишат.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Сум обожавал од секогаш да гледам хорор филмови на почеток сум бил секогаш радознал но подоцна кога ќе падне ноќта сум чувствувал голем страв да признаам :)
Првиот филм од кој не можев да заспијам беше The Omen https://en.wikipedia.org/wiki/The_Omen
кутриот морав со мајка ми или татко ми да заспијам :)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.702
Поени од реакции
24.167
Сакаат ли вашите деца хорор филмови? Им пуштате ли, и од која возраст? Секако дека има хорор и "хорор" филмови прифатливи за деца во зависност од возраста, гуглав и најдов некоја листа на филмови кои децата би можеле да ги гледаат веќе од 6 - 7 годишна возраст?



Дали е тоа прерано и дали остава траги на нивната психа, негативни? Јас памтам дека од 7 години веќе сакав хорори и што начекав на ТВ, гледав. Не се сеќавам дека нешто моите се потресувале и ми забранувале, ма да тоа време се што даваа на тв беше во некоја форма благ и од денешна перспектива, смешен хорор. Памтам дека и Хелрејзер сум ги гледал и обожавал, тоа се веќе посериозни хорори кои мислам дека едно дете не би требало да гледа.

Ќерка ми на неполни седум години, чинам дека е воодушевена од хорор жанрот последно време. Последните неколку зимања, бидејќи не живееме заедно, бара од мене да гледаме хорор филм. Поточно, бара да ги гледаме заедно филмовите со Чаки куклата, и претходно еден, не ми текнува на името. Првиот пат кога ми спомна, ми го раскажа цел филм, кажуваше реплики од филмот од типот " Hello, my name is Chucky, do you want to play with me", и слично, и сфатив дека го гледала. Изгледавме два дела, и цела беше воодушевена и внимателно гледаше, но не ми се допаѓаше изборот на филмот, на моменти има сцени кои не се за нејзина возраст.

Инаку, свесна е дека е фикција, дека е филм, дека тоа не е нешто вистинско, нема кошмари и слични работи, ама од друга страна мислам дека е уште мала, а веројатно многу и се свиѓа Чаки, па дури и кукла Чаки ми бараше да и купам.

Што мислите вие, треба ли воопшто децата да гледаат кид френдли хорори, која е минималната возраст за тоа, дозволувате ли доколку ви побараат итн.?
Јас не би ѝ дозволила да гледа. Ние не гледаме хорори кога малиот е околу нас.
 

Миља

Човек пред се, во секоја смисла те речи.
Член од
9 февруари 2023
Мислења
20
Поени од реакции
18
Одам во Сити Мол у кино, ќе го глеам "Насмевка", хоророт, небитно. Деца внатре пуна сала, од по 7,9, 10 години. И цело време беа на штрек и од место потскокнуваа на страшни сцени, а јас се прашував кај им се родителите и зашто воопшто пуштаат дете од 7 год у кино да гледа хорор.

Дојдов до заклучок дека родителите уствари немаат појма за детето дека им гледа хорор, ама посекако им остава трауми и уствари психата им ја размрдува и разлудува. Мене на 29 ме размрда па камоли на дете од 10 год.

Наравоучение; дете од 10 год не смее да гледа филмови шо се над +18. Со убиства, киднапирања, силувања... Тоа им штети на психата, може и тие да го пробаат тоа што ќе го видат без да размислат на последиците. Или да бидат константно нервозни, на штрек и така натаму.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Сакаат ли вашите деца хорор филмови? Им пуштате ли, и од која возраст? Секако дека има хорор и "хорор" филмови прифатливи за деца во зависност од возраста, гуглав и најдов некоја листа на филмови кои децата би можеле да ги гледаат веќе од 6 - 7 годишна возраст?



Дали е тоа прерано и дали остава траги на нивната психа, негативни? Јас памтам дека од 7 години веќе сакав хорори и што начекав на ТВ, гледав. Не се сеќавам дека нешто моите се потресувале и ми забранувале, ма да тоа време се што даваа на тв беше во некоја форма благ и од денешна перспектива, смешен хорор. Памтам дека и Хелрејзер сум ги гледал и обожавал, тоа се веќе посериозни хорори кои мислам дека едно дете не би требало да гледа.

Ќерка ми на неполни седум години, чинам дека е воодушевена од хорор жанрот последно време. Последните неколку зимања, бидејќи не живееме заедно, бара од мене да гледаме хорор филм. Поточно, бара да ги гледаме заедно филмовите со Чаки куклата, и претходно еден, не ми текнува на името. Првиот пат кога ми спомна, ми го раскажа цел филм, кажуваше реплики од филмот од типот " Hello, my name is Chucky, do you want to play with me", и слично, и сфатив дека го гледала. Изгледавме два дела, и цела беше воодушевена и внимателно гледаше, но не ми се допаѓаше изборот на филмот, на моменти има сцени кои не се за нејзина возраст.

Инаку, свесна е дека е фикција, дека е филм, дека тоа не е нешто вистинско, нема кошмари и слични работи, ама од друга страна мислам дека е уште мала, а веројатно многу и се свиѓа Чаки, па дури и кукла Чаки ми бараше да и купам.

Што мислите вие, треба ли воопшто децата да гледаат кид френдли хорори, која е минималната возраст за тоа, дозволувате ли доколку ви побараат итн.?
...грешиш многу ако и дозволуваш!
хорор филмови не се препорачливи за возрасни, а не пак за деца од било која возраст, делува негативно врз здравјето.

...ако се гледа хорор филмови не значи дека ќе се биде бестрашен, напротив, не само што ќе се лачи непотребно адреналин и све тоа што тој влече, туку потсвесно ќе се врежат сцени кои можат да бидат причина за несакани психолошки поремерување, немирен сон или несоница, месечарење и зборување во сон, па дури до несвесно ноќно мокрење во кревет, а за возврат ништо позитивно од такво гледање на хорор, впрочем почетокот се почна со кукли вештерки на многу помала возраст.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Порано имавме видео рекордер на VHS касети, имавме некоја скромна домашна видеокета (50-100 касети) и речиси сите беа цртани. Компјутер имаме уште од рани 90ти, ама тој служеше исклучиво за работа (стариот беше новинар) и беше надвор од лимитот за наша употреба. Ова е ерата пред Јутуб, пред торентите, каде ако сакаш да гледаш некој (по)нов филм требаше да одиш или во кино или да го изнајмиш од видеотека или да ти се погоди на телевизија (порано после вестите на А1, пред ерата на турските серии, даваа играни филмови). Тогаш немавме кабловска/сателистка. Имаше една копија за цела населба, што ќе најдеш, тоа земаш. Генерално, мајка ми, за неа изнајмуваше досадни љубовни драми за тетки, а за нас хорор. Се сеќавам дека гo гледавме The Ring. После тоа го покривавме телевизирот со кебе. Детска работа. :icon_mrgr:

Во оваа доба сите имаат прелесен пристап до интернет, дури и да не му се дозволи нешто на детето, ако слушне во друштво, ќе го копка да отвори, да пребара, да гледа. Дури и адреналин се лачи и на “страшните“ сцени од цртаните филмови, децата ги плашат со негативците за да научат на послушност (да јадат, спијат, не викаат...), со животни, со диносауруси, со рандом луѓе во парк (пр. баба ми ми викаше “ако не јадеш, ќе умреш“ и ми ја бута лажицата во уста)... И прашање е колку филмовите можат да направат штета (факт е дека најголемиот дел од филмовите се забораваат), кога вестите се осипани со црна хроника (да, децата не гледаат вести, ама нешто ќе слуштат, макар и при разговорите на родителите), тука се и видеоигрите, па едно време на тапет беа и самите лектирни изданија каде беа напаѓани како ширачи на пропаганда или промотори на насилство. И во крими филмовите има насилство. Во училиштата има насилство, посебно тука треба сузбивање затоа што децата тука се сами на себе, тука се најранливи. Па и во домот има насилство (макар тоа било и кавга). Дури и во религијата има насилство. Лично, како дете, истото во филмовите не го перцепирав така, го гледав како глума, како приказна. Детскиот мозок, во таа фаза, се апсорбира, посебно што се случува во домот. Учи како да се однесува (навива доброто да го победи злото). Големото прашањето е како детето ги перцепира тие нешта.

И тука е “факторот страв“, колку еден филм ќе биде извикан за страшен, толку повеќе луѓето (посебно тинејџерите) ќе сакаат да одат да го гледаат (пр. Psycho или The Exorcist).

Последен хорор што го гледав во кино беше Scream VI, иако технички не е хорор-хорор, салата беше полна со деца (т.е. малолетници). Веќе имам на тапет уште неколку филмови од овој жарн, кои треба да излезат оваа година, и кои сакам да ги гледам во кино.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom