Децата и фотографијата

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Децата многу сакаат да сликаат и фотографираат. Од сите форми на уметноста, фотографијата бара најмалку работа, а во исто време им дозволува на децата да го изразат она што го мислат.


Што учат децата преку фотографијата?

Нови перспективи
Фотографијата ги учи децата да ги погледнат нештата одблизу и да откријат целосно нови перспективи.

Способност за наоѓање нови решенија
Пред да биде направена една фотографија, се поставува прашањето :“Што е темата на сликата“? ,“На што ќе се фокусира“,“Каков агол ќе се користи“…“Што таа слика сака да им пренесе на другите“?

Разбирање на уметноста и науката
Фотографијата е уметност и наука. Како уметност, таа е одлично средство за творечко себе изразување. Но исто е и техничко средство, кое е богато со научни теми, како светлина, математика и сл…па дури и компјутерски науки.

Самодоверба
Освен довербата во себе, добиена од стекнатото знаење на училиште, кога децата се научат да прават подобри слики, фотографијата може да направи чуда за срамежливите и неуверени во себе деца. Фотографијата е знаење, кое ќе ги поттикне овие деца да се вклучат во активности, каде нема да останат незабележани. На пример учителот може да го назначи младиот фотограф од класот, да ја слика забавата на некој празник во училиштето. Или ако е малку повозрасно, може да биде фото-репортер во училишниот весник, каде “криејќи се зад камерата“ многу лесно може да ги запознае другите и се вклопи во тој круг. Токму ова може значително да ја намали срамежливоста и повлеченоста, а да ја зголеми самодовербата. Колку повеќе нови фотографски знаења трупа детето, толку повеќе другите ќе сакаат тоа да ги слика нив или нивните пријатели. Така детето ќе запознава нови пријатели и во исто време ќе прави интересни и забавни фотографии.

Гордост и задоволство од себе
Децата се чувствуваат задоволни од себе и горди се, кога видат дека нивните слики вршат влијание на другите. Пример, пејсажите од Македонија можат да ги натераат другите деца да излезат со родителите на прошетка до местото што е сликано, да дознаат нешто повеќе за него и го видат со свои очи. А смешните и уметнички слики сигурно ќе предизвикаат насмевка во сите деца.

Забава
Фотографијата за деца, пред се е забава. Таа може да биде едно пријатно и интересно хоби, кое може да биде научено од нај-рана возраст. Првите стапки во фотографијата можат да бидат уште на 3 годишна возраст. Во тој период децата не се способни да научат многу, но родителите можат да ги запознаат делумно со камерите и да им постават разни задачи, кои ќе треба да ги направат. На пример, детето ќе треба да најде предмет со определена боја или да започнува на определна буква и да го слика.

За крај,
Детето, што се приврзало кон фотографијата, е дете кое ретко знае да каже “Досадно е, нема што да се прави“. Збогатено со знаење, фотоапарат и објектив, тоа секогаш има што да прави.

Подготвил: Л.Ѓ.

Имам објавено повеќе текстови за cooltura.mk ;)
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Sebastian Łuczywo е сопруг и татко на две деца...чии фотографии ги огреале срцата на многу луѓе...фотографии од неговите две деца и милениците сликани во рустично цело во Полска...Профил

[DOUBLEPOST=1410794725][/DOUBLEPOST]Јас ви кажав, Amateur is the new pro!

Izabela Urbaniak е мајка на две разиграни деца...живее во полска и секое лето го посветува на фотографирање на летнот распуст на своите два сина, кои го поминуваат во село, без комјутер и телевизор...
Фотографиите се инспирирани од нејзиниот спомен за детството, кое го поминувала кај баба на село...









Остатокот од фотографии на линкот...точно такво детство заслужува секое дете :)
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Alan Labole е од Бардо, Франција...татко е на 6 деца. Кога станал татко, почнал да води фото-дневник кој го нарекол La Famille“. Тоа што ги прави неговите фотографии посебни е контактот со природата и играта во природна средина...Тие се спонатани и слободни, но и полни со носталгија за нас повозрасните, кои еднаш растевме така слободно...
Повеќе слики на линкот...не е нешто што може да се најде на македонски медиуми, значи сам ги откривам овие фотографи :)

 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Со многу љубов,Holi Spring ја направила ова фото сесија на својата ќерка, која во раното детство останала без рака...со оваа серија ја освојува наградата NZIPP за најдобра портретна фотографија за 2014...Извор.

 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Без разлика на нивната културна средина и економска состојба, децата со помош на својата фантазија, секогаш наоѓаат начин за игра. Кога во такви моменти покрај нив се најде добар фотограф, можат да настанат прекрасни слики...ИЗВОР

 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Вака изгледала детската игра пред еден век....без кациги, без гумени подлоги, без возрасни наоколу...едно време во кое, скршениот заб или набиениот прст беа животна лекција, а не повод за кавга или тужба...пишува дејми маил...
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
John Wilhelm е татко на три девојчиња...Lu, Mile i June,...директор е во една циришка фирма и за себе вели дека е фотохоличар. Обожава да слика а после да ги доработува сликите со фотошоп...еве како изгледа кога неговите ќерки се главните јунаци...Huffongton Post
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Фотографија што го обиколила светот...ја имам видено на сите социјални мрежи и многу е споделувана . Дело на Cath Schneider
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766


Ако сте модерен родител Милк магазинот е за вас...тука децата се сериозни, а возрасните се подетиниле... MilK, focused on kids, for modern adults

Има многу добри арт магазнини за деца, особено за деца со артистична визија...
BIG Kids Magazine
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Мајка од русија, која ги фотографира своите деца...за неа пишале многу добри арт веб страни...мислам дека ја имало и на македонски портали, а има и зошто...Профил на фликр, каде ги објавува фотографиите...
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766


Ken Heyman, a renowned and award-winning people photographer, recently uncovered a nearly forgotten treasure in storage – a box labeled “Mothers” that had a beautiful series of images that he shot of mothers around the world nearly 50 years ago.

The 83-year-old photographer shot the images for Family, a book that he co-authored with renowned anthropologist Margaret Mead in 1965. Margaret Mead had been his professor at first, but they later wound up working together on this and other books and projects. Their anthropological collaboration is apparent in the images, as they document motherhood around the world, not just from any one culture’s perspective.
http://www.boredpanda.com/mothers-photography-family-ken-heyman/
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766

Kajgana Shop

На врв Bottom