Децата и домашните обврски

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Дали мислите дека децата додека се мали треба да се тргнат на страна од домашните обврски затоа што има време кога во своите домови ќе го прават тоа?
Или мислите дека уште од мали треба на тоа да се навикнат, за да немаат проблем кога ќе се осамостојат?

Ако се сложувате со второто прашање, кога треба да почнат да се ангажираат со извршување на домашните обврски? Кои обврски би биле доволни, а кои претерани?
Како да се убедат или наседнат да стекнат таква навика, доколку одбиваат да помагаат?
Дали откако ќе ја завршат дадената задача треба некако да се наградат за тоа?
А како вашите родители се поставиле кон вас во врска со ова прашање? Добро е тоа за вас кога ќе размислите повеќе, добро ве воспитале или лошо?
Премногу/премалку ве ангажирале или доволно за да можете да функционирате и сами без проблем?
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.151
Поени од реакции
870
Сметам дека од некаде да речам, 10 годишна возраст може да почне детето да се воведува во некои основни домашни работи кои што може да се од помош кон родителот, ситни задачи од типот: да си го среди своето биро, да ги здипли алиштата и слично. Тогаш се сеуште приврзани кон родителите па ќе ги послушаат.

Треба ова да им се повторува континуирано но не нападно и секако некаков вид на награда после тоа, пофалба или слично.

Во сегашно време да речеме, мајка ми има обичај да вика (во буквална смисла на зборот) за одредени задачи по дома коишто обично од немајкаде сама ќе ги заврши па поради тоа сите другите се опуштаат. После тоа ќе ја фаќаат нервози и слични психички состојби :)

Доколку детето одбива да помогне, едноставно ќе се најде кога-тогаш во состојба да зажали што не послушало (да речеме дома му е хаос и тап сака некое другарче да дојде да гости па ќе пукне од мака што собата му е како шпајз).

Значи сметам дека треба од мали да се навикнат на помагање, мене конкретно моите ме ангажираат доволно макар што често пати ме фаќа мрза кон одредени активности но тоа е само во моментот бидејќи потоа ми доаѓа грижа на совест :)
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Дали мислите дека децата додека се мали треба да се тргнат на страна од домашните обврски затоа што има време кога во своите домови ќе го прават тоа?
Или мислите дека уште од мали треба на тоа да се навикнат, за да немаат проблем кога ќе се осамостојат?

Ако се сложувате со второто прашање, кога треба да почнат да се ангажираат со извршување на домашните обврски? Кои обврски би биле доволни, а кои претерани?
Како да се убедат или наседнат да стекнат таква навика, доколку одбиваат да помагаат?
Дали откако ќе ја завршат дадената задача треба некако да се наградат за тоа?
А како вашите родители се поставиле кон вас во врска со ова прашање? Добро е тоа за вас кога ќе размислите повеќе, добро ве воспитале или лошо?
Премногу/премалку ве ангажирале или доволно за да можете да функционирате и сами без проблем?
Сметам дека дете, додека е мало, треба да се учи на обврски и навики...Ако одтогаш не научило на некои основни правила и обврски, џабе да му солиш памет и да го учиш на 15 години...Прво треба да се почне од една наједноставна и прва навика и обврска на детето додека е помалечко да речеме 3-4 години.. После секое играње со играчките истурени на подот, да ги научеме да си ги соберат играчките и да си ги вратат на место...Со тоа ќе му објаснеме дека сите ќе му бидат на место, нема да му загинат, да биде средено, и може во секое време повторно да си посака да игра..:pipi: А и згора на тоа, доколку го прави тоа секогаш и биде послушно, ќе добие награда...(нешто што имате забечежано дека ептен сака, на пример нова барбика или количе, можеби некое омилено чоколатче, и подобро да биде ситница а не некој скап поклон, па после да се навикне на лоша навика да плаче по скапи поклони... значи нека бидат ситници)
Ова е првата навика на детето и обврска во домот..секако не ќе мие чинии на 3 години или да смука :uvo: е тоа е претерано!!
Доколку се навикне на ова, лесно ќе може чекор по чекор да ги прифати и другите обврски и навики со тек на годините како што си расте... и многу е важно на овие години да го научите детето да знае да дели работи...со другарчиња, брат или сестра...за понатака оваа особина да му остане и да не биде скржав или себичен!:pipi: ова веќе не е обврска во домот ама ако споменав нели?
Потоа иде следен чекор..полни 5-6 годинки...Овде веќе не мора да добива награда по извршена обврска...поголемо е.. а и како што спомнав да не испадне да бара награди на секое и кога ке порасне.
Може на пример да и помага на мајката, после ручек, заедно да ја расчистат масата...не буквално да носи се а таа да ужива:uvo: ..Туку истовремено помагајќи и на мајката, да му биде и забавно, смешно и интересно...(му давате пофалби дека е послушно, дека е паметно, а ваквите пофалби ги радуваат децата и така ги поттикнуваат да се помирни и уште повеќе да се покажат)
(под ова помага не сфаќајте буквално дека помага баш, и ја врши цела работа од мајката, него едноставно и прави друштво на мајката и малку врши делче од таа работа и на крај тоа ќе мисли се тоа извршило и со тек на време се повеќе и повеќе ќе му се зголемува желбата), или на пример да го научи да си ги дипли алиштата одкако ќе се соблече, за таа навика да му остане за цел живот и да му виде обврска, а не како ние сега скафовите недај боже се :pos2: понекогаш де!
Ете, сметам дека ова се едни од основните мали обврски на едно дете за понатака да нема тешкотии кога еден ден ќе се осамостои, и да сфати со ова дека навиките и обврските се дел од животот на секој човек! и секој родител би требало ова да го прави!
Ме ангажирале и мене родителите со вакви слични обврки, за да можам сега како повозрасна да се снајдам во секој момент без поголеми тешкотии! Се разбира искуството и годините го носат своето! ди енд!:pipi:
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Родителите често прават грешка со тоа што имаат различен третман за машките и женските деца.

Кај нас сеуште е општоприфатено секојдневните домашни обврски (чистење, ручек, садови) да ги прави жената, во случајот мајката. На мајката паѓа и товарот на воспитување на децата. Девојчињата несвесно прифаќаат дека тоа еден ден ќе биде и нивна обврска и се трудат и они да научат.

Може на пример да и помага на мајката, после ручек, заедно да ја расчистат масата...не буквално да носи се а таа да ужива:uvo: ..Туку истовремено помагајќи и на мајката, да му биде и забавно, смешно и интересно...(му давате пофалби дека е послушно, дека е паметно, а ваквите пофалби ги радуваат децата и така ги поттикнуваат да се помирни и уште повеќе да се покажат)
(под ова помага не сфаќајте буквално дека помага баш, и ја врши цела работа од мајката, него едноставно и прави друштво на мајката и малку врши делче од таа работа и на крај тоа ќе мисли се тоа извршило и со тек на време се повеќе и повеќе ќе му се зголемува желбата), или на пример да го научи да си ги дипли алиштата одкако ќе се соблече, за таа навика да му остане за цел живот и да му виде обврска
А машките, машките се мамини мази и галеничиња. Од домашните работи автоматски се поштедени, пошто тоа нели нема да биде нивна работа во животот. Јас не познавам машко кое живее со мајка му и и помага околу миење на садовите. Додуше, познавам дечки кои знаат да ракуваат со правосмукалка, али знам и такви кои не знаат дека теглата со слатко треба да се затвори по употреба и да се врати на место. Овие последниве од кај мама директно ќе мораат да се женат, пошто сами нема да преживеат долго.

Јас мислам дека детето набрзо и најлесно ќе научи да помага во домашните обврски ако сите членови во семејството се вклучени во нив. Например, правосмукуваат дома, еднаш мајката, еднаш таткото.. на детето природно ќе му дојде дека следниот пат оно е на ред. (Ова во мојата утопија :))

Мене лично никогаш не ме терале да помагам по дома, само да си ги уредувам собата и косата, и да не ја оставам дневната лом. Некаде на 16 години почна да ми станува жал за мајка ми и поинтензивно да и помагам. Почнав да превземам некои обврски за кои кај себе открив скриени таленти, како на пример класифицирање на валкана облека, вадење флеки и пуштање на машина за перење, редење тенџериња и тави во машината за садови, вадење цвекиња, џогирање, .. им недостасувам дома откако се отселив, знам :pipi:
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Дали мислите дека децата додека се мали треба да се тргнат на страна од домашните обврски затоа што има време кога во своите домови ќе го прават тоа?
Или мислите дека уште од мали треба на тоа да се навикнат, за да немаат проблем кога ќе се осамостојат?

Ако се сложувате со второто прашање, кога треба да почнат да се ангажираат со извршување на домашните обврски? Кои обврски би биле доволни, а кои претерани?
Како да се убедат или наседнат да стекнат таква навика, доколку одбиваат да помагаат?
Дали откако ќе ја завршат дадената задача треба некако да се наградат за тоа?
А како вашите родители се поставиле кон вас во врска со ова прашање? Добро е тоа за вас кога ќе размислите повеќе, добро ве воспитале или лошо?
Премногу/премалку ве ангажирале или доволно за да можете да функционирате и сами без проблем?
Треба на детето уште од мало да му дозволиш да превзема некои обврски во домот.Затоа што така ќе помогне во функционирање на семејството и полесно ќе му биде да се осамостали.Најнормално не треба претерана работа,но треба да се научи само да си го мести креветот и да си ја средува собата.Да помага и во други домашни обврски кои нема да бидат многу тешки за неговата возраст.Не мислам дека треба да постои некоја награда.Може кога ќе почне да излегува.Ако не среди нема излегување.Не треба да се учат децата дека за се што ќе сработат ќе добијат награда затоа што светот не функционира така.Моите имаат направено мал пропуст затоа што сметале дека имам време за се да научам.Јас и помагам на мајка ми но сметам дека треба и повеќе,но тоа е веќе нешто сосема друго што се однесува на нашите карактери.Меѓутоа знам совршено да функционирам сама.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Родителите често прават грешка со тоа што имаат различен третман за машките и женските деца.

Кај нас сеуште е општоприфатено секојдневните домашни обврски (чистење, ручек, садови) да ги прави жената, во случајот мајката. На мајката паѓа и товарот на воспитување на децата. Девојчињата несвесно прифаќаат дека тоа еден ден ќе биде и нивна обврска и се трудат и они да научат.



А машките, машките се мамини мази и галеничиња. Од домашните работи автоматски се поштедени, пошто тоа нели нема да биде нивна работа во животот. Јас не познавам машко кое живее со мајка му и и помага околу миење на садовите. Додуше, познавам дечки кои знаат да ракуваат со правосмукалка, али знам и такви кои не знаат дека теглата со слатко треба да се затвори по употреба и да се врати на место. Овие последниве од кај мама директно ќе мораат да се женат, пошто сами нема да преживеат долго.

Јас мислам дека детето набрзо и најлесно ќе научи да помага во домашните обврски ако сите членови во семејството се вклучени во нив. Например, правосмукуваат дома, еднаш мајката, еднаш таткото.. на детето природно ќе му дојде дека следниот пат оно е на ред. (Ова во мојата утопија :))

Мене лично никогаш не ме терале да помагам по дома, само да си ги уредувам собата и косата, и да не ја оставам дневната лом. Некаде на 16 години почна да ми станува жал за мајка ми и поинтензивно да и помагам. Почнав да превземам некои обврски за кои кај себе открив скриени таленти, како на пример класифицирање на валкана облека, вадење флеки и пуштање на машина за перење, редење тенџериња и тави во машината за садови, вадење цвекиња, џогирање, .. им недостасувам дома откако се отселив, знам :pipi:
Е добро де јас ја спомнав мајката во моите примери...ти ако сакаш дај пример за таткото...некои обврски :smir:
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Дали мислите дека децата додека се мали треба да се тргнат на страна од домашните обврски затоа што има време кога во своите домови ќе го прават тоа?
Или мислите дека уште од мали треба на тоа да се навикнат, за да немаат проблем кога ќе се осамостојат?

Ако се сложувате со второто прашање, кога треба да почнат да се ангажираат со извршување на домашните обврски? Кои обврски би биле доволни, а кои претерани?
Како да се убедат или наседнат да стекнат таква навика, доколку одбиваат да помагаат?
Дали откако ќе ја завршат дадената задача треба некако да се наградат за тоа?
А како вашите родители се поставиле кон вас во врска со ова прашање? Добро е тоа за вас кога ќе размислите повеќе, добро ве воспитале или лошо?
Премногу/премалку ве ангажирале или доволно за да можете да функционирате и сами без проблем?

Па со оглед на тоа дека сум светска мрза и ништо не работам по дома лицемерно ќе е да кажам дека децата треба да си имаат обврски:kesa: Шала на страна, од мали нозе треба да се научат да си местат кревет и да прават некои полесни работи, ко на пример бришење прашина или со џогер да поработат. Јас кога бев мала сама сакав да ги правам тие работи зошто ми беше забавно, али ете, за жал тоа не ми прешло во навика и сега:kesa: Јас лично кога ќе имам дете не би го терала да работи по дома претерано, како што мајка ми мене никогаш не ме тераше. Со самото тоа што ја гледав неа и јас сакав да поднаучам нешто така што сега ако би требало да живеам сама би се снашла. Е сега во мојот случај многу менува тоа што тука е баба и она прави доста работи по дома, па ја и да сакам, додека да станам, баба се средила. Може евентуално би ги фаќала на финта ко мене мајка ми што ме фаќаше. Насабајле кога баба ќе го наместеше креветот збореше демек „Леле никој не го мести поубаво креветот од тебе„ и јас за да се покажам секое сабајле го местев и се трудев да биде онака топ наместен и после ми прејде во навика тоа. Али ако имам машко дете има метлата у рака и ќе го стројам, пошто факт е дека машките ако од мали ги запуштиш после им нема лек, само ќе безделничат и никад нема да се преваспитаат.:helou:
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Е добро де јас ја спомнав мајката во моите примери...ти ако сакаш дај пример за таткото...некои обврски :smir:
Сакав само да нагласам само дека сликата на типичен балкански дом каде што жената после работа 'рмба додека мажот се одмара пред телевизор, неизбежно се одразува во детското поимање на поставеноста на работите.:smir:

И друго што заборавив да кажам. На детето треба да му се даде слобода во начинот на извршување на обврските, односно, да му се покаже како треба (например, полесно се риба шпорет со кружни движења), но да се остават децата (а богами и мажите) сами да си дојдат до заклучоците. Односно, да се избегне најчестата грешка на жените: "Не те бива за тоа, дај јас ќе го завршам за 2 секунди". Со вакво однесување се убива желбата за работа, и тоа во корен.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Дефинитивно сум за создавање на навики за извршување на домашни работи уште од мали нозе.
Прво, ќе му покажеш на детето дека и тоа има обврска кон домот, како и сите останати членови и ќе му дадеш на знаење дека е битна алка во синџирот на домашни обврски. Второ, ќе му создадеш работни навики и одговорност кон нештата. Кога би го вклучувале и во грижата кон домашните миленици, би било одлична комбинација за развивање на чувство на грижа кон некој трет. И трето, многу битно, ќе бидат самостојни во брак, па би се избегнале фрустрациите што се јавуваат кога некој на некого му трча по нечистотијата. Ова важи подеднакво и за женски и за машки деца.
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Дали мислите дека децата додека се мали треба да се тргнат на страна од домашните обврски затоа што има време кога во своите домови ќе го прават тоа?
Или мислите дека уште од мали треба на тоа да се навикнат, за да немаат проблем кога ќе се осамостојат?
Апсолутно, нема дискусија тука. Штом детето почне да те разбира што му кажуваш, ќе научи и дека зад себе треба да си собира. После секоја игра, играчките се враќаат на место. Фломастерите се затвораат со капаче за да не се исушат. Алиштата се знае каде стојат. Местото за јадење е на масата во трпезаријат, кујната итн...Едноставно децата треба да се воспитуваат дека во куќата има правила кои треба да се почитуваат и нема да има причина за бунење. И мислам дека нема потреба од награда затоа што си ги раскренало барбиките. Доволно е само да му речеш: „Браво, мамичка, многу убаво исчисти. Ептен си умно.“ За да не очекува материјална награда за нешто што е негова должност.

Прочитав многу убави коментари погоре. Тоа за машките деца, на пример, или тоа дека секоја обврска детето треба да ја сфати како игра. И верувајте дека сето тоа само треба да се примени од хартија, (монитор) на дело :).
 

Ganimed

La Petite Seduction
Член од
18 јули 2008
Мислења
303
Поени од реакции
18
jas mislam deka zavisi od deteto, kao ke se razvija ponataka...vo mnogu sluchaevi se menjaat lugeto...ponataka vo zivotot, ama ne e losho da se uchat na se sho se vika samostojnost i obvrska vo zivotot ke im se najde sekako
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
:helou:Мене лично многу од мала ме задолжуваа со домашни работи не ми беше секогаш право и често се бунев,но кога се омажив многу млада, воопшто не ми беше тешко да се снајдам со сите домашни работи .Јас пак како мајка не настојував многу во тоа да ги терам децата да помагаат,кај што бев принципиелна тие работи им прејдоа во навика а каде звикував од време на време и пак ги вршев сама работите и тие не добија никакви навики .одеа да пазарат ги средуваа играчките ,некогаш поставуваа маса и толку .сметам дека на децата треба да им се створи навика да превземаат некој обврски најпрво врзани за нив самите а потоа и за др, членови на семејството. Но се треба да биде умерено и во согласност со нивните можности .Треба да се пофалуваат за изврешената работа и мислам дека повеќе ефект ќе има ако се појде со убаво па дури и на сентиментална основа отколку со строгост и наредби .Најважно е личниот пример тогаш најповеќе ќе прифатат .Сега кога се фамилијарни ако дома не правеле ,сега и тие ги прават оние работи што ги гледале дома .:smir:
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Не заџабе рекле теле се учи крава не се учи... значи дека треба од мали веќе да ги навикнуваме на обврски и тоа да знаат да си бидат педантни и да не оставаат позади нив се и сешто, моите дома секад ме терале да подработувам низ куќа, почнав да варам кафе на мајка ми од мои 6 години на столче и топ, не оти беше којзнае што кафето ама мерак и беше ради тоа што се трудев, садови ќе и заперев, значи убава навика ми остави и ден денес се ми е под контрола и средено не оставам за утре барем се трудам, и моите ги учам без разлика дали е девојчето или машкото, значи навика мора да се има и тоа од мали нозе, за да може понатака со се друго да се справува полесно.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Јас сум научена да си го оддржувам мојот спрат, средувам, чистам, алиштата си ги спремам, ама не дека ме тераа кога бев мала, туку така, убаво ми е кога ми е средено а и девица во хороскоп:). Само што сега за распустов ми е малку забаталено, инаку е средено.
Треба децата од мали да се учат да оддржуваат хигиена, да потмопагаат нешто, зошто кога ќе пораснат, ќе стапат во брак, во заедница, цело време на домашните обврски ќе чекаат на партнерот а знаеме дека двајцата треба подеднакво да ги извршуваат. Многу бракови пропаднале поради мрза на едниот од сопружниците баш поради оваа работа.
И поради 'рчењето.:jaj:
 

Ganimed

La Petite Seduction
Член од
18 јули 2008
Мислења
303
Поени од реакции
18
a bashka i zaradi, pregolemi ambicii na zenite od decata da napraat se sho oni ne bile nekad u detstvoto:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom