Дефинирајте го Господ!

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Надвор од тема: Суштински разлики имаме и во поимањето на зборот “знаење“.
Во религија знење еднкво на верување.
Во наука- знаење еднакво на испитување, докажување,сомневње.
Уште еден доказ во мој прилог за бесцелноста на овие дискусии.
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Надвор од тема: Суштински разлики имаме и во поимањето на зборот “знаење“.
Во религија знење еднкво на верување.
Во наука- знаење еднакво на испитување, докажување,сомневње.
Уште еден доказ во мој прилог за бесцелноста на овие дискусии.
А во реалноста...?
Кое знаење ( знаењето или верувањето ) е вистинито ( т.е. е поблиску до..„реалната вистина“ )...?
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
А во реалноста...?
Кое знаење ( знаењето или верувањето ) е вистинито ( т.е. е поблиску до..„реалната вистина“ )...?
Во реалноста како пофункционално се докажува научното знаење, верата си е за срцето.
А поимот “реална вистина“ не ми е јасен :)
Ако си верник (или се декларираш) како таков сите очекуват да се молиш секој ден, да постиш за верски прзници и во недела да одиш в црква. Сето друго го доживуват лицемерно и се оди на некоја варијанта според која или си атеист или верник апсолутист. Јас наоѓам некоја средина.
Не ја отфрлам верата, ама не се ни обидувам да докажам `се преку неа. (оти инаку не сум шема уствари скроз сум аут :pos:).
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А што ти, лично и персонално, имаш кажано а кое може да се нарече совет, мудрост, поука, од кое и другите би можеле нешто да научат?
Немам јас потреба да бидам авторитативен... јас само го оспорувам казанието на Дамаскин. Знаењето е нешто кое се добива со констатно испитување. Реченицата му е неточна. Тоа е се`.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Немам јас потреба да бидам авторитативен... јас само го оспорувам казанието на Дамаскин. Знаењето е нешто кое се добива со констатно испитување. Реченицата му е неточна. Тоа е се`.
За поединците кои се надвор од Црквата, се што е црковно, по автоматизам е неточно. Барем да понудеше некој контрааргумент на кажаното од Дамаскин. Патем кажано, во Црквата важат веќе проверени и докажани вистини па нема потреба од нивно по-докажување.
За разлика од верките вистини, световните „вистини„ се постојан предмет на до-докажување и потврдување, а сеуште никој од науките не ни понуди ниедна конечна вистина. Исклучоците од тоа правило се малубројни и веќе познати: питагоровата теорема, архимедовиот „закон„, вториот Закон на термодинамиката...а што друго!?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
За поединците кои се надвор од Црквата, се што е црковно, по автоматизам е неточно. Барем да понудеше некој контрааргумент на кажаното од Дамаскин. Патем кажано, во Црквата важат веќе проверени и докажани вистини па нема потреба од нивно по-докажување.
Ти напишав два пати зошто не се сложувам, зар не го гледаш тоа? Трет пат, Да дознаеш нешто... можеш само со прашување, со испитување, со сомневање, со “неверување“. Дамаскин велиш кажал знаење без испитување, а такво нешто не постои. Затоа и реченицата “верувањето е знаење без премногу испитување“ е граматички точна, но нелогична. Исто како да кажеш сонцето има зелена боја.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Грешка човек.....не по автоматизам...докажано неточни...
Проверени и докажани вистини....се заебаваш со нас?
Што стана со третиот закон.....кој е првиот плус вториот и уште плус нешто...гледам опсесија ти се овие закони...ама не си ги разбрал..
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Господ, семоќниот и сезнајниот креатор на Универзумот седи на својот небесен трон и добива желба да напише книга за своите дела. Книгата ја нарекува Библија, а името го добива од латинскиот јазик (biblia = книга) како најомилениот јазик за разговор со Ангелите.

Што да ставам во книгата? Па неможе да има само убави работи како „Сакај го ближниот“ и „Не убивај“, никој нема да ја чита. Ќе ја дополнам со мојата сесрдечна поддршка за ропството, омразата кон гнидата наречена жена, жртвувањето на луѓе и животни во моја чест и се разбира чедоморство.

Иако вдаховнуваше луѓе со светиот збор, ги одмараше на седмиот ден, бидејќи пишувањето книга е напорно.
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Читајте го Симболот на Верата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти напишав два пати зошто не се сложувам, зар не го гледаш тоа? Трет пат, Да дознаеш нешто... можеш само со прашување, со испитување, со сомневање, со “неверување“. Дамаскин велиш кажал знаење без испитување, а такво нешто не постои. Затоа и реченицата “верувањето е знаење без премногу испитување“ е граматички точна, но нелогична. Исто како да кажеш сонцето има зелена боја.
На Светите, замерка можат да им дадат само другите поединци кои и самите се Свети....

Грешка човек.....не по автоматизам...докажано неточни...
Проверени и докажани вистини....се заебаваш со нас?
Што стана со третиот закон.....кој е првиот плус вториот и уште плус нешто...гледам опсесија ти се овие закони...ама не си ги разбрал..
Не, не се заебавам, коге верата во прашање. За друго-може. Законите не ми се опсесија од моето обраќање кон Христа, така да тековно воопшто не паѓам на задник поради „најновите„ научни откритија. А споменатие „закони„ ги разбирам до одредена мерка која за мене е повеќе од доволна.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Читајте го Симболот на Верата.
1. Верувам во Едниот Бог Отец, седржител, творец на Небото и на Земјата, на се видливо и невидливо.
2 И во Едниот Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови. Светлина од Светлината, вистински Бог од Вистинскиот Бог, роден, несоздаден, единисуштен на Отецот, преку Кого се станало.
3. Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небестата, се воплоти од Светиот Дух и дева Марија и стана човек.
4. И Кој беше распнат, заради нас, во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребан.
5. И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото.
6. И Кој се вознесе на Небесата и Кој седна оодесно на Отецот.
7. И Кој пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите и Неговото царство не ќе има крај.
8. И во Светиот Дух, Господ, Кој дава живот, Кој исходи од Отецот, Кому заедно со Отецот и Синито Му се поклонуваме и Го славиме и Кој говорел преку пророците.
9. Во една Света, Соборна и Апосолска Црква.
10. Исповедам едно крштение за простување на гревовите.
11. Го чекам воскресението на мртвите.
12. И животот во идниот век.
Амин!
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Кец , зашо мораше Исус да умре ? која беше поентата на неговото умирање и што ќе се случеше ако не го опнаа на крстот ? Рајот ќе се отвореше или не ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Исус умре ( и воскресна) и со тоа ги превзема на свој грб гревовите од сите луѓе (родени и умрени до Христа, во Негово време и во овие 2000 г по Христа) и со тоа Христос, пошто е Бог, го спаси човечкиот род од гревовите и од мрежите од лукавиот. Но, Христос го заврши само Неговиот дел од „работата„ (од спасението на родот човечки) а Он очекува од нас да ја прифатиме Неговата искупителна жртва и да Му се приддружиме во Негото Царсто Небесно. Значи, Христос заврши 50% од спасението на луѓето а на луѓето остануваат другите 50% за да биде спасението ефектуирано и комплетирано. Едноставно, Бог стана човек за да може и човекот да стане бог (по благодат Божја но не и по природа/суштина).
Воопштено гледано, Христос дојде да го спаси родот човечки оти на Бога Му станало јасно дека родот човечки неможе да се спаси со своите способности и без непосредна Божја помош па вака или онака, најголемиот дел од луѓето би завршиле во пеколот.

Христовото распетие било неизбежно и без можност за негово заобиколување, оти така е напишано во пророштвата во Стариот Завет. Ако пророштвото не се исвршело, тогаш тоа и такво пророштво би било лага.
Не разбирам на што мислиш под „отворање на Рајот„.
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Кец , зашо мораше Исус да умре ? која беше поентата на неговото умирање и што ќе се случеше ако не го опнаа на крстот ? Рајот ќе се отвореше или не ?
Жртвата за некој друг. Затоа умре. Се жртвуваше за нас и за нашите гревови. Исто како што Комитите се жртвуваа за нас, така Господ Исус Хрстос умре за нашите гревови. Тоа е предскажано од пророците, не дека иднината не може да се измени, ами бидејки пророците ги знаат постапките на луѓето. Неможеше а да не го распнат, ако не го распнаа тој немаше да биде Господ Бог.
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Поентата ми беше зашо мораше со смрт да не “избавува од гревовите “ , гледам успеја во тоа ..

Мислев на свеченото отварање на рајот , нели Исус и она разбојничето беа првите шо влегоа таму ..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom