Дефинирајте го Господ!

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Бељата е што 90% од популацијата се “Генетско инфериорни крстени деца“. И им треба нешто имагинарно ко Бог за да преживеат доволно (мизерно) долго за да имаат нови “Генетско инфериорни крстени деца“.
Сега разбирам зошто.
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Бељата е што 90% од популацијата се “Генетско инфериорни крстени деца“. И им треба нешто имагинарно ко Бог за да преживеат доволно (мизерно) долго за да имаат нови “Генетско инфериорни крстени деца“.

Ете тоа е Господ... имагинарен производ на сите деца кој им помага да преживеат во секој нов ден за да имаат нови деца. Господ ти е како свеќа во подрум за широките народни маси...
Зошто имате предрсуди кон нас “генетско инфериорните крстени деца.“ :cry::icon_lol:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Бељата е што 90% од популацијата се “Генетско инфериорни крстени деца“. И им треба нешто имагинарно ко Бог за да преживеат доволно (мизерно) долго за да имаат нови “Генетско инфериорни крстени деца“.
... или пак им треба атеизмот, и плукањето врз верниците како компензација за сопственото чувство на мизерија...

Ниту едните ниту другите не ме интересираат и не сакам воопшто да се занимавам со тоа. Зборувам за оние 0,001% кои оставаат неизбришливи траги во историјата на човештвото, а во кои спаѓаат и тројцата што ги спомнав: Ајнштајн, Шумахер и да Винчи. Заедничко за овие тројцата е што верата во Бога не им е средство за мизерно преживување, туку извор и инспирација за нивните постигања.

Би можеле да зборуваме за тоа колку човештвото би било посиромашно без прекрасните кантати на Бах, “Gloria in ecxelsis Dei“ на Вивалди, “Dixit Dominum“ на Хендл, без сликите на Рембрант, или без творештвото на Толстој. Величествената убавина на сите овие дела е директно сврзана и произлегува токму од безграничната вера во Бога на нивните автори.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Липранди... јас не ти се мешам во твојата лична работа, твоето задоволство или твоите полиња на уживање ниту во твојот начин на размислување. Исто така не се сложувам ни за твоето тврдење дека на атеистите им треба плукањето по верниците, бидејќи атеистот јас го сфаќам како човек кој разбира зошто одлучил да верува во непостоењето на Бог и тој нема потреба да “плука“ по верниците туку ги почитува како луѓе, но има различен став од нивниот.

Инаку, кога се фати за Ајнштајн... (за шумахер и Да винчи не сум сигурен а ме примрзе да барам по нет) па тој не бил верник, еве негов цитат...

"I cannot imagine a God who rewards and punishes the objects of his creation, whose purposes are modeled after our own -- a God, in short, who is but a reflection of human frailty"
Што практично е речиси исто што и јас тврдев.

А велиш човештвото би било посиромашно без делата на овие верници, а што би бил светот без делата на Ниче и Фројд, на Галилео Галилеј, Дарвин, или еве спомна уметници... без Ван Гог на пример?!
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Инаку, кога се фати за Ајнштајн... (за шумахер и Да винчи не сум сигурен а ме примрзе да барам по нет) па тој не бил верник, еве негов цитат...

"I cannot imagine a God who rewards and punishes the objects of his creation, whose purposes are modeled after our own -- a God, in short, who is but a reflection of human frailty"
Што практично е речиси исто што и јас тврдев.

А велиш човештвото би било посиромашно без делата на овие верници, а што би бил светот без делата на Ниче и Фројд, на Галилео Галилеј, Дарвин, или еве спомна уметници... без Ван Гог на пример?!
Ако малку повеќе побараш за Ајнштајн ќе видиш дека тој во некој свои изјави многу јасно кажува за својата верба во господ, дури и цитатот што си го извадил може да се разбере на друг начин т.е. не верува во таков бог кој ги казнува своите креации.
Неговите изјави во суштина и неможат толку лесно да се стават на едната или на другата страна.
Како што може да се разбере од следниов негов цитат:"He [God] does not throw dice"
Дебатата за тоа дали Ајнштајн верува или не верува во Господ продолжува без конечно разјаснување. како и да е тој самиот си знаел.
За другите личности што си ги напишал како атеисти.......не биди толку сигурен во тоа посебно за Дарвин кој во својата книга- За Видовите има напишано одредени работи кои можат да се сватат како верување во постоењето на Господ.
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Бељата е што 90% од популацијата се “Генетско инфериорни крстени деца“. И им треба нешто имагинарно ко Бог за да преживеат доволно (мизерно) долго за да имаат нови “Генетско инфериорни крстени деца“.
Уште нешто во врска со цитатов, Дарвиновата теорија во историјата многу често е погрешно толкувана посебно од најголемиот приврзаник на таа теорија: Адолф Хитлер кој ја искористил како подлога на својата луда политика и причина за започнување на чистење на светот од "ИНФЕРИОРНИТЕ РАСИ"...................познато од негде?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ајнштајн во никој случај не е верник... можеби агностик, но верник не би дал изјава како онаа која ја цитирав.
Дарвин... :pos: па човек кој директно со своите истражувања и докази го негира постоењето на Бог во никој случај не можеш да го наречеш верник. Океј, во секој коментар можеш да извадиш дел кој изгледа како верување во Господ. Бог, Господ, “тоа горе“, како сакаш наречи го, е секојдневие наше, и многу реченици кои немаат врска со евентуалното постоење на Господ можеш да ги поистоветиш со верување во истиот.

Но тоа нема никаква врска со вистината за постоењето на Господ. Токму затоа и болдираното има смисла... Господ е тука за ранливите луѓе (сите сме ние ранливи, атеистите не се од железо) да имаат за што да се фатат. Па дури и јас во ситуации на неверување или шок викам “О боже“.

Едит:
Zeng напиша:
Уште нешто во врска со цитатов, Дарвиновата теорија во историјата многу често е погрешно толкувана посебно од најголемиот приврзаник на таа теорија: Адолф Хитлер кој ја искористил како подлога на својата луда политика и причина за започнување на чистење на светот од "ИНФЕРИОРНИТЕ РАСИ"...................познато од негде?
А освојувањето на Атила монголецот, на крстоносните војни и нивните касапења низ балканот и илјадници примери низ историјата исто така се инспириани од Дарвин? :nesum:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
не се сложувам ни за твоето тврдење дека на атеистите им треба плукањето по верниците
Не зборуваме за атеистите како категорија, туку за скривањето на слабоста на карактерот зад разноразни етикети - “атеизмот“ е една од нив, за што на форумов има доволно примери - не сакам да анализирам ниеден од нив.

За славните личности од историјата: Ван Гог е син на свештеник, и самиот студирал теологија и се подготвувал да тргне по стапките на тако му; подоцна ја отфрлил црквата како институција, но до крајот на животот останал длабоко религиозен; Пол Гоген за него напишал во едно писмо: “овој холандски ум е запален по библијата“.

За Дарвин дискутиравме порано. Исто така студирал теологија, подоцна го отфрла христијанството како институција, но никогаш за себе не рекол дека е атеист.

Ајнштајн - она што кај него на прв поглед изгледа дека е спротивно на верата е токму неговата дефиниција за Бог. И покрај поинаквите впечатоци, тој верувал во Бога. Ќе го повторам уште еднаш неговиот познат цитат: “во ова материјалистичко време се јавуваат луѓе атеисти, кои тврдат дека нема Бог, но она што ме лути е, дека ме цитираат мене како доказ за нивните тврдења“.

Фројд е единствениот доследен атеист од спомнатите, и тој ја сметал религијата за вид на неуроза, израз на незрелост на личноста.

Галилео Галилеј? Посветен католик, цврст верник. Неговата грешка? Што се обидел да ја брани библијата пред црковните власти, и да докаже дека толкувањето на библијата може да биде на повисоко ниво одошто суеверното.
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Епа драг пријателе очигледно дека немаш некакви познавања од историјата, религија т.е. од општа култура, а сепак пишуваш за одредени работи. Тоа е проблемот со многу луѓе на форумов, немаат базични познавања за работите за кои пишуваат.
Прво барем нешто прочитајте, а чисто се сомневам дека си прочитал нешто од Чарлс Дарвин само тоа што ти го кажале на часот по биологија на кој предавал професор кој е израснат во комунистичко општество.
 
С

Сатори

Гостин

Тогаш што точно те прави тебе или било кој друг на темава компетентен за оваа расправа?
Треба сите ние овде да бидеме свештени лица или да имаме диплома од ПМФ, кога веќе дебатираш на една тема, не очекувај сите да се сложуваат со тебе или да ги презентираат работите на начинот на кој што ти очекуваш, а колку е големо нечие знаење, не е твое да пишуваш по постови.

Веројатно и јас мислам дека е крајно безползена дебатата за тоа дали Ајнштајн и Дарвин веруваат во Бог кога и двајцата се мртви а јас сум тука да се справувам со мојот атеизам или религиозност.

Продуктивни сте, се воодушевив!:devojce 1:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Btw, Лејди Сатори, дали твојот ник е израз на твоите религиозни верувања?
 
Јас пак не гледам ништо лошо во тоа доколку на некого му се посочи дека греши, јас би бил задоволен доколку некој мене ми каже каде грешам.
Точно дека секој си го кажува своето мислење но доколку нема спротивни размислувања тогаш нема дискусија.
Целата поента е доколку сакаш да дискутираш на одредена тема треба да имаш познавање на тоа што го пишуваш, не целта во празни муабети. Може да се научи и нешто од овие дискусии.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Епа драг пријателе очигледно дека немаш некакви познавања од историјата, религија т.е. од општа култура, а сепак пишуваш за одредени работи. Тоа е проблемот со многу луѓе на форумов, немаат базични познавања за работите за кои пишуваат.
Прво барем нешто прочитајте, а чисто се сомневам дека си прочитал нешто од Чарлс Дарвин само тоа што ти го кажале на часот по биологија на кој предавал професор кој е израснат во комунистичко општество.
Јас пак не гледам ништо лошо во тоа доколку на некого му се посочи дека греши, јас би бил задоволен доколку некој мене ми каже каде грешам.
Има еден израз без соодветен превод кој ги отсликува религиозните аргументи за науката изнесени подоле.

Изразот е QUOTE MINING , односно, селективно цитирање со вадење од контекст.

Еве ви пример:
Да се претпостави дека окото може да се создаде преку процесот на природна селекција делува апсурдно на највисокото можно ниво.

Чарлс Дарвин, Потекло на видовите
 
С

Сатори

Гостин
Btw, Лејди Сатори, дали твојот ник е израз на твоите религиозни верувања?
Далеку од тоа дека со источните религии сум поврзана толку силно за да ги претворам во свој втор идентитет, Сатори е само уште еден поим со добро значење.

Јас пак не гледам ништо лошо во тоа доколку на некого му се посочи дека греши, јас би бил задоволен доколку некој мене ми каже каде грешам.
Точно дека секој си го кажува своето мислење но доколку нема спротивни размислувања тогаш нема дискусија.
Целата поента е доколку сакаш да дискутираш на одредена тема треба да имаш познавање на тоа што го пишуваш, не целта во празни муабети. Може да се научи и нешто од овие дискусии.
Никој не го негира горе наведеното, но треба да знаеш како да ги изложиш работите, а не да објаснуваш според своите претпоставки колкаво е нечие познавање.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
За славните личности од историјата: Ван Гог е син на свештеник, и самиот студирал теологија и се подготвувал да тргне по стапките на тако му; подоцна ја отфрлил црквата како институција, но до крајот на животот останал длабоко религиозен; Пол Гоген за него напишал во едно писмо: “овој холандски ум е запален по библијата“.

За Дарвин дискутиравме порано. Исто така студирал теологија, подоцна го отфрла христијанството како институција, но никогаш за себе не рекол дека е атеист.

Ајнштајн - она што кај него на прв поглед изгледа дека е спротивно на верата е токму неговата дефиниција за Бог. И покрај поинаквите впечатоци, тој верувал во Бога. Ќе го повторам уште еднаш неговиот познат цитат: “во ова материјалистичко време се јавуваат луѓе атеисти, кои тврдат дека нема Бог, но она што ме лути е, дека ме цитираат мене како доказ за нивните тврдења“.

Фројд е единствениот доследен атеист од спомнатите, и тој ја сметал религијата за вид на неуроза, израз на незрелост на личноста.

Галилео Галилеј? Посветен католик, цврст верник. Неговата грешка? Што се обидел да ја брани библијата пред црковните власти, и да докаже дека толкувањето на библијата може да биде на повисоко ниво одошто суеверното.
Она што ти го поистоветуваш со верба во Бога на Галилеј, јас го гледам како спротиставување на “режимот“ на една власт. Но тоа се две различни гледишта кои не можеме да ги докажеме освен ако не ми најдеш релевантен цитат каде тој вели “јас верувам во Бог.“ Плус, за сите овие тврдиш дека се верници а всушност никаде не презентираш било каков доказ. Оној цитат за Ајнштајн, “но она што ме лути е, дека ме цитираат мене како доказ за нивните тврдења“ е само обична реченица на славен човек кој сака да биде оставен на мир, и не е никаков доказ дека тој ги отфрла “обвинувањата“ за неверство.
Zeng напиша:
Епа драг пријателе очигледно дека немаш некакви познавања од историјата, религија т.е. од општа култура, а сепак пишуваш за одредени работи.
---------------
Јас пак не гледам ништо лошо во тоа доколку на некого му се посочи дека греши, јас би бил задоволен доколку некој мене ми каже каде грешам. Точно дека секој си го кажува своето мислење но доколку нема спротивни размислувања тогаш нема дискусија.
Контрадикторност... би рекол Да. А и препрочитај си во репутација што ти напишав, ти кажав каде грешиш, а пак продолжуваш.

И на крај... ќе се вратиме на темата? околу дефинициите за Господ ??? :toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom