MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Сметај ја Исусовата жртва како продолжеток но воедно и крај на сите крвни жртви кои се од Бога одредени во Стариот Завет. Во сатрозаветните времиња, крвта од жртвуваните животни била попрскувата по телата од јудеите и јудеите, симболички преку таа животинска крв, се чистеле од своите гревови-надворешно. Така, наместо да се жрвуваат луѓе, се жртвување животните, чија крв ги примала/чистела човечките гревови. Сличнно е и со крвната жртва Христова, но воедно таа е последната крвна жртва која ја знаат хриситијаните. Од Христа па наваму, забранети се крвни жртви: ни човечки ни животински. Крвта Христова (аналогно на крвта од животните) ги очисти гревовите од дотогашните (и идните) луѓе и друга крв на родот човечки не му е потребна. Во Новиот Завет, прејдено е преку надворешното очистување од гревовите, т.е. очиствувањето денес е истовремено и надворешно (телесно, преку постот) и внатрешно (духовно, преку исповеста). Само така очистениот верник може да ги прими Христовите тајни, т.е. причеста, телото и крвта Исусови, изобразени во вид од леб и вино.