H
Hombre
Гостин
Завчера вечер на 25.10.2010 настана дефект на 110кв далноводот Вруток-Тетово причина за дефектот наводно било дека се скинала сајла за заземјување и истата удрила на јажињата што ја транспортираат електричната енергија и настанала хаварија.Како последица на дефектот ноќта 25-26.10.2010 и наредниот ден Тетово и Тетовско останаа без електрична енергија.
Денеска проструи информација од вработени во МЕПСО дека истиот ден екипите на МЕПСО добиле известување дека кај Кавадаци на 400кв далновод лице или лица без потреба се задржале кај далноводите.Била испратена екипа да провери дали случајно предизвикале некаква штета,кога пристгнале на лице место забележале дека на три столба биле извадени мутерите кои што ги држат стабилно далноводите.Бидејќи екипата не била подготвена за таков вид на интервенција добиле наредба од останатите столбови да извадат по еден мутер за да ги стабилизираат трите столба бидејќи при малку посилен ветер би можеле да се урнат.
Шпекулациите одат во таа насока дека двата случаја се поврзани,дека првиот настан не е случаен оној со далноводот Вруток-Тетово и дека целта на извршителите била да дојде до распад на електро-енергетскиот систем и Македонија подолго време да потоне во мрак.
Наводно за настанот во Кавадарци полицијата води истрага...