Детски колички

Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Не можев да најдам никаква тема за детски колички, ако веќе има нека се спои со постоечката.

Темава нека биде за се што е поврзано за детски колички.
Каква количка користите/сте користеле?
Колку сте задоволни од количката?
Дали преферирате посебно седиште за во кола или во склоп на количката?

Повелете со вашите мислења (нема да е лошо и слики да се поставуваат).

За моето дете користиме Quinny Buzz 3 и сум презадоволен.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Најголема апсурдност, луѓето даваат и по 26.000 денари за количка за бебе.
Ние во железни пораснавме, супер сме ко шо гледам.

Во просек најобичните идат денес по 150/200 евра. Смешно.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Најголема апсурдност, луѓето даваат и по 26.000 денари за количка за бебе.
Ние во железни пораснавме, супер сме ко шо гледам.

Во просек најобичните идат денес по 150/200 евра. Смешно.
Се согласувам дека се скапи количките, но не и дека е апсурдност.
Ако сакаш подобар квалитет ќе си платиш поскапо и тоа е тоа. Плус тука бизнисот е ориентиран кон емоциите на родителите ( повеќето родители нема да жалат пари за удобност и сигурност на своето дете).
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Многу кратко бебињата и децата користат колички ( брзо растат )
Меѓутоа секој родител, посебно ако му е прво дете, сака за своето дете да купи се најдобро.
Мој совет е да не се претерува.
Затоа препорачувам:
1. Ако постои можност, да се позајми количка, од роднини, пријатели, колеги, комшии.....
2. Да се има повеќе деца, за да количката рационално се искористи
Нај полезно е двата предлога да ги прифатите....
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Бог да чува за некое време колички за деца со "BREMBO" кочници ќе почнат да произведуваат ...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
што ми е криво,не можам да ставам слика што ја имам некаде,
јас во количка со брат ми.Дрвена од сите страни,длабока само главите се гледаат наши,со четири тркала(сликано во паркот пред земјотресот)
Инаку младиве и незнаат што сакаат,кај не работат,па и марка да било.
Јас за помалата внука купив Грако мислам се викаше од Рамстор,една плата не ми стаса,нешто и кусур а не е нешто посебно.Но најкриво ми е кога запна таму ќерка та и релаксатор ли како се вика еден додаток,како корпа ни еднаш не ја употреби а отидоа уште 120-130 Е.
Ама знае она не дава пари,за на каса има друг па купуј и без везе нешто.
Инаку по огласиве ќе најдете нова количка за 1000 денари,не купувајте од Рамстор или Пластик Авенија.
Сега јас купив една таква (Германска оригинал) како нова,за новата внука и се разбира евтино,а таква нема ни по дуќаниве.Луѓе добиваат и на подарок па не им требат две секако.
И да се отври ова: употребувана е,или стара е или слично,зошто е таа во кратка употреба и луѓе и малку некој ги користат.Јас и обувки и алишта не се срамам да земам за внуциве да кажам втора употреба.
Бидеиќи и тие се само за една сезона - деца растат,нека се живи и здрави. Е ова за тие де што немаат одвише.А има и такви што имаат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
^ Младите знаат што сакаат, но бидејќи они не ја купуваат количката затоа одбираат поскапи и да било марка, а да е од нивни пари да видеме дали ќе дадат толку. ;)

Ова е класичен вид на количка, не сакам со 3 тркала ни пак од оние што се ротираат. Цената и е 6800 ден, а може да се најде и поефтино низ аптеките. Што ќе давам 26.000 ден за таа како од првиот пост, ќе дадам 6000 за оваа од сликата, а со другите пари ќе му купам голема кола oд 100 евра што може друг да го управува на далинско за да ја вози по улицата кога ќе порасне и плус велосипед за тие пари. ;)
Leo_2012.gif
За една година количката ќе лета во подрум, а исто и носилката џабе фрлени толку пари.

Во Енци менци гледам комплет од количка, носилка и седиште за кола е од 32.000 до 53.000 ден. :eek:
Овие претераа со цените, кенгур за 4700 ден, а транспортер од 5000 до 10.000 ден. :eek:
Многу деца пораснаа без колички од позната марка, без релаксатори и транспортери па ништо не им е.
Мора да се мисли дека треба и за во иднина да му купиш нешто. Тие што имаат пари нека купат, но муабетот е за оние кои немаат а се расфрлаат плачат по бабите и дедовците за на бебето да му купат баш таква количка, а тие сиротите дали имаат толку пари никој не ги прашува. :tapp:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
110
Поени од реакции
171
Бог да чува за некое време колички за деца со "BREMBO" кочници ќе почнат да произведуваат ...
Еми ако де, има луѓе кои живеат на брдо. Кој родител сака бебето по удолница да му летне? :D
 
Член од
5 февруари 2005
Мислења
100
Поени од реакции
121
Ми треба помош при избор на детска количка
Jungle lux


Chipolino pooky


Се мислам помеѓу овие две па ако некој од вас има искуство со некоја од горенаведените би ми било од голема помош вашето мислење
 

Kajgana Shop

На врв Bottom