Дете од банка

JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
480
Поени од реакции
19
Сте го гледале филмот со Вупи Голдберг и Тед Денсон?:)


Што мислите, што може да мотивира еден маж да отиде во банка за донирање сперма?
Вие би отишле?

А жени, прашање за вас... би размислиле на оваа опција да отидете во банка за спрема? Под кои услови?

Си има таму цел каталог, си бираш по боја на кожа и националност, физички квалитети ( висина, тежина, боја на коса и очи), IQ, итн. Дете по мерка.

А, ако тоа дете дознае како е зачнато и посака да го запознае татко си, како ќе ги ставите на терезија правната обврска на банката да ја чува анонимноста на идентитетот на таткото, и ај да речеме, ’’моралното’’ право на детето да си го познава родителот?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
60
Поени од реакции
1
Одговор на М-делот: пари може да мотивираат и да за пари би отишол. Затоа и на Запад функционира цело тоа, затоа што добро плаќаат, не е на доброволна база како кај нас крводарителството.
 

JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
480
Поени од реакции
19
И после, нема да се ставиш на мисла: а што ако таму некаде има мое дете?

Мене па друго ми падна на памет.
Си помислив дека е можеби и поради идејата за бесмртност или сл. Замисли, донираш сперма која ја замрзнуваат. И таму некаде после еден цел век,на пр.( или не знам, колку може да се чува спермата замрзната?), имаш дете. Некое мулатче, една црнкиња таму што чула за една Македонија, посакала дете од Македонец, најубав, најпаметен, најсилен:)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Еден маж за да отиде во банка за сперма може да го мотивира сумата на пари што ќе му ја дадат и порките да ги види дали се добри:pos: (се зезам )
А сега поозбилно:star:
Тргнувам од мене,Да, би отишла во банка за сперма,доколку неможам или несакам да најдам партнер за моето дете кое сакам да го зачнам баш во тој временски период,и сакам да нема обврски другата страна.Тоа е се доколку така посакам или се почуствувам во некој период од мојот живот.Ова е да земам сперма од донатор.
Во друг случај, јас да донирам во банка во секое време,би донирала,некој некаде неможе да има деца,а сака најмногу на свет.Не би ме мачела мислата таму некаде има некој дел од мене во некое дете,можеби би посакала да видам како личи и сл,но без големи напрегања околу тоа.Доволно ќе ми биде тоа што негде некогаш,некој ќе биде целосно среќен и јас сум имала удел во тоа.
Е околу анонимноста на донаторот и моралното право на детето,мислам дека би требало да постои солуција при оставање на донацијата дека е тргната таа анонимност,по желба на донаторот.Моралното право ќе му биде заменето на детето со правилно објаснување на целата постапка и целото внимание што ќе му биде посветено на тоа дете.Сепак на крајот токму они се вистинските родители на детето,они биле до него цело време,а третиот е само донатор по сопствена желба.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
60
Поени од реакции
1
JASMIN напиша:
И после, нема да се ставиш на мисла: а што ако таму некаде има мое дете?

Мене па друго ми падна на памет.
Си помислив дека е можеби и поради идејата за бесмртност или сл. Замисли, донираш сперма која ја замрзнуваат. И таму некаде после еден цел век,на пр.( или не знам, колку може да се чува спермата замрзната?), имаш дете. Некое мулатче, една црнкиња таму што чула за една Македонија, посакала дете од Македонец, најубав, најпаметен, најсилен:)
Нема да се помислам, ако така гледаме на работите и сега би се мислел за 3-4 ситуации, а што ако таму некаде има мое дете хммм?

Него за таа причината што ја кажуваш, не верувам дека е и поради тоа затоа што никогаш не сум пател од синдромот наречен "безсмртност".
Је да ако гледаме и за тоа веќе така, повеќе би сакал мене да ме замрзнат отколку мојата сперма, па нека ме одмрзнуваат по два века.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom