Демократија

Член од
3 декември 2008
Мислења
66
Поени од реакции
3
Демократија е кога ќе те отераат во пи.ку матер а ти одиш кај сакаш!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
11.684
Поени од реакции
5.513
.. ова се го пишувам да се свати дека не е баш така како сега еуфорично галамат медиумите на Велија и Бранко. Па пред 15-16 години двајца плицајци фрлија во Вардар кај Велес со се лисици уапсен , мислам дека беше некој вмровец, после напишаа во записник дека им избегал и се фрлил во Вардар. Еднаш само малку напиша некој весник и веднаш тоа под тепих се стави, никаква истрага, никакви хелсиншки комитети. Ами што праиме муабет кога Фрле ја заташка цела истрага за атентатот ( мистериозно се поплави и компјутерот во мвр со доказите на службите од Уса и Германија), а сега тој ќе кажува за диктатура и демократија ????. Па по атентатот се ликвидирани 5-6 луге, никој ништо не кажува, дури ни во врска со лустрацијата ова не се чепка.
Демократија по мене има само во Скандинавските држави. Гледав пред 5-6 години се сретнале Митрева и премиерката или министерка од Финска. Исто стари, ама таа од Финска према нашата како социјален случај, спрема Илинка бедно облечена, несредени заби, незатегната. А Финска има 20х поголем доход по жител. Но и демократијата има лоши работи, ете имаше атентат на Улоф Палме, па пред 5-6 години еден ја утепа во Шведска министерката, се прави луд и се излежава у некој фин затвор со подобри услови од тука народот што ги има за живот.
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
20
Поени од реакции
2
Демократијата како концепт е про-анархистичка затоа што веднаш (и со право) се мисли на директна демократија (без претставници). Претставниците, пак, се бираат на стварно глуп начин - избор на "најпопуларниот". Потоа тоа се води како работно место. За ниедно друго работно место нема такви избори, туку си е според компетентноста. Штом во системот има претставници веќе не може да биде демократија и тоа е тоа. Може евентуално систем од олигархии да е, како што гледаме.

Нели ви е сомнително дека во 21 век, кога феудалниот систе одамна поминал, сеуште да стои концептот на територијална држава уште нечепнат? На олигархиите што се маскираат во демократија им одговара концептот за голема маса луѓе, бидејќи во име на "демократија" преку рекламократија ги всадуваат своите желби и потреби кај просечните и потпросечните, што се обично повеќе.

Во денешно време кога капитализмот го врти светот, нормално е компаниите да имаат улога на "држави" а не вака како што сме сега. Да видам тогаш избори без компетенции, правење своја олигархија и автократско понашање. Има да донесеш резултати, инаку ќе те нема!
 
С

сашенко

Гостин
Абе има некој нешто за демократија да прати на мејл или да пише овде?Ми треба за есејче едно и имам доста примери ама никаде не најдов убави реченици така мотивирачки нешто и да седнам да напишам.Не правам copy-paste во свој стил ке пишувам мој став е потребен и планирам да се оставам на тастатура пишувајки ама wikipedia многу скромно некако за демократија а никакви извори други немам.Ако има некој нешто нека постира би бил посебно благодарен.А ако нема никој здравје ке пишувам за демократијата во нашава земја за тоа имам доволно инспирација

--- надополнето ---

kikser[g.p];4068846 напиша:
Демократија е кога ќе те отераат во пи.ку матер а ти одиш кај сакаш!
Хахахахахахахха..слобода на движење брат:vozbud:
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Вистинската Демократија досега не постоела. Исто како што до сега не постоел вистинскиот Комунизам.
Демократија е власт на народот, во вистинска смисла на зборот.
Еве еден пример:
Дали јас ако работам во Рудник Злетово како Рудар можам да речам дека ова е Демократија ако не владеам ни сам со себе
Дали е Демократија никој да не ме командуват или да ме командуват ама јас да бирам кој?
Односно не бирам туку придонесувам во бирањето.

Друго: Воопшто не е Демократија да ја пцуеш и навредуваш власта А ДА НЕ БИДЕШ ЗА ТОА ОСУДЕН.
Пример за тоа не е Демократија во САД да го пцуеш и навредуваш Обама и Американската надворешна политика, да палиш Американски знамиња итн... И на крај да речеш не ме осудија за тоа...
Туку Демократија во САД би било кога НАРОДОТ би одлучил дали САД ќе извршат воена интервенција во Ирак, Авганистан, или пак дали САД ќе се повлечат од Ирак или Авганистан...
Ама сето тоа да го одлучува АМЕРИКАНСКИОТ НАРОД а не Републиканците, Демократите, Обама, Конгресот на САД ниту пак Ротшилдови, Рокфелерови, Морганови...

Или пак Демократија во Македонија би било кога народот ќе одлучи за проектот Скопје 2014, а не Грујо и Компанија...

Ама кој го прашува народот...
Многу грешиш кога ја споредуваш демократијата со комунизамот. Комунизамот е идеологија, демократијата не е. Комунизамот се состои од цел процес до негова реализација, а детално е објаснет во делото на Карл Маркс. Тоа е систем кој прво треба да се состои од диктатура на пролетеријатот, односно диктатура врз самата држава и бирократијата, а потоа следува процес каде државата поради диктатурата на пролетерите згаснува и настанува општество без држава, без хиерархија, без пари. Комунистите мислат дека државата негативно влијае врз народот и дека државата постои се додека постојат класите. Нивната теорија е дека со појавата на класите, се појавила државата и дека со згаснување на класите (а тоа е сите да се еднакви, да има општествена сопственост не приватна) ќе згасне и државата.
Демократијата не е идеологија, тоа е еден систем кој е оставен сам на себе. Таму нема почеток нема крајна цел. Поради лошите искуства во светот од идеологиите, нацизмот, комунизмот, социјализмот, прифатена е демократијата како општество кое не е идологија. Таму буквално човекот е оставен сам на себе, нема мешање на државата во распределбата на добрата. Дозволено е секој да може да се организира со истомислениците во партии, дозволено е секој (не баш секој, оние со општа правна способност) да имаат активно и пасивно избирачко право. Дозволено е на секој (не баш на секој, на полнолетните со општа правна способност) да гласа на избори. Не е баш толку слободно како што се замислува. За да предложиш закон, или референдум потребни се да се исполнат услови, а нивното исполнување не е баш лесно (нема потреба да ги објаснувам). Треба да е нешто многу нужно за собранието да го прифати. Правиш она што е дозволено со закон, не она што сакаш, како што многу мислат. Државата е на најунеутрално можно ниво, иако тоа е многу пати злоупотребено од буржоасците, или модерно кажано, капиталистите. На крајот на краиштата демократијата е создадена како противтежа на капитализмот. Тоа е систем на утеха на секој граѓанин поради суровоста на капитализмот. Каде луѓето се економски нееднакви, нема помош од државата за успех во општеството. Но, овде е демократијата да ти ги обезбеди правата, односно шанса за успех во општеството, но не и гарант за успех. Овде е демократијата да каже дека секој е слободен и си го бира својот пат во животот (иако патот се бира во рамки на можностите).
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
1.655
Поени од реакции
1.036
Само во услови на целосно развиен комунизам може да има вистинска демократија, а во денешното класно општество се што се нарекува демократија е диктатура или на буржоазијата или на пролетаријатот. Ова ти е ленинизам во најчиста форма, кој доведе до воспоставувањето на еден од најрепресивните системи на сите времиња.

Ако во претпријатијата се воведе самоуправување, тоа ќе значи значително унапредување на демократијата.
 
--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378

Vidi druze te sfakjam sto sakas da kazes i jas sum za demokratija da ima i toa demokratija vo sekoe pole !
Demokratija na rabotnoto mesto, demokratija i nadvor od rabotnoto mesto i.t.n. No druze pravis edna greska vo toa sto mesas eden opstestveno-politicki sistem(Komunizam/Socijalizam) so Demokratija !
Demokratijata ne e nitu religija, nitu ideologija, nitu opstestven sistem !
Ne mozes da reces deka Komunizmot e najdemokratski sistem, koga postojat niza nedemokratski elementi vo ovoj sistem: ednoumie(ednopartiski sistem), diktatura/rezim(dozivotna vlast), kolektivizam, totalitarizam i.t.n.
Od druga strana pa i vo Kapitalistickoto opstestvo nema demokratija, iako samoto po sebe si se narekuva demokratsko opstestvo, no vsusnost dokolku podlaboko se poanaliziraat rabotite, kje se dojde do zaklucok deka vsusnost demokratija nema ni vo ova opstestvo !
So eden zbor vo Komunizmot dominanten e proletarijatot, a vo Kapitalistickoto opstestvo dominantni se kapitalistite t.e. visokata klasa(burzoazijata) ! Znaci i vo dvata sistemi druze nema demokratija, bidejkji postoi dominacija na edni vrz drugi !
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Само во услови на целосно развиен комунизам може да има вистинска демократија, а во денешното класно општество се што се нарекува демократија е диктатура или на буржоазијата или на пролетаријатот. Ова ти е ленинизам во најчиста форма, кој доведе до воспоставувањето на еден од најрепресивните системи на сите времиња.

Ако во претпријатијата се воведе самоуправување, тоа ќе значи значително унапредување на демократијата.
Маркс, Енгелс, Ленин, и сите оние кои го подржуваат комунизамот сметаат дека демократија постои ако сите граѓани се еднакви, по права и богатство.
Оние пак кои го подржуваат капитализамот сметаат дека во демократијата треба сите луѓе да имаат еднакви шанси до добивање поголем статус во општеството, до добивање поголемо богатство, тие сметаат дека еднаквоста по имот и права е невозможна бидејќи таква не е природата на човекот.

Слабоста на комунизамот е тоа што многу лидери на поранешните социјалистички држави дојдоа на власт со помош на нивната идеолошка определба кон комунизамот и ветувањата дека ќе се обидат да го започнат процесот на диктатурата на пролетерот и воведување на комунизам со тек на време, но за жал завршија со тоталитаризам, во случајот со Сталин, а Тито за жал започна добро, но штета што почина. Инаку само тој од комунистичките лидери во светот не западна во тоталитаризам.
--- надополнето: 3 февруари 2012 во 20:34 ---
Vidi druze te sfakjam sto sakas da kazes i jas sum za demokratija da ima i toa demokratija vo sekoe pole !
Demokratija na rabotnoto mesto, demokratija i nadvor od rabotnoto mesto i.t.n. No druze pravis edna greska vo toa sto mesas eden opstestveno-politicki sistem(Komunizam/Socijalizam) so Demokratija !
Demokratijata ne e nitu religija, nitu ideologija, nitu opstestven sistem !
1.Ne mozes da reces deka Komunizmot e najdemokratski sistem, koga postojat niza nedemokratski elementi vo ovoj sistem: ednoumie(ednopartiski sistem), diktatura/rezim(dozivotna vlast), kolektivizam, totalitarizam i.t.n.
2.Od druga strana pa i vo Kapitalistickoto opstestvo nema demokratija, iako samoto po sebe si se narekuva demokratsko opstestvo, no vsusnost dokolku podlaboko se poanaliziraat rabotite, kje se dojde do zaklucok deka vsusnost demokratija nema ni vo ova opstestvo !
3.So eden zbor vo Komunizmot dominanten e proletarijatot, a vo Kapitalistickoto opstestvo dominantni se kapitalistite t.e. visokata klasa(burzoazijata) ! Znaci i vo dvata sistemi druze nema demokratija, bidejkji postoi dominacija na edni vrz drugi !
1. Во комунизамот не може да постои еднопартиски систем, ниту диктатура, ниту тоталитаризам бидејќи не постои влада, ниту претседател, ниту држава. Таму постои општество каде сите со права и имот се еднакви. Ако зборуваш за држава со социјализам и доживотен лидер тогаш тоа е друго, тоа е се само не комунизам. Пример ти е Сталин, се обиде да воведе социјализам, направи тоталитаризам, со тоталитаризам е невозможно да се дојде до комунизам.
2. Има демократија, но демократија која ја нарекуваат капиталистите. Во демократијата во капиталистичко општество се вели дека сите имаат еднакви шанси да го постигнат она што го сакаа. Како што јас знам тебе никој не ти забранил да работиш, или да гласаш или да се кандидираш, но ако си доволно способен направи го, тоа е суровоста кај овој систем. Или, народно кажано, ако имаш муда направи го, никој не ти брани. Комунистите, социјалистите демократијата ја гледаат во еднаквоста на сите, но не во еднакви шанси како во капитализмот.
3. Како што кажав, во комунизам не може да доминира пролетеријат, бидејќи не постои.
Во капитализмот мора да постојат капиталисти бидејќи е капиталистичко општество. Капиталисти стануваат тие што дошле до големо богатство или што успеале да одржат приватна сопственост на бизнис, не е битно со кои средства успеале тоа да го сторат. Секој има шанса да постане капиталист, никој не му брани, но секој не знае да стане капиталист. Го нема секој образованието, талентот, дрскоста, својството да стане капиталист во ова општество.
И на крајот, постои демократија во капитализмот, но онаква каква што тие ја дефинираат.
 
--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Маркс, Енгелс, Ленин, и сите оние кои го подржуваат комунизамот сметаат дека демократија постои ако сите граѓани се еднакви, по права и богатство.
Оние пак кои го подржуваат капитализамот сметаат дека во демократијата треба сите луѓе да имаат еднакви шанси до добивање поголем статус во општеството, до добивање поголемо богатство, тие сметаат дека еднаквоста по имот и права е невозможна бидејќи таква не е природата на човекот.

Слабоста на комунизамот е тоа што многу лидери на поранешните социјалистички држави дојдоа на власт со помош на нивната идеолошка определба кон комунизамот и ветувањата дека ќе се обидат да го започнат процесот на диктатурата на пролетерот и воведување на комунизам со тек на време, но за жал завршија со тоталитаризам, во случајот со Сталин, а Тито за жал започна добро, но штета што почина. Инаку само тој од комунистичките лидери во светот не западна во тоталитаризам.
--- надополнето: 3 февруари 2012 во 20:34 ---

1. Во комунизамот не може да постои еднопартиски систем, ниту диктатура, ниту тоталитаризам бидејќи не постои влада, ниту претседател, ниту држава. Таму постои општество каде сите со права и имот се еднакви. Ако зборуваш за држава со социјализам и доживотен лидер тогаш тоа е друго, тоа е се само не комунизам. Пример ти е Сталин, се обиде да воведе социјализам, направи тоталитаризам, со тоталитаризам е невозможно да се дојде до комунизам.
2. Има демократија, но демократија која ја нарекуваат капиталистите. Во демократијата во капиталистичко општество се вели дека сите имаат еднакви шанси да го постигнат она што го сакаа. Како што јас знам тебе никој не ти забранил да работиш, или да гласаш или да се кандидираш, но ако си доволно способен направи го, тоа е суровоста кај овој систем. Или, народно кажано, ако имаш муда направи го, никој не ти брани. Комунистите, социјалистите демократијата ја гледаат во еднаквоста на сите, но не во еднакви шанси како во капитализмот.
3. Како што кажав, во комунизам не може да доминира пролетеријат, бидејќи не постои.
Во капитализмот мора да постојат капиталисти бидејќи е капиталистичко општество. Капиталисти стануваат тие што дошле до големо богатство или што успеале да одржат приватна сопственост на бизнис, не е битно со кои средства успеале тоа да го сторат. Секој има шанса да постане капиталист, никој не му брани, но секој не знае да стане капиталист. Го нема секој образованието, талентот, дрскоста, својството да стане капиталист во ова општество.
И на крајот, постои демократија во капитализмот, но онаква каква што тие ја дефинираат.
Ednakvost nikogas nemalo, nema i nemoze da ima, ednostavno takvi se rabotite vo prirodata !
Komunistite ili Socijalistite whatever tvrdat deka dokolku im se odzeme bogatstvoto na pobogatite gragjani/klasi i im se podeli na posiromasnite gragjani/klasi, togas voopsto nema ni da postoi siromastija na ovoj svet, no dali vakvite razmisluvanja i ideologija se pravedni i ispravni ??? Sto ako nekoj sto e pobogat covek da receme, no dosta trudoljubiv, rabotliv, stedliv i domakjin-covek i postigne dosta vo zivotot, zasto da go dava/deli toa so nekoi koi sto ete mozebi se ponesposobni, pomrzelivi, nedomakjini i sl. Spored Komunistite nesmee da postoi visoka klasa, bogatstvoto od visokata klasa(bez razlika dali e specaleno so trud i pot, ili so kriminal) mora da bide raspredeleno podednakvo !!!
Od druga strana pak spored Kapitalistite, sekoj covek ima podednakvi prava i moznosti za uspeh vo zivotot(obrazovanie, rabota, biznis), no koj i kolku kje si uspee, toa si e negova licna rabota, vo zavisnost od sposobnostite(umstveni i fizicki) na samata individua. So eden zbor ili kje uspees ili nema da uspees !!!
 
Според Комунистичката идеологија, главна цел е да се дојде до општество каде нема да има хиерархија и пари, каде сите ќе работат за да преживеат, ќе имаат колку што им е потребно. Со еден збор сите ќе бидат една класа и нема да биде возможно некој граѓанин да дојде класа повеќе од другите.
Она што го правеа социјалистите со нивните револуции е одземање на големите имоти и богатства од богатите, превзимајќи ги во општествена сопственост, односно национализација. Но, тоа е период на пролетеријат, каде треба да се угнети онаа граница помеѓу класите и самите класи, да се дојде до една класа, еднаквост.
Со еден збор, прочитај дела на Маркс и Енгелс и ќе видиш што е всушност Комунистичка идеологија.
Тоа што тебе ти се повеќе допаѓа капитализмот, а не социјализмот е твоја лична определба, таму нема дискусии.
 
Abe jas nikade ne napisav deka Kapitalizmot e super sistem i deka mi se dopagja !!!
Razlikata e vo toa sto vo Socijalizmot odnapred si znaes i da ucis i da ne ucis i da rabotis i da nerabotis i da stedis i da ne stedis i.t.n. pak kje si zivees gore-dole isto ko i drugite t.e. ednoklasno opstestvo e, nemozes da stanes nitu bogat, nitu pak siromav t.e. nemozes ni da letas mnogu visoko, no nemozes ni da padnes na zemja so glava !
A vo Kapitalizmot imas povekje prostor za manevriranje i sansi, ako te biva, nikoj ne te sopira, ako sakas, no i ako mozes, napravi i milijardi, no ako ne te biva kje tresnes na zemja so glava .......... Kapitalizmot e klasno opstestvo, nikoj nema da te spasuva ako vo dzebot nemas ni denar .................
B.T.W. kaj nas ovde momentalno sistemov ni e turli-tava, postoi mesavina na tri sistemi: Feudalizam, Socijalizam, Kapitalizam .................. grupirani vo edna vecna Tranzicija koja trae i kje trae do nedogled !!!
 
На врв Bottom