Демографија

Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.309
Поени од реакции
19.662
Лоша година за најголемиот број на држави. Во Европа само Србија и Португалија имаат раст, сите други имаат минуси од околу и над 10 проценти. Финска која долго време се држеше во последно време има голем пад, останатите нордиски држави исто имаат големи падови, Балтикот и Грција водат со над 10 проценти пад од минатата година. Украина нема инфо, но поради војната, распад систем и масовно бегање особено на женската популација логично би било да имаат катастрофален пад на наталитетот. Франција која исто така имаше висок ТФР, во 2022 ја забележа најниската бројка на новородени од 1945.

Ако ништо друго, Европа имаше голем наплив на бегалци од Украина (во случај на Полска и Русија милиони Украинци) кои ќе го надоместат овој губиток, секако на огромна штета на Украина. Така на пример Естонија иако има паѓање на наталитетот од 12,7 проценти (најниска бројка од 1919), има зголемување на населението за 2%.

САД се на исто ниво, дури и минимален раст. Казахстан изненади со големо опаѓање, источноазиските држави континуираат со трендот на опаѓање.

Источна Азија има најмала стапка на наталитет во свет.

Животен век во светските метрополи.

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.311
Светот има природни граници, премија е развиените земји да го држат населението. Проблем е што чкарт држави и народи имаат голем раст што ќе носи нови проблеми.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747

игорче, сметаш дека другите не се ариевска раса, нешто бела привилегија приметувам во твоите постови. Шваб да те чита одма ќе те прати на превоспитување.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Светот има природни граници, премија е развиените земји да го држат населението. Проблем е што чкарт држави и народи имаат голем раст што ќе носи нови проблеми.
Не мора да значи дека е до тоа. И ние не сме развиена држава па немаме природен раст. Во нашава земја најповеќе имаат природен раст Албанците и Ромите.

А од нашиве има илјадници ергени/беќари од 40 до 60 години... И допрва нивниот број ќе се зголемува...
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495

Ерата на рано влегување/стапување во брак како и правење на многудетни семејства е одамна завршена, уште во минатиот 20ти век. Да ние сме сиромашна и слаборазвиена земја, меѓу најсиромашните во Европа, точно, но сепак сме дел од таа западна европска цивилизација/култура. Две деца беше/е социјалистички просек и на некој начин се држи демографска стабилност на државата, но денес веќе трендовите се или едно дете или нула. Да, има доста ергени, особено по руралните или полу-руралните области, но ги има доста дури и по урбаните средини. Инаку имам лична перцепција дека бројот на слободни/сингл мажи во тие поозбилни години е многу поголем од бројот на слободни/сингл жени на тие години. Еве на пр. скоро и да не познавам девојка што е над 30 год. а да не е мажена, од друга страна има купишта машки кои се неженети, а веќе стигнале до кај 40ка па и изнад !
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
354
Поени од реакции
473
Лоша година за најголемиот број на држави. Во Европа само Србија и Португалија имаат раст, сите други имаат минуси од околу и над 10 проценти. Финска која долго време се држеше во последно време има голем пад, останатите нордиски држави исто имаат големи падови, Балтикот и Грција водат со над 10 проценти пад од минатата година. Украина нема инфо, но поради војната, распад систем и масовно бегање особено на женската популација логично би било да имаат катастрофален пад на наталитетот. Франција која исто така имаше висок ТФР, во 2022 ја забележа најниската бројка на новородени од 1945.

Ако ништо друго, Европа имаше голем наплив на бегалци од Украина (во случај на Полска и Русија милиони Украинци) кои ќе го надоместат овој губиток, секако на огромна штета на Украина. Така на пример Естонија иако има паѓање на наталитетот од 12,7 проценти (најниска бројка од 1919), има зголемување на населението за 2%.

САД се на исто ниво, дури и минимален раст. Казахстан изненади со големо опаѓање, источноазиските држави континуираат со трендот на опаѓање.

Источна Азија има најмала стапка на наталитет во свет.

Животен век во светските метрополи.

Пишувај почесто на оваа тема
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
А за темава мислам доволно сме 8 милијарди. Мислам кој век сме со тие муабети дека децата се богатство? Еве рамче и фамилија тоа буквално го сфаќаат и клаваат и не ваѓаат, мислам колку фамилии шофершајбноперачи можат да се накотат? Мислам дека норвежанец на 50 години сам ко пес и со пес до него треба да му биди role модел на сите на планетава.
Се извинувам на сите антички христијански тврдокорни македонци шо сакаат нивните храбри гени да ги пренесат на своите поколенија.
Не е баш така. Во средината на 70-тите години од минатиот век кога на планетава се сторија 4 милијарди жители, тогаш се мислело дека сме премногу...

Денес комотно може да издржи нашава планета едно 20 милијарди жители. Бидејќи технологијата овозможува изградба на високи облакодери на било кое место, вештачки острови и производство на храна што дури и пустината Сахара може да биде плодна почва. Па само Русија има земјоделски површини што комотно може да ја прехрани целава планета.
Фертилитетот во сите (повеќето, особено овие што ги наброја) земји е во опаѓање. Моментално Египет, Иран, Турција се наоѓаат онаму каде што биле Германија, Франција во 60-70тите. За околу 50тина години ќе ги снајди истата демографска слика која што е денес реалност во развиените земји.

НО, Западот во текот на минатиот век разви технологија, економија, богатство, образование и моќ што Иран, Египет, и останатите земји од трет свет со моментално високи нивоа на пририден раст можат само да го сонуваат. Повеќето од нив се уништени од војни, санкции, поделени, обвиткани во идеологии кои не носат развој и сл.
Не само што нема да станат помоќни во иднина, туку баш обратно, кога еднаш нивното население ќе стани старо, ќе имаат многу многу поголеми проблеми од тие што ги имаат сега.
Не може да се докаже какви ќе бидат со наталитет тие земји во следниве 50 години...

Ете нашата земја беше прва на Балканот со наталитет во периодот од почетокот на 30-тите и крајот на 40-тите години од минатиот век и тогаш кој би знаел дека во следните 50-70 години ќе бидеме вакви??? Можеби тогаш се очекувало да имаме уште поголем наталитет од тогаш...

Ете пред сто години во 1923 година аналитичари очекувале дека во следните сто години просечниот животен век ќе биде 120 години. И бидна нешто од тоа?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.044
Поени од реакции
4.699

Може да се претпостави.
Еве на Египет, во 80тите, имале фертилитет од 5.3, сега имаат 2.63.
Турција, во 90та 3,11, сега им е 1,66.
Иран, од 80та имал 6,58, сега има 1,69.
Слично е во скоро сите земји.

Не можеме да ја предвидиме иднината, но последните 40 години најмалку, трендот е во надолна линија, (освен во Израел) секаде вклучително и кај овие што ги зедов за пример. Веројатноста е дека ќе продолжи така.

Дури и да се смени нешто и тргни во нагорна линија, се додека не почнат да работат на економијата и да им расте стандардот, нема да бидат ништо помоќни од што се сега или пред 20 години.

Нивната судбина во иднина ќе биди многу полоша отколку на развиените земји.
 
Накратко кажано Македонецот и воопшто Балканецот, па и Европјанинот во минатото кога беа тоталка неписмени, живееа по селата, копаа и садеа бавчи и бркаа овци и говеда по нивите и ридовите, кога немало технологија и електроника, ниту па модерна медицина... лупаа по цели фудбалски екипи на деца, арно ама модерните времиња си го направија своето, прво масовна миграција село-град после 2 с.в., па едукација, еманципација и задолжително образование за секого, индустријализација, развој на технологија и електроника (читај живот на дугме/копче), бркање на кариери до 40/50 години... и сеа трт милојко работава зошто немало првачиња во училиштата хах па уште и субвенции од државата бе за да народот праел појќе деца, ко божем на нашите дедовци, прадедовци, баби и прабаби тогашните држави во кои што живееле им давале субвенции за да праат по неколку деца !
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Може да се претпостави.
Еве на Египет, во 80тите, имале фертилитет од 5.3, сега имаат 2.63.
Турција, во 90та 3,11, сега им е 1,66.
Иран, од 80та имал 6,58, сега има 1,69.
Слично е во скоро сите земји.

Не можеме да ја предвидиме иднината, но последните 40 години најмалку, трендот е во надолна линија, (освен во Израел) секаде вклучително и кај овие што ги зедов за пример. Веројатноста е дека ќе продолжи така.

Дури и да се смени нешто и тргни во нагорна линија, се додека не почнат да работат на економијата и да им расте стандардот, нема да бидат ништо помоќни од што се сега или пред 20 години.

Нивната судбина во иднина ќе биди многу полоша отколку на развиените земји.
Ме разбра што сакам да кажам. Во 70-тите години од минатиот век се шпекулирало дека светот во 2000 година ќе има 5 милијарди жители, а истата година 6 милијарди жители станавме. Направиле промашај со само 1 милијарда. Башка и што се шпекулирало дека после 2000 година секоја година светската популација континуирано ќе се намалува...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747
Ме разбра што сакам да кажам. Во 70-тите години од минатиот век се шпекулирало дека светот во 2000 година ќе има 5 милијарди жители, а истата година 6 милијарди жители станавме. Направиле промашај со само 1 милијарда. Башка и што се шпекулирало дека после 2000 година секоја година светската популација континуирано ќе се намалува...
брат, со погрешен човек пробуваш да се разбереш...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.044
Поени од реакции
4.699
Ме разбра што сакам да кажам. Во 70-тите години од минатиот век се шпекулирало дека светот во 2000 година ќе има 5 милијарди жители, а истата година 6 милијарди жители станавме. Направиле промашај со само 1 милијарда. Башка и што се шпекулирало дека после 2000 година секоја година светската популација континуирано ќе се намалува...
Ти не ме разбра. Не велам дека може да се предвиди иднината. Меѓутоа трендот во последните 40-60 години е тој, намалување на бројот на родени деца по жена. Континуирано. Скоро секаде. Големи се шансите да продолжи така и во иднина.

Не знам кои се тие шпекулации од 70тите или од 20тите, дај да видиме инфо.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Ти не ме разбра. Не велам дека може да се предвиди иднината. Меѓутоа трендот во последните 40-60 години е тој, намалување на бројот на родени деца по жена. Континуирано. Скоро секаде. Големи се шансите да продолжи така и во иднина.

Не знам кои се тие шпекулации од 70тите или од 20тите, дај да видиме инфо.
Не би рекол дека во земјите од т.н. трет свет (Азија, Африка и Латинска Америка) бројот на новородени деца секоја година се намалува во последниве неколку децении. Ако е така зошто тогаш Африка во 90те години од минатиот век имаше 700 милиони жители, а сега Африканскиот континент има 1.350.000.000 жители, значи дупло, за помалку од 3 децении. Исто така повеќето Азиски, како и скоро сите Латиноамерикански земји имаат пораст на жителите во нивните држави секоја година !
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.044
Поени од реакции
4.699
Не би рекол дека во земјите од т.н. трет свет (Азија, Африка и Латинска Америка) бројот на новородени деца секоја година се намалува во последниве неколку децении. Ако е така зошто тогаш Африка во 90те години од минатиот век имаше 700 милиони жители, а сега Африканскиот континент има 1.350.000.000 жители, значи дупло, за помалку од 3 децении. Исто така повеќето Азиски, како и скоро сите Латиноамерикански земји имаат пораст на жителите во нивните држави секоја година !
Добро бе, зошто не читате?
Пишав дека бројот на новородени деца по жена се намалува, не дека населението опаѓа!
Пред 50 години просек жена раѓала по 7 деца, денеска раѓа по 4. Во иднина тоа ќе биде помалку од 2.

Настрана фактот што дури и откога бројката ќе отиде под 2, населението одреден период може да продолжи да се зголемува бидејќи ќе умираат помалку луѓе отколку што се раѓаат. Примерот со Кина, која одамна има ТФР под 2, а до сега брзо се зголемуваше населението.

На темава, Кина е прилично заебана.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Добро бе, зошто не читате?
Пишав дека бројот на новородени деца по жена се намалува, не дека населението опаѓа!
Пред 50 години просек жена раѓала по 7 деца, денеска раѓа по 4. Во иднина тоа ќе биде помалку од 2.

Настрана фактот што дури и откога бројката ќе отиде под 2, населението одреден период може да продолжи да се зголемува бидејќи ќе умираат помалку луѓе отколку што се раѓаат. Примерот со Кина, која одамна има ТФР под 2, а до сега брзо се зголемуваше населението.

На темава, Кина е прилично заебана.
Кина стагнира со население веќе подолг временски период, веќе Индија ја стигна, па и ја премина по број на жители. Интересно е тоа што многу држави отидоа над 100 милиони жители како Египет, Виетнам, Филипини, Мексико... А исто така и некои држави отидоа над 200 милиони жители, на пр. Пакистан, Бангладеш, Индонезија, Нигерија, Бразил... Да не говориме па за многу држави кои од 20-30 милиони жители во минатиот век сега се над 50 милиони станати и тоа говорам за држави од тој трет свет (Латинска Америка/Африка/Азија), тоа се фрапантни бројки, факт е дека сеуште постои демографски бум на планетава, нормално не во регии ко Австралија, Русија, Европа, Канада... А што се однесува до САД нивната популација расте во бројки ама тоа е така бидејќи имаат прилив на доселеници секоја година од сите континенти на планетава, башка Афроамериканците како и Латиноамериканската популација во САД имаат повисок наталитет од Американските белци !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom