Демирхисарскиот заговор ("Брсјачката буна") - буна или востание?

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Ја отварам темава со цел да изнесеме со текот на времето сознанија и пропратни материјали за тнр. Демирхисарсји заговор попознат како Брсјачка буна. Дали се работи за буна или востание, и дали разликата е битна ако се имаат предвид целите на учесниците - слободна и независна Македонија.

Би било добро некој да го исконтактира Сашо Дуковски кој презентирал (нови?) сознанија и материјали за Демирхисарскиот заговор.

Десет еминентни историчари од Битола, Ресен, Охрид, Кичево, Крушево и градот домаќин, Демир Хисар, настапија со 9 научни трудови – нови научни сознанија и откритија за Брсјачкиот буна, односно Демирхисарскиот заговор.

Организаторот на оваа Прва од ваков вид трибина воопшто одржана било кога во Република Македонија, Општината Демир Хисар, успеа да ги собере и седни на иста маса најкомпетентните лица од таканаречените Брсјачки градови за да се чие нивниот нов научен произнес за овој важен настан од нашата национална историја за којшто македонската историографија досега не покажала соодветен научен интерес.

- И покрај огромните наследени и сеуште непремостливи финансиски долгови на општината, ние како најодговорни луѓе избрани од граѓаните, заедно со нашите соработници, смогнавме сили и капацитет од финансиска и организациска природа, да ја организираме оваа научна трибина, со што сакаме да покажеме и демонстрираме висок степен на одговорен однос кон науката, кон историјата и големо и длабоко чувство на припадност на својот народ и неговото богато историско минато, рече во дел од поздравното обраќање градоначалникот Љупчо Блажевски кој, иако по вокација не е историчар, сепак ги сосдлуша сите излагачи и дискутанти.

Трудови на излагачите ги опфатија речиси сите сегменти од Брсјачката буна – причините за нејзино настанување, учеството на Крушево и Крушевско во овој израз на македонско национално единство , одразот во охридско, и нејзиното одржување во контекст на руско-турските односи односно постберлинските воени дејствија за македонскоо национално ослободување.

Една од поинтересните теми која предизвика извесна полемика и реплики за време на дискусијата беше различниот став на историчарите околу прашањето на брсјачката буна како организирано македонско востание.

- Моите размислувања се дали ова е Брсјачко востание или Брсјачка буна. Ако е Брсјачко востание треба да има главен штаб, организатор, политичко и воено тело како што беше во Илинденското востание. Во Брсјачката буна таква организација нема-изјави Проф.Д-р. д-р Павле Митревски од Охрид.

Наспроти ваквиот став на Митревски, со своја теза настапи Ванѓелко Лозановски од Здружанието на љубители на литература и наука „Висарион“ од Демир Хисар.

- Стереотипните гледишта на македонските историчари и несериозноста се гледа и на фејсбук, тоа е како да е војна меѓу злосторниците и звојуваните страни на Македонија а не како кристална мисла за слобода на Македонија како што е главната цел на сите оние кои што дојдоа од Руско-Турските војни и од Српско-Турските војни во Македонија и од огорченоста од Берлинскиот Конгрес, изјави покрај тругото Лозановски кој цврсто остана на својот став, дека сепак овој предилинденски настан бил востание, а не буна или заговор, рече Лозановски.

Меѓу предавачите се најде и најмладиот излагач, двократниот државен првак по историја, 18 годишниот Игор Ефтимовски од Ресен кој имаше излагање за Брсјачката буна како дел од постберлинските воени дејствија за македонско национално ослободување како и улогата на Преспа и преспанчани во сите овие востанички дејствија кои се случувале во Брсјачката буна.

Мошне инспиративен и полн со нови научни и со факти потркепени сознанија беше излагањето на Проф. Д-р Саша Дуковски од Кичево.

- Овој контекст треба да се свати во други корелации на односите. Македонскиот народ и македонската самосвест за прв пат се споменети во руската наука во 1875/76 година. За прв пат македонизамот и слободата на македонскиот народ се ставени на пиедесталот на борбата на словенските народи за своја самобитност, изјави за медиумите Дуковски.

Проф. Д-р Мендо Солунчевски од Демир Хисар, м-р Зоран Богески од Крушево, м-р Димитар Смилевски од Охрид и професорот по историја Мендо Волчевски од Македонското научно друштво Битола, настапија, исто така со свои научни трудови кои во контектстот на овој историски настан, говореа за Демир Хисар како центар на Брсјачката буна, учеството на Крушево и Крушевско во Брсјачката буна, одразот на Брсјачката буна во Охридско, а професорот Солунчевски направи стручна анализа на причините и историските околности под кои е подигнат Брсјачкиот бунт.

Модератор и воведничар на трибината беше младиот професор по историја Александар Тренчевски. Од името на Советот на општината, учесниците ги поздрави претседателот Кире Ристевски. Пред почетокот на трибината, учесниците на трибината положија цвеќе на Споменикот на Демирхисарските револуционери, а на крајот го посетија манастирот Свети Јован Претеча кај Слепче.

http://regioni.mk/vo-demir-hisar-se-odrza-tribina-za-brsjackata-buna/
.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Прв пат слушам за ова и читам.

А зошто како вовед нема и малку историја за истото?

Кога била таа Брсјачка буна (востание), кои места ги опфатила, колку борци и војводи имало, колку време траела, краток опис на борбите ако ги имало и слично.

Или има ли некаде да се прочита?
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Демихисарскиот заговор или попозната како Брсјачка буна е буна од 1881-1882 година кога народот од демихисарско незадоволен од тогашните состојби во империјата и напатен од нападите на качачките банди се дигнал на оружје.

Предводници биле диме Чакре,Ацо Карев,Спиро Црне,Мицко Крстевски(иќ), Илија делија и др. За ова народот ја има испено песната "Hе седи Џемо слободен" или некаде позната како "Hе оди Џемо".

Еве што се вели во една студија од србинот Веселиновиќ на оваа тема:

http://www.scribd.com/doc/137726988/Brsjacka-Buna.



 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Еве што се вели во една студија од србинот Веселиновиќ на оваа тема:

http://www.scribd.com/doc/137726988/Brsjacka-Buna.
Веселиновиќ си направил филм слично на филмот што Бугарите го направиле за Илинденското востание. Патем, текстот на линкот како да се две книшки, едната за Брсјачкото востание, а другото за средновековната историја во фуснотите која можеби е и поинтересна (на пример за Цар Самоил).

Накратко: иако е одомаќинет изразот "Брсјачка буна", се работи за Брсјачко востание со свој штаб, печат и водач.

Многу историчари во Македонија не можат да отидат подалеку од зброт "буна", кој прави од востанието магловита и нејасна работа. А Брсјачкото востание се именува заради јасната македонска определба на Брсјаците, кое иако е локално, има силен Македонски национален белег.

За востанието се поврзани цел циклус песни преку кои Македонскиот народ ги воспеал војводите и борбите, но за жал, Македонските историчари не си ги испотиле задниците подобро да го истражат.

Химната на Брјачкото востание е песната за неговиот водач, Иван Јовановски - Делија. Инспириран од востанието, Марко Цепенков ја создаде драмата Црне Војвода

Инаку, востанието брзо било задушено со помош на непријателските сили на соседите.

Вагелко Лозановски, чиј прадедо Петре се борел во востанието кај Јудово, кичевско, пишува книга за востанието која наскоро ќе биде објавена.



 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Со нетрпение ја очекувам книгата,инаку на Веселиновиќ кнгата ja дадов само колку да се има увид за што станува збор.

Инаку тој има голем дел посветено на Брсјаците нивното неселување обичаи.
Нашите историчари многу малку имаат пишувано на оваа тематика.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Предводници биле диме Чакре,Ацо Карев,Спиро Црне,Мицко Крстевски(иќ), Илија делија и др. За ова народот ја има испено песната "Hе седи Џемо слободен" или некаде позната како "Hе оди Џемо".

Веќе објаснив на една друга тема околу војводата Мицко и Џемо:
Помалку познати македонски војводи
еве да повторам и тука.

Покрај споменувањето на "каурска" сабја и пушка, во народната песна е зачувано уште едно именување што оди во прилог на темава:



Коста Ц'рнушанов "Македонски народни песни", БАН, Софија, 1956 г., стр. 283-284

.
 
Член од
20 април 2013
Мислења
29
Поени од реакции
15

Тоа е бугарски фалсификат. Автентични песни се:

ПОРЕЧКО МОМЕ
(народна)

Момиче мајке збореше:
Мајко ле, мори, мајко ле,
Мрва си легнаф сонуваф
И видоф кале Радино;
Под кале поље зелено,
На поље оро големо.
На танац орли играју,
Радино кале певају.
На кале сокол, сив сокол,
Со голем глас ми кликаше,
На Пореч с' крило махаше,
На мене младо збореше:
''Не ли те жалко момиче,
Момиче, зумбул девојче,
Сокол ќе да ти одлетна.''
Ој, леле, леле, мајко ле!
Коде ми сокол збореше,
Радино кале светлеше,
А коде сокол одлетнал
Радино кале помркнал!
На ќерка мајка збореше:
Ќеро ле, чупе, малено,
Тој што је оро големо,
Што ќе га орли теглити,
Оној су српски комити!
Тој што ти сокол одлетнал,
Ој, леле, туго, туго ле,
Оно је Мицко војвода!
Одлетнал сокол-газија
У краљска земља Србија,
Да српског Краља прашује
За наши јади казује:
''Бре, Краље, татко, татко ле,
Праќај ни твоје соколе.''


СЕДНАЛ МИ ЏЕМО
(народна)

Седнал ми Џемо слободен, Џемо
Под таја круша горница,
На таја њива орница,
Во лева рока ќилибар,
Во десна рока мартинка!
Мајка му вели, говори:
''Не седи, синко, слободен,
Слободен, Џемо, распашан,
Србите глава дигнале,
Искочил Мицко комита
Со седумдесет дружина''.
Тогај ми Џемо говори,
- Не бој се, мајко, Србина:
Српска ми пушка не дупи,
Српска ми сабја не сече.
Уште ми Џемо не сврши-
Ете го Мицко војвода!
Летна ми Џемо да бега,
Низ таја пуста планина.
Тогај му Мицко повика:
- Почекај, Џемо, не бегај
Да видиш, Џемо јуначе,
Дупи ли пушка србинска,
Сече ли сабја комитска!

ШТО ЈЕ ВРЕВА
(народна)

Што је врева во горњана махала?
Да не ти је стари татко умрео?
Да не ти је стара мајка умрела?
Да не су ти клети Турци на зулум?
- Нити ми је стари татко умрео,
Нити ми је стара мајка умрела,
Нити су ми клети Турци на зулум,
Туку су ми силни Срби на конак,
Меѓу њими млад Илија Делија,
Слуга служит кадан бела Тодора.
- Здрав' здрав' ми си, кадан бела Тодоро!
Здрав не напи се, млад Илија Делија!
Ако љубиш другу љубу од мене.
- Коња јашем, коњ да пукнит под мене,
Ако љубим другу љубу од тебе.
Пушку носим, пушка да ме убије,
Ако љубим другу љубу од тебе;
Сабљу пашем, сабља да ме пресече,
Ако љубим другу љубу од тебе.
 
Член од
20 април 2013
Мислења
29
Поени од реакции
15
Со нетрпение ја очекувам книгата,инаку на Веселиновиќ кнгата ja дадов само колку да се има увид за што станува збор.

Инаку тој има голем дел посветено на Брсјаците нивното неселување обичаи.
Нашите историчари многу малку имаат пишувано на оваа тематика.
Македонски етнограф Тома Смиљаниќ – Брадина: Anciennes tribus serbes : les Mijaks, les Brsjaks et leurs voisins dans la Serbie méridionale, („Древните српски племиња Мијаци, Брсјаци и нивните соседи во Јужна Србија“), Скопје, 1930.
и Тома Смиљаниќ : “Племе Брсјаци” ( hrcak.srce.hr/file/100565 )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom