Делото на Херман Хесе

Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
41
Штотуку ја прочитав “Степскиот волк“ од Херман Хесе, од која сум навистина воодушевена. Знаејќи дека Хесе е германски писател, приврзаник на мистицизмот со размислувањата, мислев дека заслужува да има тема за него. Досега, освен “Степскиот волк“ ги имам прочитано “Демијан“, “Сидарта“, “Среќен е тој што умее да сака“. Какви се вашите впечатоци од делата на Хесе?

Бидејќи “Степскиот волк“ е последно што прочитав од Хесе, ќе си дозволам и да ја искоментирам. Главен јунак е Хари Халер, подвоена личност распната меѓу мирот и нагоните. Секоја личност во себе носи две спротивни личности, една секогаш среќна, а другата со мазохистичка природа. На крај, Халер ја сфаќа апсурдноста на животот, а со тоа ја подобрува својата душевна состојба.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
При крај сум и јас со „Степскиот волк“, генијален е Хесе, тука нема дилеми.
Покрај оваа и мене ми се прочитани „Демијан“, „Сидарта“, и „Среќен е тој што умее да сака“.

Обработува теми за кои треба да се размислува, неговиот стил е посебен, знае да ги долови нештата кои изгледаат толку комплицирано. Хесе секогаш ќе биде актуелен поради неверојатната способност да ги долови и да ни ги приближи и најделикатните ситуации и чувства. Дилемите на човекот и неговите сфаќања, неговите разделени личности, на крајот сепак вели дека хуморот е единствената работа што може да нè спаси, единствената работа во која можеме да го пронајдеме излезот.
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Степскиот волк не ми е прочитана,моментално ја читам Демијан според која и има и филм.На почеток сум,сеуште не сум се воодушевила!
 
Член од
3 февруари 2007
Мислења
293
Поени од реакции
30
Demijan, definitivno najomilena. Omilen citat od knigava: "Smelite i karakterni luge, im se sekogas neprijatni na drugite!". Za ovaa kniga, bi mozela da pisuvam ehee, samo mi se spie sega, drug pat.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Хесе владее... Неговите книги уште повеќе...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
771
Степскиот волк моментално ја читам. Не е книга што се чита во еден здив, затоа што е тешка, квалитетна книга. Читани ми се Демијан, Среќен е оној кој умее да сака и Сидарта на српски. Прв писател чија книга ми била за лектира, кој ме испровоцирал да прочитам и нешто друго од него. Степскиот волк, чувствувам дека е најдоброто дело. Психолошки роман, во кој се испреплетени 2 карактери на иста личност кои живеат во една крв.
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Го обожавам начинот на кој Хесе ја опишува човечката душа и судбина. Ви го препорачувам "Нарцис и Златоуст", одлична е!
 

VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
Ја имам читано само Демијан а степскиот волк треба деновиве да ми ја дадат. Демијан ми е спичлес!!!! Прекрасна книга! Целата таа напнатост и опседнатост што се случува во умот на главниот лик. Фантастична книга!
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Од Хесе сум ја прочитал „Сирадра“ и Демијан“, кој не прочитал нека земе, Херман е закон човек
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Ги имам прочитано "Демијан" и "Сидарта". Првата ја прочитав кога имав 15 години, така да не ни паметам баш за што точно се работеше. Знам дека не ми остави некој голем впечаток книгата, или било до годините или не ми лежат такви книги. Планирам сега повторно да ја прочитам, па да видам како сега би ја доживеала.
Сидарта, хм....не ми се допадна лично мене. Инаку, содржината не е лоша.
Наредна - Степски Волк.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Ги имам прочитано "Демијан" и "Сидарта". Првата ја прочитав кога имав 15 години, така да не ни паметам баш за што точно се работеше. Знам дека не ми остави некој голем впечаток книгата, или било до годините или не ми лежат такви книги. Планирам сега повторно да ја прочитам, па да видам како сега би ја доживеала.
Сидарта, хм....не ми се допадна лично мене. Инаку, содржината не е лоша.
Наредна - Степски Волк.
А на германски ги читаш?
 
Член од
4 јануари 2009
Мислења
48
Поени од реакции
4
Мислам дека Хесе извонредно знае да го опише процесот на индивидуализација на личноста, почнувајќи со тотално одвојување најпрвин од семејството, како првична заедница па потоа и од општеството, и државата, на крај и одење кон создавање на една духовна величина нормално во Ничеански стил, што најубаво е опишано во Демијан, и за накрај да се надмине и стравот од смррта и да се запознае човекот себе си.
Истата идеја може да се проследи и во Нарцис и Златоуст, и Сидарта каде на еден тотално Јунговски начин е опишано човековата индивидуализација и еманципирањеод светот и од и стадото и запозанавње на себе си но најпрвин преку брцнување во секојдневниот живот и неговите борби, маки и страдања.На крај да се создаде една дистанца и висина нормално духовна од која ќе може да се набљудува, сето останато, сета апсурдност на секојдневниот живот, создавање висина од која се враќаме како поцелосни и подобри луѓе.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Незнам што би кажал за Хесе освен дека е нешто што мора да се прочита...
 

Anele

princess without a crown*
Член од
3 јануари 2009
Мислења
135
Поени од реакции
4
Најголем впечаток од делата на Херман Хесе ми остави Демијан. Првпат ја прочитав на 13 а после тоа ја имам прочитано уште два пати. Таа е книга од која црпам инспирација за се она што сакам да го напишам. некој вид на Библија за мене.
Посебно ми се допаѓа делот во кој се побива тврдењето кое го налага католицизмот дека еден е Бог, богот на доброто на што Хесе ќе рече дека доброто и злото не можат да се издвојат едно од друго. Сите сме и добри и лоши, во сите нас го има богот на доброто и лошото-Абраксас...Го обожавам симболизмот во целата книга
 

Kajgana Shop

На врв Bottom