Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.

Самара Морган

НЕ Е ВЕЌЕ ЧЛЕН НА КАЈГАНА
Член од
24 јуни 2009
Мислења
511
Поени од реакции
33
А, тек чист морфиум ако инјективно си убризгаш, ни ќе се нервираш, ни нешо ќе те боли.

Srsly, веројатно си само саркастична, али после било каков седатив/аналгетик, освен шо се дешава "журка" у јетра, бубрези и централен нервен систем, кога ќе му пројде дејството, не да боли глава и се појавуе нервоза, него ти се иде да се маваш од ѕид. Плус, се дешава и резистенција, односно телото прекинуе да реагира на одредени дози, па сакајќи да го достигнеш pain-free/nirvana моментот, евентуално завршуеш со over-dose...и тек тогаш нишо не осеќаш:pipi:
Не сум саркастична , само ептен ме болеше се , а аналгетици ми делуваат одлично... :) Инаку си се напив Вентор тогаш и ми помина :vozbud:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Jas da prasam tuka dali nekoj bil kaj Zan Mitrev na pregled, odprilika kolku se plaka, kakovi pregledi pravat?

Lek za tahikardija i visok pritosok, piev lekovi edno vrem ama nistho????? :toe:
Не знам ништо конкретно за прегледите во "Филип Втори", но можам само да кажам дека единствено лекови не помагаат.

треба да се смени и начин на исхрана, и изложеност на стрес, и физичка активност...промени во целокупен начин на живот, за да има резултати.

Како и да е, висок притисок + тахикардија не е минорна ствар, и пожелно е да отидеш уште еднаш барем на ехо/екг и консултации. Ако нејќеш да одиш на Клиника, може во разни приватни ординации кои имаат достапни цени.

Не сум саркастична , само ептен ме болеше се , а аналгетици ми делуваат одлично... :) Инаку си се напив Вентор тогаш и ми помина :vozbud:
Аналгетиците исто содржат морфини. Разликата е само у количината (вентор/кетанол/тромадол...и хероин ко хард кор доза).

И на сите нив, организмот станува резистентен, односно едноставно не делуваат на долги стази со иста доза. А, тука е и делот со штетата која ја прават на јетрата и сл, али да не тупам...

У секој случај, не се решение. Само замаскируваат проблем (ако е физички, онда само ја затапуваат болката, а не го третираш она што ја причинува).

Ја се "лечев" така...Од љубовни "муки", преку физички болки...за све си ги препишуев.
И не ме "излечија", него ми (т.е си) накалемив и други ствари за санирање.
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ова е прашање што ми го постави другар. Значи цитирам:

Бев на одмор и носев едни апостолки ама тие ми направија изглеа мала раничка. Ама како што забележав раната после неколку дена беше како отворена(иако не ја исклучувам можноста да било плускавец и да пукнал после). Е сега проблемот е што имам слушано дека отворена рана на сонце не смее да се изложува ради можното заболување од рак. Вистина ли е?

Одговор може?
значи вака и човековата кожа ако подолго време време ја изложуваш на сонце може да заболи од рак. финтата е што овде кај другров твој раната е отворена и шансите за заболување од рак се поголеми...
за настанување на ракот треба ептен подолго време да се изложуваш на сонце така да без паника ношто не е страшно.
пробај да не се изложуваш на сонце не барем додека не зарасне раната...мачкај ја со некој креми, не ја преврзуј остај ја да дише така побрзо ќе зарасне:helou:
 
G

Gray Foxx

Гостин

Сега финтава е шо ова му се десило на одмор, така да најверојатно бил изложен на сонце без да биде свесен. А кај може да отиде да го снимаат или прегледаат за да се осигури?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не сум саркастична , само ептен ме болеше се , а аналгетици ми делуваат одлично... :) Инаку си се напив Вентор тогаш и ми помина :vozbud:
Знаеш дека леков е ставен на светската црна листа на лекови? :)
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Сега финтава е шо ова му се десило на одмор, така да најверојатно бил изложен на сонце без да биде свесен. А кај може да отиде да го снимаат или прегледаат за да се осигури?
Дечко трк на дерматолог пошто рана што не зараснува е потенцијален рак на кожата, нека земат примерок да ти направат биопсија да проверат дали е малигно.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Дечко трк на дерматолог пошто рана што не зараснува е потенцијален рак на кожата, нека земат примерок да ти направат биопсија да проверат дали е малигно.
Абе глупости го плашите за безвезе, луѓено што работат на згради што се гребат, се крвлосуваат со 300 рани се враќаат дома послем 10 часовно изложување на сонце сите треба рак да фаќаат ... лол глупости, изгледа сега луѓето пренесуваат беснило не кучињата... за секоја глупост на доктор, рак ке фател .. цц ц ... сфаштарии
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Абе глупости го плашите за безвезе, луѓено што работат на згради што се гребат, се крвлосуваат со 300 рани се враќаат дома послем 10 часовно изложување на сонце сите треба рак да фаќаат ... лол глупости, изгледа сега луѓето пренесуваат беснило не кучињата... за секоја глупост на доктор, рак ке фател .. цц ц ... сфаштарии
Па добро бе јас само дадов најдобронамерен совет, рак на кожа не се добива само од изложување на сонце, може и од некоја рана што не зараснува подолго време а ако се провери на доктор ништо нема да му биде, докторите не јадат, иако за тука у Мкд не сум баш сигурна за тоа:icon_lol:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Па добро бе јас само дадов најдобронамерен совет, рак на кожа не се добива само од изложување на сонце, може и од некоја рана што не зараснува подолго време а ако се провери на доктор ништо нема да му биде, докторите не јадат, иако за тука у Мкд не сум баш сигурна за тоа:icon_lol:
Хах, изгледа не си била одамна ... јадат и те како, но сето тоа е физички безболно : )
 
اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
Дечко трк на дерматолог пошто рана што не зараснува е потенцијален рак на кожата, нека земат примерок да ти направат биопсија да проверат дали е малигно.
Аман бе аман, така ако земат биопсија треба секој втори доктор да е патолог.

Нема потреба од биопсија во овој стадиум. Ако и понатаму не зарасне, тогаш.
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Дечко трк на дерматолог пошто рана што не зараснува е потенцијален рак на кожата, нека земат примерок да ти направат биопсија да проверат дали е малигно.
ај те молам ако не знаеш нешто воопшто не советувај...
нема потреба од биопсија, а рана што не зараснува НЕ Е ПОТЕНЦИЈАЛЕН РАК туку тоа е некроза на ткиво, а за разлика од тоа кај ракот имааш неконтролирано множење на клетки...два различнји поиума што немаат врска едно со друго
 
PowerBoY14

Јас Сум Тој и Тој Роден Тогаш и Тогаш
Член од
13 април 2007
Мислења
256
Поени од реакции
4
Логопед

Да не знае некој до колку години може да се оди на логопед?

порано одев, ама бев мал копиљак. Сеа сум посериозен.

Имам 16 години btw.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
ај те молам ако не знаеш нешто воопшто не советувај...
нема потреба од биопсија, а рана што не зараснува НЕ Е ПОТЕНЦИЈАЛЕН РАК туку тоа е некроза на ткиво, а за разлика од тоа кај ракот имааш неконтролирано множење на клетки...два различнји поиума што немаат врска едно со друго
луѓе, медицинари, што и да сте, не туку делете трагични дијагнози :smir:
рана што не зараснува не е потенцијален рак.
ниту мора да значи дека е некроза на ткиво, за да е некроза на ткиво треба да е црна, да мириса лошо и дефинитивно се разликува од обична отворена раничка.
некогаш ракот на кожа се манифестира како отворена рана која не зараснува (затоа уствари и постои изразот "рак рана").
изложување на сонце не е паметно за било каква кожа. изложувањето на рани на сонце не предизвикува ништо повеќе рак отколку изложувањето на здрава кожа на сонце. потенцијалниот ризик е што при зараснувањето на раната, кожата е понежна и поосетлива, ама ако е раната од апостолка како би ја изложил на сонце? освен ако не е на горниот дел на ногата, немаш опасност. ако не зараснува подолго време можно е ако ги носиш пак истите апостолки, пак да се прави (иако не ми се верува дека си мазохист :) ), може да имаш некоја габична инфекција (на нозе има често атлетстко стапало), може да ти е намален имунитетот па затоа да не зараснува брзо, има милион причини. ако си загрижен дека може да е нешто сериозно, оди одма на дерматолог. ако не, почекај уште некој ден, во меѓувреме држи ги нозете суви и чисти и види како ќе се развива состојбата понатаму.
едит: не прочитав дека прашањето е од другар, па се што е во второ, префрли во трето лице еднина :) и за проверка ако сака да оди може на клиниката за дерматологија во државна. прво нека оди на матичен, па со упат. не се снима тоа, се биопсира, ама прво дерматолог прави проценка дали воопшто треба да се биопсира.
 
I

Intex

Гостин
Абе кулен , забрзано чукање на срцето е карактеристично за бремени жени :) :) ...ако си бремен ,не се секирај нормално е !

настрана шала:

Кај тебе вака дијагнозата ми изгледа дека имаш АНКСИОЗНОСТ...

Преведено на македонски , Анксиозноста најлесно може да се опише како мошне интензивно, непријатно чувство на напнатост и вознемиреност.

Човекот што тоа го доживува честопати не може да утврди од каде произлегува таквото чувство и поради тоа е попречен да превземе некој конструктивен чекор за да ја отстрани причината.
Анксиозноста е пропратена со пречки и на органски план, па во почетокот, луѓето скоро никогаш изворот на таквите свои проблеми не го припишуваат на психичките причини.
Важно е да се знае дека анксиозноста има и конструктивно влијание, кога е присутна во умерено ниво

Таа се карактеризира со :

- забрзано чукање на срцето и покачен крвен притисок, па дури и чувство дека ќе се добие срцев удар;

  • напнатост и стегнатост во мускулите;
  • проливи и чести потреби да се оди по мала нужда за кои не може да се утврди органска причина;
  • бранови на топло и ладно;
  • вртоглавици. . .

Ако овие симптоми се софпаѓаат кај тебе , би те упатил на лекар !

***************************************
Ова беше лоша варијанта...

Сеа добрата(не е баш добра ..ама поарна од претходната) :

Ти батко највероватно си ТОПЛОТНО ИСЦРПЕН

Ова ни најмалку не е лесна состојба ,па и тука се препорачува одење на лекар доколку и во анредниот период се случува истото, бидејку може да доведе до топллотен удар..

Од мене овие совети за наредниве денови:

-ПИЈ многу течности..
-Остани овие денови на ПС со кајгана повеќе време во затворена просторија, по можност климатизирана, или во
сенка
-Истуширај се или искапи се во
студена вода
- Носи лесна комотна облека
- Намали ги физичките активности
Нити си првото нити со второто не се совпаѓа. Не сум топлотно исцрпен оти и ретко излегувам ја на сонце.
Аритмија.

Може да биде акутна, и предизвикана од стрес, па не е ептен страшно, само треба да се смириш...Али ако е хронична, онда е друг муабет и може да е знак за друга срцева дисфункција.

Иначе, губиш здив, осеќаш притисок во гради, ти трне рака...мислам, има некои други симптоми?
Каква е оваа хронична аритмија? На вродена се мисли?
Па не осеќам притисок во градите, туку имам бодење во срцето.
Трнење на раката = отрпнување на раката?
А за губење здив не сум забележал досега, туку само кога чука забрзано или забавено дишам побавно.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Хммм запушена артерија (кај вратот негде ваљда) ? 80% ... треба да се иде на операција (за стент) ... колку е *отидена* работата ?
Сериозни одговори само ....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom