Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
И јас имав едно време, му препишаа глукозамин сулфат.. Мислам дека не може да се внесе директно преку исхраната. Не бев кај специјалист, но докторот мислеше дека тоа се случува од оптеретување на зглобовите, демек со времето се трошела таа синовијалната течност, посебно ако се тренира 2-3 пати во ден..
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не ми се верува дека е лимфом ама за да бидеш порелаксирана и да не мислиш на тоа најдобро е да направиш или биопсија ,ама штом веќе ја исклучиле можноста за мононуклеоза мислам дека нема место за паника пошто ти е веќе направена детална крвна слика.
У право си.:)
Денеска ги добив резултатите од биопсијата, и испадна дека не е лимфом или друг канцер, туку дека жлездата е зголемена поради некој инфламаторен процес.
Сега останува да се види што ја предизвикува инфламацијата и да ја упознаам јетрата со некои соодветни антибиотици:pipi:
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Здраво на сите,
Ме интересира дали некој може да ми препорача добра очна клиника од каде се дијагностицира и оперира страбизам. Сум слушнал за неколку приватни клиники меѓутоа ако можи нешто да препорача однапред фала.
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Во последно време коските, т.е. зглобовите, почнаа многу да ми крцкаат, колената и глуждовите на двете нозе.
Знам дека е тоа недостаток на синовијалната течност која ги подмачкува зглобовите, но сакам да знам од што е предизвикана. Дали имам некој недостаток на исхрана или?
Недостаток на исхрана...значи појќе храна со калциум калиум...млеко можиш да почниш да пиеш...ако тренираш активно 3-4 дена пауза и во тие 3-4 дена многу млеко :) и после ко нова ќе бидиш...

А инаку очна клиника...па имаш во Београд ама заборајв како се викаше...има во Скопје појќе клиники така да немора да шеташ по свето ;)
 

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
Ноуп, калциумот нема никаква врска со поврзувањето на коските, според тебе, колку калциум треба да внесува човек за да го нема тој проблем? ОДСЕКОГАШ сум пиел по 1литар млеко на ден, како ми се случи ова :)
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Има да каже некој лек за намалување на висок крвен притисок?
Итно
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
enalapril...како ангиотензин конвертирачки ензим или ramipril...
зависи колку е, ако е поќе од 160 се прај комбинација од едни други.
само зависи од причината дали е од нервна база, проблем со срцето или алфа или бета блокатори или кој е повишен малиот или големиот не се земаат вака на своја рака.
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Ноуп, калциумот нема никаква врска со поврзувањето на коските, според тебе, колку калциум треба да внесува човек за да го нема тој проблем? ОДСЕКОГАШ сум пиел по 1литар млеко на ден, како ми се случи ова :)
Напрај крвна слика...можда нешто друго ослабело ;)
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
но докторот мислеше дека тоа се случува од оптеретување на зглобовите, демек со времето се трошела таа синовијалната течност, посебно ако се тренира 2-3 пати во ден..
грешно ти кажал, при преоптоварување и зголемена физичка активност се лачи повеќе синовијална течност, затоа се чувствува замор и тежина во зглобовите, башка е сосема логично да се лачи во вишок иначе како би била ухранета зглобната капсула.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
enalapril...како ангиотензин конвертирачки ензим или ramipril...
зависи колку е, ако е поќе од 160 се прај комбинација од едни други.
само зависи од причината дали е од нервна база, проблем со срцето или алфа или бета блокатори или кој е повишен малиот или големиот не се земаат вака на своја рака.
Проблем со срцето. Лекот е различен за сузбивање на високиот крвен притисок?
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
ја ти ги наведив причините за нивна селекција за стриктна употреба, али горенаведените делуваат на хипертензијата. Е сеа зависи кој доктор сака да користи, за проблематично срце за намалвање на хипертензија е verapamil ...aldizem, diltiazem ..amlodipin, nifedipin...doxazosin или prazosin

извини ако каснев а ти требаше за брзо
 

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
грешно ти кажал, при преоптоварување и зголемена физичка активност се лачи повеќе синовијална течност, затоа се чувствува замор и тежина во зглобовите, башка е сосема логично да се лачи во вишок иначе како би била ухранета зглобната капсула.
Што знам, мене некако пологично ми е да се троши во преголеми напори, но ако ти така кажуваш нека е точно :)

А и не знам при каков напор се чувствува тежина и замор у зглобовите, не ми се случило до сега :)
Напрај крвна слика...можда нешто друго ослабело ;)
Можеби не се разбираме.. не реков дека ми фали калциум..
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Што знам, мене некако пологично ми е да се троши во преголеми напори, но ако ти така кажуваш нека е точно :)

А и не знам при каков напор се чувствува тежина и замор у зглобовите, не ми се случило до сега :)
не, се стимулира нејзиното лачење при напор аналогно на тоа да речеме се "троши" ама никогаш не се потрошува до нејзин дефицит.

и не ти се десило кога ќе се изнатрчаш да те болат колената?! тоа се однесуваше на такво чувство на тежина во зглоб.
 

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
Ме боли едното колено оти имам оток.. Отпрвин докторот викаше се работело за '' скокачко колено '', koe било типично за спортистите додека растат, сега вика имало некој проблем со поставеноста на лигаментите што стварало некој притисок па доаѓало до оток, треба да направам магнентна резонанца, но нема кога =)).. Може некој совет за ова, што може да биде..




Не, никогаш не се случило да ме боли скочен зглоб/колено/рамо онака без причина после малку/повеќе активност :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom