Дежурна Ординација! #2

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
... посебно кај постата особа, оптовареноста на јетрата и нејзино намалено функционирање дава токму таква последица (симптом) на намален апетит, што дијабетичар напротив би требало све нешто да е гладен и да му се јаде, а не да нема апетит,
... така да ако се делува индиректно на ,,освежување,, на работата на јетрата на пример со Есенцијале форте, за 3,4 дена ќе се појави и апетитот!
...инаку, Есенцијале форте се состои од фосфолипиди добиени од соја и витамински комплекс (Б1, Б2, Б6, Б12, ПП и вит Е), не е некоја ,,хемија,, и слободно може да се примени како ,,додаток на исхрана,, , а дополнително ќе помогне и на несакани симптоми од дијабетес!
П.С.
ова е само мое лично мислење како член на форумот, инаку ќе се консултирате со матичниот лекар!
Ти благодарам на одговорот, ќе и земам утре. Се работи за една бабичка која моментално нема никој во МК, сите се во странство. На 27.07. била на преглед кај матичниот, и тој по крвните резултати (седиментација 78, ЦРП-140...) и по ренген на бели дробови и рекол дека најверојатно е КОВИД и да оди во болница. Одбила си отишла дома со терапија Моксирал 7 дена. Испила 4 и било многу тешко и ги прекинала. На 04.08. нејзин близок си доаѓа во МК и носи медицинско лице да ја тестира дома и е НЕГАТИВНА на брз тест за Ковид. Повеќе од недела дена ја посетувам и се жале дека устата и се суше и нема апетит. На 13.08. по консултација со Матичен однесов медицинско лице за да и земе крв за анализа. Патем сатурација има 99, и не се жали на замор и болка во градите. ЦРП- 46, седиментација-100, и просечен шеќер (мислам за 3 месеци како мереле) 7,5. Матичниот препорача да ги допие тие 3 моксирал што останале и за недела дена повторно крвна анализа. Ако не падне седиментација, проблемот да го бара на друго место
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.913
Поени од реакции
12.402
Добар пулмолог/алерголог? Се работи за кашлица која се појавува периодично со години уназад, но е многу напорна. Трае месец/два и исчезнува. Од оториноларинголог дијагнозата беше дека е предизвикана од полип, но полипот падна сам пред некоја година, а кашлицата уште се јавува.
На државно на пулмологија беше направен само алергиски тест на кожа, на 7 реагенси. Дијагнозата беше дека се е во ред, но кашлицата си продолжи.
Од матичен кога ќе се јави кашлицата добиваме само аериус, кој никако не помага.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824

А да се проба со Фликсотиде спреј? Мене ми помага во слични ситуации
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.679
А да се проба со Фликсотиде спреј? Мене ми помага во слични ситуации
... не можеш да препорачаш кортикостероиден инхалатор (спреј) што директно се инхалира во белите дробови, за примената мора да се има наод (дијагноза) и се дава исклучиво по препорака на специјалист, што ако по примена на спрејот онака „земи мене ми помогна“ му се влоши дишењето?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
... не можеш да препорачаш кортикостероиден инхалатор (спреј) што директно се инхалира во белите дробови, за примената мора да се има наод (дијагноза) и се дава исклучиво по препорака на специјалист, што ако по примена на спрејот онака „земи мене ми помогна“ му се влоши дишењето?
Имаш право. Патем, не ни знаев дека е кортикостероид. Никогаш не читам, им верувам на докторите
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
26
Поени од реакции
0
Nekoj da mi preporaca nesto za imunitet? Dali betaimune ili sirupot Sell oxygen se dobri? Fala odnapred
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.679
Имаш право. Патем, не ни знаев дека е кортикостероид. Никогаш не читам, им верувам на докторите
...верувај само во себе!;) проверувај, читај, размисли, ако треба и два пати!
Nekoj da mi preporaca nesto za imunitet? Dali betaimune ili sirupot Sell oxygen se dobri? Fala odnapred
...твоите навики се „имунитет“, ако имаш лоши навики „поправи ги“ и трајно имунитетот ќе се подигне, све друго е вештачко и моментално!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.679
Јас имам пријатели доктори, на кои безрезервно им верувам. Затоа не читам
...тоа е најлошо, наместо тие да те ислушат и внимаваат, тие истите ќе ти се жалат за себе! :)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Овие не прават така. И, одлично ја познаваат мојата здравствена состојба. Сум се уверил, повеќе пати.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890
Добар пулмолог/алерголог? Се работи за кашлица која се појавува периодично со години уназад, но е многу напорна. Трае месец/два и исчезнува. Од оториноларинголог дијагнозата беше дека е предизвикана од полип, но полипот падна сам пред некоја година, а кашлицата уште се јавува.
На државно на пулмологија беше направен само алергиски тест на кожа, на 7 реагенси. Дијагнозата беше дека се е во ред, но кашлицата си продолжи.
Од матичен кога ќе се јави кашлицата добиваме само аериус, кој никако не помага.
Дејан Докиќ.Крај.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Пред 3 и нешто недели бев настинат со мала температура помина за 4 5 дена, пред недела дена пак малку омалаксан со болки во грлото и дека сум вакциниран си викам може нешто од овие две настинки да било ковид. Направив крвна слика со црп со димери и урина и се е во граници сите можни параметри освен кај урината не сфатив некои параметри дали се ок (epitelni kletki i kristali i sluz) или не па ако може некој да ми каже инфо. Исто и димерите ми се 0.248 дали тоа значи дека можеби сум имал ковид иако се во граници на нормала?
Screen Shot 2021-08-25 at 12.43.19.png
 
Член од
28 август 2021
Мислења
12
Поени од реакции
1
Многу често после јадење имам дијареа. Сум правела повеќе испитувања и се било во ред освен покачени триглицериди и холестерол, ама малку над границите.

Денес случајно прочитав дека на многу луѓе дијагнозата за вакво нешто била bile acid malabsorption (така нешто, не знам како е на македонски). Откако почнале да пијат некоја терапија што помагала за подобро процесирање на оваа киселина проблемите ги немало.

Некој со мислење или ваква дијагноза кја нас?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

Дигестивни ензими, слабеење, претежно растителна исхрана, без процесирана и пржена храна и ќе се среди.
 
Член од
28 август 2021
Мислења
12
Поени од реакции
1
Дигестивни ензими, слабеење, претежно растителна исхрана, без процесирана и пржена храна и ќе се среди.
Се трудам така да внимавам веќе една година, ама слабо резултати. Единствено што мислам дека малку помага е Линекс со јадење..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom