Не успеав да најдам соодветна тема, поради таа причина ја отварам истата. Ве молам за совет, искуство и мислење. Пред два месеци ми се јави исцедок (светло прозирна боја, со нијанса према благо жолто) од папокот, за што бев на преглед кај хирург и ми беше констатирана блага инфекција, како...
forum.kajgana.com
Ве молам за совет, искуство и мислење.
Пред два месеци ми се јави исцедок (светло прозирна боја, со нијанса према благо жолто) од папокот, за што бев на преглед кај хирург и ми беше констатирана блага инфекција, како резултат на можна иритација. Без никакво црвенило, болка, чешање, оток и останато. Само излачување на течност во мала количина.
По совет од лекарот, се третирав неколку дена (еднаш дневно) со хидроген 3% во лежечка положба исполнувајки го папокот. Хидрогенот од почеток пенеше и по 5 минути со стапче за уши внимателно поминував чистејќи по краевите на прстенот, навлегувајќи во внатрешноста колку што дозволува просторот.
Се исчисти во целост, лачењето на течност престана.
По завршување со третирањето, по две недели во внатрешноста на папокот (внимателно помрднувајќи го месото на папокот со прст, со цел да се одвои од прстенот) забележувам влажност (можеби и претходно ја имало, пред да се јави исцедокот но никогаш не сум гледал). Надворешно нема никаква течност. Личната хигиена ми е на високо ниво.
Пред се дали тоа е нормално? Доколку не, дали се работи за можен рецивид на претходниот проблем и што во тој случај?
Мојот папок е од ваков тип
Прегледај го приврзокот 284583
Прегледај го приврзокот 284584
Ви благодарам.