Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Од искуство колку држи грипов отприлика?
... ако имаш висок имунитет три дена би требало да држи со втор ден кризен со сите симптоми на грип, а трет ден би требало веќе да се смират тие симптоми ... доколку имунитетот е на задоволително ниво би требало за пет дена да биде све поминато, све што е над 5 дена треба да се размисли за разгледување на причината на слабиот имунитет ... велам, од моето искуство! :)
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Луѓе, ве молам за помош и препорака за соодветен лекар. Мојата сопруга се породи на 27ми Декември 2017. Првите неколку дена немаше проблеми но после една недела почнаа проблеми со градите и млекото. Бевме на матичен гинеколог која и кажа дека е нормално додека не надојде добро млекото. Послушавме и оставивме така. После неколку дена детето повеќе не сакаше да цица и секогаш кога цицаше плачеше бидејќи немаше доволно млеко. По препорака на педијатар почнавме да го дохрануваме детето со адаптирано млеко ( Аптамил Пронутра + ). Неколку дена после тоа жена ми почна да качува температура а на двете дојки и се појавија топчиња големи колку пинг понг топчиња. Бевме на гинеколог специјалист кој и препиша антибиотици Оспен и Бромергон за да и прекине млекото бидејќи можело да настане инфекција и да се појави маститис. Ја примаше оваа терапија некаде околу недела дена но постојано со температура секоја вечер. Минаната недела качи 40 температура и бидејќи се исплаши отидовме веднаш да во дежурна амбуланта. Таму и ставија инекции Дексазон и Клексан, а Оспенот и го заменија со Панцеф антибиотици кои биле најјак антибиотик за ваков вид на инфекции. Меѓутоа и тоа не помогна многу, две дена беше добра и сега еве неколку денови повторно има температура од 39 до 40 проследено со треска и воопшто нема сила за ништо стално и се спие и е малаксана. Знаеме дека ова веќе преминува во полоша и сериозна работа па можеби да е влезена веќе и во фаза на маститис. По интернет најдов доста информации за маститис и начини на лекување, бевме и на консултација со гинеколог специјалист кој ни рече да става топли облоги и да ги масира градите за да се разнесе згрутченото млеко и да почне да тече за да се испразнат дојките, меѓутоа ништо не помага. Ниту со топли облоги ниту со масирање нема млеко, воопшто ништо не потекува а се гледа јасно дека топките се сеуште таму, па дури и се зголемија. Од надвор има црвенило околу местата каде што има топчиња. Ги контактиравме сите можно гинеколози во Струмица и сите ни даваат разни дијагнози и совети. Некои рекоа дека мора да се направи дренажа и да се испразнат дојките од тоа заостанато млеко со хируршки зафат. А жена ми постојано плаче од што има температура и неможе соодветно да се грижи за бебето, додека јас постојано се обидувам да најдам решение како да и помогнам. Ми треба совет или препорака за некој лекар кој стварно ќе и помогне. Контактирав со Аџибадем Систина и Ремедика, и препорачаа да закажеме преглед па да видиме што понатаму. Не знам каде да ја носам и дали воопшто да ја носам по приватни клиники бидејќи не знам колку стварно ќе и помогнат. Ве молам сите што сте имале исти, сличен или знаете некој близок со проблемов да ми помогнете! Работата е сериозна и секој ден што го губиме во чекање е се полошо и полошо. Благодарам однапред.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Луѓе, ве молам за помош и препорака за соодветен лекар. Мојата сопруга се породи на 27ми Декември 2017. Првите неколку дена немаше проблеми но после една недела почнаа проблеми со градите и млекото. Бевме на матичен гинеколог која и кажа дека е нормално додека не надојде добро млекото. Послушавме и оставивме така. После неколку дена детето повеќе не сакаше да цица и секогаш кога цицаше плачеше бидејќи немаше доволно млеко.
Дали детето сеуште се дои?
Пожелно е да се направи ехо преглед на дојките, за да се утврди причината, оток на млечните жлезди, запушени млечни канали и сл.
Многу е важно бебето што повеќе да се става да цица, за да не се задржува млекото во градите, или задолжително да се измолзува. Што почесто доење тоа подобро, доењето претставува еден од најефикасните третмани против маститис.(за да не дојде до гноен маститис, за кој е потребна хируршка интервенција).
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Дали детето сеуште се дои?
Пожелно е да се направи ехо преглед на дојките, за да се утврди причината, оток на млечните жлезди, запушени млечни канали и сл.
Многу е важно бебето што повеќе да се става да цица, за да не се задржува млекото во градите, или задолжително да се измолзува. Што почесто доење тоа подобро, доењето претставува еден од најефикасните третмани против маститис.(за да не дојде до гноен маститис, за кој е потребна хируршка интервенција).
Детето не цица веќе околу 3-4 недели. Откако и дадоа Бромергон и рекоа да престане да го дои. Молзење не помага, ниту со рака ниту со помпање, едноставно ништо не потекува освен 2-3 капки. Утре сабајле имаме закажано преглед на хирург па ќе видиме што ќе каже. Веројатноста дека ќе мора да се прави дренажа ( хируршка интервенција ) според мене е веќе сигурно. Еве денеска повторно има температура 39 и треска, што ми докажува дека инфекција има.
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215

Крвна слика направивте ли? Примерок од урина?
Не сум стручен да кажувам, ама најпрво се тргнува од проверка на крвна слика и урина.
Ако има некаква инфекција веднаш се одразува на крвната слика, покачени неутрофили лимфоцити итн итн.
 
Сите наведени симптоми укажуваат на маститис, што не е некоја невообичаена појава после породување, само што навремено би требало да се реагира, а не да се чека толку долго. Среќно
 
Крвна слика направивме вчера, и доста вредности се покачени. На пример Леукоцитите и се 19.36 а нормално е до 12, седиментација на еритроцити е 64 додека нормалната вредност е до 24. Исто така има помали покачувања и на уште неколку други вредности но не се сеќавам како се викаа сите. Според крвната слика инфекција и те како има. Денес сабајле бевме на преглед кај хирург и специјалист радиолог за дојка кои заедно ги гледаа дојките на ехо и потврдија дека воспалување и инфекција има, односно маститис, но рекоа дека на ехото не гледаат појава на абцес ( гној ) па и препорачаа да продолжи со моменталната терапија со антибиотици Панцеф и облози со Ацеди борици како и измолзување. Рекоа дека ако за неколку дена не се осети подобрување и не намалат отокот и температурата да се јавиме кај хирургот за да се направи исцедување на насобраните млечни топчиња/жлезди. Ќе оставам 2-3 дена да видам дали ќе се промени нешто, а во меѓувреме за следната недела ќе и закажам преглед во Ремедика да видиме и таму што ќе ни кажат.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Според крвната слика инфекција и те како има. Денес сабајле бевме на преглед кај хирург и специјалист радиолог за дојка кои заедно ги гледаа дојките на ехо и потврдија дека воспалување и инфекција има, односно маститис, но рекоа дека на ехото не гледаат појава на абцес ( гној ) па и препорачаа да продолжи со моменталната терапија со антибиотици Панцеф и облози со Ацеди борици како и измолзување. Рекоа дека ако за неколку дена не се осети подобрување и не намалат отокот и температурата да се јавиме кај хирургот за да се направи исцедување на насобраните млечни топчиња/жлезди.
Нека си ја продолжи терапијата со антибиотици, а во меѓувреме нека става топли облоги на градите, вода со морска сол (раствор), се натопува памучна крпа, облогите да бидат топли. Се ставаат на градите, а не на брадавиците.
Со топлите облоги се загрева ткивото на дојката, доаѓа до опуштање и полесен проток.
Или некои ставаат и ладни облоги од листови зелка. Се зема лист од зелката, се мие, средниот дел (тврдиот дел) се отстранува, и се става на градата. Листовите зелка се менуваат на неколку часа.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Нека си ја продолжи терапијата со антибиотици, а во меѓувреме нека става топли облоги на градите, вода со морска сол (раствор), се натопува памучна крпа, облогите да бидат топли. Се ставаат на градите, а не на брадавиците.
Со топлите облоги се загрева ткивото на дојката, доаѓа до опуштање и полесен проток.
Или некои ставаат и ладни облоги од листови зелка. Се зема лист од зелката, се мие, средниот дел (тврдиот дел) се отстранува, и се става на градата. Листовите зелка се менуваат на неколку часа.
По препорака на гинеколог ставаше топли облоги. Вчера кога бевме да ја гледаат на ехо радиологот и хирургот рекоа во никој случај да не става топли облоги на воспалено и инфекција. И така нема млеко поради Бромергонот што го пиеше, па рекоа дека со топли облоги само повеќе ќе се влоши воспалението. Препорачаа ладни облоги со ациди борици и листови зелка кои и претходно ги ставаше.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Знае ли некој кој е легендава од доктор што збори на канал 5 во моментов?

Ваков куп на глупости во животот не сум слушнал.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Знае ли некој кој е легендава од доктор што збори на канал 5 во моментов?

Ваков куп на глупости во животот не сум слушнал.
Миланчо Пејов, интернист од Поликлинија Јане Сандански.
Освен лошиот body language, немам замерка за ништо друго.
Се што си кажа си беше во ред.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom