Дежурна Ординација! #2

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Me umre migrenava :mad: ima li permanenten lek za ova cudo????
Има откако ќе дознаеш од што е

Може да се синуси
Дехидрација
Недостаток на магнезиум/калиум
Недоволно спиење
Недостаток на б витамини

И други причини.....може и од лоша диета да е а и од ладно време
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Да има милион причини, а промена на животен стил е незамисливо за многу луѓе така да тоа е тоа
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Не замарај со опширен опис, кажи колку единици зимаш - која доза!
Wow, браво докторе! Секоја чест! Вакво земање анамнеза нема ни во Штипска клиника!
@Sungerot Bob какви потешкотии уствари имаш ти поради ниското ниво на витамин д?
...ме зачуди што кажа дека земаш Вигантол, мислев дека си на Пливит Д3 или нешто слично и зашто со млеко? поради лошиот вкус ли?



оти последен пат колку се сеќавам пред не знам колку години токму поради вкусот беше повлечен како лек од произведувачот „Vigantol Merck“ Германија поради ослободување на токсична супстанца од апликаторот, па вкусот и мирисот бил непријатен, од тогаш некако ич „не го сакам“ како лек, преферирам Пливит Д3, а каква капалка - апликатор има сега? ...
како и да е, ме зачуди и самата доза која си ја применил од само 4 капки еднократно дневно?? која е пониска од доза за превенција со Вит Д, а не да ти го „пополни“ дефицитот ?
дозирање кај нас горе доле би било вака :
- развој за спречување на рахитис кај бебиња од 2 недели - 1-2 капки раствор (500 ИЕ) на ден, но оправданост има понекогаш кај предвремено родени бебиња да дозата може да се зголеми до 3-4 капки (околу 1.000 IU) на ден.
- децата на возраст под 2 години, во текот на зимата на како година за спречување на рахитис доза од 3 капки 3 пати на ден.
- децата на возраст од 2 години третман за рахитис имаме доза од 5 капки 3 пати на ден
- за лекување на доенчиња кои имаат кризи со мускулни грчеви т.н. spazmofilii се дава доза од 10 капки 3 пати на ден.
- превенција на возрасни во процесот остеомалација доза од 1-2 капки на ден, за третирање 5 капки 3 пати на ден.
- возрасни во текот на хипопаратироидизмот се применува доза од 15-20 капки на ден (околу 10.000 IU), со задолжителната контрола периодично на ниво на калциум и фосфор соли во крвта, како несакан ефект развој на камења во бубрезите предизвикани од одлагање на калциум во бубрезите и уринарниот тракт.
... доколку дозата ти била 4 капки еднократно дневно, а третманот е поради недостаток на Вит Д, а не за одржување тогаш дефинитивно ти е мала доза што ти ја одредила докторката !



а перлите АД3 за возрасни се пијат 3 пати 3 перли дневно, а не паушал ?
Морав да го кажам деталниот опис, затоа што ако кажам се што проблем имам тоа може да биде и пола откриена дијагноза, нешто што нажалост нашиве лекари не сакаат ни да го дослушаат. Во однос на дозите јас не се разбирам во такви единици IU, туку ми е речено 4 капки Вигантол на гладно во едно мало лажиче полно со млеко поради лошиот вкус. По завршувањето на тоа едно шишенце Вигантол во рок од 3 - 4 месеци, направив мала пауза, па почнав со земање на овие А + Д3 перли, но не секој ден. Минатиот пат со околу испиени 100 перли се врати Д витаминот, но со вредност скоро до најниската во однос на границите на нормала. @AlternativeF вака некој проблем посебен немам, немам болка и слабост во мускулите, срцето единствено ми се заморува при качување по скали или ако имам поголема физичка активност поради залистокот, но воглавно никаков проблем освен со тоа што ЦК веќе 3 години е високо, а Д витамин зголемено опаѓа последнава година и низ сите овие 3 години не можат да го откријат причинителот за висок ЦК. На Д витаминот 3 години око не фрлаа додека кожната не ми посочи дека опаѓа, па од тогаш и на ревматологија почесто го гледаат. Пијам и Б6, Магнезиум и Витамин Ц. Разговарав и со матичната и со интернист, ми рекоа дека и они се за биопсија, затоа што нешто што траело повеќе од 6 месеци, па и година, а не се решава е нешто хронично, па подобро би било да се направи биопсија и да се види што е, отколку секои 3 - 6 месеци контроли да правам. Но не знам, тоа биопсијата ме заплашува, посебно тоа што ќе имам болки и ќе бидам ограничен во однос на работа и секојдневни активности бар 7 дена додека да заздрави раната.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Ако 1 капка е 200 единици, тебе ти требаат најмалце 10 капки на ден, а јас би предложил 15, со масен оброк. Доколку пиеш капсули, тогаш најмалце 5 на ден, препорака за 7-8, (да пазиш на потенцијална болка во абдоменот заради ретинолот, повеќе од 1 месец пиење на таа доза не, барај изолиран Д3, без ретинол.

Хинт, витамин Д3 во најмала рака да се зима со 400mg магнезиум - цитрат, (да не биде оксид по можност) а оптимално со K2 MK4. Значи самиот тест што си го направил ти кажува дека дозата ти е мала! и веќе нема причина да се разговара зошто не ти се зголемуваат параметрите.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ако 1 капка е 200 единици, тебе ти требаат најмалце 10 капки на ден, а јас би предложил 15, со масен оброк. Доколку пиеш капсули, тогаш најмалце 5 на ден, препорака за 7-8, (да пазиш на потенцијална болка во абдоменот заради ретинолот, повеќе од 1 месец пиење на таа доза не, барај изолиран Д3, без ретинол.

Хинт, витамин Д3 во најмала рака да се зима со 400mg магнезиум - цитрат, (да не биде оксид по можност) а оптимално со K2 MK4. Значи самиот тест што си го направил ти кажува дека дозата ти е мала! и веќе нема причина да се разговара зошто не ти се зголемуваат параметрите.
А дали има шанса некаде да се губи Д витаминот, да не се прифаќа од организмот, па поради тоа да не се зголемува неговата застапеност?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
А дали има шанса некаде да се губи Д витаминот, да не се прифаќа од организмот, па поради тоа да не се зголемува неговата застапеност?
Пробај со поголема доза, после ќе мислиш.

Во описот треба да стои D3, не витамин D!

Друго, кога ке ги пиеш капките, ставај ги во лажиче маслиново масло и така пиј го.
 
Член од
8 ноември 2016
Мислења
10
Поени од реакции
0
здраво дечкииии, вчера си ја скршив раката, т.е зглобот при бордање. некој имал слично искуство? фала ви. :)
 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Дечки дали некој знае да препорача добар дерматолог за преглед во врска со псоријаза?
Читав за Нина Цаца Биљановска што се усовршувала за псоријаза во Америка а патем налетав и на Агрон Старова каде што има доста задоволни пациенти барем така прочитав.
Фала однапред.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Здраво, некој да препорача ординација за гастроентерологија ?
 

TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
370
Поени од реакции
473
Пред месец дена го имав истиот проблем, сега пак се појави.
Околу 6-7цм десно од папокот, некаде на пола пат до реброто, осетив како игла да ме боцка од внатрешна страна. Малку непријатно чувство. Не беше некоја силна и долготрајна болка, но доволна за да ја приметам.
Претходниот пат за неколку дена се подобри состојбата и немав проблеми до сега.
Имате искусено вакво нешто до сега, да барам чаре ако е нешто сериозно?
 
Член од
17 март 2017
Мислења
315
Поени од реакции
513
Има ли некој искуство за регулирање на вишокот инсулин во крвта со Primed coprinus comatus?Или некој друг совет за решение на проблемот?!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Од искуство колку држи грипов отприлика?
Грип, недела дена некаде. Гледај да спиеш што повеќе, одмор треба тие денови за да се убрза процесот и многу течности ако имаш температура. Може клише муабети ама ова е најважното :))
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Од искуство колку држи грипов отприлика?
Oва:
http://natusana.mk/natusana-proizvodi/dr-theiss/echinacea/
Ако немаш проблем со конзумирање алкохол: Зимаш одма 50 капки, после на секој саат по 20. У комбинација со многу течности и одмор (како што викаат сите).
Пред спиење еден Фервекс и утре ќе имаш подобрување. Наредниот ден пиј по 20-30 капки три пати дневно.

Ја ова го открив пред неколку години и го применувам при први знаци на настинка, грип. Буквално е неверојатно колку настинки и слично, сум ги исекол у корен, уште пред да почнат. Толку многу што никој не ми верува.

Али џабе ти е све, ако не одмараш и пиеш течности.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Има ли некој искуство за регулирање на вишокот инсулин во крвта со Primed coprinus comatus?Или некој друг совет за решение на проблемот?!
Да.

Na rala
ALCAR
Tocotrineol
Coq10
olive leaf extract
Rutin
Benfotiamine
Resveratrol
Magnesium
Taurine
D3/K2
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom