Дежурна Ординација! #2

Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
Дали некој можи да ми кажи со попрости зборови што значи следниот извештај?

Мр на лумбосакралниот рбет

Направена е магнетна резонанца на лумбосакралниот рбет со стандардни пулс секвенци.
Присутни изразени спондилоартрозни промени со редуцирана физиолошка лумбална лордоза и декстроконвексна девијација на рбетниот столб.
Присутни и рабни антерирни спондилифити.
На сите прикажани нивои од Тx 12 до Л5 се пратат спондилоартрозни промени со дискус хернии на сите нивои и најизразена на ниво Л1/Л2 дорзо медиолатерално со латерализација према десно фораминарно, фораминарна редукција и неурална компромитација.
На Л5/С1 се прати протрусија дорзомедиолатерално со латерализација према лево и присутна неурална компромитација.

Се работи за близок роднина...и сакам да знам со попрости зборови колку е сериозна работата..... и препораки што понатаму..... дали можи да работи, мора да одмара итн.......
ima li napisano preporaka za operativon lekuvanje, imam vo predvid za diskus herniite ili mu e receno fizioterapija samo. i mislam deka treba da izbegnuva vo sekoj slucaj naporna rabota. no sepak specijalistot nevrolog, najdobro moze da proceni dali moze da prodolzi duri i sedecka rabota.
 

Wap

Член од
26 јануари 2016
Мислења
61
Поени од реакции
14
Зглобот на левата рака на секое кружно движење ми крцка, и некако осеќам како внатре нешто да се исместува/мрда.
Пред некој месец имав некоја жила ваљда исместено ме болеше при некои одредени движења и при дигање тешко. Околу 2-3 недели траеше.
Ова сега не е болно.

Иначе вежбам исклучиво со бандажери на зглобовите.
Чаре?
Ја снимав, нема ништо.
На листот што ми го дадоа на крај пишува нешто дислоцирано, на матичен ми рече ок е и ми даде само некоја крема.
Ракава константно на секое кружно движење крцка и осеќам нешто се поместува, месец дена вака.
Некој совет, дали да барам друго мислење или на физикална да идам?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
Дали некој можи да ми кажи со попрости зборови што значи следниот извештај?Мр на лумбосакралниот рбет Направена е магнетна резонанца на лумбосакралниот рбет со стандардни пулс секвенци.Присутни изразени спондилоартрозни промени со редуцирана физиолошка лумбална лордоза и декстроконвексна девијација на рбетниот столб.Присутни и рабни антерирни спондилифити.На сите прикажани нивои од Тx 12 до Л5 се пратат спондилоартрозни промени со дискус хернии на сите нивои и најизразена на ниво Л1/Л2 дорзо медиолатерално со латерализација према десно фораминарно,фораминарна редукција и неурална компромитација. На Л5/С1 се прати протрусија дорзомедиолатерално со латерализација према лево и присутна неурална компромитација.
Се работи за близок роднина...и сакам да знам со попрости зборови колку е сериозна работата..... и препораки што понатаму..... дали можи да работи, мора да одмара итн.......
Описот на кичмата , медицински што не мора да значи дека сето тоа е од некоја провоцирана ситуација на телото , просто може такви дегенеративни промени да настанат поради старост односно како велиме како живеевме на млади години така се однесува кичмата со нас , нагли покрети , дигање товар , дебелина и све што е шок на рбетен столб со тек на време го деформира кичменито столб на различни места и не само кај постари туку денес е присутна и кај младите како резултат не спортска неактивност , долго седење на столица , неисправно одење со телото , носење на високи штикли ...итн...
spondiloza -osteofiti коскени израстоци , дегенеративна промена на кичмата ( може од некоја причина , а и од сама старост на организмот) ,

artroza - osteoartritis преставува дегенеративни промени на периферните зглобови


Lordoza - преставува деформитет на кичмениот столб кога има нагласена кривина , напред стомачните мускули се поопуштени ( се среќава кај подебели или тие што имаат голем стомак ) и би требало гимнастика за корекција на истата ако се мисли како малку редуцирана ако е нешто поозбилно мора ортопедска корекција .

Diskus hernija според мене најопасно за кичма оти тоа е изместување на дискусот од меѓупршленскиот простор при што доаѓа до уклештување на нервен корен со што даоѓа до силна болка во долниот дел на кичмата преку ногата до стапалото кое потешко се движи дури утрнува , и кога ќе додадеме често мокрење , проблем со столицата но и со потенцијата за мажот е голем здравствен проблем , само една кашлица може да му испровоцира таква болка од кичма до стапалото што често не може да оди ниту на двете нозе зависи кој пршлен , кај дискус хернија меѓу 4 и 5 лумбални пршлен (L4/L5) најчесто е притиснат коренот L5 и се чувствува на стопало и палецот ,ама ако дискус хернија меѓу 5 лумбален пршлен и 1 сакрален пршлен (L5/S1) се притиска корен S1 и болката ја има на надворешен дел на стапалото и малиот прст и разни други примери на зафатување на лумбален пршлен што не мора да се замараме со такви работи ...

мој совет е , нели да се советува твојот близок со физијатар , пред да посети крајно хирург , но не секогаш ние ја признаваме медицината како таква и секогаш 1+1= не мора да е два , па затоа се трудиме да пробаме нешто што можеби ќе помогне и како би рекла јас , да пробам прво терапија со обични аналгетици + нестероидни аналгетици + миорелаксанси +анксиолитици + физикална терапија ... доколку имаме моментална силна болка од дискус хернијата ( акутна фаза) мора да се мирува една недела без физикална терапија , но со лекарствата и потоа кога ќе помине таа недела самиот организам ќе каже дали да продолжиме со лекарствата или ќе ги редуцираме или ќе се пијат по потреба или ќе се прекинат , тука доаѓа веќе примена на физикална терапија (додека се има јака болка никако не смее физикална терапија) ... доколку состојбата е покомплицирана и не попушта болката постои метода на блокада на нервниот корен или епидурална инекција на директно убризгување на лек во рбетниот канал... :nesumjas: ... и немој случајно да масирате со загревање -топло :neetaka: ова она на кичма оти нервот кој е уклештен повеќе ќе се воспали и болката ќе се големи , тоа сака ладно ...
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
Здрабо дечки

Имам едно прашање

Дали некој имал проблеми со увото(намален слух) како последица на синуси?

Пред месец дена имав силни болки на синусите 3 дена и од тогаш имам проблем со десното уво, ми дадоа амоциклав, назафол капки и уште едни мали апчина но немав некој ефект и носот нонстоп ми се затнуваше(1-2 сати од како ќе нанесев капки). Пред да отидам на контрола бидејќи ми се потрошија капките тој ден неможев никако да заспијам бидејќи бев затка, неможев ни да дувам ни да дишам преку носот па наредниот ден земав капки од диво оригано на моја рака и веќе почна да ми се чисти носот. Веќе почна помалку да се средува слушањето, истотака го имав она пукање кога ќе голтнеме за разлика од пред тоа, повеќе од недела дена додека бев на лековите воопшто немав пукање.. Па веќе наредниот ден бев на контрола матичната ме прати на ОРЛ. Ми направи преглед и ушите ми беа чисти и ни на мое инсистирање не сакаше да ми ги чисти. Потоа на аудиограм имав намалено слушање на ниски тонови и на високи, на средни беше се ок. Ми даде само Б-комплекс и после 1ден повторно на контрола. Отидов и им кажав дека имам мало подобровање т.е. Почнувам да си го сеќавам гласот, ми пушти и воздух два пати и ми кажа дека за разлика од претходниот пат цевката или не знам што е подобра(сигурно била затната или сл) . Ми препиша и други апчина Декортин 5г и ми даде шема да ги пијам пирамидално, па сега треба една недела да ги пијам и нив..

Е сега бидејќи сеуште го немам тој стар осет при слушање а исто и кога зборувам( тоа најмногу ме вади од такт бидејќи не можам да си го осетам гласот целосно), ми доаѓа од десната страна како да слушам од подалеку.. ме интересира дали некој ја имал истава мака и дали му поминало :)

( се извинувам за рефератов, можеби е смешно, но како викаат кога ќе имаш мака... премногу ме вади од такт бидејќи не си го сеќавам гласот целосно, да не речам ми влијае повејќе психички)
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2010
Мислења
633
Поени од реакции
359
Дали некој имал вакво искуство со хроничен притисок и болка на челото, некогаш и на целиот скалп, горниот дел, странично зад ушите, како да се стегаат мускулите без причина.
Јас еве неколку години имам вакви симптоми а исто во изминатите две години, многу пријатели и познаници за истото самите ми се жалат на истата тематика и одма се заинтригирам.
Кај мене тој притисок, болка, напнатост, некако ми шета низ телото, можи да ме стега во мускулите, стомакот, главата, вилицата и на други места во зависнот од тоа кој дел од телото го користам или кон што сум насочен-фокусиран со мислите
Гледав на странските форуми и страни за здравствени проблеми има многу теми за овај проблем.
Мнозинството од нив се плашеле од тумор, дури и лекарите ги праќале да прават куп разни тестови кое излегувале сосема во ред. И на сите скоро дијагнозата им е стрес или анксиозност.
Нема никој одговор на оваа тема, сите споделуваат разни глупости што мислат самите дека е некоја болест или недостаток на витамин итн.
Одреден мал дел спомнаја причинител што се согласувам дека влијае на тоа.
Мој заклучок од што имам забележано е дека
Прв и главен причинител е компјутерот или мобилниот. Е сега како што не знам точно ама мислам дека би можело да е екранот што емитира светлина\зрачење па тоа од очите се пренесува низ целото тело како некој вид на напнатост. Влијание има и колку јака светлина, контраст и гама е подесена, колку е ситен текстот што го читаме колку се мачат очите, проблеми со фокус, диоптер. Некои лица имаат главоболка од оштетен вид.
Второ подеднакво сигурно е дека таа напнатост доаѓа од премногу тупење на мозокот(анксиозност,стрес), премногу секирации, грижи, размислување, анализирање, замислување, филозофирање, памтење, учење, умствена работа, премногу заглавеност во умот инегово максимално исцрпување.
Трето недоволно снабдување на телото со вода, храна и сон
Потоа останати не толку важни ама сепак поврзани фактори:
негативни влијанија од околината, средината, пријателите
депресија, разочараност, неисполнетост, тага, страв, осаменост, затвореност
алкохол, нездрава храна(адитиви, конзерванси), нездрав начин на живот, неправилна структура на скелетот и ставата од компјутери, телефони, седечка работа
Исто постои одредена група на луѓе кои имаат мака од брановите и зрачењето кои ги испуштаат сателитите и телефоните, wifi брановите, добиваат мачнина и болки, заминуваат да живеат на места во шуми и пештери за да се избават од маката, а научниците не можат да го докажат влијанието, а со модерната технологија во секој дом денес пример зрачењето е огромно, па можеби и тоа има некакво влијание.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Одлично, уште еден потенцијален проблем кој сакате да го споделите, но не и да го решите, keep it up (y)
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.937
Поени од реакции
35.328
Со моменталната озраченост од технологиите шо ги користиме секојдневно , чудно е како не ни растат и втор кур и трета цицка.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
земав капки од диво оригано на моја рака и веќе почна да ми се чисти носот. Веќе почна помалку да се средува слушањето, истотака го имав она пукање кога ќе голтнеме за разлика од пред тоа, повеќе од недела дена додека бев на лековите воопшто немав пукање..


Најди и есенцијална масла од цимет - cinnamon verum и чајно дрво - melaleuca alternifolia, и од нив зимај по 1/2 капки во маслиново масло (1 лажица) 2 недели 2x на ден. Исто така зголеми внес на витамин ц, (2-3 грама на ден во поделени дози) и ѓумбир - најверојатно имаш хронична инфекција.

П.С. Црно семе е неверојатно за синусни инфекции/восапление

П.П.С Никако над 2 капки од маслава на едно зимање, до 6 од двете максимум на ден, и паузиај го маслото од оригано после 1-2 недели, да ја одмориш јетрата.
 
Последно уредено:

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Јас имам многу јаки мигрени од различен вид, меѓу кои и таква каде што ме боли челото/помеѓу очите и веѓите. Покрај болка, имам чувство како "нешто да ми тежи" во тој предел. Понекогаш толку многу ме боли што и најмалите движења на очите ме болат. И ми се повраќа. Но, тука застанува болката, никогаш не ми преминала низ остатокот од телото.

Отткако започнав редовно да внесувам дневна доза на магнезиум, ситуацијата многу ми се подобри. Пробај, доколку веќе не конзумираш. Секако важно е да внесуваш и доволно количина вода, но тоа е општо познато и потребно за нормално фунцкионирање. И намали со технологија и види дали ќе има резултати.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.862
Значи уље од канабис и малку повеќе здрави навики, помалку мрза.
Имав толку многу проблеми со здравјето и толку многу лоши процеси во организам што сега пукам ко топ. Затоа, своето бато прво ќе си го средиш и гајле немаш.[DOUBLEPOST=1479029431][/DOUBLEPOST]
Дали некој можи да ми кажи со попрости зборови што значи следниот извештај?

Мр на лумбосакралниот рбет

Направена е магнетна резонанца на лумбосакралниот рбет со стандардни пулс секвенци.
Присутни изразени спондилоартрозни промени со редуцирана физиолошка лумбална лордоза и декстроконвексна девијација на рбетниот столб.
Присутни и рабни антерирни спондилифити.
На сите прикажани нивои од Тx 12 до Л5 се пратат спондилоартрозни промени со дискус хернии на сите нивои и најизразена на ниво Л1/Л2 дорзо медиолатерално со латерализација према десно фораминарно, фораминарна редукција и неурална компромитација.
На Л5/С1 се прати протрусија дорзомедиолатерално со латерализација према лево и присутна неурална компромитација.

Се работи за близок роднина...и сакам да знам со попрости зборови колку е сериозна работата..... и препораки што понатаму..... дали можи да работи, мора да одмара итн.......
Нека оди на невролог, само операција никако.
Имаш базени, имаш терапии, имаш клиника за декомпресија и слични апарати.
Операција никако, пошто го еба ежот. Секоја болест/состојба на кичмата се лекува и третира, зборам од искуство. Треба само да стегнеш заби и да бидеш маж.
Со среќа.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
Најди и есенцијална масла од цимет - cinnamon verum и чајно дрво - melaleuca alternifolia, и од нив зимај по 1/2 капки во маслиново масло (1 лажица) 2 недели 2x на ден. Исто така зголеми внес на витамин ц, (2-3 грама на ден во поделени дози) и ѓумбир - најверојатно имаш хронична инфекција.

П.С. Црно семе е неверојатно за синусни инфекции/восапление

П.П.С Никако над 2 капки од маслава на едно зимање, до 6 од двете максимум на ден, и паузиај го маслото од оригано после 1-2 недели, да ја одмориш јетрата.
Ти благодарам, ќе се обидам да ги набавам па ќе пробам, штом добијам резултат ќе пишам тука :)

Уште нешто.. Некоја добра приватна ординација во Скопје, решен сум доколку не помини да отидам во приватна пошто во државна (на жими мајка погаѓање) е катастрофа и скраја да е не сакам да останам вака.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Отткако започнав редовно да внесувам дневна доза на магнезиум, ситуацијата многу ми се подобри. Пробај, доколку веќе не конзумираш. Секако важно е да внесуваш и доволно количина вода, но тоа е општо познато и потребно за нормално фунцкионирање. И намали со технологија и види дали ќе има резултати.
Kој ти препорача магнезиум? конечно некој со правилен и добар совет. Главни 2 причина за главоболка генерално се,

Дехидрација
Недостаток на магнезиум
-
-
-
-
-
-
Друго


П.С. Многу е лесно да дехидрираш, телеото касни со реакција/сигнал дека си дехидриран и неретко ја меша со глад.

Уште нешто.. Некоја добра приватна ординација во Скопје, решен сум доколку не помини да отидам во приватна пошто во државна (на жими мајка погаѓање) е катастрофа и скраја да е не сакам да останам вака.
Не би знаел.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
437
Поени од реакции
96
ми се појави флека дали знаете што може да биде проблемот? имам две флеки по една на двете стапала.. немам болка или некакви промени на кожата само црното..


Sent from my iPad Pro 9.7 using Tapatalk
 
Последно уредено од модератор:
Член од
15 март 2009
Мислења
68
Поени од реакции
15
Пред 6 месеци го набив малиот прст на левата рака со баскет. До ден денес при појако оптеретување или истегнување/притискање чувствувам болка во средниот зглоб од прстот. Се случува и понекогаш (најчесто на сабајле кога станувам од спиење) да се појави мал оток кој се чувствува при стегање на прстот. Тие се симптомите, па ве молам за ваше мислење, ако имате или сте имале сличен проблем. Би отишол и на лекар специјалист бидејќи мислам дека 6 месеци се доволно време за заздравување и досега требаше да немам никакви симптоми.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Prijatele, za tie 6 meseci si mozel i prstot da go izgubis. Idi na lekar, neznam sto si cekal... I so koj pamet baras nekoj na forumov da ti kaze to da praes ako imal slicen problem? Sekoj covek e sopstvena individua, i ne treba da prasuvas babini devetini. Isto mozese da postavis slika kako izgleda, da snimis prstot itn. I sto ako sea na primer ti bil napuknat i ti zarasnal loso? Znaes deka toa mora da se sredi hiruski? Utre pod itno na lekar.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom