Активен јаглен колку пари е во Аптека и како се зема? ИТНО!!!!!!!!!
http://forum.femina.mk/zdravstveni-problemi/jaglence-carbomed-tabletki-t4264/
овде пишува како се користи. за цена, искрено не знам, ама не би требало да е нешто скапо.
--- надополнето: 29 август 2013 во 15:19 ---
еве и ова
Активен Јаглен Потребна достапност АИндикација: Повеќе типови труења, медикаментозни
Механизам на дејство: Препарат со голема адсорптивна моќ за поширок спектар на супстанции. Применет по орален пат го намалува степенот на системска апсорпција на токсинот во гастроинтестиналниот тракт на тој начин што ја врзува супстанцијата за себе и ја намалува нејзината системска токсичност.
Активниот јаглен не се ресорбира од гастроинтестиналниот тракт и се елеминира преку фецесот.
Апсорпцијата е многу мала или воопшто не настапува кај труења со алкохоли, корозивни средства, цијаниди, метали.
Активниот јаглен е контраиндициран кај корозивни труења.
Најдобар ефект се постигнува доколку се администрира во тек на 1 час од времето на ингестијата на токсинот. Повеќекратната примена на активниот јаглен се пепорачува кај повеќето препарата со што се попречува ентерохепаталната рециркулација од жолчката и ентеро-ентералната циркуалција.
Кај токсини со антихолинергичен ефект (намален мотилитет на црева) потребно е внимание при администрација на активниот јаглен (следење на перисталтика и примена на лаксативи) поради опасност од гастроинтестинална опструкција.
Дозирање:
возрасни: единечна доза 50 гр орално
Повеќекратна дозирање: 50 гр орално на секои 4 часа додека не се појави активниот јаглен во столица.
Деца: поединечна доза: 10-15 гр орално
Повеќекратно дозирање: 10-15 гр.на 4 часа додека не се појави во столица
http://www.toxicocenter.com.mk/infoantidoti.php